Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    После милион положени испити и милион што ме чекаат,денес собирам сила во дворче,со фин муабет и природен сок од вишни,далеку од жешкото. За ова вреди човек да се мачи со денови. :)

    [​IMG]
     
    На Someonespecial, Dog-lover и karenin им се допаѓа ова.
  2. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.758
    Ужасно ми се плива гола во море!

    Ама онака, скроз. Со педалинка да се разлееме некаде на средина на море, голи да се сончаме, голи да пливкаме, и рипки да ни ги јадат газовите! И после, опс, на зајдисонце, троа сензуалности на плажа, може еден Long Island и вечерта пак, ноќно пливање. Многу сакам. Ух.
    Ќе си почекам. Се препотуваме, зар не? И се претопуваме со асфалтот. Патем, вчера сфатив колку градов наш станува дух, ама онаков, вистински. Луѓево во него занесени, чиниш со ѕвезди во очи. Ама не. Реткост е да најдеш искрено ќоше кај што ќе ти биде безбедна мислата. Се впуштивме во ритам, пиевме топло пиво, и на крајот делевме чоколада со лешници.
    Утрово си го дотерав точакот, му се радувам што конечно заличе на човек. Да, точакот е човече кога ќе видиш. Ја канам Трендафилка деновиве да си се возикаме! Да јадеме сладолед и ко француски буржујки да седнеме некаде под ладовина и да си делиме рецепти за макарон, маски за коса и да слушаме шансони! :)

    Друго, ништо посебно. Си го планирам роденденот во дворчево тука. Торта, сангрија, по некое пивце, музиче и доста е. Некако, два месеци унапред се живеам. Нека е на арно. Да не мислам друго.
    Викендов базен, мора. Инаку ќе се претворам во стопен крокодил. Изедов сто праски утрово, и стагнирам во килажа, ама ок ми е. Минус две кила сега, минус две и нареден месец, па таман да сум си. Си се тешам, ко и секогаш :lol:
    Азурен брегу мој ми требааааааш!
    Еве ова ми беше хит на Скопски Џез фестивал пред милион години. Уште ги памтам испотените дланки и колкови во преполна Универзална:
    http://www.youtube.com/watch?v=X-ygv1CKzAk
     
    На tigerlady, ana-girl, Serafima и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    [​IMG]
     
    На CaperucitaRoja, Serafima, cheetah.girl и 2 други им се допаѓа ова.
  4. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.554
    Пол:
    Женски
    Чичко се запалиФне. :sweat: :sweat:

    АХ да си имав сеа некое куќаре покрај водичка .Не мора да е големо и една соба нека е само да е поред моренце некое . Сакам да ги слушам брановите и секое утро додека го пијам првото утринско кафе и ја палам првата цигара да ми пирка ветре со мирис на вода. Толку сакам,не ми треба ништо поише. 8) 8) 8)

    [​IMG]
     
    На ana-girl, Elennaa, la-chicka и 9 други им се допаѓа ова.
  5. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.106
    Допаѓања:
    163.640
    Пол:
    Женски
    Понекогаш, ѕиркајќи мислења на феминките што ги читам, доаѓам до темите за диети и фитнес. :wasntme:
    И тогаш по малку се засрамувам, мајке ми. :$
    Гледам сите за летото на диета, се развежбале, а јас пак преку лето уште поголема мрза сум. :D
    Ај тоа што сум скарана со вежбањето, па уште и повеќе си јадам преку лето. :D Ако ми се случи понекогаш да ми е досадно и да не знам што да правам, одма к'сни си, грицни си. :rofl:
    Сиренце, патлиџан, краставици, па лубеница, па сладоледи, грицки... и како да си на диета? :lol:
    Важно си јадам и не се дебелеам. 8)
    А со излежувањето, стварно сум за срамота. Треба да се раздвижам. :tmi: За вежбање абер си немам, ама еве од денес ќе почнам барем со подолги прошетки. :!:
    И така, си минуваат денови од летото, дома решивме веќе каде ќе одиме на одмор, сега уште ќе видиме кога ќе се брцкаме во море. :sun:
    Останете ми поздравени. [​IMG]
     
    На ana-girl, Elennaa, teddybear и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    Доаѓа брат ми и ми вика леле како ми се јаде благо,сладолед..уф :| и јас одма земање парите што ги штедев шпринтка у продавница :rofl: се враќам дома со дорина и сладолед и овој фаца http://sarma.mk/wp-content/uploads/2013 ... jde-so.gif :rofl: абе сестра како мене тешко се наоѓа 8) сега немам ич пари само 52 денари ама ако 8) :lol:
    барем го орасположив,нема да ме тера да ја вадам тревата :rofl:
     
    На Elennaa, thinkerbell, cheetah.girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Дали Американките носат купаќи и маички со Македонско знаме :?:.
    Јас никогаш не сум имала маичка или купаќи со такво знаме нема ниту пак да имам, незнам не гледам потеба од такво парче облека...

    Туку... Мајка ми е секогаш тука да ме извади од калта.. за што и да се работи таа секогаш со насмевка вели: Не грижи се, ќе средиме...

    И ноќеска неможев да спијам, излегов на тераса и ја видов комшивката која има 14 год. како се љубака со некое типче кое изгледаше доста постаро од неа :^) можеби беше и мој врсник :!: кога ме виде, се отргна и заминаа..

    Не планирам ништо да работам денес, ќе одмарам со ладно кафе, ладен чај и сладолед ^_^
     
    На Inna5, ana-girl и Dog-lover им се допаѓа ова.
  8. Butterfly14

    Butterfly14 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    456
    [​IMG]
    Лом ме направија синоќе.Значи лом.Па и што неможам да поднесам, се раскрварив. :(
     
    На Gordana10, Someonespecial, Umbrella22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.088
    Допаѓања:
    12.637
    Пол:
    Женски
    :tmi: СДК ... некој да ми помогне,односно да даде свое мислење во темата, Роденденски подарок за блиските? :$
     
  10. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.792
    Допаѓања:
    100.377
    Пол:
    Женски
    Моментот кога господинот гинеколог,ќе ве погледне преку наочарките и ќе ви каже
    -Госпоѓо мора да се навикнувате на ваков менструален циклус,знаете годините и топлото време....
    [​IMG]
    Мислам дај докторе,знам јас,ама ако не ме врти ногата и не ме боли кичмата,и ако повремено не добивам напади на бес и плачење,јас бе ,ви се осечам као девојчица.[​IMG]Ма да.Можам и коцка да играм и ластик,и да правам колачи од кал,и да играм миженка и да скитам до бесвест,и да возам точак (ако се потсетам како требаше)..и...
    Ти на мене годините... [​IMG]
    Бидејки нели лето,се накентарив денес на кломпи.И знаете што?Кломпите почнаа да ми пропаѓаат во асфалтот.Дали тоа асфалтот се топи или јас сум претешка?М?[​IMG]
    И да слободно можам да ја понесам титулата-Мис без ниеден пријател.
    Не можам да си дојдам на себе од нејзиното однесување.Ме шокира ,ме остави без збор.Полека се гаси пријателството.Жал ми е ,таа толку ми недостасува.Уште сега.Иако не е кажано ништо конкретно.Кој од кого ќе се оддалечи?[​IMG]
     
    На Sweetheart87, bittersweet, Lov3 и 29 други им се допаѓа ова.
  11. DelRey

    DelRey Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2013
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    533
    Пол:
    Женски
    Свима чу причати да моје лето сиии... :rofl:

    [​IMG]
     
    На Glossy-girl, WarriorAngel, Nefertitii и 8 други им се допаѓа ова.
  12. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Многу чудно суштество сум. Не сметам дека сум лош човек ,уште помалку љубоморен. Ама нешто ме јаде одвнатре последниве денови. И тоа не ме јаде решението на проблемот,туку зошто воопшто го направив проблем.

    Порано имав еден дечко.Бев мало и недозреано,а тој беше поголем од мене некоја година и прилично сериозно не имаше сфатено `нас`. За разлика од него ,мене само ми беше забавно во неговото друштво,повеќе го чуствував како другар отколку како дечко. Освен тоа ми беше интересно да видам како изгледа бакнување,гушкање со дечко. И така се фативме.

    Во тие месеци,буквално гледано од оваа перспектива го малтретирав. Излегувам ,не излегувам,баци ме,не ме бацувај. И се чудам како не му се здосадив и да ме шутне па да гличам со недели. Не од што сум го изгубила туку од повредена гордост зошто така ми се случило со првиот дечко.

    Ама тоа не се случи. А,кога поминаа интересните денови на почетокот. Почнав да барам начин како да му раскинам. Па тука беа драми од типот ми го уништи животот,не можам без тебе. А,мене се повеќе ми беше одбивно неговото немање самодоверба. И сфатив дека не дека ме сака мене. Туку сака било која,сака сакање. И дека дали ќе бидам Трпана,Ристана или Станка му е сеедно. Дека е drama queen и дека моето одбивање само му ја потхрануваше потребата да прави драми и да се чуствува како Ромео на кој зли сили не му дозволуваат да биде со саканата.

    Е ,сега сто години подоцна. Имам некого. Што го сакам,ме сака,се почитуваме и мислам дека можам да кажам дека имаме здрава врска. Со подеми и падови,ама здрава. Дечкото од приказната од погоре си фатил девојка со која се заедно долго и изгледаат среќни.

    Го видов пред некој ден и од тогаш се фаќам себеси како `случајно`го спомнувам,`случајно` си мислам што би било ако работите би биле поинакви.

    Да се разбереме, не планирам ништо. Не сакам ништо. Добро ми е каде што сум. И тоа што се завршило имало причина зошто. Не го сакам или било што. Само ме интересира,каква е таа човечка потреба, нешто дури од кога ќе се оддалечи да почнеш да размислуваш за него. Не да чуствуваш пак потенцирам,туку само да ти се проткае низ мислите.

    Како и да е. Само да биде среќен и да учи,зошто милион години ми требаа да го убедам колку е важно тоа.
     
    На bittersweet, Elichka, imelda и 5 други им се допаѓа ова.
  13. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.535
    Пол:
    Женски
    Мерцедесии, аудија, голфови, а тука таму и по некоја застава ...
    Регистрации СК, ВЕ, СР, ГЕ, КУ и уште каква ли ти душа сака
    Редицата крај нема :sweat:

    Каде?
    На граничниот премин Богородица.

    И немој да слушнам муабет, пари сме немале, сиромашни сме биле, сме мизерувале ова она...
    Еден продужен викенд и оп сите во Грција на море :)

    Живела ваква сиромаштија :clap:
     
    На Simplicity, ana-girl, The-Queen и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Од тој ден дури и дишењето ми е променето. Ударите на срцето, струењето на воздухот во градите, мислите, чувствата...
    Би сакала да напишам и напишам милиони зборови, но знам дека ни еден збор не би го опишало во вистинската смисла она што сакам да го кажам. Особено кога чекаш долго, кога на моменти паѓаш, не во очајание, туку во онаа состојба на душата кога се помируваш со се, дека можеби никогаш тоа нема да биде. Но кога човекот мисли дека тоа е невозможно, кога посебно и многу други ќе ти го кажат тоа, веќе потајно знаеш дека тоа и нема да биде. Но има Еден кој е над сите нас луѓето, а Тој ги руши природните закони и го прави невозможното.
    Да...
    Под моево срце, чука едно мало срценце. Едно срце на еден ангел, кој е веќе дел од овој свет, иако е толку малечко :angel: .
    Слава на Бог! Бог направи чудо по толку години!!!
    Мајка сум...
    :angel:
     
    На duffi, Golden, Mikako и 146 други им се допаѓа ова.
  15. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Жешко време? Не е проблем...за чудо - ми годи :)
    Цевитана со многу мраз,сладолед од ванила и јагода...Како да не го сакаш летото??
    Па уште кога ќе ми текне дека ми се ближи роденденот :$
    Разладување на базент,планирање одмор,дружење до раните утрински часови - ах...I love my life :rofl:
     
    На Sw3et.Ang3l и Dog-lover им се допаѓа ова.
  16. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Честитки за Серафима. :angel:
    Мајчинството е светост.Моментот кога за прв пат ќе го видиш своето чедо, забораваш на се освен на радоста.Се радуваш, радуваш и таа радост нема граници.После го растеш.Се радуваш на секоја негова насмевка.Секој негов успех е и твој.Првото забче мене ми се чинеше дијамант.Првиот чекор, првиот збор....Се сеќавам на се како да беше вчера.
    Почнува училиштето.Другарчињата, наставничката и тогаш....мора да го научиш да се прилагоди.
    Првата напишана буква, првата решена задача, негови и твои подвизи мали а толку големи ...
    Времето почнува да лета, доага првата симпатија и првата љубовна болка.
    Настапува пуберитет.Доага младоста и со неа првите главоболки.Се грижиш за се и сешто.Тогаш си и доктор и психолог и детектив и исто како и ти да си во пуберитет.
    Најпосле мораш да го пуштиш во светот на возрасните.Не ти преостанува ништо друго , освен да продолжиш да го сакаш, и да се молиш да си го пронајде вистинскиот пат да среќата.

    Растат толку брзо , дури да трепнеш.
     
    На Hopeful, WarriorAngel, kate21 и 10 други им се допаѓа ова.
  17. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.792
    Допаѓања:
    100.377
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам,ми се исполни една феминска новогодишна желба.Серафима е бремена.
    Барем уште една да се исполни,барем уште една :angel:
     
    На kate21, Someonespecial, teddybear и 6 други им се допаѓа ова.
  18. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    СДК
    Заврна дожд... :party: :party: :party: :party: :party:
     
  19. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    да боледуваш од колона иритабиле-нервозно дебело црево- :puke:, со зборови не можам да опишам колку :puke:
    и уште докторот на контрола ке ти каже од нерва база ти е-овој е втор доктор што ми го кажува тоа :!: епа господа доктори, да го живеете вие мојот живот-проблеми, стресови, напнатост и тн.па да ве видам како ке би биде и дали нема да имате проблеми со цревата :!: спасот е јога знам ама со финансии тешко
    иако прашав каде што ми е најблиску ми рекоа од Септември :worried:
    а :sun: најголем непријател на кожата ми е-со години
    како и секогаш почнаа да се појавуваат мозолчиња, чеша-да полудиш :@
    а гледав еден туторијал на ју туб-девојка со проблематично лице-да се изразам покултурно и наместо да отиде да се посоветува со дерматолог таа за секое излегување се камуфлира така да ништо не ни се приметува и нели го отстрани тоа што имаше нанесено :o останав -си имала мака па се научила со шминка да се прикрива :xhttps://www.youtube.com/watch?feature=p ... x33wtqnNz8
     
  20. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Него можеби ќе го изгубам да,и ако ме праша некој ќе се бориш ли за него?или зошто не се бориш ќе речам НЕ јас уморна сум од од борби 2ипол години градев и градев сега пак да се борам неможам уморна сум зато препуштам све во рацее на бога,но те молам Господе несакам да го изгубам таткоми него не без него нема да можам чувај го таткоми те молам ;(
     
    На Hopeful и zhap4e им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.