Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. VIN.diesel

    VIN.diesel Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2013
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    420

    :wasntme: каде тоа ?Не му треба таков луксуз на времево сега :emo:
     
  2. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.765
    Допаѓања:
    23.990
    Пол:
    Женски
    Конечно ОДМОР!

    Охрид, wait for me. :sun: :d: :smoke:
     
    На bittersweet, sweet-cherry, kate21 и 9 други им се допаѓа ова.
  3. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.222
    Пол:
    Женски
    Ми се исполни желбатаа ^_^
    Штотуку се враќам од Дупени Бич, првото капење ова лето, ај за убо да е нека се множат :D
    Среќна сумм, среќна сум, убо ми е шубо ми ее ^_^ Се изнашлапкав, изнапливав и сее друго.
    Многу ми е убав периодот, не планирам за никој да се нервирам и да ми го расипи моментовв :D
    Допрва ќе имам јака вечер :x :party:

    Имајте убава вечер :*
     
    На bittersweet, Serafima, Mrs.Cuper и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Не знам што попрво ме боли. Ах, тоа Водно. ]:)
    Ко прасе за на ражен сум. Цела црвена, испопечена. :D Не знам што ме боли повеќе. Како онаа рекламана за сладолед на вип. :wasntme:

    Ме печееее.... грбот! Не... рамениците! Или лицето? Не знам. А може да измешам, подеднакво рацете и нозете? Дефинитивно-образите. Под вратот, можда?

    Па уште кога ќе се спои сето ова, со 2 вентилатора и клима. Комбинација-снова! :D И вратот ми се скичми. :D Едвај спиев. Морав без перница да спијам, затоа што ме печеа рамениците. :D Викаат: Почнува сезона, на вртење на перницата од поладната страна. :^) Не перницата, јас цел кревет го ротирам, џабе! :D Дури и јас самата се ротирам. Уште малку нозете на таван ќе ги качев. Каква не поза пробав... џабе. :D

    И сааамо што заспав. Почна да свири на татко ми мобилниот. ОооОоОоОоО Рукфааааш! Па шта маи? А он излезен, го заборавил мобилниот. (и после се прашувам на кого сум се метнала?) |( Јас и сестра ми, чекаме он да се јави, а него го нема. Едно 25 пати ако не рече Рукфаш, јас глава сечам! [​IMG]

    Доообро, помина и тоа. Таман си легнав во дневна, си се наместив под климата. Заспав. Некој ѕвони на врата. Татко ми! [​IMG] Значи тато... има една направа, се вика клуч. И обично се користи, кога ќе излезеш од дома. Го протнуваш низ дупчето од вратата, вртиш на лева или десна страна и.... вуала! [​IMG] Заклучено е. Притоа не мораш да ѕвониш кога повторно ќе влезеш дома. Интересна направа, нели? [​IMG]
     
    На smesko.s, ilipili, sweet-star и 22 други им се допаѓа ова.
  5. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Serafima,ти посакувам лесна бременост. Знам дека ќе бидеш среќна и добра мајка. Многу убава вест.
    Верувам дека мајчинството е еден од највозвишените подароци во животот на една припадничка на понежниот пол.

    ... Кога одиме накај плажа - Јас со кратко суќниче, купачи кои ми се познаваат од сите страни, намрштени очи од сонцето и покрај големиот шешир. Тој некогаш ги носи само пешкирите некогаш со мојата ташна за плажа и задолжително цигарите. Се печеме додека да стигнеме. Стигнуваме, оставаме се и веднаш скокаме во вода. Излагаме, јас цела со испреплетени бебешки шишки и една меси пунџа скоро најгоре на главата, полни образи и светкави очи. Тој зима и ме мачка со Блек ап. Јас се печам и сончам, а тој пуши цигарчиња. Па ќе предложи да пиеме нес кафе :rofl:. Па ајде кафенце, цигари, слушање на бранчиња, сонце, мирис на блек ап, потење, смеење. Па после 20 минути пак во море, па пак надвор и се така. :inlove:

    Уживање. Се спремам за ова лето.
     
    На kate21 и Serafima им се допаѓа ова.
  6. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    Се шминкам јас и гледам на фб нотификација. Оп :?: бившиот ми лајкува слики :o .
    Јас се средувам да одам на дејт, да си свртам страница а животот ме зеза. Или ова е знак дека не треба да одам?
    Решив да одам...
    Пуштете среќа!
    Со повеќе информации во дневникот во 03 часот :D
     
    На Adi888, ludoto19, Elichka и 13 други им се допаѓа ова.
  7. Perina

    Perina Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    321
    Летото го сакам заради гласната музика, заради тоа што и да сакаш не можеш да бидеш тажен и секако заради мраз ладните коктели!
    Let this be a great summer! :party: :dance:
     

    Прикачени фајлови:

  8. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Колку само го мразам времето кога цел ден пече сонце и тогаш накај 3 и пол ќе заврне дожд, па дека ни беше тоа малку, имаше и град! ]:) Можете да замислите сега како мириса на улица, нели? :geek:
     
  9. teedybeear

    teedybeear Нов член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    28
    Ова не можам да го поднесам.Тој има психички проблеми,а јас не можам да му помогнам.Доколку не престане ке разговарам со брат му,да разговара со него,да се обиде да допре до него затоа што едноставно ме малтретира и јас ке се мрднам како него.Ако тоа не помогне навистина не знам што да правам.
     
  10. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Прифаќам покана со задоволство, ^_^ точачето е тука, го сефтосав вчера и тоа на прилично долга километража - НЛо-Карпош 4 и денес назад. Милина е да се вози низ улиците кога е празно, нема гужва, нема никој, се чувствувам како да сум ослободител или клучар на Скопје. :D

    Жештината ме ослободи од еден аспект на кој му робував прилично долго - носење пудра.
    Ама на 40 степени ја нема таа совршена течност која ќе ти влее доверба дополнително, напротив, само може да се растече и да си смешно-лепливо тажна.
    И така натурална се шлаам деновиве, без пудра, без фенирана коса, оставам да се исуши природно, па се прават некои сомнителни кадрици, но изненадувачки се чувствувам ослободено и женствено... добро е да се излезе и без пудра, посебно на овие температури.
    ;)

    Кога бевме во Истанбул, ќерката на нашите домаќини при едно утринско пиење чај ми кажа дека сум изгледала преубаво без шминка, very organic. :lol:
    А кога таков комплимент доаѓа од жена, знаеш дека е вистински.
    И така ви велам, се чувствувам убаво во својата кожа после долго време, вери органик.
    ;)
     
    На ilipili, bittersweet, Bozica1980 и 23 други им се допаѓа ова.
  11. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Сакам да кажам дека во понеделник полагам, а книга немам фатено :x за никаде сум :tmi:
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  12. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    уууујј како ми помина денов :tmi: додека трепнеш што се вика и помина :nod: ахам баш така многу брзо ми помина денов трчај она да го направиш а потоа треба она да купиш :talk: па лелее заборавив тоа па уште тоа и денот ми помина :D ајде утре па треба порано да си станам :!: да си завршам со време некои работи а потоа да си бидам мирна :nod: ете така :)
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Monique995

    Monique995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    201
    Другар ми: Ај иди на некој шанк заседни се. И оп, ќе го заборавиш.

    Фала бе, многу убав совет ми даде. Што си ми вака далеку иначе ќе си пиевме заедно.
    Него, не ми е дојдено ни до пиење ни до ништо. Мрзава, си се сместила во мене, и абер нема се помести.
    Со последниве сили, идам у бољи живот. А можда и ќе те послушам бе другарче. :lol:
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Излегуваш после 2 месеца и налетуваш на личноста која нај малку сакаш да ја видиш, личноста што ти го уништи животот :devil:, пу е*ати среќата што ја имам |(
    уште и рака ми подава и се обидува да ме гушне :^) ма марш таму... Козо :@

    Ми ја упропасти вечерта и си дојдов, ќе ве дружам вас, си купив чипс, кикиритки и чоколадо со ориз :D

    Туку Трендафилка ептен ме потсетува ма Маричуи кога пишува за велосипедот :$
    [​IMG]
     
    На vitomir, teddybear, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  15. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    На vitomir и axl-babe им се допаѓа ова.
  16. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.952
    Допаѓања:
    81.267
    Пол:
    Женски
    Имаше една песна, „Жената е, жената е, бело маче годиначе ... да е жива, да е жива ...“, чинам од Ганета ќе да беше. :?:
    Ок, жената е и брзавица и трескавица, и лавица ( па и кравица) и што ли уште не.
    Ами овој другиов, што е !?
    Мажите се, како да ви кажам, а да не ве излажам (не дека вие веќе не знаете, ама)... вечни пубертетлии, иако кај некои бубулиците и не се изразени, ама бубачките во глава - о, и те како ги има, цел рој, уште да почнат да блеат - да, да блеат, за појавата на неговото Височество - маж да биде уште пооксиморонска.
    Пред пубертет си мислат дека се силеџии, тепачи и што ти знам. Ајде, ќе им замижеш - деца се.
    Во екот на „лудите“ години, оние пубертетските, ги фаќа некоја лапавица и трескавица и тогаш радо би ги треснала по глава, малку да им се растресе мозочната маса и да се приберат. Ама, ќе речеш - абе, деца се па, уште растат, сега им иде умот.
    Ок.
    Ами ај, да речеме, минал пубертетот, минале зеленилата, дотичните или дотичниот - како сакате, се наоѓа во адолесцентските години, а вам ни на крај памет не би ви паднало дека ова мутле би можело да има 20, па и 20 и кусур години - се однесува како ... како да ви визуелизирам навистина не знам.
    Како дрво недоделкано, како невоспитано и инаетливо дете кое везден тупка со нозете буквално екнувајќи се од земја за да добие лижавче или играчка и буквално не постои јазик кој би допрел до неговиот мозочен систем и би го вразумил.
    Па да не зборувам колку ме фрустрираат оние кои спаѓаат во т.н. клапа на „возрасните“, а всушност никогаш не го заслужиле овој назив без наводниците.
    Големи бебиња, ете тоа ми беше муабетот.
    А тебе, или ќе те вразумам (милум, силум, како љубиш така) или ќе ми пукне филмот и ... ќе те тратам, па до таму да е. :|
     
    На bittersweet, Monna.Monna, Shelea и 13 други им се допаѓа ова.
  17. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.460
    Допаѓања:
    17.155
    Ете среќна сум, мислам дека нема некоја посебна причина.
    Многу е убаво чувството кога знаеш дека на некој му значиш и дека се сеќава на твоите пораки и ги препрочитува по незнам кој пат. :)
     
    На bittersweet, vitomir, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  18. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    дошло полнок пред пц уште-не ми се спие а и топло ми е
    има рима :D
    таман се израдував ке се видам со другарка ми што како сестра до пред некое време ја сметав за блиска задутре-ме откачи, имала обврски а подарокот за роденден уште и го немам дадено :!: па кога да ја видам-таа на едниот крај на градот, јас на другиот-мислев дека ке се спасам од другар ми-жива досада е, на глава ми се качи ама :geek: смислив план како да му најдам занимација-од утре почнувам да дејствувам :!:
    гледам дека времињата се сменија и тоа многу-секоја си гледа прво за себе-партнерот ако го нема да го најде или ако го има да го задржи па после за другите а јас гледам и за мене и за другарките-ако можам да помогнам-совет, информација и сл. а бидејки мене до сега љубовта катастрофа ми беше-со сила убавина не бива-па да си ја трескам главата од зид зошто немам некој спешл ин мај лајф-немам намера така да :) се родив наопаку и се некако е наопаку :worried: , колку ке успеам да си ги средам работите во животот-бидејки сами од себе нема да го сторат тоа останува да видиме само дај боже до 30 да издржам со Божја помош
     
    На vitomir, Dagi и karenin им се допаѓа ова.
  19. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Јадев сладок лед од кај Џино. Многу беше вкусеннн.
    Се истуширв пред пола саат и ми олесна на душичката. Од жешково нервите ми пулсираат цело време. Овие два дена незнам како издржувам, пак главоболки и пулсирања. Сакам да си одам од овдека и да заборавам на некои луѓе.

    Инаку мислам дека вечерва скршив неколку вратови. Како нинџа сум - ама од оние миличките. Не е потребно деколте, ни проѕирни кошули за машките да зјапаат во вашите гради. Ако ви се убави ќе ви ги познаат и под обична маичка рамбовка.

    Абе нервозата не ми поминува. А јадев, не сум гладна! Абе ќе се изедам самата веќе.
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  20. VIN.diesel

    VIN.diesel Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2013
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    420
    Кога имаш успеси, добиваш лажни пријатели и вистински непријатели.
     
    На srcekrsacka, vitomir, kala21 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.