Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Vodolijata

    Vodolijata Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2010
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    683
    Велат кога се сака нешто - со силна волја се доаѓа до тоа. Навистина е така !
    Помина и последниот испит од моето студирање - успешно. Некако сеуште не ми се верува дека четири години поминаа така брзо. Можеби само мене така ми се чини. Нема веќе колоквиуми, нема веќе семинарски работи, поени... Мислам дека успешно ја извршив мојата мисија. Завршен факултет со ниту еден неположен од прва испит, со просек 10, со стипендија добиена како прва на список по број на освоени поени. Не, целта на мислењево не ми е да се пофалам... Мојата цел е сосема друга...

    Сакам да и кажам благодарам на мајка ми, на која 10ките и носеа многу поголема радост од илјадарките во џебот ( кои и онака се броеја на една рака). Минималната плата не беше доволна да ја спречи да ми помогне во остварувањето на мојот сон.
    Сакам да и кажам благодарам на личноста која во 6 години откако сме заедно, несебично ме поддржуваше во се што ќе правев. Особено овие 4 години не се лутеше кога наместо да излеземе да шетаме некаде кога ќе пукнат првите сончеви зраци, седеше со мене и ми помагаше во пишувањето на семинарските работи, во правењето на проектите...
    Сакам да и кажам благодарам на помалата сестра која не се лутеше кога немаше да добие пари за ново парче гардероба, поради тоа што дошло време за испитна сесија и плаќање за испити и што неможев да и правам друштво кога и се гледаше филм поради тоа што морам да научам како се проектираат технолошки процеси.
    Сакам да му кажам благодарам на татко ми, кој знаеше да каже дека сам ќе си направи нешто за јадење, кога ќе ме видеше дека семинарската ми е уште на пола направена.
    Сакам да им кажам благодарам и на сите оние кои ми велеа дека нема да успеам - така само ми даваа уште поголема волја.

    Навистина сум среќна... Поради тоа што мојот сон се исполни и покрај минималните финансисики примања и поради тоа што знам дека покрај мене имам прекрасни луѓе кои ме поддржуваа во се. ВИ ВЕТУВАМ ЌЕ ВЕ ЧЕСТАМ- ОД ПРВА ПЛАТА :!:
     
    На sesilija, Lov3, senza.parole и 40 други им се допаѓа ова.
  2. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    .. дека неможам повеќе да го правам тоа. Да излегувам, да местам лажна насмевка, да се правам јака пичка демек се ми е наредено, да гледам дрољи по дискотеки и да се правам нешто што не сум. Не го можам тоа веќе. Можеби и сум стара веќе, можеби и сум само реална. Сите излегуваат и се пијанчат,глупираат по дискотеки, за една, евентуално две причини: да заборават на проблемите или да си направат нови. Оти животот им е премногу патетичен со старите, па дај да направиме нови.

    А да, има и такви кои сакаат само да уживаат. Блазе си им на овие третите.

    Јас веќе не сум таму. Поминав доволно време по дискотеки, барајќи некоја друга од мене која не е таа. Неможам да го правам веќе тоа. Сакам да се смирам.
     
    На sesilija, kala21, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  3. teedybeear

    teedybeear Нов член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    28
    После долго време сум пресреќна..Другарка ми ми пиша порака.

    Знам што сакаше да направиш.Но знаев дека немаше тоа да го направиш.Извини му се на *** и кажи
    му дека си свесна за се.Јас ти реков дека не сум ти повеќе другарка за да се свестиш,иако не требаше вчера ти се јавив кога те изнаврега,инаку знаеш дека те сакам.Утре вечер (денес де :D ) во 8 дојди кај мене,моите се на свадба,дојди ке правиме палачинки,одамна не сме се виделе.

    Добра другарка.Само тоа можам да кажам.После долго време ке се смеам без маска..Поради неа и личностите кои ме сакаат и кои се со мене продолжувам напред.
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. girlx3

    girlx3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    142
    еии незнаев дека и проституткиве си имаат фб профили и јавно си кажуваат (оние кој стојат позади мтв)
    http://www.facebook.com/tina.tutevic
    видете и групи :lol:
    Monica Dallas VODITELKI I PEJACKI -citano megu redovi "Sexualni Rabotnicki"
    izvini Monica Dallas ama voopsto ne se slagam so tebe...od kade taa konstatacija??
    Monica Dallas mala shala Sekako deka ne se site;) Eve jas priznavam sum i voditelka i sex rabotnicka:)
    Monica Dallas Se nadevam deka ke docekam takov den koga ke dadam fiskalna za toa vtoroto...
    немам коментар...или оваа се заебава или си е искрена :D трето нема.
     
  5. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    Ви текнува на мојот состанок?
    Замислете не ми се јави. Го чекав до сега :) . И да, од пајче лебед не бидувало.
    Бев глупава што мислев дека ќе има нешто меѓу нас. Која сум јас, а кој е тој. Требаше да си ја послушам интуицијата, не требаше да се залетувам, убаво нешто длабоко во мене ми велеше да не се надевам.
    Ах ете го пиша порака.
    Ма нека оди по ѓаволите... Тој не е дораснат со мене да си игра ;)
     
    На Adi888 и ludoto19 им се допаѓа ова.
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.180
    Допаѓања:
    156.655
    Не можам да создадам зборови во главата како би си се опишала во моментов...
    Чудно, тажно...еуфорично, смирено, разбудено, сонливо...мрзливо, мотивирано... среќно, лошо...и се у круг. Виножито.

    Никогаш не ти е сеедно.
    Некогаш си одиш,некогаш си одат,ама постојат луѓе кои никогаш не сакаат ни да те пуштат, ни да те задржат... најболното е тогаш. Тој е во зенот на своите збиднувања,та ни тогаш не ме пушта. Гледам некои језиви девојки како ме одминуваат, ги препознавам и очигледно е дека знаеме која е која...со тоа што ... јас никогаш не премерив нешто кое они го измериле, ги здоболело, ги повредило и уништило. Секогаш си се,ама и си ништо, зошто ете успеваш да ја задржиш главата горе дури и кога те пече и ти оди да клекнеш и да липаш.
    Постојат луѓе кои секогаш ќе си бидете се и ништо. Кои ќе те болат и ќе се викаат младост дури и кога ќе имате по 50 години и свое семејство,па и внуци. Ќе се викаат младост и ќе ви поставуваат прашања соочувајќи ве со абсурдот на животот.
    http://www.youtube.com/watch?v=F4_SIcTEcxc
    Но ќе излажам ако кажам дека не ми се допаѓа скриената завидливост помеѓу сите тие погледи и прашалници, зошто она...не знам, зошто ми се може сакам да си кажам од некој инает... не знам навистина,сакам да ти одговорам. Другар ми ми вика вчера, имаш поим, тие немаат. Му викам немам, ти мислиш така, дека си се имаме. Ама сериозно, дури па ми е некако...смешно кога ќе видам очајни обиди да ме извадат мене на површина како не им е гајле зошто сум се оттргнала и сум продолжила со себе си,а тие не. Што имам врска јас со тоа што тие не успеале да направат приказна, тажна,наместо патетична? Тажно не значи да патиш, тажно значи зошто ете...не траело, не опстојало и немало реална причина зошто, туку ете...животот ни дава премногу љубов од тоа што сме спремни да поднесеме. И навистина ми е несфатливо кога гледам повици за љубов и се прашувам тажно, зарем ја немате? И Зошто не ве сакаат толку што толку викате по неа? Или ја имате,ама не ви е доволна и ја сакате целата за себе,а не помеѓу сите луѓе?! Импресивна ми е таа ментална архитектура кај тие луѓе. Љубов има, природно е да ја има, грубо е да мислите дека само вие одредени луѓе знаете како изгледа, како се чувствува...а изгледа е токму спротивното...немате поим. Љубов имало и ќе има, само колку сте способни да ја препознаете додека се тркате со своето болно его на кое да, љубов му треба како антибиотик.
    И нешто кое најмногу мразам е ... некултурни девојки. Некултурни девојки во фустанчиња, кои изгледаат како девојки,а се невоспитани и пцујат. Јас можам да опцујам тука, да пренесам чувство и идеја која не можам да доловам кога зборувала за истото во живо...ама пцовки ради фраерлук,мадафака однесување... Не разбирам, не можам... Тука изнесуваме поента, го обликуваме јазикот со цел да бидеме пластични, тоа му е убавината, тоа е идејата, тоа е прекрасноста,ама реално... немојте. Некако...тој траварски,мадафака, џанкерски стил е ласт сизн, да не речам не ве личи на годините...

    Добивам одговори на прашања за себе си и светот кои толку многу сакав да ги добијам и некако ми е полесно барем. Дишам, одам и лебдам. Некако си се наоѓам себе си пак, понова,иако знам дека е ова 100тиот пат од можните милион кои треба да ни се случат во животот за да носиме причини за смисла на постоењето,па веројатно ќе ја обележиме за тогаш кога ќе бидеме некои невидливи честички нашите потомци да ја достигнат и изживеат...
     
    На bittersweet, thelittle17, NoellePage и 10 други им се допаѓа ова.
  7. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    5.887
    Не можам да поверувам колку луѓе изумреа во оваа недела цц...овој ФБ ми стана некролог ...а не како некогаш статуси за лето :(
     
  8. EmmaBass

    EmmaBass Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    5
    После доооооооолги 5 години конечно решив да го преболам.... на некој начин да го пуштам да си оди од моето срце...навистина доста е. долго се мачев поради него.А сега одкако решив конечно да ставам крај на се се чуствувам исполнето.Како веќе да не ми недостасува дел од мене. Сега сум потполно своја. Не дека го избришав од својот живот...да не се лажам засекогаш ќе биде во моето срце...но само како едно добро старо искуство од кое извлеков многу поуки и од кое излегов како победник за прв пат!

    А сега сум подготвена на едно долго и лудо летооооооооо хоохоох :lol: ]:) :rock:


    Иначе знам не сум актвина но постојано ве следам :D :*
     
    На Adi888 и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  9. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Седевме до 6 сабајле будни сите, само ја бев за Мајами. :devil: А вечерва си ја навиткав косава со фигаро, се дотерав, се нашминкав и искочив. Толку е раздвижено, пријатно надвор, дома да не ти се враќа бе. Ич нејќам жештини и едвај издржувам преку ден, ама затоа за навечер летово е закон. Дење дома, вечер надвор. У принцип. Така треба да се праи луѓе!

    Уфф ми цркна вентилаторчето за во детска, морам да си купам ново. Па климата не стасува до тука бе :sweat:
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    преубаво помината вечер.. :inlove:
    прекрасни бевме сите,а посебно идната невеста :)
     
  11. Sw3et.Ang3l

    Sw3et.Ang3l Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    2.096
    Пол:
    Женски
    Шта речи, а не заплакати.. Пуста желба за шопинг, ќе станеш и во 4 сабајле ако треба. Жени.

    Имајте убав ден :sun:
     
  12. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Mе изненади чедо на мама.Ме гледаш како пишувам на Фемина, и најде начин да кажеш Благодарам.
    Ти благодарам јас тебе.Твојот сон беше и мој.
    Заедно бевме во ова.
    Те учев дека само со труд и упорност се остваруваат соништа.
    И да јас повеќе се радував на твоите десетки.Тие ми даваа сила, затоа воопшто не ми беше тешко.
     
    На Lov3, sweet-star, apricot и 48 други им се допаѓа ова.
  13. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Прав фраер е дечко кој после раскинувањето вика:
    Ова е моја поранешна девојка, не е курва, туку личност која ми з*еба дел од минатото ]:) ....
     
    На kikav му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Westlife

    Westlife Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    617
    Добро утро феминки :*
    Во моментот се чувствувам најдобро,некако многу сум срекна без или со причина незнам.Одамна немав пишано сдк .Немав заради тоа што бев во лоша состојба..Морам да седнам да учам!!!-Неможам,мрзата е некако поголема.Сношти на братучеда ми и подарив влечки,срекна сум поради тоа! :)
     
  15. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    уште еден убав ден за мене :) се на место :lol: љубов,семејство здравје мммм преубаво :)
    и тоа на тоа денес ке ми дојде сестричката моја :nod: внуците преубави на тета што би се рекло ама јас ке речам*внуците преубави на сестра оти ме викат сестра :D хахахахаххахаахха

    Eдвај чекам да ги нагушкам и да ги љубнам ^_^
    Eееехх колку убави моменти имаме понекогаш во животов!.

    пријатен ден феминки :)
     
  16. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    ...згрозена сум од НЕчовечлукот во денешново време , кое го живееме....знам дека не е ништо ново и дека горе доле сите истото го имате искусено ама , јас се ГАДАМ и многу ми гази на живци и некако при срце си ги земам неправдите.
    Ланец од 2000евра најмалце на неа , и трпеза со храна од 5000денари до неа , а категорично му кажува на циганчето кое просеше дека немала пари ,дај му лепче гуско една или од тоа месото кое се суши на ова горештината .
     
    На Barbie20 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Охрид....плажа.....прошетка на Галичица.....Супер викенд :D
     
  18. snegulkabela

    snegulkabela Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    134
    Незнам за вас, ама јас го сакам Скопје. Има нешто во градот што ме обзема, ако не се издржува на овие високи температури, ама јас пак го сакам Скопје.

    Поздрав до сите кои живеат тука и до сите оние кои планираат да поцнат една нова страница од животот во нашето Скопје
    [​IMG]
     
    На sweet-star, VIN.diesel, Trendafilka и 5 други им се допаѓа ова.
  19. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Одвај чекам да си ги соберам куферите, да си заминам одовде и никогаш повеќе да не се вратам.

    [​IMG]
     
    На thelittle17, prettyliar, Umbrella22 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Утрото е стварно помудро од ноќта. Што и да ти паѓа на памет навечер, почекај до утре. Отспиј, па размислувај со ладна глава. Трпение-спасение.
     
    На Glossy-girl, Primavera, Umbrella22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.