Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. glosipgirl

    glosipgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    426
    Конечно верувам дека моите соништа можат да се исполнат.
    Еден ден, наскоро... Ќе дојдат моите денови..
    Нема да се откажам, ќе продолжам да верувам во себе и кога никој друг нема да верува!
    Убав ден е надвор, ден за нов почеток. :)
     
    На Divinebutterfly и teedybeear им се допаѓа ова.
  2. Keti30

    Keti30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    131
    Пол:
    Женски

    Ахх Серафима душичке искрено успеа да ме расплачеш,ама и од возбуда кога гоо прочитав ова,срцето ми заигра ми го разубави денотт,а можам да замислам како ти е тебе-леташ миличка,колку убаво,Господ е Голем,само трпение и се ќе биде...ти посакувам лесна и убава бременост од срце,твоето анѓелче ќе се гордее со тебе,ќе бидеш прекрасна мајка,не се сомневам во тоа-уживај мила во најубавиот период што следува ;) :* :*
     
    На Serafima и vinozito1 им се допаѓа ова.
  3. dimdim

    dimdim Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    120
    сдк дека сум тажна бидејки ме ограбија :whew: :(
     
  4. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Да, знам дека техничките факултети се најпросперитетни.
    Не, не сакам да бидам инжињер, програмер, графички дизајнер, било каков дизајнер. |(
     
    На LilBaby, SparkyAngel, WarriorAngel и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    СДК во животот човек не треба за се да расчистува сметки, ако некој му направил зло, незначи дека треба со иста мера да му врати.А се додека враќа со иста мера, никогаш нема да има мир, се што ќе направи е само ќе ја полни својата душа со омраза и се повеќе истата ќе ја гледа кај другите, без разлика дали ја имаат или не.Секако дека човек не може да биде рамнодушен, но поголемо зло е ако се врати со иста мера.Животот е премногу краток, за постојано да се расчистуваат сметките.
     
    На ozbilnazena, kate21, SparkyAngel и 8 други им се допаѓа ова.
  6. Monique995

    Monique995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    201
    На овоа само ќе додадам, Karma is a bitch.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Не можам да верувам колку прости и неизживеани луѓе има.
    Ќе им дадеш се,си била со нив и во добри и во лоши моменти,си ги подржувала,си ги сакала,си ги ставала пред сите за на крај да ти се смеат во лице.
    Самите сме криви за тоа.Со нашата добрина и наивност сме направиле да се однесуваат така.
    И после тој бил прост.НЕ!Јас сум.Што воопшто дозволив сево ова да се случи и да дојде до ова.
     
  8. Claire

    Claire Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2013
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    164
    И јас како времево, топло топло.. и одеднаш ќе згрмам.
     
    На Ema.Sk и DarkTulip им се допаѓа ова.
  9. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Денес, по долго време, бев на состанок. На вистински олдскул состанок - почнувајќи од моето точкасто фустанче, се` до неговата карирана кошула. Кутриот, облекол кошула на долги на времево. Бевме на ручек во еден ресторан. Ми ја отвори вратата, ми дозволи да поминам прва, ми го поттргна столчето. Зборувавме за времето, за факултетот, за нашите планови во иднина, ситни и едноставни муабети, без навлегување во детали. Пред заминување нежно ме бакна во образ. Се почувствував како вистинска дама.

    Не знае да ја изговара буквата Р, тоа ми се чини слатко. Има сериозно лице, но детска насмевка. Паметен е и трудољубив, заштитник, и дефинитивно a keeper.

    Можеби ова е точно она што го барам. Штета што времето е погрешно - заминувам за неколку дена и ќе ме нема три месеци. Знае за тоа, му кажав, но не рече ништо. Рече дека е добра шанса за патување и заработка. Фокусиран е на сегашноста и на многу блиската иднина. Не знам каде би го сместил ова нашево.

    И ете, повторно ја правам истата грешка! По само еден состанок, нашиот однос доби име: ова нашево. Престанувам да го нарекувам така, веднаш! Ќе се движиме со многу мали, бебешки чекори, и ќе видиме каде патот ќе не однесе. И онака тој вели дека живееме денес, а луѓето го забораваат тоа размислувајќи за вчера или грижејќи се за утре. И многу е во право.

    Carpe diem :)
     
    На Babylon, Lov3, Markusa2 и 38 други им се допаѓа ова.
  10. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Ми недостига седата старица за која сум сигурна дека сега е среќна во рајот.
     
    На ludoto19, CoverGirl10, Katerinceee и 4 други им се допаѓа ова.
  11. axl-babe

    axl-babe Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    450
    Допаѓања:
    577
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  12. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.460
    Допаѓања:
    17.155
    Точно е дека секое девојче уште од 7 годинки си ја има замислено својата венчавка од соништата. Но времињата се менуваат, вкусот и модата ни се менуваат, и со текот на времето си градиме сопствен стил. Кога ќе ми текне дека сум сакала да бидам невеста во голем раскошен балски фустан со милиони циркони и камења, со штикли високи, со пунџи и шноли светкави, а младоженецот во бело одело и бели кондури (нели таква мода беше едно време) ми се иде да си пукам. Сега се замислувам во наједноставно бело фустанче до колена, црвени ниски старки со бели чорапи и букет со неколку свежи црвени ружи, а младоженецот во некои избледени фармерки, наједноставна кошула, сиви искинати старки на нозете и цигара у рака.

    Мајка ми кога ќе го види таков нема да ми даде да го земам. :D
     
    На Lov3, Adi888, simonka93 и 12 други им се допаѓа ова.
  13. VIN.diesel

    VIN.diesel Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2013
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    420
    Ниту една жена не го добила она што се надевала и ниту еден маж не се надевал на она што го добил 8)
     
    На vitomir, little-barbie, lunicka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    10.770
    Пол:
    Женски
    Ќе дојдат и моите 5 минути, но ќе траат цел саат!!!
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  15. axl-babe

    axl-babe Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    450
    Допаѓања:
    577
    Море да не биде татко ти тој што нема да ти дозволи? :lol:
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ana.Jones

    Ana.Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    1.124
    СДК дека не знам што сакам. Имам одлична работа (не ми е по струка, ама отсекогаш сум се замислувала да работам во фирма, на таков начин како што работам сега, со состаноци, контакти со луѓе и преговори, пред компјутер и праќање мејлови). Ама, некако не ми е по ќеф. Платата е одлична, колегите се ок, не ме сфаќајте погрешно, ама чувствуват that's not it. Не знам зошто. Од друга страна сакам да аплицирам за една стипендија и ако не почнам да дејствувам одма, нема шанси да ги средам документите толку брзо. А сметам дека имам големи шанси за да ја добијам... Ме уби времево. Некако сум многу без волја.

    Плус, вчера се искарав со дечко ми. За банални работи. И знам дека сите двојки се расправаат за банални и небитни работи. Ама коа ќе погледнеш подлабоку, во сржта на сето тоа, ќе сфатиш дека ако се' било во ред во врската, нема толку често да има карање и расправање. Нема да го чувствувам тој бес во мене. Не знам. Изгледа нешто не е во ред. Дека го сакам, го сакам, ама дека не е тоа тоа веќе, не е. Не знам...

    Направив ребаланс на буџетот. Оу мај гад :o . Нема да имам пари за одмор. И годинава нема да идам никаде. Гад демит :swear: . Редовна плата веќе година ипол, а никако да тргнам настрана некој денар. Не ми успева. Секогаш ќе ми излезе некаква дупка. Се мразам и го мразам капиталистичково општество, што не ми дава мир и спокој да уживам во тоа што го имам. Не, не, мора да ме потсети на сметки и станарини и на недостигот од гардероба и финансии за еден мадафакин скромен викенд во Охрид. Епа не е фер. Глава ме боли коа средувам финансии и сметки. И цел ден ми е факд ап.

    Како и да е, викендов се изнагледав "Friends" и се изнасмеав. Барем додека ги гледам, не мислам на глупости и проблеми. И Чендлер е најфацата од сите. Идол. Мејд мај деј.

    Нејсе, ќе идам да си направам салата со туна и да ја довршам петта сезона. Можеби утре ќе ми биде подобро.

    Имајте убава саботна вечер :*
     
    На Babylon, Shelea, ana-girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    СДК дека луѓето не се менуваат.Можат само да глумат дека се смениле.
    Сепак на крај маските паѓаат и секој го покажува своето вистинско лице.
    Тогаш луѓето се претставуваат во вистинско светло.Онакви какви што се.Добри или лоши,културни или некултурни,грижливи или негрижливи....
    На нас останува да откриеме какви намери се кријат зад таа маска и зад лажното претставување.
    Што мене за жал,никогаш не ми успева.


    Друга работа...вчерашната случка со денешни последици.Но,зошто?Зошто воопшто се занимавам со него кога не ми е ни малку важен?
    Зошто неговото однесување успеа толку многу да ме онерасположи?
     
    На vitomir, Jenniffer, SparkyAngel и 3 други им се допаѓа ова.
  18. mona22

    mona22 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    1.858
    сдк денес ми е роденден
     
    На tinka-mace и vitomir им се допаѓа ова.
  19. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    На мајка ти ќе и купите едни убави темни наочари да не забележува детаљи. :rofl:
     
    На vitomir и pamelche им се допаѓа ова.
  20. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.460
    Допаѓања:
    17.155
    Како пред мои очи евреи да одеа во така наречените логори на смртта.
    Тесна патека, еден по еден, стари баби со шамии и кошници во рацете, натажени излегуваа од гробиштата.
    Кога ја видов таа слика се наежив цела.
     
    На WarriorAngel и vitomir им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.