Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Овој викенд запознав еден комшија , легенда го викаат , ама не на убав начин , зашто ?

    Еееее оти човекот е писател ,има напишано 2-3 книги и сега иде на гости со книгата кај друг комшија и вика еве од мене повели со мој потпис со ова со она, повели со посвета да кажиш на другите дека сум пишал книга .... и после ни два ни три , тоа ќе биде 100 ден . Овој се изнервирал , му ги дал и после ја запалил книгата.
    Друг пример машина поправаат нешто се расипала , овој поминува и вика еј јас ќе ви помогнам , работеше саат време , не ја поправи и вика тоа ќе биде 200 ден. Па како кога не си ја ни поправил?, па за изгубено време бе :?:

    DAFUQ :|



    Иначе на планина , со планински воздух и нови 2-3-20 врсти на бубачки (сега најдов една со 3 очи и 3 тела споени , мммм колку се израдував кога реши да застане на мене :inlove:) и се разбира некое дрвце да цепнеме :muscle: :muscle: , после тешка работа дедо ќе даде џепарац , баба ќе даде пита и ајт у Ск.
    А да и си запознав нови 4 пријателчиња , цел чопор кучиња , ШАРПЛАНИНЦИ , изгледаа страшно кога сите застанаа и ме погледнаа , ама после беше убаво и интересно да си играш со нив по цели денови , се разбира Баба ми не и беше убаво бидејќи се искакаа во дворот , али ПРИРОДНО ЃУБРИВО е тоа и викам ,наместо да им се заблагодари она со штапот ги брка.... |-)


    На враќање видов новите згради во Аеродром што ќе ги градат. Колку ќе биде 30-40-50 ката? , кој македонски лифт ќе ги искачи луѓето до тамо , лифтовиве неможат до први да те искачат а да не изгледа како смрт а не па до 50 кат.... толкава ширина они 50катници ќе ми градат...


    Во исчекување на Скопските жештини утре. :inlove:
     
    На Lov3, Someonespecial, ines.h и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Butterfly14

    Butterfly14 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    456
    Цел ден чекам да се стемни за да излезам да се прошетам и таман пред излегување заврна.И уште врне и мислам дека ќе врне цел вечер.Се откажав јас од моето излегување.Сега грицки и пред компјутер ќе се фрлам на филмови и серии.
     
    На Dog-lover му/ѝ се допаѓа ова.
  3. teedybeear

    teedybeear Нов член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    28
    Не сакам да одам кај него,ама немам друг избор.Како ке останам жива не знам.Ама дома не седам.Сепак сум женско и ке се обидам малку да го свртам.Ама дома не седам.Сега треба да ми е срам да излезам од дома ваква..
    Он беше крајно лут и се надевам ке се смири и ке сака да ме земе.Стварно,јас го навредував,не сакав ни да го слушнам,ама каде да одам? Имам ли каде? Немам.Се надевам ке попушти.
     
  4. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Чувството кога после караница со мама ќе се изгушкаме најсилно и со солзи во очите ќе си кажеме извини.
    Ја сакам премногу,иако на моменти знам да бидам неправедна кон неа.
     
    На Adi888, WarriorAngel и Dog-lover им се допаѓа ова.
  5. Perina

    Perina Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    321
    Бре што домакинлук истерав денес! Станата рано, на пазарување, па чистење по дома па дури направив и ручек! :) Абе кој е како мене! Јас сум ти да ме грабнеш и да бегаш! :D :D
     
    На VIN.diesel му/ѝ се допаѓа ова.
  6. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    колку е убаво чуството кога си со саканите :)
    денес се развеселив убаво кога повеќето сакани беа до мене и сите се смеевме :)

    :!: сепак незнам дали и кај вас :^) ама кај мене секогаш кога сум радосна и кога сум со моите сакани :!: сепак не е целосно и тоа :| можеби не се целосно сите тука :!: сепак се некој ке фали :(

    како и да е денес си поминав преубаво со мојата сестра и внуците :)
     
  7. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Ми се јавија неколку души на домашен телефон, не знаев дека го имаат тој број. Нема веза, немаа кој знае што да ми кажат, сакале само да знаат оти не им одговарам на пораките или дигам на мобилен. Епа затоа, оти е нов овој, цркна стариот и морав на ново, и врска немам како да го користам. Нема ни упатство бе, следи на екран, откако го уклучиш. Кам трабл шутинг, ако ти се појави вакво направи така. Нема. Гуглај проблеми ало, гугл генерација. Ах да знае некој да ми најде една Нокиа3210 со батерија што функционира како првиот пат, едно полнење една недела, снејк игра кога ми е досадно, и ќе си ја земам и ќе си го сакам! :!:

    п.с. немам вошки веќе, викајте ме на кафе :angel:

    п.п.с. посебно ако се разбирате во технологија, доаѓајте на кафе. ;)
     
    На Bozica1980, dream.queen и Espadrila им се допаѓа ова.
  8. Westlife

    Westlife Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    617
    СДК дека денот ми беше убав...Поубав дека цел ден мислам на него,а најубав дека мојата драга фемина секогаш е во добро расположение со членовите! Фемина ти благодарам што си дел од мојот/нашиот живот! :*
     
  9. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.464
    Оохоо, ми се приспива мене, а за добра ноќ секогаш си го гледам Мистер Бин! :D
    Денеска од шо сите ги жалам, се изнаплакав за сите пари и кусурот... И тоа погодете за кого..!??
    За Мистер Бин :rofl: ! Плачам, врискам зошто? :?:
    За Мистер Бин бее.....!!!!!!!!!!!!!!!
    И еве сега пред 1 саат плачев за него.
    Еве шо може да ви направи досадата! :lol:
    Ај добра ноќ од мене, ми се спие! :yawn:
    Ај да се пофалам, синоќа си легнав во 9 и 30 навечер зошто бев спиена само 2 саата, и така убаво сум се изнаспала до 9 сабајле, ауууу! :wasntme:
    Уште од сабајле бев разборуванаа, лелееелелелеее, да не ми се приближи човек бее! :geek: :talk: :rofl:
    Абе ОПАСНОСТ ПО ЖИВОТ беше ако ми се приближиш! Хахахахаа..
     
  10. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Не е работа само да си женско, за да знаеш како да манипулираш маж. Треба да си жена, не женско. Зошто би сакала воопшто да го манипулираш него во своја корист, кога не го сакаш успехот од тоа на прво место. Самото тоа што го земаш за втора награда, ако ти успее како прво, оти немаш друг избор, пак не е тоа што сакаш. Идеја! А ти да си легнеш?!
    Помудро е утрото од вечерта, плус така се расте па...
     
  11. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
  12. Shpagetta

    Shpagetta Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    2.390
    Не ми преостанува ништо друго, освен надежта дека најдоброто можеби допрва доаѓа... :)
     
    На Jay-jay и Sara123 им се допаѓа ова.
  13. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    СДК утре или задутре одам кај баба ми на село,да се освежам малце ,да вдишам чист воздух,барем ќе се спасам од жешково,ќе ме нема 20 дена ;( нема да можам да ви пишувам бидејќи немам компјутер таму,ама ако појдам кај некоја другарка ќе ве читкам ;( да си запишам сега во тефтеро СДК-4896 стр. да знам од кај да ве читам :rofl:
    :* :* :hug: :hug: :l: !
     
    На Moonstone.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Sardinija21

    Sardinija21 Нов член

    Се зачлени на:
    10 април 2013
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    98
    Станувам рано сабајле весела, расположена си викам супер ден моите не се дома ја викнав другарками со дечкото на дружба. И си викам ај додека дојдат реков да се истуширам, средам како што е редот па потоа да зготам нешто за каснуење. И, се тргна по планот се истуширав ставив да зготвам нешто на брзина и ко за беља пред да дојдат оп климата се зезна. Леле кога фати да е жешко луѓе. Внатре 30 степени надвор 40 се испотив се направи жива вода, а плус и дека работев.
    Навистина господ да му даде здравје на оној кој ја измислил климава без неа не се дише летно време. Абе толку се испотив денес што искрено јас не се поднесував самата а камо ли некој друг. Седам и одеднаш чувствувам како ми тече вода од мишките надолу. Срам несрам ѓи замолив да ме почекаат и отидов бапнав уште еден туш, на брзина па малку да си дојдам насебе. Ма какви стикови рол они и останат срања ништо не помага кога е времево пеколно.
     
    На vitomir и dream.queen им се допаѓа ова.
  15. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Изгледа ова време од денот поточно ноќта е резервирано за јадови од минатото и оу гад уај моменти, без разлика дали се обидуваш да заспиеш или не.
    Се потсетив на времињата на МСН преку чудна фејсбук конекција од другарка со слика од дечко кој ми се пушташе на тоа МСН (и јас му се пуштав де). И на неа и се пушташе, а како што гледам уште трае пуштањево, то је права љубав.
    И така сега кога го видов на големо, во природно издание, се наежив и си мислам кој број на диоптер го имав тогаш, на која ливада го пуштив паметот, зошто сум имала толку лош вкус и како крајно тешење - колку фотошоп се користи на социјалниве мрежи... Како додатно тешење, добро знаеше да се пушти, да ме насмее, а и мала бев тогаш од кај па јас да знам :D Па и не користи многу фотошоп овој, со оглед на тоа колку е грд, си зазема некои пози (значи уште од тогаш му се позиве леле стварно зошто ми бил воопшто дел од избор во животов???) онака, потипични за женско, од добриот агол и слично, па најверојатно тоа успеало да ме излаже. Аголот лажееее!

    И тоа, си се дружиме со лепотициве и лепотаниве на фејсбук. А шо па, може и јас сум на некого разочарување (аха да :D ). Серозно дечки, намали тоа едитирањето на сликите, кај лажете дека животот ви е фабулозен, уште сликите со триста филтери ви требаат, бар во живо знаеме дека сте грди ако не па (повеќето).
     
    На Sara123 и vitomir им се допаѓа ова.
  16. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.535
    Пол:
    Женски
    Продолжениов викенд си го искористив максимално...

    Ми се случија многу брзо некои работи во животот. Од студентски апсолвентски живот од денгубење наеднаш се вратив дома и тргнав на работа.

    И нормално ми фалеше студенсткиот живот па викендот бев во Скопје да се потсетам. И шок !!! :o Многу поинаку гледаат лугето на мене и колегите, и бившите цимерки, и друштвото од студентски дом, и сите. Мило им е дека сум дојдена, секој сака што повеќе време да помине со мене, ама штом почнеме да правиме муабет некако се чуствува она ’’ти не си веќе дел од овој свет’’: Па како да им објаснам за моите згоди и незгоди на работа? На кого? На другарчињата од студентски што се уште бруцоши? На колегите од факс? Или на моето друштво од Скопје во кое никој не е вработен?

    Не знам, поинаку се гледа на мене. Ко да сум била во Швајцарија 5 години а не неполни два месеци дома. И таман ке се почне некоја тема, јас веке не сум во тек... Ете цимерката конечно раскинала со бившиот, комшиката се скарала со цимерката, колешката исположила се, другаров останал без работа... Со овие луѓе јас лебот го делев а сега одеднаш ми станаа некако туѓи :( Ме гледаат со поглед You don't belong here anymore :( А и во право се што е најтрагично. Ни еднаш во мојата 5 годишна студентска кариера не се случи јас да излезам во дискотека а да не ме осамне :D Сега некоја друга Кикирика, озбилна, досадна, што пре би да оди во пицерија отколку во диско, што најдоцна до 1 може будна да остане, што воопшто не е прилагодлива како некогаш :^) :?: :?:

    И викам на цимерката ‘‘сум остарела‘‘...
    Вика ‘‘не Кики, ти само целосно влезе во светот на возрасните‘‘ :( :(

    Чекај бе, а ме праша ли мене некој дали јас сакам да одам таму?
     
    На ana-girl, Barbie20 и Espadrila им се допаѓа ова.
  17. Alegriaa

    Alegriaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2011
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    260
    Пол:
    Женски
    Извинете на офф топикот но морам да ве прашам..Што може да се случи доколку влезеш во вода додека имаш менс?в :tmi:
     
  18. Monique995

    Monique995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    201
    Класна собиранка. Нели последно лето заедно, максимално да се искористи. Макар што некои од нив можам комотно да ги заборавам, уште пред да се разделиме. Битен момент, од цел клас само 10тина души седнати на маса. Истите жалби и поплаки. Сижето на таа приказна научен на памет.
    Додека прошаруваа вотки, коњаци, вина, пива... и нестрпливо се исчекуваа „билдерските“ месишта, до душа имаше и онакви помрсни порции на палачинки, пирошки, помфрити со или без сиренце, сладоледи, го замолив човекот наречен келнер за овошна салата, која ја меркав веќе 15тина минути во менито, со горкото нес кафе во рака. И за возврат добив најодвратен поглед што некој може да добие и едно одвратно „НЕМА!“ Е сега што правиме!? Пак го отворив менито од почеток и почнав да го студирам. Што е ова бе!? Човек сака стомачни „плочки“, а избор на јадење нула. Со разочарувачки тон му се обраќам, „Шопска ќе ве молам, без сол, зејтин, оцет и кромид“. Го допив несот. Сеуште чекам... 20минути од направената нарачка. Аман луѓе, колку време ви треба за исецкате еден домат и половина краставица!? Празните и глупави муабети продолжуваат. За да го избегнам целиот тој метеж, крадам 2-3 мин барајќи го телефонот. Вклучувам фејсбук. Една порака во инбокс. Со „насмевка под мустаќ“ се израдував малце и помислив кој може да биде. Ах, близок другар. Многу значаен. Содржината на пораките навистина ми го кренаа притисокот. За кратко завршив со него. И еве ја мојата фамозна Шопска (луѓето за тоа време специјалитети подготвуваат.. ама нема врска). Иако трета шопска за денес, пофторно и се израдував како мало дете на лижавче. Екстериерот - одличен, ми се допаѓа чинијата во која е послужена. Е сега гланиот дел. Онака баш дамски си ја одвиткав вилушката од салфетата и уште подамски замавнав кон подвигот, наречен ентериер. Првото парче домат со малку наронето сиренце одозгора. Што да видам, салатата плива во СЕЈТИН, а огромните парчиња краставица попримиле од оцетот. ИУХХ!!! Решив да не правам рекламација на салатата. Како се вели од еднаш пе*ер не се станува.
    Значи квалитетно расипана вечер, почнувајќи од тоа дека збиров требаше да биде цел час порано, но поради неадекватните временски услови, како и фактот дека пола град беше без струја, вклучувајќи ја и нашата зграда. Па се до шопската.
    На пат до мојата сакана домичка пред врата, комшиите. „Иди кај нас, да не дружиш!“ Фина екипичка, се собрале играат табла. Со фино друштво фини спомени. Малце постари од мене, таман за асален муабет. Се расприкажавме, што, како, зошто. Теории и закони. Прашања и одговори. Квалитено поминати 4 часа.
    Уште еден доказ дека после дождот, сонцето доаѓа.
    А богами и жешко мислам дека ќе биде утре.
     
    На Alegriaa му/ѝ се допаѓа ова.
  19. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    анемија + низок крвен притисок + болки= |-) |-) |-) |-) |-) |-) |-) цело време....

    се чуствувам како баба, се нешто ми фали се нешто ме боли... едвај чекам да ми помине операцијава па да се вратам во нормала ништо друго не посакувам , само да не ме боли повеќе.
     
  20. Moonstone.17

    Moonstone.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2013
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    1.862
    Пол:
    Женски
    СДК и мене ќе ме нема до сабота/недела, нема да пишувам зошто ќе одам кај едната баба. :D Кај другата ќе одам наредниот месец и кај неа ќе седам подолго. Едвај чекам да отидам кај другата баба да видам една другарка што ја немам видено веќе 2 год., многу ми недостасува. ;(
    ______________________________________________________________________________________________
    Среќен роденден легендо! :l:
    [​IMG]
     
    На Dog-lover му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.