Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    СДК....е колку убаво ми почна денот, толку глупо ми продолжи.Сфатив дека го сакам, а не верувам дека би можеле да бидеме заедно.Не мислам дека ме гледа така како што го гледам јас него.Уф, што ми требаше да се заљубам.И фино си дојдов и си тргна поплавата-маскарата, тушот, се отиде...Сега конечно се смирив и одлучив дека ќе пробам да му дадам до знаење дека го сакам, можеби и нема лошо да изреагира :inlove:
    П.С. За да биде денов уште потрагичен, сум направила кафе, отварам фрижидер и...нема млеко... :lol: |(
     
  2. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.544
    Допаѓања:
    35.775
    Пол:
    Женски
    СДК СРЕЌНААААА СУММММММ!!!!
    Само што си дојдов од фах,полагав,напишав се и сега сум исполнета скроззз.....
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    Денот ми почна преубо, расположена максимално, абре уста не затворив цела пракса, само јас се слушав. :$ . Заминав на слава кај другарка ми, останав таму, муабети ова она не можевме да се доизнакажиме, то ти е то ко ќе не се гледаш често. :doh:
    Обврските си го прат своето.
    Откако помина време сфаќам дека не треба да плачам и жалам по тебе, ти изгуби некоја шо премногу те сакаше и беше спремна на се.
    Запамти, ТИ ТАКА САКАШЕ.
    Одам јас да си го згреам столчето, оценките мора да се доредат.

    :l:
     
  4. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.932
    Денес имав бурен ден, само трчкав наваму-натаму и сега не можам ни да дишам. Немам сила ни да се пресоблечам. Ама сепак денес сум побогата за едно искуство. Мислев дека сите што работат во нашата управа се искомплексирани будали кои треба да се стават во самица наместо да им дозволат да работат со луѓе. Изгледа не се сите... Останав со подзината уста денес, кога сите ме пречекаа како да им плаќам со тоа што сум отишла таму да се распрашувам и што појма немав од ништо. Бев изненадена како наместо да те шеткаат од шалтер до шалтер тие сами се растрчаа и средија се за најкраток можен рок. Добро, ама тоа само во едната зграда. :lol:
    Сепак, побогата сум и за една мисла. На враќање сега ме сретнаа двајца со флаерчиња. Ми го подава флаерчето и ме прашува дал можеле да ми кажат нешто. Го погледнав и уште штом видов со големи букви напишано "Ќе го преживееме ли овој свет?" - веднаш им го вратив. Ама ова мало листе хартија сепак ме стави во мисла. Ме натера да помислам на една личност која неизмерној ја сакам и ценам. Да помислам колку сигурно му е тешко да не знае дали утрото кога се разбуди ќе го дочека целата фамилија или еден член помалку, да постигне неверојтно многу и за краток период се да пропадне... Да се мачи и труди цел живот и на крајот на денот пак да каже: „Јас сум најсреќен и јас верувам во Господ.„ Ете, тоа е верба.
    Ех, да... заборавив... Утре чекам резултати од стипендијата. Ако ја земам, сите ве частам :rofl:
     
  5. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.609
    Срце бе. :D
    Ич да не се секираш, јас во просек 3 пати неделно сонувам како дечко ми ми раскинува по телефон, и потоа не можам никако да го најдам... му вртам како мрдната, потоа сфаќам дека фали копчето 7ца на телефонот... :D
    Му урлам пред зграда, фрлам камчиња на прозор, потоа се симнува некоја опасна типка и ми вика - јадеме торта, ај не замарај... :^)

    :D
     
    На Strumfeta93, Neytiri, Hipica и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека ако не најдам друштво за Нокаут и го пропуштам и овој концерт ќе ми биде ептен криво. :(
     
  7. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Ми се спие, ми се плаче. Вчера, спиев не цели 3 саати, поручеква, око не склопив. Да, да, не е битно, битно си ги нашарав ноктите, и книга не чепнав. Ама затоа, вечер со другарка ми ќе треба да решаваме задачи најмалку до 1 саат. Утре правам тест математика, а јас благо речено-поим си немам. Неделава, полна со тестови и испрашувања, ваљда ќе ја преживеам. Другата недела-пак тестови.. Ќе бидам среќна, ако будна ја дочекам новата година, ако не здравје.
     
  8. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    988
    Никогаш нема да разберам која е поентата да му честиташ име на брат ти ( кој е дома во моментот! ) , или да си пишуваш коментари на ѕид со цимерката со која сте во иста соба..... демек сите да разберат колку се сакате?? Што е? Не се важи ако не е кажано на фб???
     
    На Evellyn му/ѝ се допаѓа ова.
  9. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Торта јадат бе, барем прават нешто фино, овај пристојно, да не речам слатко.
    А јас, мојов што во сон го начекувам, на кауч, како го јава метлосана плавуша со тетоважа трајбл на кичма!?! А? А? А?
    И оди после стани наспана.

    Инаку, охриџанчиња чекајте ме. За Нова Година ќе ви дојдам, официјално решено.
    Ми доаѓа уште сега да спакувам торбата и да фаќам магла од Скопјево пред да падне првиот снег.
    А да, и сакав да и кажам на Марама дека го научив новиот телефон, конечно и дека решив за штиклите, ќе ги имам! :D

    И то.
    Понеделнички ве частам со по едно македонско кафе. :mm:
    [​IMG]
     
    На ines.h, Neytiri, blond и 3 други им се допаѓа ова.
  10. princess11ska

    princess11ska Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    64
    СДК дека мнооогу сум срекна што конечно ке си одам дома... ке си го видам дечко ми после 6 месеци и после многу лоши работи кои ги доживеа тој за жал без мене. Незнам како ке дочекам. Куферите спакувани, карта резервирана, само уште оваа недела да помине. Мене ми се чини како година...
     
  11. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Нова година, ко самовила, толку многу го маѓепсува народот што како само за неа да ’рмба 364 претходни денови.

    Ја сакам Нова Година.
    Сакам и снег.

    Но уште повеќе го сакам секој обичен ден и секоја друга атмосферска прилика и неприлика.
    Редно е да се прослави доаѓањето на новата година, но зошто да не му се радуваме на животот секој ден? Зошто да го славиме зголемувањето на салдото на годината за +1, а не секој ден во кој се будиме живи?

    Нова година за мене е само една причина за луѓето да се соберат на едно место, со посебен повод.
    Дружењето пак во целина, е да се собериш со луѓето на едно место, без посебен повод и да славиш што постоите едни за други, во добро и зло.

    И додека за некого долгоочекуваниот снег во природата, на друг му врне во душата и поради мекоста на срцето се топи и натежнува надолу за да ја продлабочи самотијата, се пријавувам во друштвото на вторите и сеуште како дете во Дедо Мраз, верувам дека пријателството победува, дење и ноќе, празник и делник.

    Зашто цело е кога има се. И една година е цела и подготвена да замине ако е исполнета правилно. За што инаку би и бележеле една бројка повеќе?
     
    На bittersweet, Phyramide, Divinebutterfly и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    СДК дека минатата година овој период бев бесна на Скопје, не го сакав ама ич бидејќи имав за учење и бидејќи бев далеку од дома.

    Оваа година јавно му се извинувам на истото Скопје поради бранот на омраза со кој го стрелав лани.
    Оваа година јас го љубам Скопје.
    Добро сега, не како она другото, но сепак го љубам.
    Ова ваше убаво Скопје, светкаво и раздвижено.

    И да имаше Скопје број телефонски, сигурно ќе му испратев порака една, честитка една за Нова Година. Да ме дочека во Новата со раширени раце (како што, признавам, ме дочека и лани, иако мрчев како најголемо непогодение), да ме прегрне и заштити.

    Бидејќи Скопје дава.... ако знаеш од кај да си земеш.
    Си дава мирис на костени печени и музиче од хармоника за 10 денари. Скопје дава шареноликост, слобода и крила.

    И му припаѓам, one way or another.
     
    На A-j-a, Mishela, ludoto19 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Sm.real

    Sm.real Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    64
    Ааааа ако не лажат овие од временската прогноза утре не очекува снегче :rofl: епа ајде редно беше :rofl: :rofl:
     
  14. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    616
    Допаѓања:
    2.009
    Еее кој е како мене значи. Тој ручек прави и мие садови а јас дремам на 9gag. Е ако де, на гости сум, кога тој ке биде кај мене па јас ке се покажам (или па не :lol: ) Која мрза сум значи. И сега место да го правиме проектот, јас дремам тука на форумов а тој ми гледа на тарот карти, (а полага задутре). И запрепастена сум, замислувам прашање и ја отвора првата карта и се паѓа Стрелец - високо образование и далечни патувања :^) Ај баш да видиме ...

    п.с . Овој новиов филм на канал 5 ќе го гледам само ради оваа Алекс . Колку и е прекрасна бојата на косата, таа нијанса се обидувам да ја добијам. И сакам такво бело лице како неа . И сите фустани и накитот :inlove:
    [​IMG][​IMG][​IMG]
     
  15. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    381
    Само на кратко СДК дека конечно си ја накитив елката и си ја украсив и куќата. :)

    И ајде сега отидов да јадам сарма :mm: :P
     
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.331
    Допаѓања:
    158.464
    Сдк моментот кога 24 м севернокорејци плачат во хистерија,диригирано...прајслес!
    Ич не гледам разлика,ама ич!
    [​IMG]
    [​IMG]
    Малиот жут,искомплексиран диктатор,кој го заштитуваше својот народ од злото на западот,уживаќи у холивудски филмови,француско вино и лобстери,онанирајќи на Тејлор.
    Каков ден за светот!
     
  17. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Колку е слатко кога човек ќе си го разгори огнот во себе и ќе се пронајде по веќе не знам кој пат. :) И ќе се најде себеси како задоволно суштество со свеж мирис на велес дух; како мало детенце кое толку се радува на лампионче; како мајка кога си го гледа детето на некоја училишна претстава, ах...

    Дедо Мразовците кај нас личат на пијаници, ама срцки се и они, да ги штипне човек по црвените образи :D

    Со Русинката се договоривме, одиме на топло чајче и наргиле во Стара Чаршија, на уште потопол муабет и алокација на спомени, случки, планови. Бујрум! Заинтересираните нека пишат во ЛП, картите за неограничени. :D
     
  18. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    СДК Величенствениот ја замолкна цела Фемина!
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  19. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Секоја чест на сите членови што имаат нерви да филозофираат и да пишуваат долги одговори. Се надевам сте имале петка по македонски. Јас како личност не филозофирам многу и немам инспирација за опишување на некои случки како вас, сепак алал да ви е :) :) :)
     
  20. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.073
    Или пак денешната слава ...
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.