Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. dimdim

    dimdim Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    120
    се чувствувам лошо :(
     
  2. Vik4e

    Vik4e Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2010
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    259
    Пол:
    Женски
    дека денес е мојот среќен ден 8)

    Конечно завршија испитите, исчистена прва година. Браво за мене и големо Благодарам на моите родители за огромната подршка! :* :* :party:
     
    На senza.parole, Izaabella, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  3. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Добив сино цветчееее :party:
     
    На LittleChili, Someonespecial, Dog-lover и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Почна одењето по одмори. Сликите се во голем број дали од море дали од езеро. Лиги ми течат и плачам во себе. Дали ќе издржам до другото лето? Се надевам... :(
     
    На vitomir и Vik4e им се допаѓа ова.
  5. dimdim

    dimdim Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    120
    многу сум тажна ме ограбија :( :(
     
  6. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    ..како мајстор ќе почнам да пцујам |( , во денешно време да работиш за приватник , работава е ќе те шврља како сака.
    Значи учителска диплома имам ало не келнерска (не сакам да навредам никој притоа) само си ги барам оние права кои ми следат со таа диплома.
    само турска или каква и да е окупација з а нас , барем ќе знаеме нема друг излез.
     
    На Elennaa, dream.queen и vitomir им се допаѓа ова.
  7. majicka

    majicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    988
    Пол:
    Женски
    :^) По кој пат те ограбуваат тебе? |(
     
    На Izaabella и Jagoda123 им се допаѓа ова.
  8. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    479
    Се наближува времето само уште малку и одиме јас и тој на една картинг трка. :clap:

    Ми рече да го испланирам времето како што јас сакам,па првото што ми падна на памет беше некој круг на картинг.Едвај чекам...НЕКА ПОБЕДИ ПОДОБРИОТ :lol:

    Држете ми среќа да победам јас :D :rofl: :$
     
  9. perlaa

    perlaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2011
    Пораки:
    1.223
    Допаѓања:
    788
    Обврски. Тоа е во последно време кај мене. Додека сите шетат јас морам да се занимавам со работи кој ми го средија животот. На форумов не сум седнала 3-4 дена и гледам има многу нови работи кој за жал пак нема да можам да ги прегледам на цело.
    Сакам да одам на одмор. Сакам море.
    Толку.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Сдк и кај мене има нешто за славење :)
    Му велам... Горане, горо зелена, направи сенка ледена :)
    Како ме трпеше толку години бе!? не беше тешко :D
    Е, ако не ти било тешко, ќе ме трпиш уште толку, само ако сум здрава и жива...
    Ветив,пред тебе, пред Бога, и пред баба ти, ми вели :rofl:
    Таа уште пред да се земеме му одржа лекција ...
    Опули дете очите, ти ги давам моите очи и моето срце,ако нешто и се случи, те однесе матната :D
    Вчера ми вели. Озбилна, знаеш и самата колку ја сакав таа жена ....И јас ја сакав, ама ја нема.
    Ми велеше... кога ќе умрам не сакам црнина, не сакам да плачеш...Вети ми ...
    Не носев црнина, ама солзите сами капеа, лажно ветување... беше посилно од мене.

    Дури бев мома при мама,љубев едно лично момче.
    Тато ми велеше, мангуп е :Dако, ако ќе го изделка Озбилна,
    на мама и се допаѓаше, баба кога го виде заплака :rofl:
    Ах, ќе ми ја земе детево мојата Озбилна...
    Ах, вие мои луди млади години,летнавте, ама назад не се вративте.
    Само ние двајца се враќаме на местото каде што се запознавме ....
    Монтенегро!
    Ја девојчица која свако лето иде код своје тетке на летовање,помаже својој тети. ради и заради ....
    А он син единец на мама и тато....си дошол со друштво на десетина дена .... сиротио се заљуби во Озбилна, и ги остави сите пари на шанкот кај братучедите... телохранителите од Озбилна :lol:
    Неговите десет дена станаа точно 33 :$ да не дојдеа мајка му и татко му на одмор,
    ќе ја завршевме заедно летната сезоната ....
    Сезоната не ја завршивме заедно, но во 1990 започнавме една нова сезона....
    Сезона која трае до денес.
    Местото на Слаткиот Грев....

    [​IMG]
     
    На sesilija, Monna.Monna, ludoto19 и 34 други им се допаѓа ова.
  11. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Скапана уморна таман одма ми дојде посакуваниот автобус, внатре мраз климатизирано, полупразен, абе мераци, се качувам горе и што да глеам - земале двајцата вртат јазици, си ги гризат образите и лижат ушите цел пат. Се пипкаат, демек гушкаат, се тушкаат на седиште абе мене срам ми беше за нив бе еј. Какво невоспитање, која некултура, кој простаклук. Мрш! Да се немало абер за осет и срам, понашање во јавност? Непостоечки поим за нив. Блам!
     
    На Monna.Monna, kravce, sweet-cherry и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.277
    СДК дека ова горештиниве стануваат не под но сли ви. :devil:

    А најтешко е навечер кога мора да ја затворам вратата од спалната, а со тоа автоматски го оневозможувам и струењето на воздухот.
    И таман ќе легнам, ќе најдам удобна положба, накратко ќе ми се уарни и ќе ми стане уште пожешко.
    Па врти се, де од една де од друга страна, чиниш црви имам в
    газот
    бре. :lol:
    Спиј од 12 полноќ до 2 наутро, па разбуди се, појди до фрижидерот, поткасни си некое јаготче :rofl: , земи студена чаша вода со лед, и пак легни си.

    ..Плус, мора веќе да престанам физички да ја злоуставувам перницата! :!: ..
    од надуена и фина, даска ја сторив, константно вртејки ја за 360 степени!
    Па, не е таа крива што надвор е + 40.

    Штурците пак, и тие пусти да останат со нивното црцорење/крекање ( не знам како да го наречам звукот што го испуштаат ). |(
    Океј, сфатив - жешкооо ќеее бидеее иии утреее, и сега што!? Можам ли јас да ви помогнам?
    Освен да ве зберам сите кај мене во соба па заедно да го жалиме времево. :smirk:

    И така, секоја вечер иста приказна се дур не заспијам.
    А тоа е поприлично долго и мачно патешествие.
    Бар да знам, би зела една цела ќесичка мразулци и би ѓи наредила низ цело тело, па ако треба како мумија ќе спијам и ќе качам температура сред лето, само да престане оваа летна тортура. :emo:

    Од мене толку, одам да се разладам (истуширам). Бидејки дур пишував ми стана уште пожешко. :whew:
    А вие драги феминки, ако имате клима уреди вклучете ѓи и уживајте, или ако било која од вас има уште некоја алтернатива слободно нека не почасти на форумов.

    Догледање до следното летоубивање, јас заминав под водопадите. :D :P


    [​IMG]
     
    На ana-girl, Someonespecial и vitomir им се допаѓа ова.
  13. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.784
    Допаѓања:
    25.229
    Пол:
    Женски
    Официјално крај!
    Трета година целосно исчистена од испити и завршено со трчање по оценки!
    Серии, филмови, прошетки, лето... here i am!

    :sun:
     
    На bittersweet, ana-girl, Annath и 22 други им се допаѓа ова.
  14. Dobie

    Dobie Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    240
    СДК денес беше убав ден си станав, си се облеков ,си појдов да си се запишам гимназија ,ги поддадов документите сега што ќе биди нека биди и онака ми се сите петки неможи да не ме примат ако не тука се 2 и 3 уписен рок потоа си дојдов дома сладолед ,музиче, уживанција ах лето многу те сакам бе!Па смеа ,шала со другарка ми и така супер беше денов :inlove:
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    576
    СДК дека ми е преку од малтретирањево преку телефон и да прашам како можам да дознаам чиј е некој телефонски број без да одам во полиција? :^)
     
  16. Monique995

    Monique995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    201
    Човек колку што може да те разочара, никој и ништо друго не може.
    Аууу, какво време дошло...
    Да почнеш да се крстиш, со двете раце, и да си поплукаш за „Бог да не чува од полошо“.
    Ајде само помин нека има.
     
  17. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека ми е згрозено од државава.
    Од лошиот систем, од сите неправди, сите ограничени луѓе, глупавоста, немаштијата, перењето мозоци... Ми се гади од тоа што му се случува на Скопје, катастрофата му е сега, а не во 1963.
    Не сакам да бидам дел од оваа жална приказна, за едно катче полно љубов, спомени, среќа, кое толку лесно изумре. Сите тие емоции ме градат и мене како човек, а чим ги нема - можам слободно да си заминам со нив.
     
    На Lov3, kravce и karenin им се допаѓа ова.
  18. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Колку долго останува мирисот на морето после еден продолжен викенд?...Почнува полека да се губи на она место каде за последен пат го гледате морето од автомобилот, поточно каде морето се претвара во мочуриште. Тогаш во главата почнуваат пресметувањата -кога ќе стигнеме дома, што треба да доработам, на колку мејлови да одговорам, понеделник, работа, куп обврски. Почнува да ми се лоши.

    На граница мирисот на парфемите сериозно го загрозува мирисот на морето. Капки сензорна илузија за пеесетина евра, за кој веруваш дека ќе те трансформираат, ќе ти ја подобрат самодовербата, ќе те усреќат...

    Само траги од мирисот на морето останале додека влегувам во мојата населба која од далеку личи како да ја погодила недајбоже нуклеарна катастрофа. Обвиена во темен чад. Страшно.

    И утредента на работа мирисот на морето исчезнува целосно, како да не постоел. Таму мириси од кои се преврстува утробата, потенцирани од жештината. На нив сум навикната...
    Но, по толку години не можам да се навикнам на мирисот на очајот, бедата, безизлезноста.

    Мирисот на морето и таа слатка безгрижност се далеку зад мене. Работава...уживај во моментот, зошто се што останува од еден продолжен викенд на море се само куп валкани алишта...
     
    На antonina, bittersweet, Lov3 и 20 други им се допаѓа ова.
  19. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Ви праќам поздрави и гушки колку морево... :* :hug:

    Ќе се читкаме наскоро! :inlove:
     
    На Someonespecial и Gordana10 им се допаѓа ова.
  20. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    ....со престојов тука полека си го учaм и германскиов јазик, и не сум лоша воопшто,иако е тежок. :)


    туку сакав да кажам кога нешто долго време те притиска одвнатре се мачиш тагуваш се бориш се обидуваш,нема нема подобрувањe...сето тоа ти станува една врста на навика која се помалку боли. :)

    ..времето не лечи се но делумно делува.
     
    На Someonespecial, Barbie20 и vw-girl им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.