Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.949
    Допаѓања:
    81.260
    Пол:
    Женски
    Мразам родендени.
    Всушност, не. Не ги мразам, туку едноставно никогаш не ми биле мили, никогаш не сум уживала да бидам во центарот на вниманието, посебно не она кое владее(ше) за родендените.
    Ете ја слвеничката, ајде сега сврти се М., ќе се сликнеме, ајде вака. Не! Не, вака, застани така сите да се гледаат.
    Ок, доаѓа тортата - јеееее, ајде сега замисли си же
    ... and how about NO !? :^)
    Па и едно чудо подароци, ѓомити свадба голема.
    И годинава да ви речам, така ми се погоди да спремам испит, што не ни обрнав внимание дека поминало полноќ и телефонот се убил од ѕвонење. Па, не ми ни треба да погледнам во екранот за да знам кој ме бара - ајде ок, ги закопавме и воените секири некако, останатото му го препуштам на времето.
    И, легендата вели дека некогаш на луѓето не им требал фејсбук за да се потсетат кога ти е роденден, ами се служеле со мозочето и паметеле.
    Баш ме заинтересира и ја ставив на тест. Искрено, очекував да помине мирно и тивко, без честитки (со исклучок нели, на роднините) и ... операција успешна - пациентот среќен.
    Ок, значи сепак моите мили човечиња кои скромно се бројат на една ипол рака не ме забораваат никогаш.
    Баш ми се стопли срцето, како што би рекла една моја бивша професорка од средно. :wasntme:
    Кога сум веќе кај неа, морам да прокоментирам нешто за кое си филозофирав денеска цело време додека траеше моето скромно шопингување.
    Фризерката ми откажа во 5 до 12, па некако ко за инает сал фризерски салони ми излегуваа пред очи, ко за инает да ми праќаа индиректна порака - на ти сега :devil: , чекај ја ти твојата сакана фЛизерка, чекај да закажеш во 5 до 12 и исто толку и за да ти откажат, па сега ќе се изначекаш и ќе си ја милуваш метличката. Замети си со неа - и онака ламинатот в соба ти плаче за метла. :!:
    И добро, одиме на прашањето - која е логиката, да си го „крстиш“ салонот Бринета на пример, едно од „најзвучните“ кое ми останало во глава. :^)
    Мислам да, нас професорката по бизнис нè учеше дека името на фирмата секогаш треба да биде во согласност со струката која ќе ја има истата, ама ова Бринета звучи дискриминирачко уште од старт.
    Која логика, еј. И дали јас како плавуша не сум пожелна таму !? ;(
    На мајтап ѝ ја спомнав филозофијава и на мајка ми и мајче ко мајче, ни пет ни шест, ми вели - не оди бе, ќе те утнат, ќе те унаказат за инает оти знаеш ... плавуша си бе сине. :!:
    Добро, доволно беше.
    ***
    Јас искрено ги замолувам моите сограѓани и сограѓанинки да си ги почитуваат роковите во библиотека и на време да ги враќаат книгите, зашто денес буквално окапав од висење и на крај си заминав со книга која не ми ни беше планирана, ама штом „испеглав“ стотина странички - не е лошо.
    За секоја побарана книга добив одговор - Земена е, уште не е вратена. Ете, види тука.
    Не дека многу се чита, мило ми е ако е спротивно, но барем немојте да си ги присвојувате книшките.
    И иста песна секое лето - полици полни чик-лит и некои си вечни мистерии, а убавите круши одамна изедени. :D
    Абе ај, ќе си ја дочекам онаа која ја намерачив кога-тогаш!
    До тогаш - на здравје за моите дваесет! Догодина здравје, официјално ќе можам да пијам и во Америка. Не дека сум многу по пиењето, ама којзнае, може ќе ви наздравам од таму. :beer:
     
    На Serafima, ana-girl, Moira и 15 други им се допаѓа ова.
  2. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Премногу драматизирање води до депресија.
     
    На mamma-mia, Moira, Trnche и 15 други им се допаѓа ова.
  3. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    479
    На CuteEva и Katerinceee им се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.076
    Допаѓања:
    66.896
    Пол:
    Женски
    Некои луѓе не знаат да ги ценат работите во животот. Сè им се врти околу парите. Па што ако имаш пари а го мразиш начинот на кој ги заработуваш? Каде е тука задоволството? Разбирам кога имаш фамилија и мораш да ја прехраниш, кога се бориш за опстанок, но не ја разбирам онаа болна амбиција, само да се заработат пари, не е битно другото... Не сум јас таков човек, уживам да правам нешто што го сакам.
    Барем сега го имам тој луксуз да одберам што ќе работам. Да, морам и јас понекогаш да работам за опстанок, ама не значи дека слепо ќе се фатам за тоа ако имам заработка.

    И така. Ми се вртат некои мисли по главата деновиве... А лето иде, баш кога треба да се ужива јас правам планови. Ако, се надевам еден ден ќе се исплати трудот и вложувањето.
    Нема ништо друго ново, со маж ми си се љубиме, медениот месец ни трае сè уште, само се надевам дека ќе си трае долго, долго... Иако сум премногу реална за да живеам со главата во облаците. :)
    Си уживам во летово, во топлото, во сонцето, го обожавам едноставно, многу сум си пожива и попродуктивна во лето. Затоа сон ми е да живеам во некоја топла земја, да си цветам постојано...
     
    На ana-girl, Annath, Someonespecial и 7 други им се допаѓа ова.
  5. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    СДК
    Колку е тешко кога се преправав дека се е добро и кога лажно се смеев,а всушност ми се плачеше од дното на душата.;(
    Затоа што некои што ги сакаме им веруваме а тие нас не можам да кажам дека не ме сакаат..но можам да кажам дека толку ме „почутуваат и ми веруваат“ што при прва пречка ми се лутат и не навредуваат. ;(
     
  6. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Барам некој со ајфон5 во Скопје, значи ми треба полнач многу хитно (премногу) само за вечерва!!!
    Се извинувам што ја утнав темава,ама до толку сум во збрка што не можам да барам соодветна.
    Дај некој хуман да ми позајми почнач значи спремна сум да го вратам и за саат време!
     
  7. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    СДК ... животот е сепак убав. Животот знае да дава ... да наградува, да исполнува желби. Животот може и да ви понуди врвови, ваше е дали ќе ги освоите.

    Животот мој годинава се сврте за 180 степени, неочекувано, а посакувано. Желба по желба се остварува. Ви посакувам само убавини и среќни моменти, да освојувате врвови, да посакувате и да добивате посакувано. Иако не е се совршено, блиску сме знам ... животот ќе се потруди да живеам совршено. :)


    https://www.youtube.com/watch?v=P2K_1qvIsFo
     
    На bittersweet, green.eyes, Sexybaby86 и 18 други им се допаѓа ова.
  8. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Џулке :hug: А кој кажа дека е лош :) некои личности прават така да изгледа....
    Но кога ќе се најде вистинскиот, вистинската, на вас останува да ги освоите врвовите :)
    А ти можеш, знаеш, умееш .... знаеше Озбилна ^_^ :hai:
     
    На julie77 и Gordana10 им се допаѓа ова.
  9. girlx3

    girlx3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    142
    многу точно..
     

    Прикачени фајлови:

    На Marjan007, Someonespecial, Boleyn.7 и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Љубов добивам од сите, само не и од Него... јбг живот...
     
    На Divinebutterfly, teddybear, Monique995 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Соба искречена, со некоја останата капка по кошиња затоа што правам очигледно колекција на сите бои во кои ми била собата. Овој пат си создавам мала оаза, со зелено-жолта атмосфера, едното за енергија другото за смирување. Склоп и преклоп на се, баш на се. На човечки мисли и емоции, на ставови, желби и барања.

    Ме израдува како cheesecake од Њу Јорк една скромна црвена ружа од детско раче. Се почуствував како права професорица иако ни п нема во мене. Се прашувам како да ја зачувам а да не ми фаќа прашина како исушена. Ох дилеми, трилеми.

    Рано утринска пракса, Скопје во 7 наутро на точак. Се чувствувам како осакатена кога сум принудена да возам во онакви мизерни услови. Кој бре со здрав памет ги правеше тоа тротоарите по Партизанска? Па како да се качам со точак на толкав прелаз без елегантно да се трупосам и да не си го оштетам точакот. Шала на страна, велодипедистите во Скопје се најзагрозена категорија во сообраќајот. Само го чекам денот кога некој ќе ми отвори врата од кола, па филмски ќе полетам. |(

    Пеглањето опушта дури и на 50 степени. Факт.
     
    На ana-girl, Waka-waka, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Што да кажам, да промрчам, да фантазирам, да се отворам....

    Прво на мета, нешто што вака ме боцка во главата, глупавоста на луѓето се мери преку фејсбук. За мене не е социјална мрежа, ами единица мерка за глупавост. Опцијата за чекирање, дијареа да фати тој што ја измислил. Као демек ако не се чекираме исто како да не сме ни биле.. бааахахаха, а јас што немам фејсубк значи од дома не сум мрднала :(
    Слики со напрчени газови кои се проследени со коментар, грда сум ама ради таа и таа личност ја ставам. Или па, грда сум, ама нека. А тоа фацата не и се гледа оти во преден план се цицки или задници.
    Остави тоа, се знае, доаѓа лето, сите отвараат сезона нели во новите купачи на Викторија'с сикрет. уф....рибици. Па цела зима во теретана , мора некаде да се фрцкаме. :*
    Јас, така, нем посматрач, ќе рече некој седам на фејсбук како некој сталкер и демнам све живо. Не бре луѓе, него и јас имам современи другарици кои го прават истото. Седиме на кафе, они се чекираат. Одиме во вц, они со телефоните во раце се чекираат и таму.

    Не знам кој беше рекол, и погодил. "Се плашам дека ближи ерата кога технологијата ќе ги оглупаве луѓево", Ајнштајн мислам дека беше. Не е се до точка како што напишав, ама блиску е.
    Кога гледам 5-6 фудбалери на кафица, абре сите тие значи сите до еден со телефоните во раце, никој не збори, сите си се смеат читаат нешто на нет, се чекираат ли, дрн дрн.

    Сега прв чекор од разговорот помеѓу келнер и муштерија во кафич или било каде, не е нарачка, него "Кој ви е пасвордот од интернетот?"

    Koлку уште би зборувала.... Ама исцрпена тема е.. И додека не почнале да ме гаѓаат со камења, да кажам:
    Добра сум, жива сум, здрава сум се сеќавам на вас, доста често ве мислам. :)
    Бидете добри!
    :f:
     
    На Monna.Monna, Serafima, ana-girl и 21 други им се допаѓа ова.
  13. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    ПОЛОЖИИИИИИИИИИВ !!!!! И ТОА ПОВТОРНО СО 94/100 !
    Во септември втора диплома од Cambridge.!!! :beer: :party: :rock:
     
    На Serafima, ana-girl, kate21 и 24 други им се допаѓа ова.
  14. Summer.Love

    Summer.Love Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2013
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    40
    Еве ме и мене нешто да кажам ;)
    е многу ми прија ова жештинава, коа ке си излезам надвор на тоа најжешкото околу 2ипол 3 милина. Многу го обожавам сонцето така затоплена се чуствувам како мотор од ауто кој денонокно возел 250 км на час. А највеке сакам кога ке излезам на сонцево со мокра коса па ке ми зачури како очак, и како за финиш ке си добијам осветлена коса со прамени онака подзагорени и убаво изшатирани да не речам пеплосани :| Нема спас за мојата мила косичка...маска, регенератор, капки за коса, што било не помага едино ми остануваа две решенија :

    1. да ги спуштам ролетните и да не се појавувам надвоор (како вампирите од twilight)
    2. или да ја земам шамијата на баба покојна да ја замотам главата па така да си ја спасам косичкава :worried:

    Не дека се жалам што е така жешко напротив лето како лето ама косава...за неа ми е криво не се согласуваме јас сакам сонце ама таа не.А не би ја жртвувала, несакам после да се шетам така низ град со две пеплосани вакна на глава превртувајки ги еднаш на една потоа на друга страна.
    А јас со еден куп испити пред мене загризена сум за косата, а за мозокот галје си неам со е така празен си дреам како да утре не полагам..и не е било што туку математика :( ке ме разберете знам кога се работи за предметов ум си немам па почнувам секогаш да се грижам за косата. Абе со ме е гале утре одлучв коа морам да излезам ке излезам со шамијата на баба покојна...за срека да ми биде белки ке положам а и косата ке си ја поштедам 2 во 1 па и ако полозам плус едно нескафе правам :*
     
  15. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Никогаш во животот не сум била на море, мајка ми исто така. Никогаш не сум видела какво е(освен на слики), ниту пак сум почувствувала каков е тој мирис кој што сите ми го зборуваат и залудно го опишуваат, ама знаеш мирис на море, ама не знам луѓе мои... дајте кажете кај да се омажам за проблемов да го решам :D Се шалам, не ми е до мажење дојдено ама најискрено се надевам дека оваа година со мајка ми ќе истераме еден викенд на море, и јас да ги брцнам нозете во таа вода и да се разбудам покрај море. Брат ми и татко ми има дома да си седат, тие не едно, повеќе мориња имаат видено, плус со авион имаат летано, доста им е :D

    Е тоа сакав да кажам. (и не сум толкава лошотија де, смеат да идат и тие двајца ама обврски имаат, тренинзи ова она знаете како е :D )

    Без никаква потреба станав во 8 сабајле како кокошка, а си легнав во 4, сега кога утре треба да станам ужасно рано, мене не ми се спиеее можам и на некоја забава да одам моментално и да денсам до сабајле. Работава, чорба :D

    ДОбра ноќ :bandit:
     
    На Libera, sesilija, vinozito1 и 25 други им се допаѓа ова.
  16. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    20.886

    Леле драга, жално но вистинито...
    Знаете уште што фали? Мајките да си ги дојт децата на блутут,,,или можеби веќе и тоа го има??? |(
     
  17. axl-babe

    axl-babe Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    450
    Допаѓања:
    577
    Сите си пишувате нешто што ви се случило, само јас како муле, само читам. |(
     
    На L-a-r-a22, eliesaab и Glossy-girl им се допаѓа ова.
  18. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.086
    Допаѓања:
    12.628
    Пол:
    Женски

    Исто :|
     
  19. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Момци и девојки парфемот не е гел за туширање...
     
    На Hipica, COollLady и Dog-lover им се допаѓа ова.
  20. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    СДК не само шо сум гладна туку сум и како трудна жена. Ми се пријадоа компири пржени па јас заминав да пржам ајде поздрав :*
     
    На dream.queen му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.