Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.968
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    За кој како :D
     
    На LittleChili му/ѝ се допаѓа ова.
  2. VIN.diesel

    VIN.diesel Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2013
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    420
    Clara pacta, boni amici


    Чиста сметка ,долга љубов
     
    На Hipster и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  3. Butterfly14

    Butterfly14 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    456
    Зачудена сум од луѓево.
    Девојчиња на 11-12 години фаќаат "дечко" и одма статус на фејс како неможе без него, врска одма.Заљубена до уши незнам што, дури и деца и венчавка планира.Штикли 15ка бидејки дечко и е висок а таа ниска и ќе биде awkward ако излезе со него така.Уште од вториот ден слики со него на профил и опис "Најдобар пар". И гледаш после неколку дена тој ја шутнал и таа готово самоубиство е спремна да изврши.Плаче, кука, му пишува пораки како неможе без него, го моли.После 3 дена како ништо да не се случило.И се што се дешава па дури и чет од другарка и постира на статус.Кај отиде светов.. :x
     
    На eliesaab и Someonespecial им се допаѓа ова.
  4. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    932
    Патам од Несоница. Груба е, немилосрдна и ме малтретира до степен на лудило. Моментот заспивање на сите им е нормално заспивање, а мене момент да ми се уклучи мозокот 500 и да размислувам и разглабувам филозофии и разни чуда. :^)

    И секое утро сум некако порастревожена, спијам по 4 часа максимум и пак свежа ко краставица во оранжерии. Ама на однесувањето ми се одразува зошто сум раздразлива и бичи ес хел. ]:) И од што немам што да правам зедов садови да мијам во 2 часот по полноќ, Бог да ме чува ко некое зомби сум.

    Ајде добра ноќ на сите, а јас ако не да земам бавчата да ја скопам. :worried:
     
    На WarriorAngel, Ema.Sk и Barbie20 им се допаѓа ова.
  5. Ema.Sk

    Ema.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    4.776
    Чувството кога ќе си направиш квалитетен муабет со твојот најдобар другар после 4 години.

    Ми вети дека ќе го имам цел живот, барем додека е жив.

    Сега ништо друго не ми е потребно, мојата најдобра другарка, мојот најдобар другар и мојата фамилија.

    Фала ти Господе за оваа радост!
     
    На Serafima, Claire, Hipica и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Monique995

    Monique995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    201
    А што ти ми доаѓаш нешто као центар света, па ја треба да бидам радиус на опишана кружница!? #СиСеЗаебал.
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    СДК се додека луѓето не научат да ги почитуваат другите, истите ќе ги губат.И не би требало да се запрашуваат зошто некого изгубиле.Не може да се очекува дека некој ќе биде постојано тука за нив, ако некој друг за нив не направи нешто, било да се работи за почит и сл.Некои нешта во животот, се взаемни, така егзистираат.Бидејки лесно е да се сруши нешто, а тешко е да се изгради.А џабе е отпосле, да се поправа нешто, што не ни може да се поправи.Скршениот леб, не може повторно да се залепи.
     
    На ozbilnazena, Serafima, WarriorAngel и 3 други им се допаѓа ова.
  8. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    10.770
    Пол:
    Женски
    Мора да сум страшно секси, со оглед на тоа колку ме е*е животов!!!
     
  9. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    De-lovely не си сама.Ако ти треба помош околу копањето на бавчата барај ме :lol: Слободна сум цела вечер.До кај 6-7 сабајле.

    Мачно чувство.Се превртувам,се потам,станувам по 300 пати.Никако сон да ме фати.
    И капак на се,во сите овие мачнини,ми се враќа филмот и мислам на него.
    И ме фаќа уште поголема нервоза и поголема жештина.
    А не сакам!
    Ѓубрето не заслужува ни дел од милисекунда да помислам на него .
    Но,најверојатно ноќта е создадена за тоа.За размислување,за навраќање на стари рани и добри моменти и на крај за создавање филмчиња во кои се е совршено.Во кои постоиш само ти и твоите најсакани.
     
    На De-lovely му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.968
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Добро утро женски! Кој е за кафе? :coffee: :sun:

    Денес ќе ви кажам едно,ценете се себе си,за да ве ценат и другите. Бидејќи многу пати попуштаме и каде што не треба па луѓето си мислат дека можат да не газат. Епа јас мислам да застанеме цврсто зад своето,кога сме во право,бидејќи иначе ќе продолжат да ве газат. Изгледа во овој свет нема место само за добрина бидејќи не сите знаат да ја ценат. Понекогаш прифатете по некој совет,кога е добронамерен и е од личност која знаете дека ве цени. А оние што не заслужиле да ги слушате,немојте. Понекогаш си правиме само штета на самите себе си и нервози. Само бидете позитивни и уживајте си и не се нервирајте премногу.
    ТАка,ценете се и ценете ги само оние што вас ве ценат :)
    Имајте убав ден :*

    [​IMG]
     
    На Adi888, bittersweet, Miss.Ricci и 18 други им се допаѓа ова.
  11. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    ете помина и долго зборуваната комиска вечер
    интересно беше секако и весело ама на крајот највесело-некои од советниците се откачија тотал :lol:
    тој што ми се допагаше не се ни поздрави со мене а јас дефинитивно немав намера да го молам ниту па имам :!: -постојат и други риби во морето и истата ситуација беше и со претседателот на младите сили-уште малку и официјално ке ме нема во нивниот список :whew: :D на крајот пред да се повлечеме со жената со која што и дојдовме, се поздравивме со советниците-фино и културно
    бев највесела од нашиот месен комитет а ме дружеше по малку и винцето да се пофалам :$ па сите машки кукавици испаднаа, никој немаше храброст да ми се приближи :x
    едно нешто што ме изнервира беше другар ми-јас на оро тој до мене |( дури и ми ја стави раката на неговото срце и тогаш на сред оро му ја пуштив раката а пред да си одиме ми рече дека убаво сум била облечена-ме нема видено во такво издание затоа таков впечаток му остави па после страв му беше да ми се доближи :D
    едно големо БЛАГОДАРАМ до мама за помошта околу фризурата и навистина немаше потреба да се грижи толку и да ми звониш толку пати-дури и паника ме фати да не нешто се случило
     
  12. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    СДК оние лицемерните, сами на себе штета си прават...на мене сигурно не. Кој сака да се дружи со такви бе? Па после форевр алоун. Да не знаеш дали некој е глупав, дали се прави глупав. Јес да сум млада, ама проѕирно улижување... не сме деца да се лажеме. Манипулации ово оно. Работи ако ти се работи, играчки ќе си играме |(
    Порано мислев дека оние на кои им гори под газот би работеле се' за парче леб. Која грешка луѓе. Нема луѓе на кои им е тесно или широко, има вредни и мрзливи и тоа е тоа. И да нема за леб, побрзо ќе појде да побара од комшијата, него да се фати за мотиката. Да бидеш вреден денес стана толку демоде изгледа. Времето е на директори и менаџери и административци. А колку се за пофалба овие првиве. Па се прашувам, што е подобро, да имаш во рацете/нозете или во главата? Се фативме сите да бидеме мозоци, ливадите станаа згради, нивите простор за индустриски објекти. Па после храната била вештачка, млекото било увозно, воздухот бил нечист...

    Јас еве, секоја вечер се успивам со сладолед :wasntme: ама не помага. Проклетата медицинска перница (медицинска мај ес) ми го уби рбетот. Се чувствувам едно 30год постара. Па се тепаме секоја вечер. Сакам на тврдо да спијам, ама главава нешто... :^) Ќе да е до месецот, времево, притисокот, коските... нешто такво. Како на пример, јас сладолед цело ланско лето немам изедено толку, колку овој месец. Или како на пример дека си го захефтав прстов сама со хефталица. Или на пример дека пола саат порано се спремив да си одам од раб зашто мислев дека е друг ден... До месецот е. :wasntme:

    Добро утро, добар ден... и не бидете лоши, зашто таквите никој не ги сака :wasntme:
     
    На bittersweet, Nymeria, Lov3 и 19 други им се допаѓа ова.
  13. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Некој да може да ми ја објасни побудата за изневерување на човекот со кој си! Еве разбирам кога за момент ќе почувствуваме некои пеперутки и шатки во стомакот за некој друг настрана од нашиот партнер.
    Но ние свесно да го изневеруваме човекот кој самите веруваме дека ни е се во животот е безвезално. Па и за било какви ниски страсти да зборуваме. Уште па сето тоа да се случува во брак. Абе убаво кажи му на партнерот дека си во некоја нерешлива пубертетска криза и заедно барајте чаре. Иии биди искраен, а не кукавица.

    Зашто постојано ја има таа потреба да се гледа на страна?!

    Знам ОК живи луѓе, грешници, немаме право да судиме, не ни сакам, ете си зборувам за моите мисли. Ама, но човече бре ако сакаш да се ебеш со други раскини му на партнерот! Ако не те исполнува партнерот раскини му и биди со тој кој мислиш ќе те исполни. Ако мислиш дека нема зашто да вложуваш во тој твој човек и таа врска подобро оди си од него додека се уште не сте направиле бебе уште.

    Петар за појадок и пауза, Суперменка вели: тешко е да кажеш те сакам, а уште потешко да кажеш не сакам пица! - така нешто беше. Такоџе е! Ах моите пици кои ги лапав постојано. Ммм а пак чипсот од тиквички.

    Брррррм!
     
    На bittersweet, tessie, pamelche и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Tенка е линијата помеѓу животот и смртта :( .Mногу е лошо искуството да стоиш пред човек на кој деновите со сигурност му се изброени.
    Aма тоа е, се раѓаме и умираме,процес на кој никој не може да се навикне и помири :( .
    Hо, колку побрзо се помириме со фактот дека сите околу нас а и ние ќе си заминеме таму, толку поцврсто ќе можеме да се помириме со реалноста.
    Cамо да се има некој ред и во таа работа....

    Eден муабет што го имав со мајка ми како мала, уште ми е врежан во главата.
    Oд никаде ми текна да плачам за смртта, и велев- Hе сакам да умрам ни јас, ни ти, ни баба, ни дедо.... :(
    Cакам секогаш да бидеме живи.

    Jас не се плашам толку од смртта (за мене) колку што се плашам од староста, изнемоштеноста и неспособноста да се грижам самата за себе.
    E,тоа ме убива, и не би сакала да доживеам толку длабока старост....
    додека можам сама да се гледам, после спремна сум да заминам на тој свет.......
     
    На Sweetheart87, Monna.Monna, bittersweet и 22 други им се допаѓа ова.
  15. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Не сум човек кој се жали, имам прилика да шетнам неколку пати месечно во еден од најубавите градови на светот, си купив нешто за роденденот, супер се снајдов на работа, една од ретките во групава што може да каже дека на работа научи брзо и добро и што не е во опасност да ја избркаат.... ама...

    Да ти се плукнам во мочаната нација на хипокрити. Ѓоамити цивилизирани, ѓоамити светски народ. Не. Сите се гадни, свињи, мрши. Да беа мои пари, одма ќе си дојдев, ептен оти моите ги потрошив. Од друга страна, па и некој инат ме фаќа, да се смеам и за нивни инат да останам до крај.

    Ти се смеат оти не знаеш да кажеш нешто, не се трудат да ти кажат како се кажува правилно. Ти се смеат кога идеш наврнат и препотен на работа во трењерки, а они идат со кола на ветар и дожд. Ти се смеат кога остануваш прекувремено. Смешно им е што немате интернет и продавница во околина, што јадете леб и салама цело време. Ма се пукнаа од смеење оти ослабев 6кг за 10 дена, да, пресмешно ми е и мене, и модриците на нозите ми се смешни. Ти се смеат кога чистиш. Мочаат додека чистиш, те гледаат во очи и ти се смеат. Ти се дерат, значи, заглавен е и работи во Мекдоналдс за цел живот, јас сум студент, кој, еве и овде да ви кажам, прилично добро си ги положи испитите со оглед на сиот стрес и гушење (не сум се самопаднала), јас сум тука два месеца, со кое лице и право човек кој одбрал таква кариера се прави надреден над мене?

    Некна на роденденот, 10 саата бев, плус саат наваму и натаму додека стигнам дома се 12, и искрено, толку бедно се почувствував.... А наредниот ден, односно по 10 часа, пак ми почнуваше новата смена. Не знам дали мојата интуиција беше тоа што ме гушеше цело време, што ми праќаше сигнали не иди, не иди, затоа што овде не се гушам, не се тресам. Само се плашам сиот овој стрес од овде да не ме мавне во септември.

    Ми фали тој, него му е трипати потешко неголи мене, не знаете колку му е тешко. Џиткам цело време пари на кредит на мобилен да се чујам дома, скајпот е сајанс фикшн, ама искрено гајле ми е. И тоа е смешно да, што не можеме дома да се јавиме.

    Ви благодарам за честитките за роденден и имам куп лични пораки што не можам да ги отворам... пребавен интернет. Тоа е тоа, овде останувам додека можам, чисто да видам до кај ќе отидам и што се' можам да издржам. Кога ќе ми пукне филмот, ќе ги испцујам, ќе им кажам триста и лајк а бос ќе си дојдам. Дотогаш, кога можам ќе ви пишам, не можам ништо да прочитам, ова чисто дека сум жива и да покукам малку, дека тука јас најсмирена сум, сите други се мрднаа веќе, ништо чудно и јас наскоро да мрднам... . Гушкииииии!
     
    На Mikako, midnight.flower, Adi888 и 53 други им се допаѓа ова.
  16. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Се жалевте на пеколните горештини уште на почеток на јуни?
    - Еве ви го, НА!
    Јесен стиже дуњо моја е работава.
     
    На glosipgirl, Butterfly14, pamelche и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    сакам да кажам дека денеска не ми се стануваше од кревет :^) што убаво си спиев |-) надвор си врнеше по малце дожд,прозорот малце отворен |-) |-) онака ми се спиеше што мислев цел ден ке помине спиеќи :)
    ама ете си станав и некако уште сум како да паднам некаде и заспија |-) |-) кој знае како ке ми помине денов :!: оти што ми се спие :^)
     
  18. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.093
    Пол:
    Женски
    Му благодарам на Бога што ми ги услиша молитвите и ми ги даде одговорите кои ги барав за да знам што да правам со себе, со мојот живот, со мојот брак.

    Што ми даде сила да продолжам да си го сакам сопругот и да ми укаже на тоа дека вреди, дека успеа да се избори против одредени ситуации и со своето однесување да ми покаже дека се`уште постојат шанси за да бидеме среќни исто како порано.Дека чувствата му се тие.

    Малку ми е тешко и жал ми е (плачам додека го пишувам ова) затоа што морав да свртам на постуден и посуров пристап од оној на кој е навикнат од мене. Но неопходно беше. Молчењето во оваа ситуација не беше злато, дури мислев и дека предолго молчев. Веројатно и вие мајките слично се чувствувате кога ќе го искарате детето или ќе му дадете една стратешка воспитна, па кога ќе видите колку се поправило ви е криво што сте биле толку строги а знаете дека е за негово добро. Е така се чувствувам и јас во моментот во врска со моето големо дете. Ѓубре, ај што ми згреши па згора и ме расплака на крај. :lol:

    Имајте убав ден. :*
     
    На imelda, kravce, Barbie20 и 15 други им се допаѓа ова.
  19. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.460
    Допаѓања:
    17.155
    Од денес официјално сум гимназијалка.
    Добро, уште на уписите ми рекоа дека ќе бидам примена, ама друго е кога ќе видам на огласната табла. :)

    Добро утро. :)
    [​IMG]
     
    На Adi888, bittersweet, kravce и 24 други им се допаѓа ова.
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.188
    Допаѓања:
    102.308
    Пол:
    Женски
    Теси често се чувствувам како тебе, впрочем се осеќам исто ко што си напишала понекогаш. Како мало дете кое го вадиш на правиот пат, како да му објасниш што е црно а што бело, нажалост неговите претходни учители не мислеле секогаш исто како мене :lol:
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.