Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Добро утро радни народе!

    Уште еден средношколец се јавува.Т.е,ај да не дрндам многу,сеа ќе идам резултати да проверам,па ќе известам :lol:
    Временцево е супер,не е спарно,таман за шетање.До душа,можеше да не дува толку ветер,али ај,и вака е ок.
    Одам малку да поуживам.Имајте убав ден :hug:

    http://www.youtube.com/watch?v=tUYGzZ0tQpA
     
    На Ketrin.Moon и WarriorAngel им се допаѓа ова.
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.094
    Пол:
    Женски
    Ко шо двете сме во исто време и многу емотивни и строго принципиелни, не ме чуди. :) Една од потешките комбинации на особини.
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  3. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    270
    Добро, зарем ние ке видиме лето оваа година? Арно се стопли средина на јуни, пак заврна..значи мразам депримирачко време, од дома не можеш да излезеш секој момент може да заврне.. Толку ли не можете да поднесите потопло време, да се стоплиме да се израдуваме, да се капиме,да се разладуваме..очигледно тоа не е можно не сме научени на топло,ние сме само за во Англија,бел ден да не си видиме.. not kidding :|
     
  4. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Велат Среда - среќен ден, решив да го проверам тоа :D
    уште од пред некое време ми се моткаа едни фирми низ главата каде што би можела да работам и денес аплицирав ;) па да видиме што ќе биде..Дај Боже да биде :sweat:

    Точно е дека веќе имам работа, ама тоа е работа која не сакам да ја работам, работа која ми ги искина сите живци, ме става на работ на лудилото.. Не сакам таква работа, налет нека се и пари и се, што ќе ми се кога ќе треба да ги трошам по болници.. не, не фала, ќе си барам работа која сакам да ја работам :).

    Ви кажав дека почнам да штедам? Не.
    Епа штедам и сега за сега имам заштедено 1000 ден :D што за мене е премија
    уште едно 5-6000 и тамам за на одмор...
    Охриде чекај ме, ако не годинава, до година сигурно доаѓам :D
     
    На la-chicka, kravce, Barbie20 и 14 други им се допаѓа ова.
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.094
    Пол:
    Женски
    Oстајте добро е, ептен беше спарно. Се радувам и испоотворив прозори низ цел стан [​IMG]

    Исто така се радувам што залади што ќе имам прилика да си ја носам “среќната“ блуза со подолги ракави и малку потопло што држи за една важна работа денеска.

    Верници, молете се за мене денеска, а останатите, држете ми среќа. Исходот од денешниот настан ми е премногу важен...директно за мене, а индиректно и за блиските околу мене.

    Ве сакам! :*
     
    На Espadrila, bittersweet, la-chicka и 17 други им се допаѓа ова.
  6. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.277
    Постојат толку празни и плитки луѓе на овој бел свет што кога не би било трагично би било смешно! :devil:
    Доказ за тоа ми е соседот, кој живее во градината спроти мене, која впрочем и не е негова!
    Решив да го пријавам. Ова веќе не оди вака! Не, не! :!:

    Наместо како сите нормални пензионери да седи дома, да одмара, тој по цели денови го узурпира просторот човек да не може раат на балкон да седи!
    Бидејки од утро до мрак е таму, оган да го изгори! :@
    Ама ајде, си се тешев, не ми пречеше, се ќе проголтав, се до денес кога ми пукна филмот и ѓи надмина сите граници на толеранција и почит! Па, не можам повеќе да молчам!

    Биваше ли на мојава мачка да и ѓи отруе/убие (не знам што им направи, битно ниту едно нема) сите 5 мачиња и да остане без ниедно? :devil: :fubar:
    Мислам сериозно, народе...
    Колку болен мозок треба да имаш за да сториш такво нешто?
    Што сториле тие кутрите?
    Што одеа кај него во бавча и му ѓи ,,уништуваа'' доматите и пиперките ли?
    Па ова е град, а не село па кој како ќе му текне да сади сешто сака. :fubar:

    Ах, само и оваа мојава да не ја отруе. :worried: А кутрата цел ден чмае со главата надолу. Нит се мрда ни реагира кога ја викам. Многу е тажна.
    Толку време ѓи чуваше, се грижеше за нив, за вакво нешто да ѓи снајде!?
    Камо да можев ќе ја приберев, ама дива е и не можам да ја допрам.

    Затоа брзо алармирам до сите вас драги феминки!
    Брзо кажувајте број за пријава за поседување нелегално земјиште и заземање туѓ простор?

    Патем, дали може да направам анонимна пријава и дали од институцијата ќе направат проверка? И откако ќе воочат ќе му наплатат соодветна казна и ќе му ја срушат ли куќарката која ја користи како летниковец под неговиот стан?

    Помош!
     
  7. nirvanaholic

    nirvanaholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    147
    Сеуште неможам да поверувам дека прочитав таква глупост....
     

    Прикачени фајлови:

    • Untitled.png
      Untitled.png
      Големина на фајлот:
      42,4 KB
      Прегледи:
      299
  8. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Зелникот од баба Дана беше илјада пати поубав од нејзиниот кавијар донесен од п**** материна.

    И кажав да си го чува за посбени пригоди. Заедно пораснавме, можев, и си го дозволив тоа.
    Ја расплака жената која ја пораснала...

    И без кавијарот се живее.
    Ама кога ќе заборавиш на оние кои те донеле на свет, ти дариле љубов, се труделе колку што можеле да имаш за еден убав живот, делеле од се да има за тебе ...
    И после толку години да дојдеш и да не и донесеш ни едно кафе,не дека овде го нема , не дека таа не го пие... Стар човек, и бонбона да и дадеш и се чини како грутка злато што свети. :(
    Ќе каже, ќе се радува, ќерката ми донесе од далечна Австралија.
    А ќерката заборавила на своите корења и местото од каде што излегла.
    Бог знае дали наредниот пат ќе те дочека со раширени раце, на истиот тој праг од кај што си излегла.

    Не, не се мешам во ничив живот. Е, ова е нешто што ме нервира и не можам да премолчам.
    Само немој да плачеш и да и носиш на гробот. Не златна, ни јаде ни пие.
    Главно, нејзинит кавијар не заборавила да го понесе.
     
    На Bozica1980, kikikikirika, sesilija и 20 други им се допаѓа ова.
  9. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    има личности со невини лица :!: треба добро да внимаваме кој е во наша близина.
     
  10. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Јас секогаш ги исполнувам вашите желби но сега е дојден редот вие да ми ја исполните оваа желба кога ми е дадена можност за патување и сакате се да ми усерете? Фала ви многу сум заслужила. Проклет живот кога ми требаш те нема.
     
  11. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    ...веќе гњавам со работава :tmi: ама не ме читајте бе :P .........
    Правам споредба како ни беше лани со билдерецов и оваа година .Знаете она , имаш пари немаш време, имаш време немаш тоа другото ...е сега не дека јас имам :!: со 5000 џам ќе свиткам :D( така викаат кај нас ) ама ќе ги полнам касите на Прендито , Базаро со ситни тракатланции Певекс козметика ова она , абе знаете женски работи де и тоа со работи кои не ми се толку неопходни ама ај де.
    А тоа што ми е работава само поручек и до кој знае кога навечер оди да те видам посети некоја другарка некоја збиранка напрај ,
    а свадбулето ете го уште месец дена, а ништо немаме обавестено со билдерецов , и уште лиглето (претпоставениот) ми вика у петок ден пред свадба ако имало гужви ќе сум одела , аха да сигурно ....
    сигурно е дека ќе си бараш некоја друга , кај не осигурана кај се следува законски слободни денови за такви работи .
    Како би тркнала до Охрид , на истото место каде бевме додека бевме уште тазе и се упознававме физички :D или Грција да вдишам малце море сол да осетам и да го љубам под грчките ѕвезди шепотејќи му на уво убавини.
     
    На kravce и marama им се допаѓа ова.
  12. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Деновите одминуваат, како вчера да беше се. А мене ме снема ненадејно, но никаде не оди Леси, дома пак ќе се врати :lol: .
    Не стигнав да кажам ни збор, а помина доста време.

    Ви благодариме на сите :bow: .
    Ви благодариме за искрените честитки, за убавите зборови, за преубавите благослови... На секој ваш прекрасен благослов, на секој ваш убав збор, Бог да ви дарува во замена милиони и милиони убави мигови во животот.
    Солзи ми потекоа од радост кога ги читкав сите ваши искрени честитки, во лп, во темата Честитки. Премногу не израдувавте и двајцата со бебчето и неизмерно Ви сме благодарни за тоа :inlove: .

    Нашата возбуда сеуште трае. Сеуште не ми е веројатно што ми се случува, но секој ден си зборуваме, си се галиме, си растеме... Па Господ здравје еден ден и ќе ве поздравуваме сите вас тетки и чичковци :) .
     
    На sweet-star, Lepaaa, Mikako и 59 други им се допаѓа ова.
  13. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    Јас стварно неможам да верувам какви идиотки постојат на овој свет. Само на чест нека им е се :(
     
  14. Tumblr

    Tumblr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    992
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
     
    На WarriorAngel, Divinebutterfly и esperansa777 им се допаѓа ова.
  15. Foreveryoungiwannabe

    Foreveryoungiwannabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    685
    Никогаш не сум можела да ги разберам искомплексираните(разгалени) деца кои тврдат дека го мразат своето семејство,родителите... Зошто? Затоа што се грижат за тебе,ти угодуваат се?Затоа што имаш топол дом,одмори во странство и незнам што? А постојаните кавги со нив,препукувања итн... Безмислено.Знаете,отсекогаш сум сметала дека оној кој нема мир во семејството,здрава врска со родителите,тешко дека ќе најде мир кај другарките,кои и онака и мислат се најлошо.
    :|
    А јас драги мои,во сабота заминувам на летно разладување со братучетка ми на езеро.Прв пат ова лето,после толку одложувања :D Езеро,сонце,братучеди,мои врсници,баба,дедо.
    Секое лето прва работа штом ќе дојдеме,за доручек јадеме домашен зелник со спанаќ.Секое лето,се собираме навечер на партија бриџ или макао и секое лето си поминувам незаборавно.Што е уште поубаво,нема компјутер,нема лаптоп,нема интернет.Само телевизор за навечер во случај да ни стане досадно. :)
    Прв пат летово отидов на базен,во неделата.Исто со братучеди :D Надвор од Скопје,затоа што ако веќе сакам да одам на базен,тоа е затоа што сакам да се разладам а не за да одам на Воен каде што сите се сликаат,гледаат кој какви купачи има,кој дошол,кој вака,кој така. Ваму,ќе пливаш,ќе се разладиш,ќе се исончаш и таман :)
    Иии така ви викам ја,летово тера некако.Времево баш погодено,како за уживање.Јас сонувам и фантазирам,мечтаам.Кројам планови.Летово добро ми дојде.
    Уживајте и вие :hai:
     
    На kravce, sweet-cherry, eliesaab и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Да, тато, замисли, малите мачиња навистина мјаукаат.
    |(
     
  17. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    Леле, колку сум заборавена деновите...
    Девојки заборавив да ви се пофалам дека сум примана во гимназија :party: Не ни очекував дека толку брзо ќе завршам. За десет минути, ајт. Ајде и јас гимназијалка од септември :rock:

    П.С. Читам многу девојки сакаат Охрид да одат. ИмаТ Охрид згодни момци!? :tmi: :$
     
    На Hipica и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  18. Daisy.E

    Daisy.E Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    57
    Ме снема деновиве нешто од форумов...убав период конечно, не којзнае што ама да не се жалиме...Муабетот ми беше замислете луѓе по цел град сум се убила од барање сандали а никаде во цел град нема 36 број...и сега јас за кај сум :?: Е тоа ти се маки кога не живееш во Скопје...ете тоа драга Трендафилка заборави да го споменеш во колумната...па ние "провинцијалците" не можеме и да се облечем бре...и затоа како ненормални трчаме во "метрополата" :P
     
  19. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Мразам негативни луѓе... Крвта ми ја пијат, душата ми ја влечат ми ја распарчуваат.
    Ако си толку негатива земи затвори се во една соба од 2 квадрати и прскај со негативност додека не пукнеш. Не труј се околу себе!!!
     
  20. Westlife

    Westlife Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    617
    Фемина не ти имам пишано два дена и скренав искрено. :D Толку многу нешта се случија.Се смирив со бившиот(година и три месеци одевме а два скарани бевме).На гушкањето си се вратив во нормала.Како да сум имала амнезија чоече еј!Се ми се врати!!! Денес конечно завршив со полагањата од матура па сега чекаме резултати!Нека е на арно! Друго ново,дечко ми зема плата(првата плата).Очекувавме и двајцата 8000 а тој зеде 19 600.Сите вака :o Пресрекна сум за него,исто како мене да ми ја дале таа плата бидејки знам дека им требаат пари и нему и неговите! Подобра се чувствувам,каде каде!Ма не подобра-ПРЕКРАСНО!!! Сега можи да започни летото за мене и кај август пак уписи блабла..
    Ви посакувам убаво попладне драги мои! :*

    П.С Фемина,ти навистина си дел од мојот живот!
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.