Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Младост лудост!
    Уште не можам да се изнасмеам на тоа какви глупости сме правеле и сме тропале...
    Си имаме список на гафофи што сме ги лупале, абре толку смеење одамна немам удрено.
    Со сигурност можам да кажам дека имавм безгрижно и прекрасно детство.
    Носталигичар сум голем, посебно за детските денови, и сеуште мислам дека поубаво ни беше тогаш.
    Но тоа е што е, морам малку да го пуштам Петар Пан во мене да порасне, ама сепак, секогаш ама до 99години ако ги доживеам, барем една десетина од мене ќе се чувстува како дете.
    Барем сеуште имам дупчиња на образите кога се смеам, уште се смеам на старите глупости, па неретко и нови бисерчиња си паѓаат, па и ми дава надеж дека духот никогаш нема да ми остаре.
     
    На Monna.Monna, JuLleE, Annath и 25 други им се допаѓа ова.
  2. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661

    Имат Охрид многу згодни момци, ама тие се и многу заебани. ;)


    На темава. Ме уби менструацијава во поим. Ја утепа секоја клетка од мене која сакаше да работи нешто денес, да заврши обрвски. И ме заврза за креветов цел ден, од кога не ме остави цела ноќ да се наспијам ко човек.

    Се да си, жена да не си.
     
    На Lov3 и COollLady им се допаѓа ова.
  3. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    Епа ај и јас да се пофалам,од денес официјално сум средношколка :lol:
     
    На Annath, senza.parole, srcekrsacka и 2 други им се допаѓа ова.
  4. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.749
    Допаѓања:
    3.593
    Пол:
    Женски
    И јас ќе се пофалам ама со нешто друго..
    конечно си дојдов од на одмор и си поминав незаборавно прекрасно. :inlove: Се извинувам што долго време не бев на форумот,па можда на некој му недостасував :doh: (иако не верувам зошто тука има одлична забава за сите и не се забележува отсуство).
    Нешто ме јaдеше однатре па наминав на училиште, онака.. Ко тоа имало резултати од екстерно. И баш сум хепи денес, ем си поминав супер на одмор ем докажав дека ја заслужувам мојата 5 по хемија и македонски :))
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. cocoa28

    cocoa28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2013
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    91
    Топло и густо какао и цедевита со многу лед...Идеална комбинација ми е секој ден, во ова време...
     
    На srcekrsacka, duffi и Hipica им се допаѓа ова.
  6. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.024
    Само повелете, послужете се со мојата добрина, трошете ја мојата искреност, хранете го своето его со мојата љубов, гужвајте ги моите емоции како стара хартија, залуден ви е трудот. Нема да станете подобри, нема да станете ЈАС, за тоа што ви треба душа. А неа неможете да ми ја земете и се додека ја имам, ќе останам ЧОВЕК!
     
    На WarriorAngel и vinozito1 им се допаѓа ова.
  7. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Седам и си размислувам... Додека одевме на школо колку беше убаво, цел ден со обврски воопшто немаше да помислиш дека ти е досадно, а сега?-Одкако започна распустот, само се шеташ ко затвореник во овој мал град, гледаш или луѓе, нема никаква разонода и се тоа пак тоа. Здравје живот од понеделник ке почнам да одам на часови по пливање, да слегнам учте некое килце и за разнонода. Со душа чекам да дојде Август, да одам на одмор да разменам малку и потоа 1-ви Септември и завршува овој пекол. Незнам за другите ама мене важно ми е многу досадно, некако оваа година воопшто не се осека дека е лето другите години не беше така...
     
  8. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    уан аут уан лефт
    само како ке стигнам утре во 10 незнам
    Господ нека ми е напомош
    и јавно едно големо благодарам до типчето што ме испрати до таму до каде што требаше да стигнам- не за друго, да не талкам ко изгубен случај :D
    баш до портирница, ми го разубаве денот :)
     
  9. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Дај Боже да се вработам, па јас знам како треба. :emo:
     
    На Katerinceee, Annath, Espadrila и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Ema.Sk

    Ema.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    4.776
    Понекогаш посакувам да сум глупа. Најсериозно! Најубаво ќе ми биде. Нема да размислувам и да се нервирам за ситници. Друг тогаш нека му ја мисли. Главата ќе ми биде слободна, ќе си заспивам мирно, без превртувања триста додека не се препуштам на сонот. Па дури и во сон размислувам. Страшно!

    И да, секогаш сум се прашувала зошто машките кога и да згрешат не признаваат? Абе уби ги ама нема да признаат. Мора некако да извртат и да ја пребацат кривицата на тебе. Напад најдобра одбрана нели?
    Како и да е простено ќе им биде. Еднаш, два пати.. Па тоа ќе им стане навика..
    Но јас се одвикнав од таа навика, како да ви кажам :D
    Здосадено ми е да прогледувам низ прсти нонстоп, понекогаш и љубовта нема право да се меша за некои работи и разумот настапува на сцена.
    Тогаш доаѓа најдобриот дел, кога ќе примети дека е нешто сменето од моја страна. ПА ФАЛА БОГУ!
    Го нема моето присуство, не ни е заслужено да го има.
    Прашањето е дали некогаш ќе сфати каков човек изгубил. Јас мислам дека не!
    Премногу е горд да сфати што му се дешава пред очи! На каков се начин ме повреди..
    И сеуште не му е доволно, последно нешто што слушнав е тоа дека ќе ми се одмаздува :D
    Зошто да го прашаш, нема да знае да ти одговори! Ќе ми се одмаздува зошто беше ненормално љубоморен или зошто ми се дереше? Или можеби зошто ме навредуваше со ужасни зборови? Незнам, стварно! Господ ме чувал и ми ги отворил очите доволно рано за да сфатам дека тој не е човекот за кој се би дала во мојот живот само за да биде среќен.
     
    На Claire, Annath, SparkyAngel и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Ми се јаде: палачинки, руска салата, чоколадно глувче од жито лукс, тоблероне, пица, сладолед, чоколадна торта, крофни, еурокрем, чоко-локум, пирошки, помфрит, поп кек, бајадера, чипс, магнум сладолед, винчини тортички, форнети, пица бурек, затворена пица, 7дејс кроасан, лубеница, шлаг, пржени кришки, животинско царство, макарони со сирење, розов шеќер од парк, шпагети со гулаш, ќуфтиња, пита со праз, печени бадеми, тофифе, смоки италиана, хот дог, банани, пастрмајлија, перек со јогурт, витанова, чукуладо, корнфлекс, биено сирење, ражничи, шопска салата, салата со макарони, похуван пилешки стек, баклава со ореви, пита со јаболки, зелник, клипси, чукуладирани наполитанки, пудинг, маршмалоу, еклери, квики, кифла со печурки, симит погача, пуканки, крем банани, бонитоп, сутлијаш, патос чипс, ишлери, таратур, варени јајца, чајна, тост, чукуладна алва, милиброд, бомбици, рафаело, кифла со крем, шампита, медени срца, гезлемини, мињони, ванилици, гиро, синтагма чукуладо, желе бомбони, локум со ореви, рибини прсти, плескавица, кадаиф, аргета, француски сендвич, ладен сендвич, хамбургер, виршли, смоки, сникерс, чоко-бисквит, печено лепче со растегнат кашкавал, ресана, киндер јајце, гумени бомбони, гриз, лиснато, чајни колачиња, куглов, метро, албени, зденка, атлантис чоколатца, бејк ролс, туна, кит кет, омлет, о`кејк колачиња, печена пченка, пишкоти, тортици, мусли, чоколатце со кокос, чоколатце со рум, рум штангли, печурки, кулен, чукуладо со ориз, доритос, пилешка салата, чоко стоби флипс, мафини, торта со бисквити, кифлички, милка, баница, ванила торта, најлепше жеље чукуладо, обланди, овошна салата со шлаг, полнети пиперки, печени костени, јуфки со сирење, пита со месо, риба, баклава со мак, сарма, ајвар, леќа, фанки, дорина, чукулатце агрокрем, еурокрем блок, мекици со сиренце, ванилици, бело чукуладо, цела шведска маса, проја лепчиња, воден сладолед, араванија, чоколадни коцки, белисимо, киндер буено, баничка со сирење, кубети, чипс тзазики, пита со спанаќ, тирамису, пилешки прсти, сириус, чипс кикирики, m&m, твикс, боунти, чоколаден ролат, бронхи бомбони, делириум чукулатце, целуфки, карамела, канелони, принглс, млеко и бисквити, цезар салата, јадро наполитанки, пица капричиоза, начос, јаготки со шлаг, овошна торта, сладолед со мнооогу прелив, индијанки, дудинки, бурито, житни снегулки, тартар сос, маргаринот абц или борц еве, пингви чоколатце, чокса, ролат со банани, чаден кашкавал, медењаци, брускети марети, колачињата од велнес, чоко кексичи, кики карамелите ииии... јогобела.

    А за десерт... една диетална кока кола.

    АБЕ ЈА ДА НЕ СУМ ТРУДНА? :o
    Беше трудна на сестра ми една блиска другарка. Можно е да сум прифатила и јас? ;(

    Ах, овој ПМС... :sweat:

    Викате да влезам у темине за Храна?

    Не, не. Ќе пијам вода. Мноооогу вода. Вода со мраз. Мнооогу мраз.
     
    На Moonstone.17, sweet-star, Lella и 41 други им се допаѓа ова.
  12. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    сакам да кажам дека има луѓе кои се просто невидена работа ...
    замислете јас уште на работа а тие се дома и ме чекаат за да ми дошле на ГОСТИ !!!
    тие да си дошле немало врска што сум на работа уште 1н сат !!!!!!!!!!
    каде ојде светоф?
    Осет да се немало ... чоек ни во вц да не може да се ис*рди на рад ко ке си е дома :@
     
    На VIN.diesel му/ѝ се допаѓа ова.
  13. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    932
    СДК ништо не ми го поткрева расположението и не ми ја оттргнува лошата енергија како добро трчање и добра вежба после тоа.

    Се чувствувам како нов човек после тоа, готова да полетам. Сериозно се зафатив за оваа работа, ми стана секојдневие. Во суштина мислам дека ако вежбањето ти стане навика, дел од рутината, не е воопшто тешко да се придржуваш до него. :?:

    Мислам ова доаѓајќи од мене, од човек што во живот не му идело на памет ваква идеја е дефинитивно просветлување. :)

    Друго, значи ептен сакам ладен ден во лето, и времево стана хејтер, контраш. ;)
     
    На Ketrin.Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.222
    Пол:
    Женски
    Ќеф ми е ко ќе се собериме со другарките да пиеме кафе, особено ако сме расположени :D
    Убав ден денес, досега брза географија со брат мии другарка ми, абе буквално се топнавме од смеа..
    Село на О, Од Агларци :D :rofl: .
    Умирам за јадење, го чекам татко ми да си дојде да ми напрај, најубај тостој прај :wasntme:
    А дотогаш ќе цркнам за јадење :|

    Имајте убава вечер :*
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  15. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Се бројат последните часови пред тргнувањето. 8)
    Денов почна нервозно,но за џабе.Крајот од таа нервоза се исплатеше.
    Почна со полагање и конечно еден од најтешките испити го исчистив од листата.
    Накај дома уште една убава случка.Одам да си купам пижами,и во една продавница си ја видов личноста што навистина премногу ми значи.Многу одамна ја немав видено и сега со мешето напред ќе се мажи.
    Пресреќна сум за неа.Заслужува да е најсреќна.Многу ми недостига нашето дружење,она... :hug:
    Се видов и со братучед ми на скајп,ми честиташе. :)
    А на вас што сте ми честитале ви благодарам од се срце. :* :hug:
    [​IMG]
    Повелете. :)
     
    На Someonespecial, Serafima, Annath и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    ДОБРО бе ако продолжи ова месечново толку јако да ми биде јас ке останам без крв во мене..
     
  17. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    ...ладно.ладно е овде,ладна е земјата а слушам на југ топло!
    ...седам во дворот во оваа туга земја и уживам,сеуште не ме фатила носталгија а очекував.
    ..уживaв во ладниот и остар воздух...зад себе оставив многу ,но светот никогаш не стои.

    ...престанав да го сакам

    стресот, притисокот ,бескорисната надеж ,тешките мисли и денови овој пат беа први ,на врвот,но кога тие ме напуштија им ослободија место на искрената насмевка, новите победи, сјајот во моите очи :)


    чувствувам мала празнина во срцето онаа која беше исполнета со таа љубов.

    ...им се радувам на убавите нешта повторно :)

    ...денес е поинаку ,се променив.
    морав. :hai: :d:
     
    На Umbrella22, ludoto19, Hipica и 8 други им се допаѓа ова.
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.180
    Допаѓања:
    156.656
    Дај бе нека се деси некој тип да ме викне на дејт,досадно е више вака. Дур јас одложувам љубов,пошто ако влезам у неа јас ви кажувам ќе се омужам,а има уште многу да се срка од животов и тоа со кутлача.
    А и времево заебава!
    Денес го допрев небото. Ми се израдуваа вистинските,сите останати...само немо ме гледаа и мумлаа демек честитки и среќа. Ама ако! Јас знам дека еден од многуте сништа денес ми се оствари,а со мене се израдуваа оние кои најмногу ми значат. Другар ми скокна така што си ги спои петиците у воздух и ми се чини ќе ме фрлеше навистина до небото. Тој е пресреќен,моите неспорно, другарките исто... Другите, до џавола, баш сте тужни и ружни!
    Не знам што ве чини една насмевка? Едно искрено радување? Ама да ве потсетам...сигурно има нешто кое силно го посакувате,а кармата е кучка,особено за огорчени.
     
    На DzingrlakaDzikica, JuLleE, Serafima и 25 други им се допаѓа ова.
  19. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Цел ден на пракса, си дојдов дома, демек одморив, се договорив така спонтано и отидов на кеј да возам ролерки, а они двајца со точаците. Епа, и официјално можам да се пофалам дека ја отворив сезонава на возење :lol: и да ви кажам право ништо не ми фалеше, осетив дека попродуктивно го искористив остатокот од денот што ќе го дремев пред телевизор и компјутер. WIN! Дај сеа да одморам малце, неам што да филозофирам денес, ај утре нешто ќе ми текне. :yawn:
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  20. luncika

    luncika Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    171
    Се иде ли на гости, во ова време, ненајавен? :^) Да се некои блиски ајде де, ама овие којзнае колку години ни немаат дојдено во куќа, па сега одлучиле. Немам ништо против, секогаш сум расположена за гости, ама за оние кои ќе се најават дека ќе доаѓаат. :!: Па со мерак ќе спремам некои салати, блакца... не дека знам да направам многу вкусни, ама мајка ми е тука де... си помагаме :lol:

    Ама еве сега, кога сакавме да си се собереме цела фамилија да вечераме заедно, зошто којзнае колку време се немавме вака собрано сите на маса, дојдоа овие. |( И ајде сега со нив бош муабети до после полноќ, зошто кога ќе заседнат - не им текнува да станат и да си заминат.


    Уффф, мразам кога ми го нарушуваат куќниот мир. :doh: Малце може сум безобразна, ама не сакам вака. Не, не и не! Јавете се, па дојдете... ќе ве примиме де, во нашето скромне домче. Ќе го споделиме тоа што го имаме со вас, ама кажи бре пред време да си планираме барем, ете вечерва си имаме други фамилијарни планови. УПСССС, си имавме. :|
     
    На sesilija, Someonespecial, anabel-a и 5 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.