Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Тој никако не научи да живее без неа! Секогаш беше тука убавата девојка која душа даваше за него, која му дозволуваше да чекори по нејзината гордост толку време и која му подари неизмерна љубов... затоа тој никогаш не научи да живее без неа...
     
    На Divinebutterfly, Hipica, Rubiii и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Форумов до толку се распаша што секој ден се регистрираат некои OneDirection, Belieber, 1DLOVE, princessbeiber и отвараат безвезални теми за да прашаат уште побезвезални работи. |(
     
    На Monna.Monna, Someonespecial, kate21 и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Dark-Lady

    Dark-Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2013
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    912
    Сдк многу ми е досадно, постојано ми се плаче и се чувствувам лошо. Сакам што побрзо овој лош перод да помине.
     
  4. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Времево милина :)
    Не сакам јас горештини,а и не сум тип на човек што сака да оди по базени ,да се излежава по плажи и да се печи на сонце.
    Идеално е за седење на тераса или во двор,со шолја кафе,сокче,грицки,добро друштво и тивка музика.
    Топло облечени.Ветровито,а свежо.
    Најубаво :)
     
    На Someonespecial, ludoto19, teddybear и 9 други им се допаѓа ова.
  5. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Морално пропаѓаме! Вреднуваме: имот, пари, надворешен излгед, моќ, реноме и се што води кон нечовечкото, неморалното и нехуманото, се што не прави да ги гледаме луѓето нечовечки со очите на зависта и потсмевот.Се исмеваат на сирмоашните, ги презираат различните групи исфрлени од нормалното живеење без никакво сознание за нивното минато, околности и животни приказни....Жално :/
     
    На Daisy.E, Hipica и eliesaab им се допаѓа ова.
  6. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    девојки ми треба среќа од сите вас,утре ке се знае дали конечно јас и сопругот ке имаме наш дом :) дали конечно ке живееме само јас и он,а сите други проблеми веке нема да ги имаме...
    утре ке се знае дали ке имам свој стан, држете ми среќа-потребна ми е!.
     
    На Someonespecial, kate21, Umbrella22 и 12 други им се допаѓа ова.
  7. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Се чудам од кај никна оваа Лајла Грејс, зошто побогу има девојки што се пронаоѓаат во сите тие срања?
    Демек Кери Бредшо во Њу Јорк сме сите сега, јаки пи***, само што, онака, пола од светот не ја виде патетиката у серијата. Добро, пола од девојкиве не гледаат ни тие колку се патетични, ни Лајла, ни Кери (како ли ги споредувам не знам хаха).
    Ама не можам па, не можам, значи толку има комплекс недостаток на внимание, бајки на хартија, глупости во пиксели, типично изразување на женскиот најголем комплекс - „Ја му бев најдобра, ќе сфати што изгубил“... Тој ти беше на тебе најдобар, затоа се замараш со такви работи!
     
    На Markusa2, Monna.Monna, mimiiiii и 20 други им се допаѓа ова.
  8. VIN.diesel

    VIN.diesel Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2013
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    420
    Мудра приказна: Ослободете се од лошите сеќавања

    Постои една древна легенда за тројца мажи кои носеле по две вреќи на себе. Но, ниту еден од нив товарот не го чувствувал со иста тежина.
    Едната од вреќите ја носеле напред, а едната позади на грбот, закачена на долго дрво.На прашањето „Што носите во вреќите?“ сите одговориле различно.
    -Првиот човек одговорил: „Сите мои успеси, сите добри дела, сите мои пријатели, сите животни радости се во задната вреќа. Скриени од туѓите погледи, завршени, прекриени, не ми тежат многу. Во вреќата напред имам сè лошо што некогаш ми се случило. Одам, често застанувам, ги вадам, ги проучувам, пресметувам уште еднаш, па мислам што понатаму. Секогаш сум со нив, и во мислите и во чувствата. Секогаш работам на нив."
    Тој човек често застанувал, гледал назад, се мачел и напредувал многу малку и многу бавно.
    Кога и на другиот човек му го поставиле истото прашање, тој одговорил:
    -„Во предната вреќа ги носам сите добри дела и предностите. Често ги гледам, ги вадам, ги покажувам на другите. Вреќата на грбот содржи многу грешки и слабости кои сум ги доживеал. Ги носам секогаш со себе, бидејќи каде и да одам тие се мој и не можам туку така да ги оставам на страна. Ми го забавуваат успехот и понекогаш се навистина тешки.“
    Одговорот на третиот човек бил:
    -На предната вреќа напишав Добри сеќавања. Преполна е со позитивни мисли, добри човечки дела, сите добри нешта кои сум ги доживеал и направил во мојот живот. Таа вреќа воопшто не тежи. Напротив, ми помага како бродско едро кое ме води напред. Вреќата на грбот има натпис „Лоши сеќавања“ и е празна, бидејќи одамна и го отсеков дното. Сè лошо што ми се случило и лошите мисли кои некогаш ги имам, малку ги размислувам, па ги фрлам преку грбот. Низ дупката која ја направив, тие заминуваат засекогаш.

    Јас сум слободен! Немам тежина која непотребно ме забавува во успесите!
     
    На Serafima, vinozito1, Espadrila и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. charliee

    charliee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2012
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    716
    Пол:
    Женски
    покрај сите тие ‘‘лепотици‘‘ се осеќам како грозна и грда особа...па што ми фали мене бе?? шо има таа а немам јас??парии?па не ми се потребни бе!!
    се трудам да сум среќна и да се задоволам со тие што ги имам и знам дека ми се доволни за да проживеам нормален живот...
    и што ако сум исфрлана по лицето демек тоа нема да помине..и што ми е гајле ако таа е чиста како солза и нема ни една бемка на лицето кога не е ни малку добра како јас...
    се наоѓа на седмо небо а?епа ќе се симне лесно не се секирај кој високо лета ниско паѓа..не нема да се смеам на нејзиниот пад зашто нема да знам што ќе ме очекува мене во иднина...
    имам прекрасни родители и семејство кои се секогаш тука кога и да ми затребаат....
     
    На Sw3et.Ang3l и eliesaab им се допаѓа ова.
  10. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Што ми текна вака доцна... бабе мори, зошто не ми остави бар една носија? Мислам... ај многу внуки сме, ама рамноправна делба да имаше :worried: . Што сум крива јас што ти не ја сакаше мајка ми, ја сакаше онаа другата снаа што таа тебе не те сакаше. :?: Живот... шта чеш.
    Ми се иде на Галичка свадба. Диндири миндири. Кога ќе бидам невеста, мин 3 саат има да ми играат сватови во двор, да ме видат сите комшии колку сум најубава :rofl: Како се тенчи златото низ годиниве со кое се дарува невеста, дур да стигнам јас на ред и бижутерија ќе проаѓа :rofl:

    ај...ај да си легнам...
     
    На imelda, JuLleE, Serafima и 20 други им се допаѓа ова.
  11. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    ... се осеќам апла романтично кога Хуго ми ѕвони од мушко искачање.
    - Еееее, што вака ти текна?
    - Еве бе, чекам ред за во вц, па викам дај да те слушнам.

    ...
    |(
    Поласкана сум. Навистина, нема збор. Следен пат јас ќе му се јавам директно од местото на злосторот, додека испуштам „пеперутки“ и воздишки од напнување.
    ***
    Татко ми срони нов бисер. Замислете, му рече на слончето, ама онака важно како кога стара госпоѓа се прска парфем со пуф-распрскувач... овај, и што и` рече: Имаш среќа што те земав!
    :rofl:
    Двете прснавме да се смееме, на слончето мислам солзи и` потекоа.
    - Ама ај ај... :^) можам да ти прднам.
    Романтика бр. 2.
    Не може да ја побие ни оваа мојава, кога му текнува на мене додека чека ред кај баба Сера.
    ***
    Еден недоквакан младич со пубертетски брк и измутирано гласче пред мојата зграда седи на клупа со едно пиленце и и` се издра: Љубим ти уво!!!

    Абе кај и да се свртиш, само романтики ...
     
    На sesilija, JuLleE, Serafima и 17 други им се допаѓа ова.
  12. Christina.A

    Christina.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    354
    Пресреќна сум. :rofl:

    Професорицата што 4 пати ме мачеше и ми го влечеше предметот од прва година,кој дури и го презапишав и се нажалило па ме пуштила.

    Мислааам редно беше. :wasntme:
     
    На lokumche, Lepaaa, Hipica и 2 други им се допаѓа ова.
  13. lana.del-rey

    lana.del-rey Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2013
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    1.300
    Ахх девојки ми се ближи крајот,ке си умрам јас набрзо осеќам ако продолжам да кашлам вака уште 2-3 саати.. :( Нема лек,ништо не ми помага.. ;( и главата ме боли ми пулсира од волку кашлање и градите,цела зграда ја дрмам коа ке се накашлам.. :worried: дали јас воопшто ке заспијам? :^)
     
  14. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Чекај не легнувај :D
    Кажи во каква носија сакаш да те промениме?
    Има баба нешто Галичка, а од другава целосно Полошка :)За од градов ќе средиме.
    Има да бидеш најубава невеста :) Ако ме поканиш како сум си играорка :D ќе имаш свадба невидена.
    Ај добра ноќ :hai:
     
    На kravce, Serafima, vinozito1 и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Да пиеш кафе на Улица Македонија, да бидеш видена, зашто, нели, дојдена си од у пичку мајчину и цело Скопје сосе Скопјани и провинцијалци за тебе слушнало, е многу големо достигнување.

    Уште поголемо достигнување е да излезеш во Миднајт облечена во проѕирна маица и минич со висок струк (или ти си го направила со висок струк за да ти подизлегува тртникот) истовремено носејќи вртоглави потпетици на кои не можеш ни да одиш и кои ти се еден број поголеми, ама мораше да ги купиш зашто беа најпопренајубави и не можеше да им одолееш (ај може ќе ти порасне стапалото на 22 години).

    Врвот на достигнувањата е да се начукаш од две пијачки (зашто цел дена си на 3 и пол Витанови)
    [​IMG]
    и да го метиш ГТЦ, бидејќи сметаш дека не го чистат како што треба, па волонтираш во Комунално. Патем и ќе подповратиш, наместо Арф да го користиш.
    [​IMG]
    ***
    Еее девојче, додека ти седиш пред телевизор и ја гледаш Ким Прдашиан со трите прасиња како вежбаат јога по долна облека
    [​IMG]
    , јас читам книги и пијам кафе да ми се направи срцево бавча од насмевки заедно со мили луѓе, со полускината старка на нозе.
    И посреќна сум.

    Добра ти ноќ и гушни си ги плавите штикли.
     
    На bittersweet, Sanniii, 1209 и 24 други им се допаѓа ова.
  16. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    АХ СДК не ми се верува дека е лето...Како вчера да седев до прозор со затнено носе и гледав како вее снег и потајно си помислував леле уште колку има до ова лето и до мојот роденден |( но дури не трепнав летото дојде и скоро и мојот роденден па уште и малку годиншнина со мојот буцко :$ .Понекогаш времето бргу минува но кога не го чекаш уште побрзо мине. Но искрено прееска така облечена во тренерки и чорапчиња излегов да се прошетам беше толку многу студено шо дури никој не сретнав по пат и си помислив за момент како да се послените денови на есен и дека наскоро ке биде зима, се вратив на есента кога се беше така некако пусто , студено и тажно но веке утре сигорно ке огрее јакото сонце кое толку јако грее што не дозволува да размислуваш на ништо друго освен како да се разладиш и СДК дефинитвно сватив дека кога времето е така студено со ветрови и дождови прави да се чувствуаме тажни да размислуваме на работи кои не растужуваат....
     
  17. Butterfly14

    Butterfly14 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    456
    Аааааааа роденден ми е :angel: Ги сакам моите другарки најмногу, незнам што би правела без нив.Ептен ме изненадија, ни најмалку не очекував вакво нешто.
     
    На Serafima, Someonespecial, Hipica и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Мразам...значи неможам да поднесам личности кои превртуваат очи за се' и сешто! Е вака баш, ко смајливо: |( ! Мислам |( ... Прекини!
    Стани, оди во вц, изврти ги очите и врати се!
    Брат ми ја виде, пошто нели, не и' е прв пат, и и' вика: "Што ти е ХХХХ? :^) Не ти е погодена темава? :lol: "
    И оваа: "Ха ха! Не бе, ми студи!" (Уаааат?!) И' студело бе и од тоа превртувала очи, мислиш колабирала, напад добила! :rofl:
    Мислам такви сме! Тие се муабетите! Ај ако не за атмосферата, галаксијата, планетите и ѕвездите да прајме муабет?! Ево одбери тема и биди главна!
    Значи ако не ми е погодена темата, ќутам, слушам и учам..ако има што да се научи! Ако не само слушам и толку! А не: "Ау! |( " ... "Ха ха! |( "
    Уште погрдо е тоа што има скоро 50 години, а се понаша ко пубертетлика, чиниш во тие години е, па се ја нервира и дразни!
    Страаааашна работа... :D

    ***
    А јас?! - Јас сум среќна! Многу... :l:
     
    На Someonespecial, Serafima, ilipili и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Claire

    Claire Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2013
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    164
    После долг период,јас чувствувм, почувствував среќа, исполнетост, без лажна насмевка пред најблиските. Почнувам пак да чувствувам,иако на период се плашев да чувствувам,затоа што осеќав само тага,болка,разочараност,изиграност.. Па ги исклучив емоциите,а со тој потег не ја чувствував среќата, имав само лажна насмевка,мислев дека се изгубив себеси, не знаев која сум,што сакам.. Се криев од сите, сакав да сум сама,се ми сметаше.. Почнав да станувам себична, одбивна, ги одбивав од себе најблиските, за момент ќе ги изгубев. Полека се губев себеси.. Но вечерва сфатив дека не сум "изгубена" целосно, длабоко во мене е сеуште старата јас, што ја правеа среќна ситници, што ја исполнуваше среќата на другите, што кога тие се среќни бев среќна и јас, што правев се за нив.
    Прекрасно ми беше вечерва во друштво на моите дами, уживав додека ги гледав како искрено се смеат, бев среќна и јас, едноставно зрачевме со позитивна енергија,оптимизам,иако сите поминуваме низ ужасен период,но ми е мило што сме тука една за друга,и ќе го надминеме ова,знам верувам.Ќе се трудам дами мои,ќе бидам јас старата пак, ова е само период,период на самоупознавање, веќе знам која сум,што сакам и каква сакам да бидам. Оваа вечер е посебна за мене,се освестив. Ви благодарам,не знам што би правела без вас.
    Клучот за моите емоции,среќа бил пред мене,а јас сум го одбивала.
    Не се плашам повеќе да чувствувам,не го избегавам проблемот, ќе се борам. Овојпат не бегам, нема да се затворам.Ви ветувам.
    Само извинете што бев неподнослив идиот периодов,ви благодарам што покрај се,не се откажавте од мене. Сфаќам дека сум многу богата што ве имам вас, ве љубам бескрајно. :*
    Феминки морав да го споделам ова со вас, и не се откажувајте никогаш,не ги избегнувајте проблемите борете се до крај, споделувајте љубов,зрачете со позитива, уживајте во малите нешта, усреќувајте ги вашите најблиски, затоа што без тоа,секоја минута од животот е изгубена..
    Ценете што имате покрај себе.
    Јас сега ве напуштам, доцна е веќе. Ми треба сила за утрешниот ден,имам план да ги усреќам моите родители, (посебно моја мама и мој тата,што би рекла Ава!) :lol:
    Имајте убава вечер, ве поздравувам сите. :*
     
    На Serafima, vinozito1 и Barbie20 им се допаѓа ова.
  20. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Сакам да умрам
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.