Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    добро утро драги феминки :) се надевам денес ке биде убав ден за вас а за мене искрено посакуваната желба свој дом,свој стан да ми се исполни.
    денес да ми биде еден убав ден со веста дека конечно ке живеам мирно :)

    имајте убав ден :)
     
    На Barbie20, Someonespecial, Butterfly14 и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Monique995

    Monique995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    201
    Од #љубов, најмногу ги сакам дупчињата на лицето кога се смее!
     
    На thelittle17, Gordana10 и Hipica им се допаѓа ова.
  3. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.792
    Допаѓања:
    100.377
    Пол:
    Женски
    Кога би можела да побегнам од се и од сите....кај би ми бил крајот?
     
  4. Perina

    Perina Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    321
    Добро утро! :* :hug:
    [​IMG]
     
  5. lovesongs058

    lovesongs058 Активен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2013
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    6
    Добро утро, девојки :))
     
  6. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    СДК ... не знам кога и дали овој народ овде ќе почне да гледа подалеку од својот "нос"?? |( Кога ќе почне да гледа во својот двор, а не во туѓиот?? Кога ќе сфати дека премногу "адвокати" и "судии" на едно место е хаос??И кога ќе размислува малку подлабоко, а не толку плитко?? Дека нема и не постојат "светци" на земјава?! :^)
    Дај бе луѓе освестете се и живејте си го својот живот ... И не бидете толку "паметно - поштено- фини-безгрешни персони"!
     
    На thelittle17, Hipster, ilipili и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    Во мене никогаш немало толку љубов за човек, како за животно. Може имам десетина мачки и да, мјаукаат, досадуваат, но кога ќе ми спомнат да дадеме дел на некој, мене ми се кине срцето.

    За жал, овој месец беше многу лош. Се родија четири мачиња, недоносени, а од друга страна мајката не ги прифаќаше и прашање на време беше кога ќе умрат. Знаете која ми е најтешката молитва, кога гледате како некој се мачи, а му нема спас? Прв пат ми дојдоа тие зборови баба ми кога беше на постела - "Боже, те молам земи ја." Не дека не си го одживеа векот, но толку е болно и толку истовремено се чувствуваш нечовечки и беспомошно кога единствено што ти останува е да се молиш некој побрзо да отиде. Многумина ми се смеат кога подеднакво говорам за човечки живот и оној на животно, па макар и на инсект. И тоа дишело, и тоа имало душа и за дел од секунда - престанува.
    Три дена се бореа мачињата за живот. Одвај испуштаа гласче за да мјаукнат. И сега кога врне, а моето куче не може ни да се помести за да се засолни, пак ја преживувам истата глетка, само пострашна. Има рани, но не може да се направи ништо зашто е агресивно. Им реков да го однесеме на ветеринар, а добив одговор - "Зарем вреди да дадеш пари за куче пред умирање?" Дали вредело да дадам нешто материјално, нешто што може да се стекне, за да спасам живот?
    Да бидам искрена, прилично е ново донесено и никогаш не ме прифати како што треба. Бидејќи е бајаги големо и мене ме фаќаше страв и одвај се опуштав да се приближам. А сега, само го фатив чадорот во раце, дојдов до него, му го ставив над глава и почнав да плачам, така како што знам дека и тоа плаче во душата. Го гледав неколку минути и само изговарав - Боже, навистина не е фер да ме казнуваш преку него. Ќе си ги сносам последиците од моите гревови лично на мене, а не преку некој што не заслужил. Е тој дел од верата никогаш не го разбрав.

    Ако има барем нешто што добро сум направила во животов, спаси го или земи го веднаш. Зашто инаку, каде би била правдината?
     
    На 1209, Serafima, CoverGirl10 и 10 други им се допаѓа ова.
  8. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    *This song is recorded in front of a live studio*

    A song written by Lord Kopernikualikun.

    (Solo round)

    LK:
    Наутро жешкото ме буди
    Проклети летни месеци луди

    Но колку и да е летото жешко
    Мене не ми падна тешко

    Потрагата започна по сликите на Боа
    Ни трага , ни глас , се губи
    Како дијамантот руби

    Каде ли отиде , зашто ја нема?
    Кој ли ќе ја разреши оваа дилема?

    Модни критки те чека
    Модни слики од Боа за душа мека

    Каде се тие сега да ги видам?
    Како целосен да бидам?.


    Crowd: Каде се!? , Каде се!?
    LK: Зашто ги нема.
    Crowd: Каде се!? , Каде се!?
    LК : Господ ли ги зема?

    Crowd: Каде се!? , Каде се!?
    LК : Сакам да ги видам.
    Crowd: Каде се!? , Каде се!?
    LК: Или од форум си идам.

    LK:
    Очите се исполнуваат со тага
    Килограмите се качуваат на вага
    Каде ли отиде Боа со сликите...

    Кога ќе се врати? ,
    Дали писмо да се прати ?
    Зашто болка , Зашто жешко?
    Зашто е голем мешко ?

    Многу прашања срцето ми го зема
    Многу прашања а одговори нема

    Crowd: Каде се!? , Каде се!?
    LK: Зашто ги нема.
    Crowd: Каде се!? , Каде се!?
    LК : Господ ли ги зема?

    Crowd: Каде се!? , Каде се!?
    LК : Сакам да ги видам.
    Crowd: Каде се!? , Каде се!?
    LК: Или од форум си идам.

    Crowd: Каде се!? , Каде се!?
    LK : О' зашто ли ја нема..........

    Не ми замерајте , досадно ми е :worried:
     
    На Jenniffer, Someonespecial, ilipili и 8 други им се допаѓа ова.
  9. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    Нова книга, топол кроасан и утринско кафе во омиленото ресторанче. Прекрасно утро.

    Да не беше фактот дека всушност чекав резултати од болница ќе се чуствував семоќна.

    За момент се осетив преубаво онака како што сакам да живеам мирно со книга во рака и гурмански задоволства.
     
    На sesilija, Hipica и senza.parole им се допаѓа ова.
  10. Rosie.Alice

    Rosie.Alice Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    81
    Аман веќе. Ми се бега од ова секојдневие. Да отидам некаде на море сакам! Да си ги брцкам нозете и ич гајле да не ми е за се. Да се сончам на плажа и да ги одмарам попладневните часови со некоја добра книга или да цртам. Ете тоа го сакам. А да и со лимонада се разбира. 8) Или некој друг ладен напиток.
    Ќе одам преку едно здружение. Со неколку деца. Никоја од нив не ми е посебно блиска пријателка. Ми се допаѓа тоа. Ќе си ја оладам главата. Ќе ми олекне на душата. Премногу ми е потребно ова во моментов.
    А сега, што правам?
    Седам и се досадувам на фејс. Искрено, сеуште не ми е јасно зошто не го деактивирам и едноставно не престанам да го користам.
    Ја шалтам почетнава и секогаш едно те исто. Еден нафуран типац кој мисли дека е интересен со неговите веќе видени статуси. Понатаму, шмизлички со едно чуда шминка на нив, врв на сето тоа, фотошопирани со пренатрупани ефекти и мазнења на лица. :puke:
    Понатаму, тинејџерки со невкус за музика. Дал она зна ко сам ти ја шта сам ти радилааа!!! Или како и да беше текстот на песната. И се разбира ова посветено на некој фраер.
    Идемо даЉе! Еден фраер, гол, на плажа. Лиги ми течат. Не од него, ами од морето.
    Еве, уште еден фраер. Слика од свадба 8)
    И да не редам повеќе. А и јас сум една од нив. И не ми се допаѓа тоа. Незнам зошто не се сменам. Зошто морам да се прилагодам на околината. Инаку ќе бидам отфрлена, а тоа тешко ми паѓа. Јеби га.
    И ќе излезам со другарки. Едната ќе ми зборува за сестра и останата група овци, а другата за белешките на Лајла Грејс. Ве молам, поштедете ме!
    И да, заклучивте дека очајно ми треба одмор. Да побегнам далеку, многу далеку. Сама, со луѓе кои не ги познавам баш најдобро. Сама со своите мисли, да потонам во морето, да ме проголтаат брановите. Потребно ми е, како никогаш до сега :doh:
     
    На Barbie20 и Trnche им се допаѓа ова.
  11. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Признавам дека сум крива и дека згрешив. Јас си го испланирав одморот без да прашам. Убаво ми кажа тој се однесував како дете кое плаче по некоја играчка. Па не сум јас безгрешник еве се извинувам пред сите. Како и да е тоа го занемарив преку ноќ затоа што утрото ми се разубави со вест дека почнувам од 15 ти ах едвај чекам а и не чекам ќе видиме. Иако е малку далечко и не знам како ќе го распоредам времето со него воедно и се плашам од неуспех но како и да е нема да бидам сама. Тоа е најбитно. Сега ќе земам нешто да средувам и така. Имајте убав сончево- несончев ден феминкици :lol:
     
  12. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.188
    Допаѓања:
    102.308
    Пол:
    Женски
    Либерке истото го доживеав и јас вчера, соседката ме гледаше како го хранам мачорот кој едвај закрепна од раните и тешката дехидрација и се крстеше, а вистински шок беше кога ме праша што му е тоа на ногата а јас и одговорив мртво ладно КАНИЛА. Не можам да разберам, три години си го чувал кога било здраво и што сега кога се разболело да го фрлиш? Ми нема смисла некако, не знам што да речам :x
     
    На Serafima, Sanjichka007 и Libera им се допаѓа ова.
  13. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Чекањето може да те убие како никој друг [​IMG]
     
    На thelittle17, Barbie20, gingerchild и 5 други им се допаѓа ова.
  14. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    :devil: нееееее ама не е фер :( со толку големи желби и борење за да имам свој дом на крај ништо од мојот сон :devil: ке мора да ги трпам овие проблеми уште години години :( а знам дека као продолжи ова вака јас нема да можам да бидам жив човек :( знам дека нешто ке ми се случи :devil: уууффффф проклето секогаш кога се тука мора да ми носат несреќа :devil: мили господе помогними да одам напред со животов и покрај големите препреки што ги имам :( помогними :(
     
  15. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Па добарденннн :D

    Официјално сум средношколка сега.Абе ќе си пукнам од радост :lol:
    Будна сум уште од 10 ипол,со музика си уживам.Решив сега да искочам малце да се прошетам,па после да одмарам до вечер,и после пак да ме нема :rofl:
    И така,ништо паметно,колку да се каже нешто.
    Ве поздравувам и имајте убав ден :hug:

    http://www.youtube.com/watch?v=h0ffIJ7ZO4U
     
    На Someonespecial, Butterfly14, Elennaa и 3 други им се допаѓа ова.
  16. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.556
    Пол:
    Женски
    Иако под висок напон го пишувам постов и поише е за во испукајте се решив тука да си кажам што ми лежи на срце.

    Имено пред некој ден седам на фб и од никаде нигде после 7 години ми пишува една роднина од Гевгелија со која како деца бевме многу блиски.

    Таа:С на 20ти јули те канам на свадба со дечкото.
    Јас:Фала на покана но немам дечко ке треба сама да дојдам.(иако имам вака и кажав бидејки без прашање по претпоставка дека се гледам со некој категорично ме покани со дечко.)
    Таа:АААа како така немаш,ајде ете имаш цел месец да најдеш некој и да дојдеш со него.
    Јас: Убав помин,тешко дека ке најдам некој за месец дена само за да го довлечкам до Гевгелија на свадба.


    Дијалогов видно ме возменири.Најмног од се ме вознемири фактот дека ако си сингле си пола човек па не заслужуваш ни на прослава да бидеш поканет сам. Што да правам ако сум решила сама да бидам до крајот на животот.Зареем родниниве треба да не ми канат на ниту една свадба,на ниту еден роденден ,на ниту една дипломска само затоа што неам посилна половина.Ма немој да ме јебеш бре.
    Мојата посилна половина видно вознемирена од ситуацијава уз смеа ми вика Бифтече шо се секираш ако сакаш ке идеме не ми е проблем и за инат на сите на сред сала ке се лапаме ко неуздисани па да видам дали ке ти речат после нешто. :D
    Не не и не.Не и идам па макар последно да ми е .7години студираше во Скопје ја 5 мин од мојот дом еднаш не ми рече С ај стај кафе едно да се напиеме да те видам или ајде дојди кај мене а сеа уште на свадба ке ме вика па уште со таков потценувачки и подругателен тон. Е па не ти доагам,а коа ке праам и ја свадба слободно и ти не доагај пошо нема ни да те поканам. :devil: :devil:
     
    На Barbie20 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Sw3et.Ang3l

    Sw3et.Ang3l Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    2.096
    Пол:
    Женски
    Добро утро. Не станав сега да се разбереме :D ами ручек правев до сеа. Измрзнав бе, јуни ли е декември ли е :^) . Сега да јадам и LET'S GO, MAKE A BIRTHDAY CAKE :D

    https://www.youtube.com/watch?v=leK4eoqwmfU

    Имајте убав ден :*
     
    На Katerinceee му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Значи никоако неможам да ги сватам денешниве луѓе. Пред тебе се најголемите другари/пријатели а зад грб најголеми непријатели. Тоа воопшто неможам да го сватам, не. Пред тебе ке се мазат, ке ти се пикаат и после тебе ке те оговараат зад грб онаков си бил таков си бил. Тоа најмногу ме нервира, некој да ме оговара поарно нека дојде во лице да ми каже што го нервира кај мене а не да зборат дебела сум била, онаква сум била таква сум била-затоа што тие не се тоа што сум јас, бидејки никој не е доволно добар но јас сум совршена за сите нив! Тие што ги познавам (што ми зборее зад грб) немаат карактер-јас имам, немаат чест-јас имам, немаат домашно воспитување-ЈАС имам! Човекот за да е совршен не му треба убав надворешен изглед-доволно е да си добар во душата!
    Јас не се замарам кој што збор за мене ама несакам да ми се прават другари после ;)
     
  19. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Гнев, нервоза, нетрпение, љубов, желба, тага, сласт, раздор, немир, неспокој, идишка, незвесност, се комулирани и камуфлирано тлее во мене....
    Се збира, се наталожува се додека на дојде до линијата на границата на возможност и невозможност.
    Ќе испукам од толку емоции контрадикторни во мене, морам да се издувам некако.
    Али пукна, како шт веројатно ќе пукнеше некогаш.
    Не знам што да кажам, само дека треба да си ја одверам страната на која ќе стојам и да се држам до неа.
    Мразам неизвесноти, мразам кога некој ќе ми каже НЕ ЗНАМ, ама уште повеќе кога јас ја викам таа проста реченица. Попроста и најсложена во исто време.
    Дојде времето да се фрли коцката, џа или бу.
    Бу it is.
     
    На Barbie20 и julie77 им се допаѓа ова.
  20. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.094
    Пол:
    Женски
    Meдитирам.
    Се нишам на столчето со собрани нозе и си викам у себе
    „Не ме боли стомак.“
    „Не ме боли стомак.“
    „Не ме боли стомак.“

    ...

    Помага.
     
    На Hipster, Lov3 и manja666 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.