Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Која е поентата на оние девојки кои што се збогуваат од форуми со срцепарателни постови и тврдат дека повеќе нема да се вратат ?
    Иронично е што се логираат и штанцаат нови мислења после тие постови со брзина на светлината.
    Сигурно очекуваат дека тука некој ќе пати без нив и ќе ги моли да се вратат. Мислам без разлика на боја на цветче, број на лајкови или квалитет на постови секој ќе преживее и без вас. Очајно се моли за внимание...
     
    На Monna.Monna, levely, Butterfly14 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    479
    Изгубена сум ! Во времето,во просторот,помеѓу сите...

    Незнам што се случува со мене.Не сум била ваква.Минатата ноќ имав кошмари-око неможев да склопам.Го запалив светлото и седев будна се додека не се раздени.Дали е ова резулатат на стресот во последно време и на низата од нервози кои се редат ред за ред...Дали е тоа причината од која се плашам да се разбудам ? Но,и покрај се што ми се случува никој не го примети тоа кај мене.И понатаму останувам да бидам смирена и со широка насмевка.Длабоко во себе ги голтам и потиснувам проблемите.

    Новата сложувалка од 500 парчиња чека на ред да биде наместена следна...
    Со надеж за подобро утро,подобар ден...

    Се ќе биде добро.Кад-тад! :)
     
  3. stefigirl

    stefigirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    124
    wawawawa
    Прекрасен ден,конечно не е топло :D
    ја home alone сум и најако ми ее!!

    кје се одморам малку од каранициии,цел ден поминат во глеање филмови,нема ништо поубаво од тоа..
    ок,има али.. хаххаха :lol:
    ви посакувам убав ден и се најубавооо
    ја идам сеа
     
  4. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.750
    Допаѓања:
    3.596
    Пол:
    Женски
    Не разбирам кога луѓето ќе престанат да се хранат со животот на другите? |(
    Тоа е толку ниско и простачки :fubar:
    Убаво се рекло дека комшијата знае повеќе за тебе, отколку ти самиот за себе.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Едноминутно молчење за оние што кога се тагнуваат у друштво, секој од нив коментира на објавата у истиот момент. Ставам рака у оган дека дома си идат со вкочанет врат. Не идам ич, дома ќе се затворам со 7 мачки.


    Имам нов фустан, сега ќе го облечам и ќе се правам дека ништо не видов денеска.
    И свиркајте си по цел ден, за да не ви го свирнат.
    [​IMG]

    [​IMG]

    То ти је. Ај и за нив минута молчење.
     
    На Foreveryoungiwannabe, bittersweet, Sanniii и 12 други им се допаѓа ова.
  6. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Солидарноста е гадна работа во денешно време.
     
    На TheKiketoo и Trnche им се допаѓа ова.
  7. pearlll

    pearlll Активен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    23
    Сакам да кажам дека имам за учење а ич муа не ме лази да седнам и да почнам :)
     
    На senza.parole, LittleChili и tessie им се допаѓа ова.
  8. VIN.diesel

    VIN.diesel Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2013
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    420
    [​IMG]
     
    На pearlll и Hipster им се допаѓа ова.
  9. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Сепак има верба дека сеуште постојат луѓе кои што мислат и на другите и не се себични.Чуден е животецов колку само може да оди од надолу, нагоре и обратно,а ние треба само да се водиме онака како што тој ни диктира.Самите сме кројачи на нашата судбина,самите носиме одлуки што понатаму,но сите не мачи едно единствено прашање -дали ќе ја донесиме правилната одлука.Нож со две острици е работата,што и да избереш не си ни ваму,ни таму....
    Туку уште само неколку денови повторно во неговите прегратки,повторно заеднички живот од скоро два месеци.Заеднички прошетки,појадоци,ручеци,вечери...Ви имам кажано дека обожавам да му готвам? Да,обожавам со огромна љубов да готвам за него,па и за неговите,ајде де и мои се сега :wasntme: .Па уште кога ќе се вртка како маче околу мене и со огромно исчекување и љубопитни очиња сака да дознае што се крие под капакот во тавата или пак кога ќе смотка едно од кифличките скришно,а јас се правам дека не го видов и го викам да му дадам да проба уште една и тој со огромна радост доаѓа.Килограмите што ги симнав со него може да ги вратам,не сум јадела,требало да јадам |( ,ама се за љубов нели :D.А,моментите кога готвиме заедно икога тој се вртка да помогне,а уствари одмогнува :D се уште поволшебни.ЌЕ биде готвачи од нас,ако не ова лето идната зима :wasntme: :D.
    Ахх,љубов ,огромна,неопислива,вечна.Од секогаш сум знаела дека тој е тој,а сега самата помисла дека остатокот од животот ќе го минеме заедно ме воздигнува до небо,летам од среќа,возбуда,нетрпеливост. Да, конечно можам да кажам без страв дека сум среќна,сакана и сакам со целото срце,душа,битие.ОД понеделник ќе се прпелкаме заедно во креветче и како две гулапчиња ќе гугуткаме :wasntme: :inlove:.
    Всушност ние луѓето сме како птиците,летаме,летаме со повремени спуштања на земјата,но сепак леткаме се дури некој не ги скрше нашите криља.
     
    На Moira, Monna.Monna, anuskaNESTLE и 15 други им се допаѓа ова.
  10. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.647
    Допаѓања:
    22.219
    Пол:
    Женски
    Хмм штознам...зависи од членката/членот.
    Еве јас како пример што двапати (мислам) дека сериозно намеравав да го напуштам форумот (може и по неколку + пати сум го напишала во нервоза, ама глеаш од шо ми било до боја на цветче и до ѕведички, не се ни сеќавам. :D ).

    Пишував мислења за тоа, заради тоа што форумот ми бил отсекогаш идеално место анонимно да си се изнакажам за сите моментални чувства, расположби и сл. кои вклучуваат и лутина, нормално.
    А тоа „никогаш“ кога у афект, кога стварно сум го мислела од тој момент затоа што не давав такви изјави из чиста мира, туку некој или ме имал гадно нападнато а у тој момент не важеле форумски правила за него, или нешто слично (немој да мислиш дека се однесува на тебе, ти си даде општа констатација која си држи вода дефинитивно, туку ги има такви кои буквално демнат додека да се десат вакви работи и знаат за секој поактивен член колку пати сакал да се откажуе).

    А потоа сум се враќала од разни причини, најчесто заради одредени членки со кои не сум сакала да си ја прекинам дружбата, а не сакам да си ја загрозам анонимноста, или пак ќе видам случајно уз читање на хороскоп некоја интересна тема у активниве и едноставно од потреба да си искажам свој став, пак сум пишувала. И воопшто ни на крај памет не ми паѓало да ме здоболи увото што ќе помисли некој друг ако ме види дека пак сум пишала.

    Многупати во животот сме кажале „никогаш“ пред да бидеме навистина сигурни во тоа, за посериозни работи, а не па за дружење на форум. Мене па повеќе ме иритираат и ми даваат впечаток на луѓе без живот одредени особи кои откако си се вратил ти праќаат пораки или те напињаат во темиве со „Нели ќе си идеше ма?“ муабети. Се прашувам како им се замара со такви статистики. :lol:

    А не дека нема такви кои само за внимание и ѕвездичка и афирмација од другите пишуваат такви постови. Си ги има attention whores и тоа многу си ги има. Ама тие со такво однесување како што го опиша ти погоре не ме вознемируваат многу. Ме иритираат кавгаџиите и бунтовниците без причина многу повеќе. Со други зборови ме нервираат гласни attention whores. :D
     
    На Barbie20 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.797
    Допаѓања:
    100.503
    Пол:
    Женски
    Зборуваат дека секоја жена треба да има добра линија!
    Па и заобленоста е еден вид линија,не??
     
    На bittersweet, 1209, Biggie и 39 други им се допаѓа ова.
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.647
    Допаѓања:
    22.219
    Пол:
    Женски
    Aман бе, не завршила сесијата? Туу јули дојде, ај нека ве остават да дишете таму. На горештиниве не се трпиш ни кога одмараш, не па кога учиш.
     
  13. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.439
    Допаѓања:
    22.860
    Пол:
    Женски
    Ајде и јас да ви се пожалам тука.

    Пред некој ден ја читав Дузи, како е разочарана од односот на вработените во МекДоналдс, од тоа што се неписмени а се занесуваат богови пред нас, пребегале од Тајван, Виетнам, Етиопија, Романија, работат во ресторанот по 30 години, им умреле сите животни амбиции, а ние сме млади и перспективни, и тоа ги убива! Им сметаме едноставно со нашиот елан, енергија, и можности.

    Дузи барем има саати, ќе земе некое евро на крај на месец, јас овде се нервирам затоа што имам 10 дена одмор! Да луѓе, вчера дојдов што се вели и веднаш дома не пратија сите Македонци, да се одмориме! Е од што бе батка? Не дојдов јас овде за да дремам дома, ако ми беше за така, немаше ниту да доаѓам. И му објаснуваме на шефот, се расправаме, му кажуваме договори и закони, ама бадијала! Не гледа од високо, мислиш Господ за брада го фатил ако работи во Мекдоналдс 35 години! Постигнал нешто во животот :@

    Уф!!! :@ :@
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  14. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Ако ме види маж ми како без милост тепам стаорец, нема да ме познае. А може и страв ќе му е да ми се скара некогаш, да не добие даската по глава. :D

    Конечно се згреа малку, одмарам во бавчата, пиленца циуцкат, ветренце, бели облачиња, да те е мерак да си надвор. Одмараме така со џукелата :toivo: , јас си изнесов и кафенце, да си имам работа. Додека кучето не рипна и се стрча по нешто. Нештото се затрча во правец на еден цвеќарник потпрен кон два ѕида со еден излез кој овоа го искористи за влез. Тоа што се мушна натака нема кај да оди. Кучето не се трга. Шах мат!

    Јас срипав уште кога кучево срипа, и кафе и чаша летна во воздух во исто време, спискав со некој глас што ме изненади дека можам таква висока нота да фатам, и богами адреналинот низ шишките ми излета од што немаше веќе каде да пумпа. Смири се жено, ух ух. Погледнувам одозгора. Кафено, со долга опашка, стои не мрда.

    Џери!!! Си погрешил куќата другар! :devil:

    Грабам една даска што ми се најде при рака, центрирам одозгора каде му е главата на чудово, и во еден потег спуштам брзо, и налегнав со целата тежина. Да знаев кинески вештини и ќе застанев со една нога на стапчето :ninja: , само да се осигурам со се' што имав во мене налегнав врз него, пробам да го задавам. Почна да прета и не знам колку време го држев така, ама подржав и откако престана да прета, во случај да не се преправа :!:
    Сега ќе подигнам мааалку, не мрда. Уште мааалку, не мрда. БАМ! Рупна черепот. Тука фрлам даската и почнувам згрозено да скакам во место и мавам со раце де во воздух де по мене, небаре рој оси ме нападнаа. Ух гадотија од животина ух ух :puke: Знам дека е мртов, уште лежи зад цвеќарникот ама сега ми е страв да припарам натака да го извадам за да го фрлам. Ако промрда ќе ми припадне :worried:

    пс. отидов да повраќам
     
    На bittersweet, sesilija, femina90 и 13 други им се допаѓа ова.
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.221
    Допаѓања:
    157.077
    [​IMG]

    Не,нема послатко.
    Ом ном ном ном!!!

    5 минути ја гледам сликава и паѓам у несвест од слаткоча! :D
     
    На bittersweet, 1209, Biggie и 34 други им се допаѓа ова.
  16. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Секогаш сум се прашувала дали јас сум премногу наивна или пак другите се толку безчувствителни и не се замараат многу со туѓи работи и чувства.
    Секогаш јас сум таа која има преголеми очекувања од некоја личност,било да ја познавам подолго време или. штотуку сме се запознале.И на крај јас сум таа што е разочарана од однесувањето на другите.
    Никогаш не сум била реална во формирањето на мислење кон некоја личност,а оттука и моите очекувања биле преголеми.Нереални.
    Секогаш сум очекувала премногу,а сум добила премалку.Или ништо.
    Од сега па натаму не очекувам ништо.
    За да не бидам разочарана.
    Секако секој си гледа само за себе.
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Kolku e ubavo da izlezes saM, vo grad koj voopsto ne go poznavas, da sednes pokraj more, da ispies edno kafe i da razmisluvas kolku ti e ubav zivotot. Onaka, sam so sebe i so svoite misli. :wasntme:
     
    На Annath, tessie, ilipili и 20 други им се допаѓа ова.
  18. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.666
    Допаѓања:
    6.224
  19. Oleeenka

    Oleeenka Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2012
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    523
    Леле леле леле :D :D :D
    Јас сум најсреќната лиииичност на цела фемина!!!
    Пред пола саат ми се јавува мама и замислете, ми земале хассссскааа, хаска луѓе замислете лелеееее :D :D
    Добро добро скренааааавв :$ :$
     
    На ceca-1, cheetah.girl, sweet-cherry и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.111
    Допаѓања:
    163.674
    Пол:
    Женски
    Подзаборавивме дека е лето ама ни тоа воопшто не ми пречи. :D
    Уживање, релаксација... одмор во вистинска смисла на зборот. :mm:

    Пријатни моменти со роднини и пријатели, мирно, без метеж и бучава, без многу користење на мобилни и компјутери од моја страна (освен за малку читкање и пишување на Фемина). :wasntme: И да знаете, точно е тоа што го велат на рекламите, во Берово и да сакаш не можеш да бидеш на диета. :!:

    Ве поздравувам, и каде и да сте, уживајте во летните одмори. :*
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.