Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Сите станаа фраери со Поло маичките од шутка. Чувствувам одбивност кон парчиња облека од која што вришти логото на брендот. Мразам самобендисани и нарцисоинди луѓе и луѓе кои што за себе си знаат дека се убави па го користат тоа за да одат со главата крената до облаци. Велам луѓе за да не ги делам на мажи и жени, а сигурна сум дека мажите би ја победиле жената во ова. Жената ќе се погледне одблиску во огледало и пак ќе си најде маана, влакненце од веѓите што штрчи, целулитче на буткицата, или бело влакно, ама самобендисаното маже нема ни да се погледне во огладало притоа не сомневајќе се во својата појава. :puke: Не, нема нешто по одбивно од маж кој самиот себе си се смета за убав, се шминка, си чупа веѓи и депилира груда. Маж со Луи Витон торбичка, маж со розева проѕирна припиена маичка, маж со неон еспадрили :puke: не е маж да се разбереме.
    Наредна категорија на луѓе кои ги мразам се патачите за внимание и оние кои прават се за да се во центарот на вниманието. Добро бе, само јас имам фобија од тоа да бидам центар пажња? Што треба да ти фали за да сакаш да го надополнуваш тоа со глумење лудило и со желба да бидеш центар на внимание. Мене би ми било непријатно да се најдам во таква ситуација и сигурно би ме фатило паника. Никогаш не сум сакала да бидам ценат на внимание или да привлекувам внимание, сосема доволно ми е да сум изолирана од се што доведува до таква ситуација. Убаво ми е и вака.
    Исфрустирана сум од нешто, од еден мој личен неуспех и затоа вака зборам сега, несакам на друг начин да се истурам па... Нека, ќе помине, ќе успеам некако да го надминам и тоа.
    Нека биде само долго топло лето, полно со љубов и мир, и плажа и море и коктели, другото небитно... 8)
     
    На bittersweet, kravce, sweet-cherry и 23 други им се допаѓа ова.
  2. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    И таман си помислив конечно еден мирен ден и ништо од тоа :@

    Што к*р бараш од мене уште бре девојко?? Кој дел од Не ме замарај, не сакам да те видам, не постоиш за мене не ти е јасен а? Ај одјеби :^) гајле ми е каде, одиш и што правиш...
    Ме насмеа да ти кажам нај искрено
    Ама знаеш ти си мојата дадичка, те сакам јас :* :l: и сеуште незнам која е причината за таквото твое понашање, имам право да знам.. те молам за да ми простиш иако незнам што сум направила :(
    Аххахахах |( лицемерна кучко, оди убиј се.. Имаш право да отидеш у пм.. Те мразам! :@ :@
     
    На lokumche му/ѝ се допаѓа ова.
  3. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Уплатив, уплатив за одмор. Ќе скокам како Цацко Конопишки(?) во моренце, нема да биде базен, ама исто ќе скокам како него - ласта!

    Иде ми да го истрчам Скопјево, едно нес и срцево лупа како лудо. Јазикот ми пулсира. Енергија до бесвест. Мојот на работа, немам како да ја истрошам енергијава. Може преку Скајп! Може сега виртуелно да се смукнеме :?:. Ама немам Скајп. Ништо, ќе си чекам докај 6 часот за да се смирам.

    Со малово пак секогаш прерипуваме по две-три скали кога идеме низ зградава. Ај тоа може, ама јас морам малку да се помачам. Ако ме ѕирка некој од она шпиунчето кое го има на вратите во сите станови има да види како јас правам вежби за задников мој. Како дете недоквакано.

    Немам макарони дома. ;( ;( ;( Е јадев праски, сега лимонада ќе пијам. Па домат салата со кромид и пиперка. И на крај кикиритки. Ама немам макарони. Кој ќе оди да ми купиии. Мамо бе дојдиии.

    Моето малечко ќе стане татко. Неговата љубов е бремена. Е не, не за џабе мојот го храни со виршли. Лепотан мој луд, на една година си заврши работа. Сега мора друга кучкица да му најдеме.
     
    На Someonespecial, kravce, Serafima и 2 други им се допаѓа ова.
  4. lokumche

    lokumche Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    7
    Пресреќнааа сумм!! Со тоа што ми се случи во вторникот, ама неможете да замислите таа среќа сеуште ми траее . ;) Темата е љубов-па се се подразбира.Си ги чувствувам моите пеперутки како одново ми се разбудија :inlove:
     
  5. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Значи, муабетов е, ако си настрана некое време, ако недај Боже замине некаде на недела-две, сигурно те изневерува...Само заради тоа што е настрана нели, и што не добил секс 2 недели бидејќи не се гледате? А да, изживеани се сите, сите виделе знаеле што се случува кога некој пар не се гледа недела две поради оддалеченоста...

    Ами не се сите зависници од секс и од други жени/момци. Има и такви што си ја ценат врската и љубовта која им се пружа. Затоа не биди будала бре алоо, ако се мислиш дали овие две недели ќе делка он други таму, подобро коа ќе се врати расчисти веднаш. А тие изживеаните што виделе се и сешто и што знаеле што се се случува коа некој пар е разделен (во километри) недела, две, па и месец, остави ги нека се наживеат до крај. Барем тие не знаат дека јас на пример, каде и да одам, и месец дена и два и десет, не ме интересира туѓото.

    Не, не сум калуѓерка, глупава заостаната.... Единствена особина што ја сакам кај себе и што е добра, единствено нешто што е добро во мојов карактер и во мојов живот е верноста и посветеноста...
    Bullshit сум за се друго...
     
    На lokumche, Serafima, kala21 и 6 други им се допаѓа ова.
  6. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Jaс сеуште сум 22 :wasntme:

    Ајмо, си носи редот, за шарено дете, шарена торта :D
    [​IMG]
     
    На Annath, bittersweet, Serafima и 9 други им се допаѓа ова.
  7. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Овој пост го посветувам на прерано загинатиот, извонредниот уметник Џеф Бакли.
    Се случува музика да допре до мене, се случува да ме расположи, да ме растажи, да ме наежи, а сега за прв пат се случи музика да ме расплаче.

    Го знаете она чувство кога имате толку многу да кажете што најдобар начин да ги опишете емоциите со помош на знаци е да напишете фгјдфкфикѕкхфјфхкфѕкѕрфкиѕрфкјјдтгјфхкхг?!

    Епа покрај тоа ќе кажам уште нешто:
    it's in your heart, it's in your art, your beauty. very sexy. okay. okay.

    Ladies and gentlemen, Jeff Buckley !

    http://www.youtube.com/watch?v=C2b6hQ5wib8
     
    На Trnche и kravce им се допаѓа ова.
  8. Perina

    Perina Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    321
    Не сум ви ја раскажала оваа истинита прича. Си седам така пред некој ден на фејсбук кога гледам некој ме поукнал (боцнал-говорете македонски!). Еден момак, што не ни знам од кај го знам. Имаме свртено 2-3 реда муабет, интелегенција на нивоУ. И се чудам така, која ли му е целта на магаре толкаво што има више од 25 да боде со тоа стапчето кај ќе стигне. Ај го поукнав, иако не ни ја ни знам поентата. Искрено, беше боље кога порано можеше да џиткаш виртуелни овци на кој ќе стигнеш, али ај, не се навраќам на младоста.
    Кога, следниот ден, пак боцка од дотичниов младич. Ме стави у мисла, ова ќе да е нешто сериозно, као на времето да пратиш срценце на ѕид. И така зачудено јас почнав да си мислам. Порано дечкото барем ќе ти пишеше на чат, а сега со едно боц кажано е све. Е бре момче македонче, ќе си останеш у куќата на мајка ти уште долго! (да се разбереме, последниов коментар важи за дотичниот момак)
     
    На lokumche му/ѝ се допаѓа ова.
  9. VIN.diesel

    VIN.diesel Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2013
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    420
    Чувството кога е нешто толку убаво, вистинско, полно и ти доаѓа да заплачеш. Чувство што не е тага, ама потсетува на неа, заради солзите; ми личи како солзите да се поблиску до убавината отколку до радоста :emo:
     
  10. LikeDomino

    LikeDomino Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2012
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    25
    Денеска се чувствувам многу подобро. Едноставно го исфрлив вчера тоа што ми лежеше на душа, тоа што долго време го заплеткував во моите мисли и никако да го отплеткам. И многу сум и благодарна на моите блиски личности кои ми дозволија да им објаснам и да им се искажам. :?: :worried: :tmi:
     
  11. VIN.diesel

    VIN.diesel Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2013
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    420
    Да ти помогнам во дилемата :geek:

    http://www.napauza.mk/%D0%BC%D0%BD%D0%B ... ebook.html
     
  12. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.602
    ... исклучително грд петок. :(
    Во моите мисли и фантазија, сите луѓе со кои сум опкружена во мојот живот - роднини, блиски, далечни, пријатели, непријатели, знајни ил незнајни, сите се тука и дел од мене и особено тешко ми паѓа кога животот на некого му завршува, зашто тоа уште еднаш ме потсетува колку сме сите кревки и со ограничен рок на траење, и сите не` очекува истата црна земја да не` голтне на крајот. :(

    Не можам поубаво да го опишам чувството, ама сериозно се плашам од смртта за себе и своите најблиски, тоа е мисла која ме прогонува месеци наназад и не можам да се ослободам од фактот дека се` секогаш завршува некогаш, дека сите си имаме свој крај.
    Да е до мене, би ја замрзнала целата слика со сите луѓе во неа, и нека се повторува истиот ден до бесконечност, се` додека сме сите живи и тука...
    Навистина чувствувам како на моменти го губам паметот и беспрекорно лошо се носам со загуба.

    А тој беше галантен господин кој по нашата преселба во Скопје го обои животот на ова селанче (јас), со концерти, вечери на места каде што не ни можевме да сонуваме дека постојат, парфеми кои ден-денешен немам пари да си ги дозволам... се` од љубов за внуките.
    И тој беше истиот оној кој не` одвезе до матура мене и другарка ми, иако двете бевме без партнер, ни купи букет цвеќе, довлечка фотограф да не` штракне пред хотелот, ни ги донесе сликите подоцна врамени „за да се сеќавате на убавите моменти“...
    Нема што да се каже, вистински човек со срце и страст за животот. Има многу вистина во тоа што се вели, дека бог ги прибира најдобрите крај себе.
    ;(
     
    На Annath, bittersweet, kravce и 38 други им се допаѓа ова.
  13. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    [​IMG]
    Е така да си знаете.
    Деновите си минуваат, додворувачи си заминуваат, а јас пак сум сама.
    Не бе, не ми дава душа да одам со некој од нив, се плашам дека ќе ме повредат. А од друга страна сакам некој што ќе ме сака.
    Да се разбериме, сите ние заслужуваме некој на кого ќе му е гајле за нас, некој кој би го превртил светот за нас, некој кој ќе не љуби. Не некој што не гледа само како сексуален објект.
    Иначе не дека во последно време не ги гледам повеќето од машките како сексуални објекти, ама... Не би се осудила да завршам со никој од нив.
    За што, да ме искористат и пак да си патам јас. Не бе, вака ќе си седам сама, ќе правам планови за одмор и ќе се молам побрзо да си заминам Скопје.
    Дома веќе не ми се седи. Да не се лажеме ја знаеме причината зошто ми се трча до Скопје, да го видам барем и од далеку...
    Да, знаам патетична сум.
    Доста е...
     
    На kala21, COollLady, lolita97 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.155
    Допаѓања:
    12.881
    Пол:
    Женски
    СДК. ... навистина не можам да ги разберам одредени личности.Демек ти се другари/ки , а всушност се кријат позади својата маска, кој оддалеку им се гледа на лицето.... :geek:
    Чекаат само нешто да разберат ( :!: по можност лошо, се разбира за добро кој доаѓа во денешно време), и ајдееее веднаш дотрчуваат како па да им е жал .. и што уште не‘.
     
  15. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Виде сеа со кој си имаш работа? Човек колку и да не сака да ја покаже темната страна, мора едноставно. Виде колку знам да бидам злобна? Да се покае човек што се родил после дуелот со мене. Криво ми е, ама не се каам. Ја не би била ја, ако не би одговорила соодветно на се. И да се врати времето, пак истото ќе го направам. Зошто луѓето не сфаќаат дека со некои луѓе не се излегува на крај и дека е поарно да не се закачаат со нив. Е сеа ми е мирна душава, и да не ми е умот.
     
    На Ema.Sk, VIN.diesel и lana.del-rey им се допаѓа ова.
  16. lana.del-rey

    lana.del-rey Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2013
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    1.300
    ... тоа чувство кога ти се плаче а неможеш да се исплачеш,и кога си вознемирен и цел се тресеш и неможеш да се смириш колку и да не мислиш на тоа,одеднаш ке ти текне и ако ти се обрати некој во тој момент ке се здткаш и ке имаш кнедла во грлото што неможеш да ја голтнеш... многу лошо чувство.. ;(
     
    На Butterfly-Girl, Gordana10 и Plavusa.17 им се допаѓа ова.
  17. sara3

    sara3 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2012
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    384
    ... Feeling lucky :$
    I saw my crush :$ :inlove:
     
    На Ema.Sk му/ѝ се допаѓа ова.
  18. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.024
    Ако мислиш дека на никого на овој свет не му е битно дали си жив, само ти прескокни една рата од кредитот и ќе видиш.
     
    На lolita97, prettyliar, SimplyElegant и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. teedybeear

    teedybeear Нов член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    28
    И така јас гладна ке си останам.Отвраам фрижидерот и ја нема печеницата,има само една смрдлива шумка.Ги прашувам дома кај е печеницата и се прават наудрени.Кашкавал нема.Макарони,јуфки,шпагети нема.Тесто за пица ни тоа нема.Супа ни тоа нема.Пудинг нема.Компири исто така нема...Единствено нешто што има смрдлива шумка,смрдлива паштета,пиперки,краставици и смрдлици кобасици и еден леб.Друго иш.И што побогу јас сега да јадам?Ништо.Да легнам да спијам а не вака да се нервирам. :@ :@ :@
     
  20. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Несреќа е што кај нас никој не мисли дека се наоѓа на вистинското место и секој на секого му е потенцијален соперник. Луѓето ги презираат оние кои не успеваат, а ги мразат оние кои се воздигнуваат над нив. Навикни се на презир ако сакаш мир, или на омраза ако ја прифатиш борбата! Не влегувај во битка ако не си сигурен дека ќе го собориш противникот! Не покажувај со прст на туѓата нечесост ако не си доволно силен за тоа да не мора да го докажуваш.
     
    На Marjan007 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.