Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    СДК ми се смачи од дволични луѓе па аман више од такви будали си го расипав денот!
     
    На Katerinceee, sara3 и Gordana10 им се допаѓа ова.
  2. Sw3et.Ang3l

    Sw3et.Ang3l Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    2.096
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам на сите за честитките. Повелете на торта и винце :P

    Имајте убава вечер, јас чекам гости :*
     
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.228
    Допаѓања:
    157.133
    Постојат жени што реално вежбаат и си ја вадат маста и жени што носат Најк и толку. Како да ви кажам...ама Најк не е спортска облека за прави спортисти, спонзорствата им се друга прича со кастм мејд опрема за своите спортски ѕвезди.

    Тоа јога хеланките од спандекс, ликра и 1 посто памук...колку и да сте избањати и средени, не сакам да сум ви во кожа колку се смрдите и потите под нив. |(
    Една ваква "спортистка" кога ни се избаци у една тура у една метропола со сите туристи. Она у Најк хеланки брате шета по знаменитости... зошто и се може бе, селебретис...Почичуушуме...сељачизам и ренесанса. Неизживеаности. Ама затоа у Париз,поред кула, женската со црвена баретка,молим лепо... Па како, смее ли таа лепота да има спортски ден,иако не влегла у теретана дента? Ама кога ни таа хеланка (која патем, така се направени што секое женско тело треба да изгледа затегнато у нив) не го направи тој задник убав и затегнат... нииииштооооооооо!
    А башка не ми глуматајте, ги шверцаат и ги шиткаат до 1000че најмногу,немојте да не помисливме дека 5000 сте лупнале за нешто такво...зошто ако стварно сте ги дале, имаме реална основа да се посомневаме во вашата чесност...иф ју ноу уат ај мин. :wasntme:
    Од најк конзумирам само видеата за вежбање...и патики за шетање и толку. Уствари сега ни патиките не ги ни носам кога ќе се замислам...

    И ѓаволчето у мене, ко чиста иронија на погорното (или па и не), вика, Лилит,ти си заљубена у Ралф Лорен партали... тоа значи дека не мора да ги имаш, ама мора да имаш една јахта и куќа поред море и да си носиш партали од Певекс и Мана. Не викам не,у право е! Стварно убава облека си има, ама изгледа поише ме импресионира што асоцира на море...ах море!!! Ама и девојките како модели што ги бираат ми се поим за лепотици, некоја убавина со вкус.
    Мора да си пронајдам која ми е таа патолошка поврзаност со вода и море,светинлици и бродови и котви и све такво. Јас знам дека нема човек што не сака море, ама не можам да ви опишам колку себично го сакам. Сто посто у задњи живот сум била некоја пакосна сирена што пеела некои песни и испоудавила еден куп морнари, а нешто подоцна што би рекол татко ми сто посто сум била Ана Франк, пошто не може да прснаат против комарци,а јас да не се мрднам од стравови и паника така полусонлива. :D Војна, крај на светот! :lol:
    И Ралф Лорен... значи... за мене лепотица е облечена у могасини, бели панталони и сина кошула... долги,куси ногавици или ракави,сеедно...и јахта... :D Кога ќе станам милионерка ќе си купам јахта и ќе праам фемина забави, не ги канам само администраторите. :wasntme:

    И сеа Мимс ја прочитав за Поло маичките... Абе ти ништо не разбираш! Тоа све се ројал фемилис, имаат ергела коњи у дворовите (у Ракотинци), имаат душек (ама од скапите за спиење од топ шоп,со електрични пумпи шо се дуваат) у базенот на надувавање и ќе држат кафиќи на галиите на Вардар. Јас поим неам шо не ти е тебе јасно?
     
    На Annath, Trnche, kravce и 11 други им се допаѓа ова.
  4. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Биди благодарна за тоа што го имаш,бидејќи има деца кои ни тоа "смрденото" го немаат.
     
    На Katerinceee му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Абе дете речи фала и на тоа што го имаш |( има некои немаат ни смрдлива шунка како што викаш ти, немаат ни леб...

    Туку сакав да кажам друго нешто..т.е да ги замолам клинкиве
    Дечки дајте бе, смирете се малку, ако неможете да носите штикли затоа што одете како искривени, никој нема да ви се смее ако облечете патики или балетанки.. мислам стварно грдо изгледа, дотерана, нашминкана и оди мислиш секој момент ќе падне ]:)
     
    На kala21, Katerinceee и Someonespecial им се допаѓа ова.
  6. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    479
    Џоа балон се осеќам...
    Се сметив во мојот најудобен и голем кревет и изедов 2 тањира јуфки со мноооогуу биено сирење и чаша јогурт. :tmi: .Се каам ... али по се изгледа касно се покајав :| .
    Ќе ми простите ли ако ви кажам дека сега моментално јадам една чоколадна тортица :angel: :wasntme: :worried:
    .
     
  7. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Од моите родители научив каков родител да не станам. Од моите родители научив каков брак не сакам да имам. Ако и мојата среќа е таква, ако знае некој и ако сега ми го каже тоа, да Мистериозна, твојата судбина и не е толку мистериозна, ќе завршиш и ти како твоите, нека не ме штеди и нека ми каже сега. Да си го ставам бричот на вени уште сега.

    Оти сега ако се отепам, ќе немам доволно јаки причини. Оти според другите мене ништо не ми фали у животот. Освен нели, мозок.

    Можеби и заради нив ми е толку одбивна идејата за брак. Затоа што нивниот за ништо не го бива. Како издржаа тие луѓе заедно дваесет години еден Господ, јас и сестра ми знаеме.

    Толку многу сум разочарана од нив, што тоа дека сум разочарана е малку во однос на тоа што чувствувам сега спрема нив.
    Ќе се распаднам.
     
    На sweet-cherry, Idonea, Elichka и 8 други им се допаѓа ова.
  8. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Извини вака,ќе ти биде нешто ако не јадеш печеница ?Или да не се разболеш случајно ако каснеш паштета со леб.
    Или мора печеница,оти ти од големото добро утро си.
    Девојче,биди благодарна на тоа 'смрденото' што го имаш,бидејќи некој работел за да го заработи тоа.
    Има луѓе што цел,ама буквално цел ден работат за само една корка леб.Има и луѓе што се оставени сами на себе во животот и немаат буквално ништо.
    Така да,не потценувај.Замисли само,како би ти било да го немаш и тоа 'смрденото' !?

    Бог да чува |(
     
    На Katerinceee и Someonespecial им се допаѓа ова.
  9. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    часот наменет за самоодбрана супер беше навистина
    не верував дека ке биде толку интересно со еден војник и двајца кадети мило ми е што ги запознав на денешниот час за самоодбрана-дури и имавме партнер-девојка со девојка, машко со машко а мене ко што ме дал Господ му ја извртев раката неколку пати на офицерот- :D епа тој сакаше да вежбаме :lol: што значи дека ке ме биде за карате :party:
    ако не си го разубавиш животот нема кој да го стори тоа место тебе :)

    а детенце ако не те насмее нема кој-се вракав јас од корнерот и нели свратив во пошта да испратам кесички за наградна игра и седнав да одморам ми доага девојченце ми бараше пари за јадење, купив сладолед и и го дадов-не ни успеав да го пробам, а по неа друго девојче-поголемо ми вели тетке жити швалерот дај ми некое денарче и јас :o прво нешто што ми текна-немам швалер после не можев да престанам да се смеам-кој знае како сум изгледала од страна :tmi: а дали имаше 10 годинки дечињава се ко сунгерчиња, се впиваат :)
    заборавив да пишам дека добив цртеж-подарок од другарка која е тазе вработена, а дознав и дека другата конечно ке работи по струка-време беше како ли издржување две работи месец и нешто навистина незнам , таа си знае :hug: :hug: до двете
     
    На Serafima, Barbie20, Izaabella и 2 други им се допаѓа ова.
  10. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    ... кажа еднаш еден Игор Џамбазов - се е ова промашени сперматозоиди.
     
    На Trnche, kate21, Elichka и 8 други им се допаѓа ова.
  11. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Кукав дека не сакам да седам дома цело лето..сега кукам зошто неможам да е одлучам каде сакам да одам, всушност знам каде сакам да одам, сакам да отидам секаде по малку :lol: ама Мајка ми и Татко ми немаат фирма па да ми ги набројат паричките и да ми речат оди и уживај :|

    Ако одам сега во Понеделник, следнниот Понеделник кога ќе се вратам ќе треба да бидам сама дома цели 10 дена, моите заминуваат за Струга, Мајка ми и Брат ми :worried: а тоа нема шанси да биде, страв ми е :tmi: подруго е ден, два ама 10 :shake:.

    Ако наместо со парите што ги штедам за одмор купам материјали и да продолжам таму каде што застанав пред скоро 5 месеци, слободно можам да ги заборавам Охрид и лудото друштво :doh:

    [​IMG]
     
  12. Butterfly14

    Butterfly14 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    456
    Конечно и јас да го напуштам овој град.Утре заминувам на гости кај баба ми со една другарка и ќе останам таму 5 дена.А можеби и повеќе.
    Се читкаме :* :hai:
     
  13. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Зошто новинарине пишуваат така страшни наслови :worried: . Ќе ви биде веста прочитана не се секирајте :geek: само можете и малку поинаку и поблаго да го напишете насловот. Читам: Најден ги затворил очите и престанал да дише. Леле снагава ми се стресе и целата се потресов ко да ми е род или нешто блиско :( .
    И прочитав дека стварно престанал да дише на некоја секунда ама за време на операцијата која му ја правеле бла бла бла ама бил жив и во ред. Кажете некако поблаго, кој е заинтересиран за него секако ќе прочита.
    Душиче мило мало добро било. И пак си се изнаплакав дури читав за него. Нека е само живо и здраво. :hug:
     
    На Divinebutterfly и ilipili им се допаѓа ова.
  14. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    Koга ги гледам луѓето како се смеат низ целиот свет, познати, непознати... драго ми е на душата! :)
    http://www.thesmilebook.org/portfolio-items/smile-from-italy-5/#!prettyPhoto
    Smile to world and the world will smile to you :)
     
    На Someonespecial, Katerinceee и Gordana10 им се допаѓа ова.
  15. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Вистински си среќен и исполнет само тогаш кога иако ти се спие ко на доктор на дежурство, ти упорно ги кокориш очишта и одбиваш, одбиваш сè што мислиш дека ќе ти го помати веќе излудениот ум.
    Патем, животот од нас бара многу жртви, онолку колку ќе жртвуваме толку ќе бидеме среќни, храброста е одлика на решителните, кукавичлукот на дезертерите...
    Дали ќе се соочиш со сам себе и своите демони или вечно ќе бегаш сам одлучуваш.

    Не сме сите по ист терк правени.
     
    На Trnche, kravce, Sexybaby86 и 10 други им се допаѓа ова.
  16. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    СДК денеска денот ми го упропастија безвезни луѓе кои не вредат ништо,абе веќе ми се смачии доста више со нападите луѓе!
     
    На Katerinceee му/ѝ се допаѓа ова.
  17. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    722
    Најлошата работа е кога ќе те повреди другарка, некоја на која си и верувала безусловно. Знам дека не сум перфектен човек и дека имам маани и свесна сум за нив и си ги признавам, ама мразам кога некој не ми укажува дека нешто кај мене му смета, да се потрудам да го променам, затоа што здрава пријателска врска не се темели врз лажење и криење, таа се темели врз вистина. И ме повредува што после толку време она ми кажува некои работи што јас тотално сум ги заборавила и ми ги плеснува во фаца дека сум и ги згрешила. Јас не знам дали само бара алиби за да се скараме, ама таа заборава дека како и самата таа и јас имам чувства и мене некои работи ме болат. Дека и јас не сум бесчувствително копиле. Ме повреди што ми кажа дека јас која најмногу мислев на неа цело време сум и љубоморела и сум сакала да и расипам расположение и врска. Барем да беше вистина немаше да ми биде толку тешко, ама вакаме повреди премногу. Ама јас цело време бев среќна за неа, мислев на неа и сега ми задава ваков удар. Искрено сум уморна од се и емоционално исцрпена, готово е...
     
    На Katerinceee му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Сезона на тролови :bandit: Yipman2 бре! Каде си,викај тоа војската! :D :D :D Собери ги комантантите,артилерија,војска,се што има! :D :D
     
    На Katerinceee и COollLady им се допаѓа ова.
  19. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Дечки, тастатураа.... колку тоа убаво звучи. :D Милина за уши и раце. :D Цели два дена бев без тастатура. Значи, рикнав! Во буквална смисла. :D Баш денот откако си се исповедав тука, што се` ми се јаде. [​IMG] Ми идеше да го скршам екранот. Цело време куцав со on screen keyboard. :D А кога му кажав на татко ми дека рикна старата... - Епа, кога само штракате на неа, како нема да се расипе. :fubar: - Па од 2007 е. Тато, ова не е времето на Тито. :D Он мисли така се` е вечно. [​IMG] А извини, тастатурата за што служи? За да ја гледам? Или да ја јадам? [​IMG]

    Пред некое време, се возевме во кола. Добро де, можеби има едно 3-4 години. [​IMG]
    - Брзо, брзо. Зимај ливче.
    - Кај да најдам?
    - Земи и пенкало, брзо.
    - Што да пишам?
    - Пиши: - Под итно да се смени коцкава, ми се издишија гумите.
    [​IMG]

    Иначе, прееска си варев макарони. Го земав тенџерето, го ставив под мијалникот, да го наполнам со вода. Ми падна чешмата. [​IMG] Ништо, од веце си наполнив. [​IMG] Го ставив на рингла тенџерето. Го земам капакот... ми тресна на земја. Се скрши рачката. :D Све кинеско, ебате. Да не можеш на раат да го треснеш. [​IMG]
     
    На kravce, LittleChili, Lella и 13 други им се допаѓа ова.
  20. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Добро овие од Алфа тв навечер се некои ЈУ филмови даваат и тоа нешто се нешто благо еротски. Џбунови!

    Абе еј ФФФФФфф, лето сме аман. Сакам да ми се случува нешто. Сакам да прашам некој како е таму во земјата каде што и не е така топло. Сакам да знам како на таа личност и е таму. Што и се дешава.

    Панта реи...

    Комшиите во двор имаат ставено од оние печуркине кои порано во 90-те стоеа како светилки пред сендвичарите. Сигурно ги украле на времето :rofl:. Па дури и им свети бе - работи печурчево.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.