Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    Ми пиша едно другарче кое сплетот на околности направи да ми е дечко, за да јас на крајот ја заебам работата. Мислам кој друг ако не јас :^) . Било како. Мило ми е што ми пиша. Жалам многу што го повредив и да можам би го вратила времето и би сменила многу работи. Ме фати во ужасен момент. Т.е јас уште сум во хаос период. Само што состојбата на смиреност преовладува се почесто и почесто. Работам на себе и се обидувам да се сменам. Направив многу грешки и многу се каам за тоа. Ама не секој се менува преку ноќ, за тоа треба труд.
    Најважно од се е тоа што имам желба.
    Не требаше да ја прекинам врската со него... Можеби ќе беше најубаво да продолжевме.
    Што знам....
    Живот.
     
  2. princess11ska

    princess11ska Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    64
    Сега го читав нашиот последен муабет. Мнооогу ми е битно да ти кажам дека многу ми е криво за се и дека секогаш, СЕКОГАШ ќе ми значиш!!
     
  3. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Сдк не можам да ги разберам луѓево, ем незнаат ништо за туѓите животи, ем се мешаат.Ама рекла - кажала муабети, не се база за луѓето да се мешаат во туѓ живот.А и не разбирам, како тоа може некој да го интересира, стварно не ми е јасно.Во животов има побитни работи, за кои луѓето би требало да се замараат, а не за нечив живот.Смешно е да се меша некој во нечив живот, а појма нема за истиот.
    Само џабе е човек да збори, џабе, па и на глава да оди, пак џабе е.
    А баланс во светот, не е балот со маски, не, туку уништување.Се додека луѓето си забиваат ножеви во грб, а притоа ко демек пријателски се настроени едни меѓу други, нема да биде поарно.И колку и да се негира тоа или премолчува, а во себе си, човек, вришти од гнев, се осеќа дека нешто не штима.И уствари и незнам зш така се случува тоа.Незнам што има убаво во тоа.Можеби би се претепале, ако пак си го откријат вистинското лице, ама пак би биле на чисто.Нели, од што се сакале, се претепале.Чиста сметка, долга љубов.Но, ете поарно им е другото, поприфатливо.После нешто не чинело, па нема да чини.

    Човек, колку и да отвара очи некому, џабе, пак џабе, како да е тоа напразано, кога некој не прогледува.
    А свесност, ни с од свеснот немат.Ич, транс, џоа пијана состојба.Па ќе треба едно неколку воспитни за освежување.А грижа на совест, нит тоа.Свесен човек знае што прави и не ја повторува грешката.
     
    На Tedi.Bear, ozbilnazena, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Nekoi luge mislat deka samo tie se vo pravo.Ne prifakaat nekoj niv sovet da im dade ili pak da se poglednat prvo sebe si. Samo drugite gi ucat kako treba,ko drugite da neznaat sami da si pravat vo zivotot,a prvo samite tie ne go pocituvaat toa sto go zboruvaat. A site sme svesni i vozrasni da znaeme sto mozime,a sto ne i kaj e granicata.
     
    На ilipili и eva11 им се допаѓа ова.
  5. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    I posto nemozam da se redaktiram od mob,ko sto kaza moderatorkava pogore,em neznaat za tugite zivoti,em se mesaat,mesto da si gledaat za svojot.
     
  6. majicka

    majicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    302
    Допаѓања:
    1.005
    Пол:
    Женски
    Зошто? Зошто кога и да му дадеш се на некој, тој упорно ќе те згази и ќе те повреди на секој можен начин? ;(
     
    На Barbie20 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    сакам да ве поздравам на сите феминки и сите Tие што ми држеа срека за мене и Mојот сопруг и нашиот Dома.
    сепак испадна дека јас и он ке имаме свој дом :)
    иако Iспадна на толку ужасен начин да живееме насамо,иако претрпев се I сешто па спиев на Lадно и отворено,не јадев и се.......... .........

    се надевам наскоро ке пишам повторно,некој периот морам да средам доста Mногу работи.
    ве сакам сите и се надевам Nаскоро ке пишам со средени работи.
    дуффи испадна имас голема Sрека а истата Mи е пренесе Mене. Iмам свој дом Sамо остана д. Sредам. Iако сум сама Aма к. Uспеамм
     
    На duffi, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, ilipili и 7 други им се допаѓа ова.
  8. axl-babe

    axl-babe Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    450
    Допаѓања:
    577
    Денес по оценките. :)
    Се петки. :dance: Браво за мене... :lol: Ви посакувам на сите убав сончев ден! :sun: :D
     
  9. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Комарец бе. Цела вечер ја минал во дремење, нити еднаш не ме уапал, кога, се будам и, ете ти го... ме прелетува,кружи :D
    Жими се, јас не знам што стратегија ќе му беше тоа. Пажљив мали господин, да не ме разбуди :D
    (се надевам не ме виде како му се искезив кога се залета..да не се навреди пустото :D )
     
    На Trnche, kravce, ilipili и 2 други им се допаѓа ова.
  10. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Секое потсетување , дека сум невработена , за мене е ужас.Водам внатрешна борба со самата себе.
    Не сум човек кој може да седи со скрстени раце и на едно место.
    Јас би трчала во круг со цел да го скинам.
    Мислам дека ништо не е залудно, па и мојата наивност има цена.
    Се лажам дека добрината се врака.Таа останува немо, изгубена во просторот и времето .
    Сега си најдов друг полигон, длабочината на мојата душа.Сама се повредувам знам.
    На човека силум можеш да му земеш, но да му дадеш не.
    Останаа само траги од моето присуство таму.Од моја страна се речено , се сторено....а од нивна молк.
    Дали сум и во совеста ако воопшто ја имаат.?
    Впрочем ако ја имаа ќе знаеја дека прават ужасна грешка.
    Се надевам не беа залудно моите напори. Јас сакав со џебот , да и го наполнам и срцето.
    Решив да ги избришам од моето срце.Не вреди да се сеќавам на нив.
    Останува на времето да покаже, кој е побогат и кој кому завидува.

    Имам планови...
    Ме чекаат нови предизвици.Ми треба сила трпение и многу среќа.
    Се надевам на убав исход....
     
    На kravce, Barbie20, kate21 и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    СДК денес си ги земав оценките сите ми се петки је је је + на моите непријателки и озборувачки им покажав каде е местото :dance: :dance: :dance: :party: :party:
    Си станав сабајлечки си се дотерав :makeup: абе милина мислам најубав ден во годината ми е :D
    Само во училницата се препотив од жешко :sweat: , дојдов дома пуштив климата си се оладив мхм :whew: Сега сум си хепи позз феминки денес никој не ми може ништо :inlove:
     
    На Buterflygirll и tessie им се допаѓа ова.
  12. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Eве ме мене. Здрава, жива, права :D
    Се осеќам како да сум качена на некој брод кој постојано плови.
    Ете таков ми е животот. Уживам во најголемите прекраснотии, ама ништо не е постојано.
    Си најдов начин како да сум среќна.
    Патувањето е лек за се! Далеку од се што ме гуши, далеку од реалноста што секој ден морам да ја погледнам во очи. Нови луѓе, нови познанства.
    За две недели запознав повеќе од десет нови пријатели. И тоа прекрасни личности. Штета што сме толку далеку. Ама заедничкото време беше тотална релаксација.
    Баш тоа и ми требаше. Промена на секојдневието.
    Нови луѓе- нова јас! Ме исполнија на неверојатен начин. Две недели насмевката не ми се тргна од лице.
    Среќата ми се читаше од очи, од уста, од говорот на телото. Баш ми фалат!

    Да се пофалам да една работа, позитивно сум изненаџена од самата себе :D Јеес!
    Конечно да го грабнам животот во свои раце и да го правам баш тоа што вистински ме исполнува.
    Полека се редат сите коцки.
    Се исплатија сите нервози, сите страдања.

    Ми доаѓа нова етапа во животот. Само да се ДОодморам :D и спремна сум :muscle:


    П.С Ми се јаде вишни! Ако ме нема. Качена сум на вишната кај комшијата. И онака, се понашам како да е моја :emo:
    Ама, ако ми ја оберил додека не бев тука. Леле, тешко него. :devil:
     
    На Micheleljubov, kravce, Antoninaaa и 13 други им се допаѓа ова.
  13. macedonia.timeless

    macedonia.timeless Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2012
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    137
    Утрово пристигнав во мк
    И се чувствувам мбогу слободно, чувството е најубаво да знаеш дека си во роната земја, си спиеш во сопствениот кревет,во својата куќа со најсаканите, да ди излезен до кога сакаш, да не мора да си легнуваш во 10 :)

    Ит фиилс соу гууд .
    Ќе си поуживам сега, и времето во мк ми минува пребрзо.
    Многу е малтератирање во кола и тоа ме нервира најмногу.
    Нозете ми се отечени ама битно дома сум. :inlove:
     
    На hermosa, Annath, Divinebutterfly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    На Libera му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    А-у знаете колку мразам ненајавени гости, право што ти се тупнуваат дома |(
    Стварно се без осет! И некултурни се!
    Сега за инат нема да одам да се видам со нив :fubar:
     
  16. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Напрчен задник, испернати гради и пред огледало се сликала у купаќи |(
    ај тоа шо се сликала нека го, ами можела хаосот зад неа да го расчисти, а не на сликата се гледаат расфрлани низ креветот фустани, блузи, шминки, лаптоп

    Знаам, знам многу мрчам деновиве :tmi: период, поарно вака отколку да цмиздрам
    Тукуу вечер ќе ја запознаам снаата :lol: т.е. кандидатката за снаа.. зошто Брат ми не го давам јас туку така, на секоја :P
    Убав тој на дада :D утрово дур пиеме кафе онака срамежливо прашува.. Планираш нешто за вечер?
    сакам да ја донесам **** на гости, ќе спремаш нешто :$ :wasntme:

    Ми порасна бре луѓе, не е она детенце што го гњавев низ двор, сега е веќе маж, две глави поголем од мене :tmi:, доста зрел за неговите години, убав, паметен :D ова ко оглас излезе, ама ај :lol:
     
    На kravce, Izaabella, Barbie20 и 7 други им се допаѓа ова.
  17. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.554
    Допаѓања:
    42.942
    Пол:
    Женски
    Веќе подолго време се хранам поздраво и вежбам...и се осеќам како препородена, веќе не ми е мака да заспијам навечер и немам потреба цело време да грицкам нешто.Никогаш во живот не сум имала големи проблеми со тежината, секогаш се движев околу една цифра со +,- едно, две килца, ама дури сега се осеќам добро у своја кожа.

    Ама морам да признаам утрово си дозволив кроасан со крем од кокос, ќе свршев со првото залче :D
    Ептен ми го прават меракот кроасаниве со различни полнење на 7дејс, парижанка се замислувам додека ги јадам.
    Него одамна немам кажано ништо тука...
    Летово си прета, јас во него се борам секое утро за ладно место во креветот со кучето...се научило некоја нова финта и ми спие на рака ко некое бебе, ем несакам да ми спие на кревет ем кога ме погледнува наутро така мило и ме лизнува на увце, се топам еј.
    Права уживанција ми е слободново време, само спуштам серии и филмови, тоа ми е дневна доза релаксација, голтам книги и сликам на новите платна со новите бои...
    Неделава ќе одиме кај цимерката на викендица, многу се радувам на времето кое ќе го поминам со друшките од средно, сакам да се бањаме во еднометарскиот базен, да пиеме некој коктел смешан во лубеница и да се замислуваме дека сме на некоја тропска плажа, е не.
    Ми фали само некој ден насамо со него...прво се молев за некаде на море, сега сфаќам дека не ми треба море толку колку што сакам да го имам него по цел ден само за себе.
    Сакам одмор, искрено, од дното на душава, ама немам срце да им тражам на моиве пари...ќе пробам да најдам работа или да продадам некоја слика па тогаш ќе кројам планови.

    Еј која гордост ја осеќам кога сите го фалат новиот кафич колку добро е направен и уреден, а јас велам татко ми го направи сето тоа.Има златна рака, се надевам сум го наследила неговиот талент и умешност, за да бидам подобра еден ден.
    И тоа луѓенца.Ве поздравувам и останете ми убави и паметни и зграпчете го летово, убавина е. :)
     
    На Foreveryoungiwannabe, bittersweet, anuskaNESTLE и 13 други им се допаѓа ова.
  18. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.464
    Јеееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееесссс!!!!!!! :D :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
    Пресреќна сууууумммм....
    Конечно тато ќе ни намести клима во детскава и нема да ви се жалам дека многу ми е жешко кога ќе заспивам. :lol:
    Имајте НАЈНАЈНАЈНАЈНАЈУбав ден милички моииии!
    Гушки и бацки до вас!! :* :* :hug: :hug:
    Чаооооо.
     
    На vitomir и Maroon5 им се допаѓа ова.
  19. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Хелоууу.
    Јас пак преспана,ама времево надвор некако ќеиф не ми прави.
    Како и да е,вечер се планира шопинг со мама,па кој го гледа времето :$ :D
    Имајте убав и исполнет ден :hug:
    http://www.youtube.com/watch?v=diKz9udywg4
     
    На axl-babe и vitomir им се допаѓа ова.
  20. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    479
    САКАМ ДА ПРАШАМ : ЗОШТО ПОСТОЈАНО МИ ГИ БРИШЕТЕ КОМЕНТАРИТЕ? . Ќе ми одговорите ?
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.