Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Sw3et.Ang3l

    Sw3et.Ang3l Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    2.096
    Пол:
    Женски
    СДК море луѓе, Џинџер ја нема :o , последна трага постот во Полагање матура и уписи за на факултет, е добро де, и после пишувала. Ама ја нема бе :( .
    Џинџер мор да не се омажи? Ил те киднапираа? Или пак си уживаш некаде на одмор? :D
    Море доста, не е смешно. Озбилна сум.

    Туку ај, да сменам тема. Едвај чекам вечер да дојде, роденден ќе славиме ^_^ , а времево, ако е вистина тоа што кажуваат, а по надвор се гледа дека е, ќе се пукам ако изникне некое невреме :D .

    Инаку луѓе, Џинџер ја нема бе :tmi:

    Добро ај, се мрднав. Чао.

    п.с. Џинџер ако не се вклучиш во рок од 2 секунди ќе пријавам во полиција. :fubar:
     
  2. A.a

    A.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2011
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    60
    Многу време не сум пишала тука бидејќи имав многу испити,учење и немав време да здивнам :^) Ете помина и тоа сега е по друго,Ги оставив книгите се фрлив на уживање 8)
     
  3. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    СДК се спремам за на одмор :D Утре тргнувам :) Ќе биди едно одморче релаксирано,без ујдурми и луди забави,но сепак ќе е убаво. ЌЕ се истегнувам на плажа,ќе се сончам,ќе си читам книги,ќе си пливам,ако има каде можи и некоја школка да соберам :D Времето не верувам да е ко овде. Конечно еден убав одмор. Веќе цела година со испити,па со документи се занимавав,а одмор немаше,па еве :sun: Па и не сум била на тоа место,сигурно ќе е убаво. Ќе гледам да не се замарам со никој и да не ми се креваат нервите. Кога ќе можам и ќе пишам,ако фатам wi-fi. И така... И вас нека ви поминуваат убаво деновите и без нервози. :*

    [​IMG]
     
    На Lepaaa, anuskaNESTLE, Adi888 и 21 други им се допаѓа ова.
  4. VIN.diesel

    VIN.diesel Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2013
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    420
    Сличноста помеѓу Македонец и штрк е тоа што и двајцата се без денар во џеб, секаде шетаат ,знаат да летаат повремено и живеат ептен на висока нога :wasntme:
     
  5. axl-babe

    axl-babe Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    450
    Допаѓања:
    577
    Shit happens.
    Толку.
     
  6. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    СДК-темава ми е омилена :)
    СДК-Само што станав од спиеме гледам врнежливо ми идеше да плачам,а таман требаше со моите да идеме во град да си купам нешто :!:
    Сеа сум нервозна човек ќе убијам + скоро сите се по одмори ниедна другарка не е во Ск ќе пукнам од досада ;(
     
  7. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.780
    Допаѓања:
    24.006
    Пол:
    Женски
    Поздрав од Бугарија, женски ! :D
    Тука се заоблачи времето, дувка тивко ветре... милина. ^_^

    На момент да се избега од секојдневието.

    :smoke:
     
    На bittersweet, Trendafilka, Ema.Sk и 3 други им се допаѓа ова.
  8. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Луѓето се... па, луѓе. Во последно време по малку ме нервираат, и не знам како се воздржувам да не истепам некој. Еве прост пример, брат ми вчера полагаше градска, и положи се од прва... и сега што ќе ти каже прост човек? А тебе сега криво ли ти е?... Е тоа ме прашаа, ама јас не знам како успеав да и дадам само еден поглед без да ја фатам за коса и да и ја треснам главата од столбот што ни е во двор. Сериозно, ајде кажете ми, криво ли ми е затоа што брат ми што ми е се на овој свет положи се од прва а јас од трета? Јас мислам дека не ми е... плус, од парите што му ги дадоа моите за да го почастат тој пола мене ми ги даде, истото и јас го правам кога ми даваат за факултет или нешто... брат ми е бре, како може криво да ми е заради негов успех. значи свашта, ама свашта.

    А баба ми, лелеееее на глава им се качи на сите од улицава, се испофали, колку беше среќна не можам ниту да ви објаснам, а јас си седам во соба и ја слушам доле во двор седнала на стол и кој како помине добар ден, како си, што си, внук ми положи денес за кола од прв пат. Баба ми само им дава затки на лошите комшии, една комшивка има две ќерки поголеми од мене, па на поминување и кажала на баба ми дека тие морале во тивко да учат не смеел никој да им влезе... и оваа ни две ни три ааа мече моја е паметница, си учи на тераса а децава на улица урлаат, таа гајле си нема, ние дома сите ја прекинуваме за мерење притисок или одење до продавница и пак се си положува... абе ѕверка е, да не ви е во комшии, тешко вас. :D Тоа и е работа, баба, си ги фали внучињата од љубов.

    Ајде да одиме на повесели теми.

    ***

    Јас имам една особина што многу си ја сакам, а тоа е дека секогаш убаво мирисам. Ама значи нема утка, чим се почувствувам неубаво одма си се туширам, ако треба и по 5 пати на ден, ако нема вода во вц, си земам со кофа од кујна... абе што да ви кажувам, дива лига сум. И вчера седиме со другарка ми кај мене, а јас се спремав за излегување и од нигде никаде ми вика аман и во гомна да паднеш убаво ќе мирисаш. После одиме кај неа и кога ме испраќаше у боЉи живот ме гледа и ми вика и комарциве во несвест паѓаат од тебе затоа не те касаат :D Значи не знам од кај и текнаа двете реченици ама цела вечер кога ќе ми текнеше на нејзината сериозна фаца и како ми ги изговара зборовите, ми доаѓаше смеа и си се смеев како луда.

    ***

    Ајде сега да ви кажам дека јас сум материјалистка (не таква бе, кај ви оди паметот :D ), ама многу се приврзувам за работи, предмети, и ужасно ги сакам... на пример, креветов мој најубав, кебето (со кое се збогував пред некој ден се до зима), мобилниот што ми е најпрекрасен(според мене хаха), лап топот што го гледам како очите (значи ако некој седне на мојот компјутер и ако посилно стисне на маусот мене во срце ме погодува), саатот, колата наша ја сакам премногу (и срце ме боли некоја дупка кога ќе погодам и ми иде да застанам и да излезам надвор да ја погалам колата и да ја гушнам)... такво сум бе, мајмунче, не дека предметите имаат голема материјална вредност (ок, некои имаат), ама си се поврзувам, пример наочарите ми се од 70 денари, и никогаш не ги носам на очи, само на коса, и пак ако им се случи нешто ептен ќе ми биде тешко, за новчаниците па да не ни почнам да зборувам... јас дури и за апостолките бев ужасно приврзана и мајка ми пред некој ден ми ги скина лелеееее, притисокот 500 ми го качи :D е сега, најпосебно сум приврзана за едно мало предметче, небитно, а всушност премногу битно, тоа е привезок за клучеви што кога сум се родила татко ми ми го направил (дури и моето именце, и роденденот ги има на привезокот хха)... значи мислам дека ќе се убијам ако го изгубам, од кога знам за себе клучот од дома ми е на тој привезок... еден период го сменив, ставив еден што тој ми го подари и сега се каам, си го вратив пак тој од татко ми, и си ветив дека никогаш веќе нема да го сменам, ама никогаш! Желба ми беше само ова да ви го кажам, ама муабетот се прошири :D

    ***

    Мајка ми од понеделник е на одмор.... муахаха, ми мириса на морееееее, ама може и грешно да ми мириса, не се знае сеуште :D

    ***

    Уште ова да ви кажам и толку, ќе си купиме нов фрижидер, уште не е одбран, ама јас веќе премногу го сакам, се смееме дома дека ќе го купиме и после само со вода и со кајсии од дворов ќе го полниме. Шала на страна, овој што го имаме е постар и од мене гревниот, јас со годиниве едвај функционирам, не па тој :rofl: и со брат ми одамна пекаме за убав фрижидер и сега редно време е да се подновиме :emo:

    ***

    И уживајте во животот, не бидете злобни, насмејте се, зграпчете го денот, бидете среќни, јас сум, и убаво ми е... :f: и јадете многу лубеница :D

    [​IMG]
     
    На Bozica1980, Lepaaa, bittersweet и 36 други им се допаѓа ова.
  9. VIN.diesel

    VIN.diesel Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2013
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    420
    Не сум љубоморен на никого. Напротив, кога е некој подобар од мене, му се воодушевувам! Никого не мразам, само некои личности ги сакам повеќе некои помалку. Не ме интересира туѓиот живот, затоа што ми е доволен мојот. Не сакам да имам непријатели, а пријателите ми се највредното нешто. Не го сакам секого, но за тие што ги сакам и животот го давам. Човек сум. Грешам. Но сепак го сакам животот ваков , затоа што е само еден. И сите зборуваат дека ме познаваат ... А МИ ЗНААТ САМО ИМЕ ! :emo:
     
  10. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Затоа што ја претеравте со солење памет, со исмејавање, со правење најпаметни, совршени.
    Имаат убава реченица енглезиве:
    Mind your own business!
    Ви препорачувам наизуст да се ја научите, и да не одморите нас од скролање на глупи и безпотребни коментари.
    Трол, не трол, не сте вие тука тие што треба криви дрини да исправаат.
     
    На Someonespecial, Elennaa, Lov3 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.110
    Допаѓања:
    67.002
    Пол:
    Женски
    Зошто ја напнавте со троловите. Иако знаете дека тролаат пак и пак враќате и темава ја направивте каша-попара. Ете затоа.
    И на форумов не постојат само две теми, оваа и општи прашања, па ако едната е заклучена не значи дека треба тука да прашувате. И да, и тие мислења се бришат зошто овде не им е местото, ќе си ја побарате темата и ќе си прочитате одговори таму и ќе си прашате таму. Во соодветната тема, а не тука.
    И се прашува по лп ако имате прашање, па има и друга тема прашање за форумот, не мора се тука да се става.
    Се надевам дека ти е доволен одговорот, ако не прашај по лп, тука не.
     
    На Someonespecial, Elennaa, Lov3 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    270
    Многу јасни хипстер, овде секој си го кажува своето мислење и никој не исправува криви дрини...но тоа не е во случај со Х членки кои навистина исмејуваат,па според едно мислење не можеш да оцениш човек ама некој што цел форум го ТРОЛА и неговото мислење го имат лакнато сите од елитата...кој тука исправува криви дрини? Ако сакаш пример кажи си,макар шо знам дека и ти си знајш ;)
    Не го сфатив ова толку лично,да не речиш дека заради тоа коментирам,туку овде немаат право члекните да коментираат кои немаат толку јака смисла за хумор. |( лол, лоол.
     
    На Maya3112 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    ^ За сите беше наменето, не само за неа, тебе, Трајко, Петко...
    Ако вас ви е океј некого да навредувате и исмевате од ваши икс причини мене не ми е океј, али тоа кажува само за вашето ниво на култура.
    Па каква и да е нависитна девојката, и да е тоа точно, тука не е место, а богами тоа не е ни начин.
    Туку која е таа елита жити се, просветли ме...
     
    На Someonespecial, Elennaa, A-j-a и 2 други им се допаѓа ова.
  14. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.024
    Колку е најубаво кога ќе ти се јави :call: некој во случајов братучетка ми и искрено и од срце само за да ми каже ''се јавив само да ти кажам дека многу те сакам. Се слушаме, позз." Кратка, а толку многу моќна реченица, просто ти ги стоплува душата и срцето ....и јас тебе те сакам :l: најмногу.
     
    На ozbilnazena, LittleChili, teddybear и 10 други им се допаѓа ова.
  15. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Внимателноста е мајка на мудроста - не е точно. Да била внимателна не би била мајка :P :tmi: .
     
  16. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.942
    Допаѓања:
    15.933
    Пол:
    Женски
    СДК 1-Ај донт кеар...ќе си уживам во животот...се што сакам ќе си праам... :) ИЧ не му ја мислам на другите...ако ме сакаш,сакај ме каква шо сум ако не никому ништо... :D Терај си со твојот живот таму и не замарај ги другите...

    СДК 2

    “Сите ние сме посебни, неспоредлив спој на караткеристики кои не прават единствени. Затоа не треба да се споредуваме со другите. Споредбата не кочи да бидеме најдобрата верзија на себеси. Тоа што Вие можете да го дадете на светот, неможе да го подари никој друг, бидејќи вие сте единствени и неповторливи.“
    "Се гледаме на врвот“ -Коста Петров
     
    На Barbie20, A-j-a, vinozito1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. innamylove

    innamylove Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    379
    Допаѓања:
    231
    сакам да кажам дека денес видов дека некои луѓе едноставно не го заслужуваат моето внимание,и покрај се што сторив за нив на крајот јас испаѓам црната офца!
    ама дотука било.....
     
  18. Sw3et.Ang3l

    Sw3et.Ang3l Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    2.096
    Пол:
    Женски
    Не бе, малер сум. Ме заеба времево. АМА пак се мислам. Ладно ли е бе за кратки пантолончиња? Не ми е толку што е ладно, секако нема надвор да бидам, ама па.. ко ќе ме видат да не си речат оваа се мрднала, на ова ладно.. кратки :tmi: . Еее, сега почнува она познатото НЕМАМ ШТО ДА ОБЛЕЧАМ. :devil: :devil:
     
  19. Tumblr

    Tumblr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    992
    Пол:
    Женски
    ќе ми фалите,одам на одмор вечерва :!: :*
     
    На Ema.Sk му/ѝ се допаѓа ова.
  20. jjoovvaannaa

    jjoovvaannaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2012
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски
    Срекјен пат и најубо да си поминиш :inlove: :* :) ;)
     
    На Tumblr му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.