Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Навистина требало да се надеваш на најлошото за да не бидеш разочаран. :?: Премногу се надевав за летово и премногу се разочарав :doh: А и ми недостига сон, долг сон. :yawn: |-)
     
  2. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    Ќе да ноќта била создадена за љубење :$.
    Имам насмевка од шеска до шеска и да си умрам вечерва ќе си умрам среќна :D
     
    На Barbie20, zhap4e, GordanaL и 2 други им се допаѓа ова.
  3. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Па, откако на неколку пати вчера ќе се онесвестев на работа (душата мислам ми испари од цело тело), утрово пак се разбудив со силни болки. Ниту чај, ниту апче не помогна, наполнив чинија сладолед, стопив чоколадо во микро, го полеав врз сладоледот и воа ла...светот стана подобар. :geek:

    Не знам што е полесно, да имаш проблем ама да не знаеш кој ти е инаку би го решила, или точно да знаеш кој е, ама немаш смелост да го решиш? Прекинав да ги анализирам луѓето, се опседнав со себеси. Нешто сериозно штрчи во мозоков мој, а јас како врвен инженер ги спојувам и раздвојувам жиците, создавам нови слики, пробувам да конструирам поиздржлив мотор... Многу луѓе имаат идеи, идеите доаѓаат во секунди и си одат, за да опстои и се развие идеја, ти треба стварно добра машина. Мојава е на шорт трм мемори, податокот си оди како што и доаѓа, неочекувано и доста брзо.

    Сакам да кажам, секогаш ама баш секогаш, ноќта ти дава сила, земаш замав, чиниш Супермен. Не само што од УТРЕ ќе го средиш својот живот, туку ќе им помогнеш и на сите други. Ох диар гад, која бесрамна глупост и лага. Станувам како робот наутро, не ми е тешко. Будна сум и веднаш се кревам на нозе. Само кога ќе се измиеш лице и се погледнеш во огледало, тогаш сфаќаш дека ништо од муабетот со самиот себе од вчера. Го снемал тој, останал во кревет, се запил ноќта, заминал некаде, отсутен е, минус. А ти продолжуваш со истиот тек, еври факинг деј.

    Ете така, си се тапшам сега. Теп денсинг утре ќе играм, или џајв. На глава ќе се вртам, ѕвезди, мостови, глупости. Се загреал мозоков па смислува цел нов свет. А велат утрото е попаметно од ноќта. Абе ајде, кој мозок работи вака наутро? Истражувањата велат дека најдобро се решаваат математички задачи околу 8часот наутро. Пфффф. Џабе ти е ако не знаеш, ни денот ни саатот не помага. :!:

    А што сакав? Гол стомак повторно? Тоа беше пред една деценија :( тааааајм ис он мај сајд, ноу итс нат! На страна вкусот за модата, премногу брзо се врати една. И оние чевли со дебели, широки штикли? Не, не се женствени воопшто. Како ни оние стриптизерските. Не знам ни дали ѕвонарките би ги преживеала сега :worried: . Тогаш беа добри, потсеќаат на хипи. Сега не... Ало ти таму горе, ај извади ги батериите малку, застани го саатот!
     
    На Trnche, bittersweet, Barbie20 и 13 други им се допаѓа ова.
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.236
    Допаѓања:
    157.241
    Постојат луѓе што душата ти ја цицаат со цевче. Се сакаат да знаат, ништо не сакаат да кажат, ти ја пијат енергијата и завидуваат и на работи кои се нормални,кои се животна вообичаеност. Не знам, еве ти завидуваат зошто си купил зденка маслинка од Ла делишес,а не чешел од Вегера.
    Како живеете? Каде ќе ви оди душата? Што ви е? Знаете дека ништо не добивате во животот зошто ништо и не давате? Свесни сте? Ама ако!
     
    На bittersweet, WarriorAngel, A-j-a и 3 други им се допаѓа ова.
  5. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    Синоќа не излегував,не дека не сакав туку денес сум на работа одсабајле,ми беше планирано да го гледам The Notebook ама таман го пуштив и по разговорите на форумов за него ми текна дека љубовта моја (да кажам бивши) ми го има раскажувано,и сакаше заедно да го гледаме ама нели се деси шо се деи и ништо,душичка,и си викам ај не го гледам ќе ми растекне за него сега и ќе почнам да си цимолам а он ужива на некоја плажа со некоја и плус полноќ беше веќе и не го гледав.
    Со сигурност сум била тема на муабет во друштвото синоќа и тоа другарми од мака што несакав да бидам со него сигурна сум дека трескал зелени за мене ама тие што ме знаат како личност нема да поверуваат а за другиве и не ми е гајле,и фино лепо го блокирав од фб синоќа и одам на др негов профил гледам он ме блокирал,подобро без другар не дека којзнае каков другар ми беше отколку цело време на кафе со нас се влечкаше,а ќе го кажеш мирен,абе испод мира 300 вира ама ај.
    Пред некој ден конечно го најдов Grand antistress 3in1 гледам доста е фалено на форумов,во моментов си го пијам и не е лошо,машала,на здравје :coffee:
     
  6. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.792
    Допаѓања:
    25.267
    Пол:
    Женски
    Плановите за денеска се сменети поради времево, ама ако.
    Ми треба ден за само Јас во четири ѕида.

    Има некои работи кои сакам да ги напишам за да се испразнам, а не би да звучам конфузно, а сепак такви ми се мисливе.
    На кратко, ми се смачи да бидам иницијатор за случувања и единствена со му*а од повеќето околу мене, најмногу од една личност.
    Ми се чини секој муабет и сега очигледен монолог што го одржав изминатава недела од едно уво влегол од друго излегол.
    Наравоучение, како и секогаш - правете што сакате, без да објаснувате и докажувате, научете се да пресечете, никој не е сопственик на вашите одлуки.
    И кога ви се нуди слобода, зграбете ја, не ја предизвикувајте со дополнителни прашања, правила и појаснувања.

    [​IMG]

    И точка.
     
    На bittersweet, kravce, teddybear и 8 други им се допаѓа ова.
  7. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Добро утро дечки.

    Дали ова вас ви личи на лето :^) мене не. повеќе ми личи на есен :worried:. Синоќа смрзнав, станав и си земав ќебе :tmi: и пак ми беше ладно |(.

    Вчера се помина супер, останавме до покасно,игравме монопол :lol:, па Магарец и нормално Брат ми викаше :D. Искрено прв пат го видов Брат ми толку опуштен, тој по природа си е срамежлив, ама вчера ме изненади.
    Убав пар се :$ си личат ко што вели мајка ми како братче и сестриче :lol: и двајцата црни, високи, убави :mm:.
     
    На ilipili, teddybear, GordanaL и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Kaley

    Kaley Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    1.306
    Допаѓања:
    3.037
    Пол:
    Женски
    Кафето е убаво само кога се пие во убаво друштво. Па феминки бујрумте на кафенце :D :*

    [​IMG]
     
    На Someonespecial, Libera и GordanaL им се допаѓа ова.
  9. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    СДК колку е мизерно кога на фб ти бараат лајк на нивните слики(најчесто профилни и насловни),на некои страни,на некои натпревари каде што ги лажат децата дека ќе добијат нешто(инаку мои врснички) |(
    Еднаш на фб една мајка ми пиша:-Може лајк на профилната на ќерка ми ја дома направив ваква фаца :o
    Јас се зачудив што и возрасни 40+ годишни жени бараат лајкови,ајде деца ама жени :x :x Бруки :!:
    Аман па веќе кога ќе сфатат дека фб е социјална мрежа,а не сајт за лајкови :lol:
     
  10. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.797
    Допаѓања:
    100.519
    Пол:
    Женски
    Не го сакам фејсбук,и фејсбук не ме сака мене.
    Всушност ,бев,видов,победив,надмудрив,фејсбук има луничкафобија.[​IMG]
    И немам некоја желба да знам што ручал Перица,зошто Марица го тагувала френдот на Перица на слика од момачка вечер,на која прави срамни работи,а немам време да чекам кога искомпромитираниот френд срамежливо ќе одтагува и како контра потез ќе ја аплоудира(така се вика?)најновата фотка покрај комшискиот ауди со мува -цвикери,учкур на шушкавецот со израз на лице кој зборува
    -Она не бев јас.Не давајте да ви направат збунки.Тоа сум јас ,вашиот ...!Лајкнете ме ,ќе ви купам солариум,ќе ве частам кафе....![​IMG]
    Иш море!
    [​IMG]
    Ќе си ставам забрана на фб чесен збор!
     
    На kravce, ilipili, WarriorAngel и 4 други им се допаѓа ова.
  11. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    Од сабајле во 9 дојде на работата мажот на газдарицата,демек да земе нешто :fubar: ,нели ви скисна бе луѓе да ме проверувате ставете една камера и гледете ме цел ден,и виде дека имав муштерии ама не и работа и ајт после пола час ми звони оваа со уште едан задача да ми даде,демек немам други обврски, |( ,13 часа на работа па уште турбо темпо ми фали а тие часови не ми се ни платени :envy: ,ма ќе ми го видат тилот еден ден и нема да ми биде ни мака ,ни жал ниту ке ми недостигаат
     
  12. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Добро утроооо :)
    Уште не расонета,земав садови измив,сега си седнав на компјутер со ацетонот,памукчето и турпијата до мене-нокти ќе средувам.
    После,нешто за доручек и уживање.
    Вчера ми текна на серијата Волшебнички,и најдов каде да ја гледам онлајн,па да се занимаваме. :D
    И така.
    Имајте убав ден женски :hug:
    http://www.youtube.com/watch?v=XbDG7ToV_nk
     
  13. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    вчера размислував и дојдов до заклучок дека се што е црно има да го тргнам од пред моиве очи од облека и сиво исто така па дури и од шминка :!:
    не дека не носев весели бои до сега ама од сега само светли бои-нема веке црно ништо да носам
     
  14. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Уживам деновиве. Се одморив супер се чуствувам. Баба ми ми е на гости веќе неколку дена. И станов мириса на дом. Си готвиме,се смееме,се лутиме една на друга,си пиеме кафе. Многу ја сакам. Не знам дали има друг човек приврзан за дедо и баба како мене.

    Мислам дека на нив и на татко ми за да им се оддолжам за се` што направиле за мене,за сета љубов и внимание дека уште два животи малку ќе ми бидат.

    Со школово се осеќам како Супер Марио,само трчам,бркам време,бркам просек,бркам можно одење во странство,скокам како што ќе кажат,паѓам во дупки. Оргинал Супер Марио. Освен што чат-пат и не сум толку супер.

    Со него ми е се одлично. Вчера почуствував толку силна хемија и разбирање меѓу нас,што се зачудив.Ме фати неподготвена. Не знаев дека сме се искачиле на така високо ниво,да одредиме заеднички приоритети дури и по цена да ги занемариме сопствените моментални желби. Се сакаме. И ќе си го чувам.
     
    На Annath, Moira, bittersweet и 7 други им се допаѓа ова.
  15. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    И така пак останав сама со сите околу мене, да ги слушам истите муабети од истите луѓе, на истите места, по некој збор за утеха, демек многу им е гајле за мене, ептен насекирани фаци со поглед што вели сама си си крива, за да те доукопа... Каде ли им е крајот...
    Само едно мало срценце ми дава сила за да останам на паметов. Кај и да е ќе почнам сама со себе да си зборам.
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
  17. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Зарем ке има потажни денови од овие за мене ;( ?без таткоми и без него зарем ќе има потажен роденден од мојот?Не нема да има ;(
     
  18. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    Ме расплаче и така сум емотивна ;( ;(
     
  19. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Значи факт е дека шопингот ја усреќува жената, барем додека не и помине меракот на купените ствари :lol:
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    850
    Допаѓања:
    9.741
    Конечно на раат да поминам одтука,да го пијам попладневното кафе со вас.
    Инаку пожива здравје,полна енергија!
    Буквално тотално исполнето време,големи анализи на себе,ослободително!
    Многу се пронаоѓам себе си, кога времето ми е испланирано до секунда.
    Запомнете се е во главата,ЖИВОТОТ Е ПРЕКРАСЕН!
     
    На Hipica, ozbilnazena, Gordana10 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.