Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    ...стиховите од една песна секогаш ке ме болат.
    премногу.
     
    На Barbie20, teddybear, anichka94 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. jovankad5

    jovankad5 Активен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    3
    Како може тоа???
     
  3. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Ја стварно не знам што се случува, и после ја сум била парти брејкер. Ма кај ми е темата во која си се зезав бе, врати ми ја :rofl: Ретко се појавуваат толку забавни теми, ама кога ги има нека потраат барем една вечер. Зар многу барам од модераторската екипа. 8)
     
  4. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Стварно мразам тетоважи.
     

    Прикачени фајлови:

    На COollLady и i...ja им се допаѓа ова.
  5. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    ... напишав дека беспрекорно лошо се носам со загуба и падови во животот, но подеднакво брзо се кревам од дното и калта.
    Што чукнато дете ќе бев, немам трпение ни да бидам тажна, ниту во депресија.
    Се обидувам да ги блокирам лошите мисли и силно грабам од утрешнината. Сакам да си исечам и репете од колачот наречен среќа, си признавам.
    Вака-така се скроија полно планови за следните викенди. Веро центар ќе ги понуди Влатко Стефановски и Суперхикс за Рифреш фестивалчето, фала им што мислат за сите кои се` уште сме тука во Скопјенцето.
    Берово, Љубаниште, Неготино и Аква парк, се` ми е впишано во агендата.
    Ќе наплатам за се` што не успеав да видам и доживеам лани.
    Не знам колкумина се сеќавате, лани се изнаплакав за 10 години од животот, кога немав пари да си дозволам ниту едно кафе, камоли одмор и бев веќе 90% решена да му раскинам на дечко ми, затоа што покрај мене, и он мизеруваше, што од излегување, што од неодење на одмор, а комотно можеше да појде каде сака.
    Оваа година се џиткам на хедонизам за душа и ги носам сите кои во најцрните денови од мојот живот досега ми подадоа рака, ми дадоа поддршка, убави зборови, ме гушнаа кога плачев, ми понудиле апче кога главата ми експлодирала од мака.
    Мајка ми вика дека сум недомаќинка, дека сум била циганче, сум живеела ден за ден, не сум мислела на утрешнината и кога имам пари само прибирам друштво, частам и се расфрлам.
    Мене баба ми ме научи дека раката која дава не се суши и дека доброто со добро се враќа.
    И сега кога конечно имам, не планирам да се стискам и да штедам, зашто нема да живеам 105 години, а и кога штедам обично одат на недај боже работи, на лекови или поправка на фрижидери. На пример. :^)
    Планирам тешко заработените пари за кои се кичмам да ги потрошам на убави работи со блиските и саканите, па ако тоа ме остави на нула при крајот на месецот - искрено и не ми е гајле.
    Сега сме сите и тука, и сега треба да ни е најубаво.
    И дај боже да имате сите... и да дочекате да ги трошите каде сакате, како сакате и со кого сакате.
    Од срце ви го посакувам тоа.
    И верувам дека на истрајните и вредните ќе им се случи тоа, дури и во оваа скапана држава.
    Јас сум жив доказ за тоа.
    Ви посакувам убава ноќ.
    :)
     
    На Annath, Moira, Trnche и 39 други им се допаѓа ова.
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.236
    Допаѓања:
    157.242
    А вие денес што се зацепавте на Social media day,а не сте ни активни на твитер од желба да бидат видени во актуелностите...е вие,вие сте муљот на нашето секојдневие.
     
  7. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Ме чека долг пат уште во 6 часот наутро, ме чека зеленилото, убавината, тишината, планината...

    Останете ми живи, здрави и паметни :hai:

    Се читкаме за 10-тина дена :)

    Добра ноќ дечки.. :hai: :hai:
     
    На bittersweet, Someonespecial, ozbilnazena и 15 други им се допаѓа ова.
  8. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Јас ќе легнувам да спијам. Утре ме чека будење во 5 сабајлее :headbang: Убавко да ми спиете феминки и немојте да ја сонувате бубачкава што јас ја сонував вчера :bug:.... :shake:
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    1 јули... почеток на најубавиот месец, мојот месец, раковски. Денес треба да е најуспешниот ден за мене и моиве дома. Утре ќе видиме дали и колку ќе испадне долгоочекуваното. Ќе ви пишам што ќе биде утре. Пуштајте среќа, не е мала работа. Напротив. Одам да спијам, утре пак иста песна. Ќе биде ова убав месец :)
     
    На ana-girl, Miss.Ricci и H.VAGA им се допаѓа ова.
  10. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    1 Јули стигна!
    После некој период имав некој бум во откривање кој каков е. Самите ненамерно си се открија. Дури и се чудам што нелуѓе испаднаа. На крајот од денот сега се е добро.

    - Една жена еднаш ми пееше дека ништо не е неуништливо. Страшно! Тоа сериозно таа ми го пееше мене. Настрана од тоа што има 10 или 15 години повеќе од мене. Одвратни луѓе постојат. Само гледаат како да те елиминираат и направат несреќна, настрана од тоа што ти нив не ни ги перцепираш. Криво им е заради тоа што ти го имаш тоа и тоа, а тие го имаат само тоа. И решаваат да те ослабнат.

    Да ви откријам како ми течат моите амбиции во главичката - сакам во блиска иднина да ги однесам моите на одмор. Сакам мајка ми да ја однесам на полунудистичка плажа за да можеме да се смееме како зеленки. Мерак ми е да види уште некое курче :rofl:. Ама се знае, ние две нема никако да се соблекуваме! Кујзнае колку ќе се мршти таму. Па, па сакам премногу да одам во Provence, Франција! Па да магистрирам таму! Да се тркалам врз сончогледите, но притоа да не ги смачкам. Па да си медитирам тука (исто е Прованса). Леле тука ми е душата! Па сакам да научам да сурфам, јавам коњ, да скокам банџи.
    Сакам да одам во Зрзе.

    Многу нешта сакам...

    Знаете некој сонува тајно и нечујно, питомо се стреми да ја постигне својата цел и на крај доаѓа до неа. Благородно! Писсс брадар!

    Обидете се амбиција и цел да не ви биде да имате подобар дечко од вашата другарка. Обидете се да имате дечко кој за вас е единствен и најдобар, не најбогат! Не ни сонувајте да и ја земете работата на другарка ви. Сонувајте да ја освоите вашата креација, онаа каде сакате вие да работите. Знаете дека имате таква. Ваша, своја, сетете се за што сонувавте кога бевте дете.

    Дишете благородно. Заборавете на завидливоста која ја почувствувавте кон нив. Доста веќе бевте такви. Вратете се какви што бевте некогаш, невини. Ми недостигате.
     

    Прикачени фајлови:

    На Moira, ana-girl, bittersweet и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Да не се замараш со многу работи е навистина здраво. Ама навистина!
    Тоа ти е како релаксирачки вежби за душата. Едноставно дунда ти дреме за многу нешта па така смирено си го живееш животот.
    Е сега не буквално за се али, да чкртнеш нешто од листата на работи кои те замараат навистина е олеснително.

    Еве на пример, една досадна мува ми брчи пред нос цело време. Сега ќе станам и ќе и покажам кој е главен!

    Be right back!
     
    На Someonespecial, ines.h, Mrs.Cuper и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    Epten mi nedostiga forumov, se naviknav postojano da ve citam ama ne sum vo moznost. Izvinete za lat. nemam mk podrska.
    Ve pozdravuvam od preubavata Wienna!
     
    На Annath, bittersweet, Someonespecial и 8 други им се допаѓа ова.
  13. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Па како да ви кажам..
    Понекогаш желбите се исполнуваат.
    Толку пати сте ја замислиле желбата,па дури и потајно сте се молеле за неа.
    И оп таа ви се остварува,кратко чувство на еуфорија,а потоа едноставно жалите што сте ја посакале.

    Внимавајте што посакувате,може ќе ви се оствари !
     
    На Primavera, julie77 и Barbie20 им се допаѓа ова.
  14. Boleyn.7

    Boleyn.7 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2013
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    425
    Паа фајнали... Дојде и најубавиот месец во годината,месецот што сите го сакаат, нели? ^_^ Мојот омилен тоа фор шур , (како што кажа Плавуша раковски ,и мојот исто , наааај од сите) совршен за максимално користење на летото. :D Се чувствува некоја позитивна енергија на форумов, добро е :D , сите некако оптимистички настроени...А јас да ви се пофалам, сум зела да цртам, се надевам нема да биде за кратко ќе потрае, ме има фатено некој креативен занес, indeed.
    Некако, како да сум своја тогаш,се исклучувам од се, влегувам во својот свет и се чуствувам најбезбедно...
    Кога ќе се пронајдеш во нешто...е најсупериорнaта работа што може да ти се случи.Бесценето. :nod: Деновиве ќе одам да купам и бои нови,хартија и некои слични други материјали...Па може и ќе постирам нешто на форумов, нешто мое. :) Некоја модна скица, брз акварелен цртеж, нешто со молив...Се јави креативноста во мене!
    Се можам на вакво летно расположение, СЕ ! 8) Коктел во рака, апостолките на стапала, очилата на очи, и се е полесно ! Па и животот во лето е полесен ! Уживајте во летото, ќе го барате , тоа со сигурност ! :!: :D

    Имајте убав остаток од вечерта феминки, it's time for beauty sleep ! ;) :*
     
  15. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    7.306
    Пол:
    Женски
    Упорно и упорно викам не трошам повеќе пари на такси вожњи низ градов, ама шта чу.. Градов не е сигурен за да се враќа човек сам доцна навечер, а и секакви манијаци сум пресретнала до сега.
    Имав и еден обид за киднапирање од страна на батки со бело комбе, албански регистарски таблички и инцестни фаци кај железничка, кој резултираше со пријава во полиција, ама што дека, за џабе кредитот, да не се потрудиле да ги најдат случајно :D

    Се револтирам честопати кога размислувам за безбедноста (посебно на женскиот род) во градов конкретно, секакви ненормални се населија, се испосимнаа од брда и планини, возат јаки коли, дилаат дрога, имаат пари и мислат дека на се што ќе помине на улица и притоа има вагина меѓу нозе треба да се свири, довикува, да се беси врат низ прозор, да се дава гас на колата уште толку и сл. Типичен сељачки синдром.
    Последно да ви е, ок?

    А, за ситуацијава да биде уште потрагична, ни во такси не си сосема сигурен. Некои ќе земат ќе те испрашаат се`, боже сакаат на гости да ти дојдат, некои отклучи - заклучи на вратите сто пати прават дури језиво да ти стане у смисла кај мене е моќта, не се буни многу многу што те кружам, да не те оставам заклучена да седиш и во гепек.. :emo:
    Последни да ти се и тие 20, 30 денари што ќе ми ги земеш повеќе ок? :punch:

    И, замислувам кога ќе имам свои деца (Здравје Боже), дали ќе треба пред секое нивно излегување јас дома да се кљукам со апчиња за смирење, зошто се кладам и те како дека ќе биднат бетер лоши времиња.
    Тек сега ја оправдувам загриженоста на мајка ми и деталното испрашување пред секое искачање, милионите пати кога ќе се врати уморна од работа, но сепак ќе ме испрати докај другарка што живее на 3 минути од мене, милионите пати кога будна ме чекала да се вратам од искачање, а требала она самата да иде на работа за неколку часа...

    Ех животе, чувај ми ги барем сега нервиве, нели гледаш колкави маки ќе си тегнам понатака?
    Последно да ми е ова денес ок?

    Толку..
     
    На anggell и la-chicka им се допаѓа ова.
  16. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Сакам промени!
    Се ми станало исто.Монотоно.Глупаво.
    Искрено,за мене и зима и лето исто е.Нема некоја разлика.
    Едноставно не сум таков тип.Шта чеш.
    Но,кога подобро ќе размислам зошто најубавите години од животот да ги поминам така.Пензионерски,буквално кажано.
    Сакам да одам на одмор,со семејството или со друштво.Сеедно.Неколку дена.Да одморам од се.
    Сакам со друштвото да одиме на вечера,па после тоа да откачиме во некоја дискотека.
    Да одиме на плажа,да се излежуваме на лежалките,со шешир на глава,наочари за сонце,коктелче во рака и латино во позадина :)
    И после толку чекање сакам да сум со него.Цел ден,цела ноќ.Секогаш :inlove:
    И уште нешто.Сакам работа.Сакам да имам обврска,занимација,а истовремено и дружење :)

    Се надевам,барем дел од работиве ќе си ги исполнам во теков на летово :)
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  17. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    Ми се дига косата кога ке слушнам како некои луѓе од други градови дошле во Скопје да студираат/работат и плукаат по градов.Таквите луѓе се прави сељаци,а не тие од село,тие си се селани.Луѓе бре,до каде со овој памет?
     
  18. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Тука сум јас. :hai:
    Имав лош период, не бев расположена за ништо, посебно не за пишување.
    Имав проблеми со здравјето, потоа малце проблеми во љубовта, и еве сега повторно стојам на две нозе.
    Понекогаш ми треба простор да си ја истажам душата, да кажам на некого што и како ми се случува во животот. Овој пат добив многу лоши совети, потоа предобри за ситуацијата, и бум. Едноставно го оставаш срцето да прави што сака.
    А тоа е најлошото. Се наоѓаш себе си, како во буквална смила си ја газиш гордоста. Од друга стана на кого му е гајле за гордоста?
    Во оној момент кога за прв пат ќе паднеш во љубовта, и ќе паднеш како жртва, бидејќи ти е поматен мозокот, сфаќаш дека колку што си го сакал да го доживееш тоа чувство, толку и стануваш мизерен бидејќи во никој случај немаш контрола над сам себе. Во првата секунда кога ќе се посомневаш дека ја губиш љубовта, се позагуваш себе, погазуваш се што имаш, стануваш мизерен за да го почувствуваш тоа пак. И потоа морав да се седнам сама себе на еден психолошки муабет. :D И расчистив со сама себе. Сега не си правам муабет. :D
    Потоа, конечно оздравев, ама баш сум здрава и се надевам дека ќе потрае. Моментално седам дома, не правам ништо, се држам до здрава исхрана. Оваа недела се опуштив повеќе па шетнав малце чисто за да се опуштам малце. И сега сум одлично. 8)
    Како нова од бутик земена. :D

    Поздрав до свима :d:

    http://www.youtube.com/watch?v=TCBttS_y7lE
     
    На WarriorAngel, WildCherry, LilBaby и 15 други им се допаѓа ова.
  19. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.792
    Баш е рано нели.

    Но, сонцето свети, а тоа е најважно.

    Привилегија е да ги учиш нештата со детска светост, во светлина на чисто срце, вели Барико.
    Колку од нас се изнасмеале слатко како дете? Или заборавиле за миг на сите наоколу и станале личното и обично Јас, полно со болки и радости?
    Некогаш, луѓево се како тегли. Мораш да им читаш во содржина што имаат, зошто навидум се’ изгледа ко расипан џем.
    Премногу емоции за толку многу нешта периодов. Сепак, си го сакам животот, зошто ми дава и раат и рат. А поинаку не може ниту да сакаш да биде.
    Си купив торба за на плажа и апостолки и кој каде и да спомне дека оди на одмор, и јас со него. Едвај чекам да дојде август. Дома се подновивме и спремаме креч служба, парите доаѓаат и си одат... Но мене срцево ми е полно.
    А пред некој ден една женичка во автобус - "Девојче, многу ти е убав шеширот. И јас како тебе, младоста така си ја китев.... Жена со шешир е убавина". Ме разнежнуваат обични ситуации. Животот, сам по себе е прекрасен филм, кога ќе видиш.
    Си ја испративме колешка ни на уште подобро место, си ги изгушкав друшките што сега одат на одмор, се дружам интензивно со сестра ми и си реобновуваме некои подзаборавени конекции, си се држам за она што мене ме исполнува и радува.
    Некако, со самото растење и освестување колку нештата се минливи и менливи, колку луѓето се разјадени од внатрешна злоба и комплекс, сфаќам дека селективно си ги мерам состојбите. Едноставно не ми се дава од себеси за некој кој не заслужува, а мисли дека заслужил. Просто, кажуваш Не.
    Исто како за многу нешта што кажуваш Да.
    Времево е прекрасно за точак и ладовина, некаде во парк. Ми се дише живот. Вчера исчистивме низ цел стан, фрливме катаљон непотребни и по фенгшуи конфузни нешта, го наместивме новиот фрижидер и мерачки ручавме сите 4ца заедно. И тогаш си приспомнувам - нема поважно нешто да споделуваш такви мигови со најблиските. Пиво, шеги. Глупости. Климакс. Сеќавање како делевме 60 квадратен стан со болен дедо и склеротична баба. Како го најдовме стариот рачен часовник на дедо ми, купен во Русија во пеесетите, и колку само тие нешта се непроценливо вредни. Дека поважно ми е татко ми да нема стрес, а мајка ми насолзени очи, да можам да гледам филм со даде и да лапаме Моцарт кугли, дека животот колку што ни зел, толку и ни дал, и тоа е бескраен круг, на кому му верувам.
    Една пријателка ми вели - Секогаш на прво место ја ставаш семејноста, вредноста и сигурноста што таа ги дава, со се сите измени и проблеми...
    Мене така ме научиле и така и јас ќе продолжам. Секоја чест на оние што сакаат да бидат вечно сами. Или не сакаат деца. Или едноставно имаат нешто кое ги обележало и така живеат, во силата на сопствените убедувања. Мене ми е важно утре да кренам Човек пред себе, да одгледам нова приказна. Тоа е мојата мисија и ми е гајле ако звучи банално. Жена сум се’ повеќе.
    Малите грамови среќа доаѓаат како прашинка, не можеш да ги почувствуваш, но наоколу се. Лошите мигови, доаѓаат како камења по глава. Болат, но и тие поминуваат. Како што Рафики му кажа на Симба - после болката останува само сеќавањето од минатото кое живее во нас. И мора човек да си продолжи по патот, едноставно, како во расказ на Хармс.
    Добри и лоши вести слушав деновиве, но се држам за јарболот на бродот силно и распнувам едра.

    "Ќе ми дојдеш во Париз, и ќе си се ре-заљубиме" ми вели либето. Верувам во Љубов, и се’ можам.

    Којзнае колку далеку а близу е целиот мој живот кој (си) го (о)пишувам!
     
    На Moira, anabel-a, Peppermint и 13 други им се допаѓа ова.
  20. Barbie07

    Barbie07 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2013
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    590
    Пол:
    Женски
    доброоо утроо феминкии!!! имајте убав ден! :) :f: :sun:


    [​IMG]
     
    На Gordana10 и Antoninaaa им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.