Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    850
    Допаѓања:
    9.752
    Сите планови за за едно лежерно шетачко лето паднати во вода :D
    На видик работа,работа и тоа мнооооууууууу!
    Контра ефект :D
    Многу среќна :D :D :D
    И то , одморете и за мене че ве молам :!:
     
    На Barbie07, Gordana10, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  2. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Одлучив да си ги решам проблемите. Од денеска повторно сум невработена.
    Дали решив проблем или започнав нов сеуште не сум сигурна, но знам дека сега за сега чувствувам дека ова беше правилната одлука. Нема веќе станување рано и вршење безвезна работа која што не сакаа ни да ми ја платат асално. Епа хуманитарно не сакам да работам и да помагам луѓе кои што се милион пати подобро ситуирани од мене.
    Направив план за овој месец, од денеска почнувам со фитнес и трчање, чисто рекреативно за да ја исфрлам целата негативна енергија од мене.
    Месецов преку глава ми дојде од излегувања, дремење по празни кафичи и вдишување смрдеа на кеј. Од денес и ова го сведувам на минимум.
    Вчера се фарбав, повторно сум црна, некако ослабнав периодов и тие 4 кг што ми сметаа ги нема. Искрено ми се допаѓа ова што го гледам во огледало. Плус тоа што без разлика како се чувствувам секогаш зрачам со самодоверба и среќа, и ова многу луѓе ми го имаат кажано. Веќе кажав во еден предходен мој пост дека сум глумица за оскар. Да, да така е. Нема врска како се чувствувам се додека останатите го гледаат она лице и онаа Мања која што јас сакам да им ја прикажам.
    Се чувствувам убаво, ќе го искористам денов максимално.
    А, да! Одморот оваа година по се изгледа ќе започне на 22 јули. Бугарија ме чека.
    И така, имајте убав ден...
     
    На bittersweet, kravce, anabel-a и 13 други им се допаѓа ова.
  3. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Многу ме интересира кои се критериумите за добивање на среќата и дали можам да ги добијам во печатена форма.Сакам да прашам, дали со исполнување на Дедо Мразовите критериуми, автоматски ги исполнуваш и критериумите на оној кој ја создава среќата или пак станува збор за сосема различни барања.Живееме да ја најдеме среќата, па зошто тогаш да лутаме без инструкции кога можеме да се обидеме да го пронајдеме нејзиниот создавач.Ако некој го најде пред мене и извика „Прв се редам“, стоп јас сум зад него, или еве, „Втор се редам“ да биде се регуларно.....
    Знаете, среќата не е идеал на разумот, туку на имагинацијата.Таа е споредна уличка којашто сите ја сакаат и знаат, но никако не можат да се населат на неа засекогаш.Среќата е прилично мрзелива и многу често се вади на алтруизам.Случајноста е нејзината десна рака без која среќата не би била тоа што е сега.
    Животот на сите нас ни е понекогаш патење и не постои ниту една формула која може да го спречи тоа. Доброто е тоа што колку повеќе страдаш, толку повеќе радости следуваат. Старите не попусто велат дека по секоја болест, животот станува задоволство.
    Затоа, не летајте со рацете во облаци мислејќи дека се крилја. Чекорете цврсто по земја, гледај пред себе и чекајте го вистинскиот момент. А тој ќе дојде, порано или подоцна :!: ...
     
    На Barbie20, WarriorAngel, Angel4eeee и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Кога другар ти ќе ти рече: АЛАЛ ДА ТИ Е, ХИПИ, ИМ ГО НАПИКА НА СИТЕ УФУРАНИ ШТО МИСЛАТ ДЕКА ОНА ШТО ГО РАБОТАТ ТИЕ (патем, и јас истото го работам) Е НЕШТО ПОСЕБНО.
    Да се чуди човек дал сака да ме пофали или индиректно да ми каже дека врска немам :D :D :D
    [​IMG]

    Е го сакам бе!
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Дојдов до таков момент , што заборавам каде и кога сум пуштила CVпа ми треба секунди д а помислам
    :?: што , како? кога ?... оној момент кога ти се јават и те бараат за интервију.
     
  6. girlonfire

    girlonfire Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2013
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    62
    Четврток , петок . сабота па и недела ми беа поврзани и си поминав прекрасно :D четвртокот бев кај една другарка таму си спиев прекрасно си поминавме , петокот во кафич со другарките винце бело си пиевме исто така убаво си поминавме и саботата беше врв малку расположени под притисок на малку алкохол но не претерано една од поубавите летни вечери може да се каже неделата гледање кафе со другаки и раскажување на импресии убаво во секој случај
     
  7. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    СДК денес е 1ви јули! Убав ден и посебен датум во нашето семејство :)

    Викендов ми беше преубав и исполнет, го поминав во дружење, разговор, фамилијарни средби.. одамна не сум имала ваков викенд. Убаво е кога им посветуваш внимание на најсаканите, гестот и вниманието се многу важни..

    А денес понеделнички расположена и весела владее посебна атмосфера во домот. Денов го започнав со нескафе и две мафини колачиња, ги правев во новите калапи кои ги купив пред некој ден.
    Како за прв пат супер ми испаднаа :lol:

    Ми остаанаа да ги дочитам и последните страници од книгата која ја купив , а потоа ќе почнам да ја читам и другата, и таа го чека својот ред. :)

    Имајте убав ден!
     
  8. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Добро утро.
    Се изнаспав пак.
    Ама заслужив.Вчера цел ден шетав.Прво на кафе(читај:5 саати седенка) кај другарка,па после дома ручав и на брзински удрив еден туш,и после пак на шетање.Нозе ме болеа дома кога дојдов.
    И така.
    Сеа ќе си глеам серија,па за после ќе видиме.
    Имајте убав ден. :hug:
    http://www.youtube.com/watch?v=uCg2BoKiuOM
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  9. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    960
    Допаѓања:
    4.031
    Пол:
    Женски
    Она чувство кога во месечниот хороскоп се ти е погодено. Посебно љубовта :rock: :rock:
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Денес ми е роденден зарем толку тажен ќе ми биди :( на таткоми не му замерувам повеќе го разбирам TE SAKAM TATO IAKO GO ZABORAVI MOJOT RODENDEN ;( на другиот несакам ни имаето да му го спомнам но каде се другите :doh:
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    нокеска не можев да заспијам-дури ни Дијазепам од 2 мг не ми помогна
    врти се превртувај се едвај сум заспала
    а на мами што не ке и текне-сакала подетални анализи на гастро да ми направат оти ова е ненормално со цревата што ми се случува и денес бев на контрола прекинуваме со досегашната терапија, треба да се направи пасаж-треба да изедам некаква каша и да се смини за да се види како храната се движи низ тенкото црево- а кога ми рече кај нас е 3-4000 денари :sweat: ама може и на друго место да се направи со сини картони незнам зошто ама ова не ми мириса на добро :worried:
     
  12. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Убав ден..
    Тој му даде убавина на денов!
    На фејсбук речиси и да не се уклучува, но утрово направил исклучок.
    Ми пиша порака со линк од песнава и ми го посветува делот од 2:17 до 2:21 минута.
    :!: Како да не го сакам?
    Ми ја стопли душата, ме стопи, ме разнежни..

    https://www.youtube.com/watch?feature=p ... 4Vk#at=142
     
    На anabel-a, ilipili, Elennaa и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Мразам да одам на фризер,на козметичар,на депилација или на средување веѓи. Сакам се` да научам дома да си средувам или да најдам некои што ќутат и си ја вршат работата. Одиш на релаксирање излегуваш утепан,исцеден,исполнет со туѓи и сопствени маки.

    Не сакам кога одам на фризер да слушам за сите знајни и незнајни луѓе и нивните проблеми. И да климам со главата и заедно со фризерката да глумиме како сме загрижени за некоја си што фатила швалер и си го уништила животот. Гајле ми е.Сакам убава фризура само и толку. Признавам често им се смешкам додека брблаат и оговараат само за да добијам убава фризура и да не ми штрчи некое влакно после. :D

    Исто не сакам тетката што ми ги средува веѓите и со пудра ме шлапа да не ми се познава црвенило после да ме убедува како пудрата е многу корисна за кожата,како ја штити од надворешни влијанија и да ме прави муле. Нека ме остави црвена ќе си одам дома и онака на 5 минути ми е.

    Врвот на одвратноста ми беше кога една девојка што ме депилираше ми раскажа за `уредноста` таму доле на пола од клиентките што и доаѓаат. Исто воопшто не ми е ок,кога еден саат се објаснуваме дека сакам нов восок,ако поскапо ќе ми наплати битно да е нов. А,она ме убедува дека е чист,дека она е многу чиста жена и води сметка за хигена во салонот. Ало,жено сакам нов восок!Гајле ми е дали ги миеш филџаните одма после пиење кафе или се одмараш па ги миеш.

    Ете затоа нешто што треба да ми е релаксирање ме нервира и го избегнувам колку можам.
    Штета што имам две леви раце.Иначе сама ќе си се депилирав,ќе си се чупав и ќе си се шишав. Морам да се научам барем нешто од ова и да се поштедам од тортура.

    Не сакам да навредам ниту една професија,ниту генерализирам.Само зборувам за оние ендемични видови што јас сум ги сретнала.
     
    На bittersweet, kravce, anabel-a и 7 други им се допаѓа ова.
  14. elenaecka12

    elenaecka12 Активен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2013
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    7
  15. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    Го познавам девојчево кое е отприлика 3 год. помало од мене.Повеке ја знам мајка и.Мајка е мирна жена,ама со Моника нема шала.Не смееш ништо да и кажеш со поглед ке те убие.Таа мора да биде главна.Господе Боже или леле мајко |( .Не знам што се се умислува.
     
  16. snegulkabela

    snegulkabela Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    134
    само едно :puke: и уште едно :puke:
    Срамота!
     
  17. elenaecka12

    elenaecka12 Активен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2013
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    7
    iskreno jas ja imam mnogu pati tepano poradi ova posto e greotA
     
  18. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    сдк дека не се плашам. можеби малку но нели нормално е живи луѓе сме...

    и баш би сакала ова да го поминам сама, знам и можам себеси да се утешам и да застанам на нозе но не и другите за мене...
     
    На Moira му/ѝ се допаѓа ова.
  19. zarah

    zarah Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2012
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    1.557
    Пол:
    Женски
    Високи потпетици, кожа што мириса на боровинка, по некој скриен поглед... и сфаќам дека не ми треба времето што наводно лечи се (и упорно сите го бараме во секоја аптека), туку лето. За нов аналгин ги прогласувам неон маичките и лелеавите кошули, на терапија сум со миризливи лосиони и многу нови весели луѓе сè додека не ме хоспитализираат од консумирање премногу водка и коктели.
    Сите бои во лето се поживи, па дури и онаа на срцето што давало безрезервно, толку долго, само на еден човек, не добило ништо за возврат и на крај се истрошило. Насмевката е искривена во парабола свртена нагоре и покрај ветувањата што паднале во вода... и продолжува да се шири.
    Јас и понатаму верувам, и покрај тоа што „ljeto je varljivo“...
     
    На anabel-a, Boleyn.7, ana-girl и 3 други им се допаѓа ова.
  20. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    648
    :hai:
    Се соочувам со прилично тежок здравствен проблем но и покрај тоа јас сум среќна. Кога одам на болница ми е еден свет гледам што повеќе да се трудат да се излечи тоа што треба, а кога сум со другарки гледам тотално да уживам. Не е болка за умирање , имам 16 години лето е 1 јули треба убаво да се одмори. Па така и покрај проблемот јас си уживкам во летото , си кроиме планови за на некој мини одмор со друштво, за на пиво фестот , за sleepover кај другарките низ Македонија , плус некое концертче..
    Со моите тешко дека ке оствариме одмор во оваа ситуација но јас ке се задоволам и со 5 - 6 дена во Охрид кој го немам посетено добри 3 години.
    Тешко е не велам не , неубава ситуација , ама после дождот доаѓа сонце, после лош ден следи убава веечер.
    Ги живеам најубавите години грев е да ги испуштам. Јас тотално се променив. Физичкиот изглед веќе не ни коментирам , променет е преемногу. Психички сум многу постабилна личност со голема самодоверба , поотворена, повесела, секогаш расположена за дружење, журки, по некое детенце. :$ Убавко е кога ке се заљубиш.Всушност не сум баш заљубена ама ете така ми е убаво кога ке го видам.. :$ :) Ке ми се насмевне , јас нему и се чувсвувам убаво, исполнето. Се е започнато на мајтап , но не се знае што следи, а јас се надевам на убав период. :wasntme:
    Ви ја праќам целата среќа. Ве сакам многу. :inlove:
    Убав ден. :*
     
    На vinozito1, Barbie20, COollLady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.