Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Денес се пројде како што треба, едвај чекам да почне проектов е тек тогаш ќе частам и тоа како :)
    Утре сум на многу битна дипломска, кај гордоста наша, едвај чекам се радувам како да е моја :clap:
    Задутре пак, ми е последен ден од праксата :doh: ич нејќам да заврши, ама тоа е, затоа што...
    Утредента ми е роденден :^: :party: ништо конкретно околу тоа кај ќе го славам немам, ама ќе ги соберам тие што ги имам на ум и ќе ги почастам негде 8) и потоа треба да одморам и да одам на одмор, и ја имам душа нели :D

    Ииииии така ви викам, коа ќе затера, затерано е :lol: само за арно да е (не за добро, за арно! Чим Слаткарон ја стави таа реченица в уста, ми се одмиле |( ).
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Најпрво СДК дека еве еден месец помина како одам на работа и денеска ми стигна платата и неможам да ви опишам колку сум среќна иако малку се чувствувам како пензионерка пошто тие земаат денеска пензии :lol: .Можеби се малку(8500 денари) ама сепак ова се мои заработени пари и конечно се чувствувам онака самостојна, возрасна.
    Исто така морам да кажам дека денеска се чувствувам ептен среќно и исполнето. Ми годи сонцето и тоа премногу, а и ветре дувка мх мх мх мераци. Доста беше врнење сакам лето, сакам сонце, плажа, да си се слечам по купачи и да си уживам цел ден пиејќи коктели како по филмовите.
    Едвај чекам да заминеме на одмор со другарките, еве го кај е 27ми Јули. Премногу сум возбудена затоа што конечно ќе се собериме сите заедно на едно одморче без дечковци и ќе си изнауживкаме.
    Исто така со душа чекам дечко ми да си дојди од Скопје, конечно заврши со полагање и да си се изнавидиме како што треба.
    Гооолем поздрав до вас луѓе, имајте прекрасна вечер иако е понеделник.
    :*
     
    На kravce, Elennaa, WarriorAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.464
    Зошто?
    Зошто се растажувам веднаш а? Зоштооо???? :( :( :tmi:
    Зошто никој не ми одговара во темата „Женски парфеми“?
    Зоштоооооо?
    А тој одговор ми е толку многу, многу важен?! ;(
    :worried: :x
     
  4. Perina

    Perina Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    321
  5. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Уморна и пресреќна. :D :inlove:
     
  6. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Се чувствувам паметно и возрасно. :D Горда сум на себе ^_^ :bow:
     
  7. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.750
    Допаѓања:
    3.596
    Пол:
    Женски
    Може ли барем еден ден да се одмориме од политиката?
    Не разбирам, стварно.. Да неможе чоек да си прошета како шо треба, зборувам за постарите, ма и за помладите кои се опседнати со политика. Знам дека тоа е тоа што го врти светот и дека без политика си без работа,без поддршка,без ништо ама ајде оладејте бре малце.!! Денеска главна тема беше влегувањето на Хрватска во ЕУ, додуша никој не рече нешто лошо но мене ми станува лошо кога ќе помислам на политика, зошто политиката и парите си одат рака под рака. Ејј замислејте го светов без политика, без пари- тогаш најверојатно сите би живееле убав живот и на никој не би му недостасувало нешто. Шо има потреба од истото.. Секој ден едно па исто- ЗОШТО УШТЕ НЕ МОЖЕМЕ ДА ВЛЕЗЕМЕ ВО ЕУ? |(
     
    На vinozito1 и Someonespecial им се допаѓа ова.
  8. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.279
    Под закрила на прангите во денешниот релативизам, во мене надвладеаа празината и дестуктивизмот.
    При пуштање на нивните корења, надежта се предаде на ветерот, кој ја однесе каде стигна и ја сузби
    во далечината.
    Мислев дека моето време ќе биде доволно исполнето.
    Мислев, ќе бидам среќна?
    Сега се чудам на мојата наивност и невиност.
    А прочитав дека не постои пат до среќата, туку среќата е патот.
    Тогаш ајде, зошто кога ја разбранувам со позитивни вибрации и насмевка, таа не доаѓа?
    ;(
     
    На lunicka и vitomir им се допаѓа ова.
  9. Kaley

    Kaley Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    1.306
    Допаѓања:
    3.037
    Пол:
    Женски
    Денес почнав да стажирам во аптека и ете убаво помина првиот ден, сакам да си ја покажам својата најдобра страна и да го фатам ритамот на работа. Па добро е за денес успев да научам барем нешто нешто :lol: ах многу има за памтење не е така лесно, но знам морам да бидам упорна ако сакам да успеам...Сега и јас се фатив на орото па мора да го играм. :?:
     
  10. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    СДК форумов е прекрасен поздрав до сите кои што се тука и сите кои што уживаат некаде далеку од тука :*
     
  11. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Јухууууууу,утре идам у теретана со ултра супер дечко со стомачни :inlove: :inlove: :inlove:
     
    На sadangel и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  12. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.797
    Допаѓања:
    100.519
    Пол:
    Женски
    Значи како сум нервозна од овие глупи хормонски апчиња.Ме пореметија скроз.Нервозна сум,би гризнала жив човек.Некако како по цело тело нешто да ми лази,се загледувам ,драскам,чешам,уште да го запнам грбот од касата на врата,поштено да се исчешам.[​IMG]Се чудам како не убив се пред себе [​IMG]

    Си велам жено касни си торта,па и ако после не можеш да си дојдеш на себе од количината на шеќерот ,може тоа да те смири [​IMG].И си каснав.Е сега не сум нервозна ама уште се чешам.Можеби треба уште едно парче да мавнам?Па што знаеш можеби тоа е лекот....Во меѓувреме дури го пишувам постов отрчав во фрижидерот и самиот поглед на парчето торта ме смирува...И како после да не јадеш торта во терапевтски цели.Како?

    Маж ми го телепортирав кај мајка му.Не можам и него сега да го поднесувам.[​IMG]

    Ме изнервира повторно другарка ми.Значи во Норвешка е веќе 2 недели ја гледам постира слики,коментира ова она,јас молчам.Искрено очекував барем една порака,да каже добра сум,убаво ми е,ова она.Не очекувам и не сакам секојдневни извештаи.Кога сабајлево една сиромашна порака,секако откако јас прва и напишав ,демек немала интернет и таму било како на друга планета.Мислам...што да кажам.Како може да немаш интернет а постираш слики.Се прашувам кој е овде луд,кој збунет,кој нормален.Не драга моја очигледно ти не сакаш да пишуваш.Во ред е .Би ме изненадило да направиш нешто неочекувано а ова е толку...ниско.[​IMG]
     
    На bittersweet, NoellePage, Hipster и 21 други им се допаѓа ова.
  13. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк закон за привлечноста и те како функционира,какви сте такви личности привлекувата,затоа немој да се чудите како може мене ова да ми се случи,а несвесно вие сте го привлекле,не сте ни свесни,за се е така и за љубовта.

    Поточно какви мисли таков живот. :)
     
  14. SEKERLEMA

    SEKERLEMA Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    408
    Ако животот ти даде лимон, направи од него лимонада ;)
     
    На srcekrsacka и vitomir им се допаѓа ова.
  15. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    го читам она што и го пишав на другарка ми дека ке стиснам заби и ке издржам, силна сум си јас морам за снимањето што прво треба да изедам Браунова каша-кога се мора се мора :x ама пред тоа 8 до 12 часа гладна како што читав на нет :worried: ке биде што си ме мајко родила :sweat: и баш читав скоро дека првата мисла кога стануваш наутро дека е нов ден и дека нема да дозволиш на никој да ти го расипе-топ мотивација и охрабрување :!: -иако морам да признаам дека ретко кога ми успева ама не се откажувам :)
     
  16. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    Земи Текила и сол и журкај се ... ;) :wasntme:
     
    На Hipster, imelda и kravce им се допаѓа ова.
  17. macedonia.timeless

    macedonia.timeless Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2012
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    137
    Скд.
    Замислете си на одмор сте во мк, и секој втор ве прашува каде е подобро.
    Е абе каде ее подобро тука или во швајцарија ?
    -Тука ! Па велат : ехх тука, таму имаш пари, имаш живот а што тука,
    -Во цх ! Е аман бе та тука ти е родната земја не може таму да ти биде подобро.
    -Секаде ! Како бе секаде ? Не мешај баби и жаби на едното место мора повеќе да ти се свиѓа.

    И се така
    Не знам како да постапам го мразам тоа прашање.
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  18. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    јас само да ве поздравам сите, ми недостига фемина I феминките сите но некој период ке ме нема малце Bидејки испадна многу неочекувани работи,како и да е издржав до сега ке издржам уште малце а потоа Kе бидам пак тука. Pоз
     
    На Katerinceee, Kaley и duffi им се допаѓа ова.
  19. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    386
    Незнам дали некои се родени да бидат продавачи ,да ти увалат да докупиш уште нешто или ,некои луѓе се раѓаат со потреба дека ако го купат може па и ќе им се најде.
    Сега нема да се фалам дека си купив Шарк ,па устпат и ножеви ,па и клуб картичка си отворив која не е без пари само 1300 ден ,и на крај за да освојам незнам некоја си звезда плус в па докупив и некое си апаратче што брка инсекти ,јас мислев комарци ,ама кога доаѓам дома и читам сите инсекти набројани а комарец никаде :worried: ,а тоа ни малку ни више ме кошташе 1000 ка.
    И сега наместо 6000 јас спичкав 10000 ,и сето тоа ради таа фина продавачка која така добро ме обработи што сега незнам кај да ја кријам фискалнава од мм ,не ради парите туку ради глупостите што ги изнакупив плус.
    За жена подобро е мањак пари неголи вишок.
     
  20. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    960
    Допаѓања:
    4.031
    Пол:
    Женски
    Ете и јас да се поздравам од форумот, нема да ви пишам едно 10-на дена. Ќе одам кај баба и дедо на село, на чист воздух а потоа журкање во Струмица кај тета :rock:
    Ќе ми недостига форумот посебно ќе ми недостига темата СДК.. но кога ќе си дојдам ќе надокнадам одма ;)
    Позз до сите :*
    Ви посакувам убав почеток на месецот Јули :hai:
     
    На Someonespecial, eliesaab, COollLady и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.