Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    ~~~~~

    Паника, паника, паника!
    Утре полагам, а не ми е гајле ама ич!
    Чудно за мене. Кој ли е проблемот?! :geek: :talk:
    Заљубена сум ко тинејџерка, која штотуку си фатила дечко и не и' е гајле за оценките! :D
    Лебдам... Убаво ми е... ^_^ :makeup:

    ~~~~~
     
    На bittersweet, Izaabella, Someonespecial и 9 други им се допаѓа ова.
  2. charliee

    charliee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2012
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    716
    Пол:
    Женски
    ma nek ide sve kvragom ne treba mi niko bolje mi je sama,ako neko trebam nek me on trazi!!
     
  3. VIN.diesel

    VIN.diesel Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2013
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    420
  4. Lepor.Lepos

    Lepor.Lepos Активен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    21
    Дали е глупаво да живееш за идеали кога се околку ти покажува спротивно?
     
  5. innamylove

    innamylove Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    379
    Допаѓања:
    231
    Сакам да кажам дека........... имам повеќе пати постирано на фемина за хуманост за животни на кои им е то потребно и сигурна сум дека пола од сите вас е во можност да помогне али несака, сакам само да им кажам на тие личности ( има исклучоци ) свака ви част, бидете ПУНИ СЕБЕ, додека вие одбивавте да помогнете а сте биле во можност невино душиче во тој момент ја изгубило душичката!! :@ :@ :@ :@ :@ :@ :@ :@
     
  6. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    576
    СДК дека вечерва си поминав преубаво и ви посакувам на сите да се чувствувате како јас што се чувствувам моментално. :inlove: :*
     
  7. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    Се мразам што сум срамежлива |( и свесна сум дека би постигнала многу повеќе да не ја имав таа особина,порано бев претеризам сега не сум толку ама пак сум.И толку сум си неписмена со технологија што неможе да биде абе еден пасворд да неможам да запаметам туууу,а што ми се спие а јас уште си дремам на фемина знаејки дека утре треба рано да станам :yawn:
     
  8. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Се чувствувам како огромен камен да ми паднал од срцето... Добро ми дојде разговорот преѓе.
    Иако сум опсесивно психопатче со неконтролиран бес и гнев, кое руши се пред себе кога ќе изгуби некоја личност од животот за која била многу приврзнаа и секако многу и значела... нема ќе се воздржам, ако треба ќе плачам и ќе се потсетувам на се од првиот од последниот ден... се како што беше и убаво и лошо ама нема да се јавам... Доволно ни беше на двата тој пекол што го преживеавме, посебно јас...
    Додека јас ги изразував мојата љубов, недостигање и болка, чувствував како тоа сама себеси да си го кажувам и нема кој да сподели некакво чувство со мене... Много тажно и болно... Надежта ми беше последната опција ама и таа испадна од игра како и сите останати.
    Нема да се јавам, нема да пишам.... на починат човек не можеш да му се јавиш или да пишеш...
    Те сакаф... да со ф зошто беше грешка, јас исто бев твоја не смееше да сме заедно но ги кршевме сите правила, а јас за тоа платив со мојата душа и срце ... Почивај во мир, зошто за мене веќе си мртов ;(
     
    На Barbie20 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. jasBia

    jasBia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    335
    You're gone, gone, gone away I watched you disappear, all that's left is the ghost of you.
    Now we're torn, torn, torn apart, there's nothing we can do, Just let me go we'll meet again soon..

    ..Now wait, wait, wait for me, please hang around..
    I'll see you when I fall asleep..
     
  10. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Некои судат за човекот по тоа дали тој човек дошол од провинција. Па кога ќе го слушнам зборот провинција. Немој големите граѓани сте бе вие старите Скопјанци. А всушност пола од вас со вакви долни предрасуди сте растеле во Ѓорче или Припор. Дивјаци!
    Бљак сте сите вие кои мислете дека сте подобри од сите кои не се родени во метрополчево. Бљак се па и овие другиве кои доаѓаат во Скопје за корка леб и да имаат подобро утре, а постојано мрмљаат како Скопје е едно загадено село со шмизли и татини богаташи. Значи веѓа ми се крева кога слушам волку плитки попувања и ставови. Човекот неможеш да го дискриминираш бе по тоа од кај доаѓа. Запознај го па ќе сфатиш колку тој е подобар од тебе.

    Инаку јас си го љубам Скопје сосе сите луѓе во вистинска смисла. Си го љубам Водно и Градски парк, Жена парк, Педер парк. Си го сакам факултетот, Соборниот Храм, Марков Манастир, Матка, Св. Пантелејмон, Марково Крувче! Го обожавам со еден збор.
     
    На Annath и WarriorAngel им се допаѓа ова.
  11. VIN.diesel

    VIN.diesel Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2013
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    420
    Ке излажеш дека го сакаш Скопје ако не ти го покажале љумфер брдо :lol:
     
    На Nefertitii му/ѝ се допаѓа ова.
  12. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.789
    Допаѓања:
    4.836
    Пол:
    Женски
    Estoy enamorada! :rofl: :lol:
     
    На sweet-cherry, L0ve, Annath и 9 други им се допаѓа ова.
  13. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    И покрај големите подочнаци, правам муабет до 3 саат :fubar: Лето е нели ;)
     
  14. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    ... Me нема,ме нема, и оп наеднаш ќе се изгубам од форумов..

    Се надевам дека сте добри,се надевам дека сте среќни и уживате во животот,се надевам дека се радувате на малите работи,и не се раочарувате на падовите туку црпите сила за нови достигнувања...

    Јас сум добро,море одлично сум,цутам како кокиче во пролет на ова ненормално променливо време.Живеам и се радувам.
    Се вработив!!! Горда сум на самата себе и никогаш во животот не сум се чувствувала поубаво.Имам обврска плус во животот и гордо го кажувам тоа.Имам уште малку за да ја земам првата плата и веќе знам каде ќе ја потрошам,море знам каде ќе ја подарам.
    Решив да и ја оставам на мајка ми,таа уште незнае и знам дека нема да ја прифати.Но верувајте таа плата не вреди ни колку влакно,од се она што имам да и го подарам на таа жена како знак на благодарност и почит.

    Имам нови луѓе во животот,многу позитивни пријатели.Старите се сеуште овде и ќе останат и правам се за да не ги запоставам.
    Заљубена сум до уши...
    Нема поубаво чувство од тоа да си легнуваш и да се будиш со насмевка.
    Се тоа благодарение на него и на они кои ги сакам.

    Тоа е тоа пријателки,чувајте се.
     
    На sesilija, Hipster, sweet-cherry и 28 други им се допаѓа ова.
  15. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    СДК многу се нервирам од тие мамини татини принцези кои што и да посакаат секогаш тоа го добиваат.Од тие мислам косата ми се крева :@
     
  16. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  17. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Луѓе се чувствувам прекрасно!!
    Исполнета сум,излегувам,се дружам со луѓе и тоа без срам. Исчезна срамот во мене.
    Како друга личност сум.
    Летово ми поминува побрзо од кога и да било. Овај викенд веќе е договорено со кој и каде ќе се помине,наредниот ќе славиме родендени,па на одмор и кога ќе видиш...времето летнало.
    Ако! Животот е убав ;)
     
    На zhap4e, Someonespecial и kravce им се допаѓа ова.
  18. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Денов се чувствувам ко милион долари. Нема поубава од мене. :emo:
    Иначе еднаш годишно ги имам овие нарцис моментии и секогаш биле знак за супер период. Ај нека биде така...
    Прееска слушнав од еден рандом човек на плоштад дека лошите врски никогаш не завршуваат. Ме замисли, па има вистина до негде.
     
    На sanjaeva, kravce и Barbie20 им се допаѓа ова.
  19. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Деновиве сум ко изолирана од се`.
    Си симнав една игричка и цеееело време само ја играм. :D Ама не било каква. Ја играв многу и како мала. Си градиш парк, рингишпили, панорами, вовчиња, бродови, замоци, продавнички... :D Ни фб не сум проверила, дури и тука чат-пат ќе читнам нешто и толку. :wasntme: Отсекогаш сум сакала вакви игрички. Имаше уште една... градење на зоолошка градина. Ама чекам прво оваа да ми здосади. :D После тоа се префрлам на симс. :D Дури и заборавив да јадам, ради играва. Ееееј. [​IMG]

    Ја открив тајната на слабеењето. Потребни состојки: мојот памет и на мајка ми. :D Ми рече: - Оди до продавница, купи пченка и оди кај Тетка **** нека ти даде апчињата и антената. :talk: Се вратив. Ете ја пак: - А апчињата кај се? :geek: Налево круг, дупе на југ. Земав и апчињата. Доообро. Само што и ги дадов апчињата: - Еееј, абе и пециво немало дома. Ај оди купи пециво, ќе правам ледени коцки. ^_^ Утре ти е јх ден, ќе може да пробаш. И толку... у срце ме погоди. ]:) Ајде налево втор круг, дупе на југ. И ај викам, им здосадив веќе у таа продавница, нема смисла. Сега ќе идам у друга. [​IMG] Отидов у другата. Затворена. Цврц. [​IMG] Назад у другата. Купив битно. Се вратив дома и ми текна... - Денес ми е скробен ден, требаше пуканки да си купам. [​IMG] Ама ми се смачи, жива вода станав. И не отидов. [​IMG] Башка вчера вежбав според некои видеа на youtube. И денес секое мускулче ме боли. [​IMG]

    Си пеев: - Во мене душа не остана, да можам да преживеам... Со дел од себе постојам, во мускуливе умирам... [​IMG] И тоа, би било тоа. У „кратки“ црти. Јас отидов да си ја играм игричката. [​IMG]
     
    На sweet-cherry, Espadrila, ilipili и 4 други им се допаѓа ова.
  20. manta123

    manta123 Активен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    10
    I takaa jas sum na odmor vo Viena no sepak sakam nazad vo Makedonija, neznam zoshto no se mi fali vo Makedonija a treba da chekam ushte 15 dena dodeka da se vratam ;( ;( I MNOGU SE NERVIRAM VAKAA :envy: ama toa ti e ZHIVOT !!! :!:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.