Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.111
    Допаѓања:
    67.002
    Пол:
    Женски
    Е многу се нервирам кога не можам да најдам некоја книга. Ќе прочитам критики, содржина и ќе ме закопка, а после нигде ја нема. :^) Имам список на книги кои ги чекам да излезат на нет, покрај оној must read. Колку книги имам за читање, а пак си барам нови и нови.
    Утре ќе одам да си измерам диоптер и да си земам наочари. Мислам, ова супер ми се надоврзува на претходниот муабет. :rofl: Ама овој пат ќе си земам некои поштосни и што ќе можам и надвор да си ги носам, не ко претходните тегли само по дома што ги носев, ама беа огромни, да ми се опфаќа целиот простор. Е не.
    Инаку не знам што си мисли оној што почнува форумско/фејсбуковска војна (и тоа го има :rofl: ).
    Па нашол и со кој богами. :lol:
    Ајде, сеирот е битен. :rofl:
    Не знам што сум некако раздрдорена деновиве, ама крајот не ми се фаќа. А обично мудро си молчам и посматрам. :bandit:
     
    На Tedi.Bear, sweet-cherry, Someonespecial и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    СДК типот ја сакал, она не го регистрира и трча по друг, другиот ја лаже дека нема девојка, ја легнува, девојка му после некое време дознава, и кажува на другава, и после оваа другава глуми жртва, а претходно знаела дека овој има девојка, ама после и раскинал. И сега типот што ја сака оваа почнува да се дружи со девојката на преварантот и полека полека одиме кон расплетот. Изгледа девојката и типот ќе си бидат морална поддршка еден на друг :x шпански сапуници имало и во моево окружување. Бог да чува...
     
    На Barbie20 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.991
    Голем, преголем успех на една моја драга личност со која не сум во контакт веќе 4 години.

    Случајно на фејсбук ми излезе слика, насмеана, среќна.. дипломирала на врвен универзитет..
    Боли, премногу боли што не можам да и честитам, да и се јавам да и кажам колку сум пресреќна, колку се радувам и ми е криво што не можам да ги споделам со неа убавите моменти, и мои и нејзини.
    Заедно сонувавме за тој ден, заедно се трудевме, учевме, работевме, спремавме документи, сега јас на еден крај таа на друг, ни се остварија соништата а не можам да ја гушнам да и кажам колку се радувам.

    Тоа е ...
     
    На VIN.diesel му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Овој пат не вртам нов лист. Ја менувам книгата.
    Почнувам нова.Поозбилна,а истовремено интересна и исполнета со љубов и насмевки :)
    И што е најважно,нема да дозволам негативни лица да се замешаат во содржината и да ја уништат книгата.
    Старата ја фрлам во оган,заедно со личностите кои ми го уништија животот.Веќе не ги ни спомнувам.
    А страниците со убави работи ќе ги чувам за себе...засекогаш.

    Се чувствувам позрела,поодговорна,попретпазлива...

    Добро се рекло,болката го менува човекот,и го прави посилен.
    И секогаш паметот доаѓа после направените грешки.
     
    На Christina.A, anichka94, esperansa777 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    што им е на лугево
    не можам да ги сватам
    и пишав на една познаничка од основно-се знаеме и семејно и ми вели со другарка и не зборува веке 4 и пол години а во ист влез живеат-влезот има само три стана и тие две не зборуваат молам :^) сакав да и пишам ти мене ме зезаш ли :?:
    од друга страна па и не ме чуди-две жени да ги ставиш во кафез има мегусебно да се изедат-конкуренција една на друга што ке бевме леле не можам да се изначудам :x што сум женско а камоли спротивниот пол и нормално за нив сме несватливи
    дури сега свакам некои работи-дека најдобар другар може да биде машко-и тогаш треба да се внимава :!:
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Незнам како ќе спијам во оваа жешка вечер со болки во стомакот од проклетава менструација :sweat: :doh: Како и да е, среќна сум пошто се' е во ред и блескам како сонце :sun: Но бидејќи сум во фаза на менување расположенија не се чудете ако утре сакам крај на светот или ако испукам некој :wasntme:


    :yawn:

    Добра ноќ и слатки соништа |-)
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Girl-50

    Girl-50 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    842
    Некако ми се спие... |-) уморна сум и сакам што побрзо да си легнам.
    Ама си најдов добро филмче :~: и сега прво да го догледам, па ќе спијам :wasntme:
    Денеска беше убав ден. Спокојна сум. :)
    Спешл во право си во врска со слаткишиве :sun: И ја многу сакам да ги гушкамм :hug:
    Срцки се, нели? ^_^
    [​IMG]
    Добра ноќ на сите :*
     
    На Sweety-90, Tedi.Bear и Someonespecial им се допаѓа ова.
  8. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    Нешто не ми се спие па ај ќе седам :D
    Ама затоа има веќе некои кои што спијат или имаат намера да си легнат :*

    1.
    2.
    3.

    Спијте мирно и слатко како овие бебуши и немојте да сонувате бубачки секоја вечер како мене :bug: :bug: :shake:
     

    Прикачени фајлови:

  9. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    ... ми тежи на душава и ќе го речам, ако треба нека изгорам.
    Каде и да се свртам деновиве, само нешто читам за животинките (читај: кучињата, зашто само они се животни ако не сте знаеле, се прашувам кога ќе видам така потресени души за мачиња, гуштери, гулаби...), значи стоп за еутаназија на бездомните, мали, слатки, невини, паметни кученца...
    Значи и врапчињата знаат и нема што да кријам - јас се плашам од животни, од кучиња па посебно, не ги мирисам, не ги сакам во моја близина и мразам луѓе кои упорно ме убедуваат - ама не се плаши моето е мирно, ама ти не знаеш колку ми е паметно кучето, ама вака, ама онака... |(

    Ми се вртат точно 5 мрцини (да, така ќе ги наречам со легитимно право), мрцини пред зграда ден и ноќ, полни болви, а навечер заспивање НЕМА, зашто си имаат лајачка сеанса до кај 06 сабајле... а после ти дошло времето за станување, е тогаш се смируваат...

    Јас не сум ниту крвнички настроена кон животниве, не ги гибам и за возврат барам да не ме гибаат назад и да не ми го реметат тоа мало парче мир што го заслужуваш со сите проблеми наквачени на глава, ама не. И ги гледам така и си викам - ајде јас што не ги сакам, не ги сакам, каде се сите загрижени љубители и заштитници на животни што немаат абер да ги згрижат, да им посветат внимание...

    заборавив, они се редат пред мене во супермаркетот, се пребројува во новчаникот дали има за леб, битно купила специјална паштета за кучето нејзино... добро мори жено, нетачна си или мрдната?
    Што постигнуваш, демек толку сум разочарана од луѓето, уфффф, од уста двојам, ама на кучето ќе му дадам и ја оправдувам народната - тоа е мојот најдобар пријател.

    Па облеки за кученца, па тракатанци, па загрижена цуцава - леле кој ќе ми го чува прцулов додека сум у Грчка, многу сум си приврзана, бре бре, сељанка недоделкана ала Парис Хилтон, го пикнала у ташна, куче ли е, глушец ли е...
    Па алергично и било прцлево на џигерче... стоко една непрокопсана, народот плаче и рмба за парче леб (буквално) она курташак игра со миленичево.

    Читам хуманитарни повици, се молат луѓе за донација од 100 ден. да се спаси нечиј живот, нечија мајка на две дечиња, нечие детенце, она не знам каков ми ти шампон купувала за крзненцето на кревково гревче, мала загрижена светица...
    па да поцркате бре од нечовечност и немање приоритет, од помодарство и простотилак.

    И ги жалам и тие кучиња што ви се миленичиња!
    Да ти се серам у простиот народ!
     
    На Biggie, bittersweet, Tenna и 11 други им се допаѓа ова.
  10. Butterfly14

    Butterfly14 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    456
    Си се вратив јас и пола саат ми требаше да прочитам се што сум пропуштила.Требаше да останеме повеќе ама некако досадно ми беше.Ај доста е.

    Морам да се ставам на диета.Вака не оди.Преку ден спијам, а секоја вечер седам, гледам серии и јадам.Ако продолжам вака ќе биде лошо. :x
     
    На Katerinceee му/ѝ се допаѓа ова.
  11. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    За Трендафилка...

    Да ти кажам грешиш овде. Значи и јас не го оправдувам тоа размазување на домашни животни и луксузирање со специјални јадење, паштети итн (освен ако самото животинче не бара само таква храна, ама тоа како ќе го навикнеш).

    Ама во секој случај СУМ за овој проектот што е против еутаназија на бездомни животни. Да не зборувам пак колку ги сакам животните, колку сум против било какво нивно малтретирање и отстранување од улиците.
    Искрено, може ќе звучи грубо ама не разбирам што толку ви сметаат. Гледам, групите за вдомувања се трудат да најдат домови за сите, ама тешко оди пошто на луѓето изгледа им е битно што не се расни, вакви или онакви, небитно. Сакав да кажам дека ете, едноставно не ги разбирам таквите мислења, ама најпосле секој со свое размислување. Ниту ми смета што насекаде се збори за тоа, напротив сакам што поголем успех да има акцијата. И патем против еутаназија на сите бездомни животни, никаде не е нагласено за кучиња.


    Мене овде одамна ме нема, а се кога ќе пишам по случајност некој пост сврзан со животни итн :lol:. искрено, друго немам и што да пишам. Гледам доста е изменет форумот, многу нови челнови, се осеќам веќе како староседелец овде :D .

    Како и да е, бидете поздравени сите :).
     
    На ilipili, CoverGirl10, sweet-cherry и 8 други им се допаѓа ова.
  12. PinkGir123

    PinkGir123 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    759
    Mi se spie mi se place ama nemozam na rabota sum. Denes imav dosta aktiven den i sega rabotava plus/ Vi zaviduvam na site sega sto ste doma i si lezite vo vasiot krevet iskreno . I latinica bidejki sum od telefonot
     
  13. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    ДОБРО УТРО НА СИТЕ И СРЕЌЕН ДЕН...Не многу често можам да кажам дека сум испила УТРИНСКО кафе, не е утринско зошто секој ден го пијам првото кафе после 2 часот попладне бидејки тогаш станам па сакав да променам нешто во мојот живот да осетам едно свежо пријатно и толку прекрасно утро па макар и по цена да не заспијам цела вечер.Знам ако заспијам нема шанси да се разбудам па цела вечер си ја преседов за да видам како изгрева сонцето како сите брзат некаде на работа , како полека се осветлува целиот град. И верувајте дека чувството е прекрасно, да знаев дека толку е убаво едно утрро и полно со надежи и ветувања одамна ке го правев ова но од денеска верувам...Сите кои веке сте пудни сварете си едно кафенце и по можност излезете пијте го надвор во двор на тераса бидо каде битно е да се осети топлината на кафето во ова свежо утро..Денот е прекрасен СРЕЌЕН ДЕН НА СИТЕ
     
    На Barbie20, lolita97 и vinozito1 им се допаѓа ова.
  14. Perina

    Perina Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    321
    За добро утро, и не заборавајте! :* :hug:
    [​IMG]
     
    На lolita97 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Aбе Tрендафилка не е растена со миленик, затоа така размислува :D . (може со по некое домашно глувче во зидот и толку :rofl: )
    Aбе, точно е тоа дека да, одат пари и за миленикот да не се зезаме сега.
    Aма кој има љубов желба и трпение ќе чува.
    Jас сум премногу приврзана за моето и кога сум надвор од Mк, без срам ќе си кажам повеќе за нејзе се припотресувам :D .
    Mајка ми кога почина, верувајте или не, кучето со мене плачеше,со мене лежеше и ме гушкаше цело време- Bо очите и се гледаше тага за мене.....
    што морам да си признаам дека еден прцул многу ми помогна да си ја пребродам и таа депресија.
     
    На Tedi.Bear, DzingrlakaDzikica, ilipili и 14 други им се допаѓа ова.
  16. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Не е само за кучињата иницијативата ;)

    Јас ти го разбирам револтот до некаде. Искрено... се додека немаш милениче во твојот дом, тешко дека ќе ги разбереш оние што си ги сметаат милениците за член на семејството. Што не ни мораш да имаш :) само да нагласам дека кога немаш можност да се поврзеш со животното поблиску, ќе немаш можност ниту луѓето што тоа го прават, ниту животните да ги разбереш. Па и мене дури сеуште ми се чудни оние со чивавине што ги носат во раце, исто како мајка да видам што претерано го разгалува детето. Кој како сака нека ми извини за споредбава.
    Нечовечност? Нечовечност затоа што си го сака миленичето? :^)
    Не можат да зборуваат, да се вработат, да купуваат со пари, да се снајдат со живеалиште... потполно се препуштени на нашата милост или немилост. Чија вина е што има бездомни животни? Повторно наша, на луѓето.
    Да не филозофирам многу, муабетот ми беше ова. Па секој од нас, ако не секојдневно, барем во месецот си дозволува поскапи работи, ако не за себе, за блиските... зошто ние не одвојуваме од тие пари за некое болно детенце (што патем, да имаме држава како што треба, таа треба да си го покрие тоа). Зошто 700денари за пудра, кога може на 7места да дадеш помош. Да не ги набројувам.
    Искрено верувам дека си изреволтирана од некоја поединечна особа, за тоа е мислењево. И ако ти сметаат бездомните кучиња пред твојата зграда, повикај некое од здруженијата за заштита на животните. Ќе ги однесат на ветеринар, ќе ги прочистат и вакцинираат и ќе им побараат дом.
     
    На DzingrlakaDzikica, ilipili, imelda и 13 други им се допаѓа ова.
  17. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    На моменти посакувам времето да се врати назад.Ех,да можеше. ;(
     
    На lolita97 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Родена сум со куче во куќата, и цек живот имам кучиња. Страв што е, незнам. Ни јас ни било кој од моето опкружување. Кај маж ми е истата ситуација, кучиња дома имало отсекогаш. Е арно ама, еве јас имам хроничен страв од мачки, ми имаат расплакано мајката 100 пати, и несакам да ми се мотаат блиску до мене. Вујко ми пак е мачкар по дефиниција. И сега не треба да одам кај него, или треба да колнам и тепам се што е мачка? Не се слагам со Трендафилка, ама ич. Исто како Лудото, кога почина татко ми, моето куче ме избави од тагата, се мачеше од петни сили. Кловн се правеше за да ме орсположи! Претходното куче ме чуваше мене и го порасна брат ми. Не оставале од мали сами дома ине се секирале, затоа што знаеле дека кучето нема да дозволи ни да се сопнеме, не дремнување додека не дојдат моите. Кучето го шетам со маска и поводник, никогаш не е пуштен од ланец сам да се ашка кај му е ќеиф. Дресиран е, живее внатре во куќата и во двор излегува само за физиолошка потреба која ја врши само на едно место. незнам, и несакам да знам како е да се зивее без куче. Стравот го почитувам колку и да не го оправдувам, и доколку некој се плаши го затворам, што не е случај со мене и мачките, кога некој има мачка ја игнорирам за да не ми доаѓа, не драмам. Купувам се што треба за него, затоа што е член од фамилијата, рамноправно се брои во буџетот. Не сме тачни за околината?! Е баш ми е гајле право да ви кажам. Не го шетам по торби и не го облакам ко идиот, си живее лагоден кучешки живот. Така било со сите, така и ќе биде со сите.
     
    На ilipili, imelda, CoverGirl10 и 9 други им се допаѓа ова.
  19. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.909
    Допаѓања:
    177.220
    Пол:
    Женски
    СДК.... денеска е еден од оние денови кога едноставно сакам да сум сама...
    Станав рано сабајлечки и како и секоја добра ќерка бев кај него, кај мојот непресушен извор на солзи. Денеска му е роденден. 2 роденден негов.. без него. Пекол. Што да ви кажувам... Овие денови, ги мрзам.... страшно...

    Осудувајте ме, ако така мислите... ама јас сакам да ве понудам со парче колач за душа од татко ми..
     

    Прикачени фајлови:

    На bittersweet, Monna.Monna, Tenna и 25 други им се допаѓа ова.
  20. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    “Lucy: Do you think you have Pantophobia, Charlie Brown?
    Charlie: I don't know, what is pantophobia?
    Lucy: The fear of Everything.
    Charlie: THAT"S IT!!”

    Не можеш да си дозволиш нити за секунда да вдишиш и издишиш,ама, онака...безгрижно да напуниш и испразниш плуќа, макар и со овој гнасен скопски воздух да се напуниш.
    Одма ќе предизвикаш некој.
    Ако не те фати за гуша ќе те испрашува „што ти е?“, дур веќе ти се одмили да воопшто дишеш, не па да, онака, мераклиски се изнадишеш.
    Ми треба моето возење со воз до... па и до пичке си материне, исто би било ептем добро. :D Некој да е за.
    Ма карма-сарма. Ја само се надевам у прошли живот сум била огромно копиле од човек. Мнооогу се надевам, инаку, чуму сево ова, мајќе ти твоја :D

    http://www.youtube.com/watch?v=pwS39r771hE
     
    На bittersweet, kravce, anabel-a и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.