Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.444
    Допаѓања:
    91.757
    Пол:
    Женски
    Не сакам родендени, ИЧ не сакам родендени. Особено мојот роденден ми е ама баш мака. Не сакам кога луѓето треба да се припотресуваат што подарок да одберат, па дали ќе се погоди или не, па дал гледаш да го купиш ко за себе или за славеникот.
    Утре е тој ден, мојот ден. Иако околу мене не сакаат родендени сепак го има прашањето- Ќе има нешто, ќе правиме нешто? Ќе правиме, каде, што, ќе ни текне во моментот кога ќе излеземе.
    Само за ланскиот роденден се припотресов, сакав свеќички да дувам :wasntme: И дував :wasntme: ама желбата кој знае каде залутала. :^)

    Со него полека се средивме. Одиме за рака фатени и како да лебдиме. Блескаме двајцата, насмевката од лицето не ни се трга. Се чувствува љубов, баш љубов.
    Се навикнавме постојано да сме заедно, а двајцата планираме кратко патување од по 2,3 дена посебно. Ќе бидат интересни тие неколку денови...
     
    На bittersweet, tweety26, ozbilnazena и 15 други им се допаѓа ова.
  2. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Ааа Трендафилке не е убаво така, сега ти сите нас кучкари не стави во еден кош и не изруга поштено, и не направи бездушници затоа што сме решиле да чуваме куче и на истото сме се посветиле целосно.
    Јас ќе зборам за мојата кучка, значи разгалена е, но ако мојата секогаш јаде квалитетна храна, ако е бањата со добри шампони, ако спие на Дормео, ако никогаш не е оставена сама поише од 12 саати туку обавезно некој е со неа незначи дека сум умоболна, баш напротив себе се сметам за доста психички стабилна. Моето куче на пример е прехуманизирано, она чуствува и возвраќа љубов, знае да се лути, се мази, се гушка кога сум тажна и прави будала од себе за да ме расположи, она не размислува кога треба да ме заштити, спремна е да се жртвува без секунда размислување. А размислува верувајте, попаметна е од многу луѓе што ги познавам.
    Нормално за да и биде сè потребно овозможено месечно се одвојуваат средства од домашниот буџет, но искрено тие 50 евра пре ќе ги дадам за кучето кое знам дека искрено и безусловно ме сака отколку да излезам во кафана и да си ја полнам главата со сиот овој кич и простотилук кој не преплавува. Реално еден ручек или вечера во нормален ресторан со сите салтанати никогаш не ме коштал помалку од 2000 за двајца.

    Е сега облекувањето, пикањето по ташни, влечењето по кафичи ми е поише измачување отколку разгалување, незнам што стана толку јака шема ама уопште не е пријатно да видам нечие куче како се лигави по чаши и чинии, иако моето дома со мене дели све, дури и перницата понекогаш.
    И се сложувам за упикувањето со сила, јас секогаш кога ќе ми дојдат гости без разлика дали се љубители или не, безразлика дали се плашат или не, ја тргам кучката на страна, зошто како што ми е непријатно папагал да ми лета над глава и кљука кај стигне, така можда и некому моето куче ќе створи нелагодност.
     
    На tweety26, mimiiiii, ilipili и 17 други им се допаѓа ова.
  3. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    ... точно е, не сум имала милениче, ниту пак планирам некогаш да имам, па затоа и не се поврзувам така како другите кои имаат (од друга страна не сум задоена со лоши, гнасни мисли кон животните или омраза кон нив, да не се разбереме погрешно) едноставно за мене изјавата ИМАМ КУЧЕ се поврзувала обично со двор каде што тоа куче може да живее и со коски останати од ручекот како храна... изгледа имам селска и бајковита илустрација за поимот КУЧЕ, си признавам. :D
    Ама се` што е надвор од нормалното, како дотичната со торбата и облекување на кучето како мајмун е ненормално, сакале вие да признаете или не.
    И некој спомна - сите си издвојуваме месечно некакви луксузи... сериозни? Луксузот и потребата за лично себе, или блиските, децата крај краева ја постоветувате и оправдувате со луксузот за кучето, кое може комотно да си живее и од нормална храна и обичен сапун? Зашто така си се дизајнирани реално, а кој не сака да признае, негова работа.
    Тој момент го споменав - еве види ме мене, од устата ќе си двојам, ама ќе му дадам на кутрето ме вади од такт. Па не си некоја хуманитарка во туѓи очи или светица, пак доаѓаш на истото ниво ко нормална жена - и ти се луксузираш на хирови кои се непотребни.

    Но, добро, секој со своите ставови, некоја девојка рече дека се плаши или не поднесува мачки, па мило ми е што барем некој сфаќа од прилика како јас се чувствувам.
    И секоја почит кон оние што си го шетаат кучето со ланец и маска и кога им нагласуваш дека се плашиш, културно се нудат да го стават на тераса или надвор или барем го врзуваат, наместо оние кои по 5 пати ми повторуваат - ама мирно ми е кучето и паметно ептен. |(
    Ама добро, знам дека е со сите петки во школо, сега тргни го. Сериозно.

    А за бездомниците мене лично ми пречи лаењето кое трае со часови, нема што да се преправам или лажам, или кога трчаат во глутница по некој човек, точак или кола и лаат како безумни... и после ќе слушнам аргумент - ама ништо не ти прават. Па уште тоа фали, да ми (ни) направат. :^) Да го чекаме и тој момент или?
    Мислам треба да им се најде решение, градот е преполн за оние кои не забележуваат и проблем е.
    Ако милоста и почитта за кучето е на толку високо ниво, нека оди за сите така, и за овие бездомниве, како и за она во торбата со џиш розе пуловер, јас бар така го сфаќам тоа. :D
    И немам потреба јас да се јавувам да ги вакцинираат или прочистаат, мене не ми е гајле за нив, затоа и нагласив - каде се сите други душебрижници?

    Но добро, секој со мислење, почитувам и ајде да речам донекаде сфаќам... и добро е што имавме на кратко барем квалитетна дискусија, зашто тоа не се случило месеци наназад на форумов. ;)
     
    На sanja.burgundy му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    (Aј после нека не преместат со мислењава)
    Aбе ние го раниме со обична храна,што јадеме ние и тоа, а има кучешки шампони со сапун не може :rofl: , на цена ко човечките.
    Jас иако многу ги сакам кучињата, не ги осудувам луѓето што не ги сакаат, се додека не ги повредуваат секако.
    Hе можеме сите да сакаме исто, ете јас пример не сакам деца :^) , а некој си сака.
    и си има големо влијание тоа како сме растени и воспитувани, тоа си е факт.
    Kој бил од мали нозе опкружен со миленици, секако дека ќе има чувства и за нив и ќе ги сака.
    Jас сум растена со мачки, кучки,зајак, дури и повредени гулаби, и една кокошка :rofl: , која беше сварена во супа а мене ми кажаа дека одлетала, па ја плачев цела недела :rofl:
    Kој немал миленик поиндиферентен е спрема нив, пак ќе кажам сосема нормална работа.
    3а глутниците во право си Tрендафилка, иако мене не ми пречат, не се плашам, има луѓе многу се плашат,ќе ја земам тетка ми фобија има.
    Aма, ајде де, наместо да градат се во барок, можат да им отворат некој саглам стационар, и нека ги ранат таму.
    Hа крај краева, сите ќе се спасат, и тие, и ние што ги сакаме и со жал ги гледаме по улиците, и тие што им се плашат и не ги сакаат.
    Kолку луѓе, толку карактери, ете можете и Oфи да ја прашате јас како се гушкам со џукели по улица, посилно е од мене, тоа сум јас- лудо :D
     
    На tweety26, mimiiiii, ozbilnazena и 15 други им се допаѓа ова.
  5. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    За некој, миленикот му е исто како дете, брат, сестра, член од семејството. Па може има специфично влакно, проблеми со органи за варење, си бара специфична храна и хигиенски средства. Не е така едноставно. :)
    И реков, не дека ти е гајле дали ќе биде вакцинирано или прочистено, но ако ти смета, можеш да се обратиш до некое здружение и тие ќе се потрудат да го згрижат, за да Тебе не ти смета :)
     
    На ilipili и imelda им се допаѓа ова.
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.322
    Допаѓања:
    102.900
    Пол:
    Женски
    Кога ужасно ти се иде во родниот крај значи дека старееш? Ма не бре, мене ми се иде да се излежавам, мама да ме разгали, да ми купи татко ми(со кој не зборам иначе) лубеница најблага на свет, со дедо ми под сенка да разглабам за политика, со комшики да разглабам за моето спремање за свадба, пак со мама да шетам навечер по роднини, и пак да се излежавам, да станам во 7ипол пошто мама станува тогаш да ги изгледа сите репризи од сериите што вчера ги гледала ама испуштила два реда од преводот, па едно три кафиња по ред одсабајле, едно јас, две мама ги вари... И така до недоглед.... Ма сакам бре, пред да рипнам во тавче сакам да се потсетам на старите денови, на летата во најтоплиот град во државава, на деновите кога си бев дома, кога не јурцав по кирии и кога не акав глава од ѕид што да се спреми за јадење, што да се купи, како да се излезе на крај. Не, не стареам јас, одамна јас остарев со духот, уште кога моите другарки се мачеа да склопат нова маичка со не толку нова сукњичка... Кој ми е крив што брзав толку ;)
     
    На Trnche, Srekicka, ilipili и 7 други им се допаѓа ова.
  7. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Добро утро.
    Денес поранив малце.Едно пола саат отприлика :rofl:
    Ако,арно е.
    Си направив кафе и ќе си гледам серија.
    Ми се здосади више во населбава.Вчера и кажувам ова на другарка,па денес решивме да се прошетаме малце подалеку од таму кадешто вообичаено одиме. ]:)
    Па после вечер треба да одам по козметика.Всушност,треба да наговорам некој со мене да оди :talk:
    И така ви викам.
    http://www.youtube.com/watch?v=YYjBQKIOb-w
    Имајте убав ден :hug:
     
  8. lolita97

    lolita97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    37
    Конечно некој да се најде како мене. :clap:
     
  9. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    После интересна вечер, си доаѓам дома и пред да си легнам ми стигнува порака на мобилниот.
    Ууу, си викам, ова ќе да е некоја романтична порака за добра ноќ. За поубаво да заспијам :wasntme:
    И бев во право до некаде - поубаво заспав, затоа што пораката гласеше: Имаш деветка од последниот испит :) Добра ноќ :*
    Секогаш за последниот испит од сесија веќе немам нерви, ниту волја за учење, па го мислев периодов и си се прашував што сум направила. Ми дојде мирно на душа и си заспав како бајче :)

    Туку, на нашево семејство му се придружи нов член - едно мало, водно желче (на кое сестра ми му даде име што секогаш го заборавам - не е ни битно, и онака нема да дојде ако го викам). Читала сестра ми дека водата треба да има малку потопла температура, па му ја уклучила лампата врз него за да се згрее. Го гледам по некое време сиротото, се пикнало под овие палмиве во аквариумот, да одмори малку во сенка. Леле, си викам, ќе го свари! Па му ја исклучив ламбата, да не биде на припек.

    Патем, си открив уште едно решение за смирување на моите нерви кога сум нервозна - го слушам Морган Фриман. Што сака нека раскажува, само нека збори :wasntme:
    [​IMG]
     
    На bittersweet, tweety26, ozbilnazena и 13 други им се допаѓа ова.
  10. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    Се лутеле или не, голем дел од тие што имаат миленичиња немаат осет за околината околу нив. Зошто јас да не спијам со ноќи оти кучето на соседот непрестано лае? Или секој ден да си го наоѓам ѓубрето од канта расфрлано по улица? Или да минувам со страв низ моја улица оти малтретирање било за кучето да е врзано па пуштено е слободно да се шета? -Ама не каса, сите комшии го знаеме дека е такво само лае и се с'снува, де па ти што си се уплашила толку...разбирате ли дека се вкочанувам кога ќе видам куче како трча кон мене и не ми е до мозгање дали е мирно или не, дали само сака да си игра а јас се што треба да направам е да го погалам? Не сакам, да сакам ќе си земам мое.
    Не ми смета ако ги сматрате како членови на фамилија, колку сте блиски, дали јадете и спиете заедно, кој колку троши на нив па ич не ме интересира...ама јас не дозволувам мој член на фамилија да ви ровари и врши нужда во ваш двор, да ве плаши и да трча по вас на улица. Да е така веројатно ќе дојдете и ќе ми речете -ај прибери си го детево. А кога јас ќе кажам исто за вашите миленичиња добивам вртење со очи...
    На Трендафилка гледам друго и смета, претераната грижа кон овие животинчиња. Мене не, пошто од таа нивна грижа јас зијан немам. И ако не се грижат доволно ќе имаме ситуации какви што погоре опишав. Поарно да си го земат кучето да им спие во нивен кревет и онака не им е проблем отколку да го слушам јас цела ноќ. Поарно да ги хранат добро отколку по канти да буричкаат. Па нека си ги носат и во ташна се додека не се шетаат слободно на улица. Зошто би ми сметало, јас не давам пари за животни ама трошам за мои глупости, исто толку небитни за некој колку што е за мене пример џемперче за куче...
     
    На tinkerbelll, bittersweet, lolita97 и 6 други им се допаѓа ова.
  11. ABeautiful

    ABeautiful Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    56
    Ох ...нов ден,нова цел,нови обврски..се ново! Уште еден ден продолжува од животот,уште еден малку досаден ден од летиниот распуст.Единствено се чека да дојде викенд,да се излегува,да се забавуваме...Денеска неколку работи кога се разбудив ме збунија.Незнам зошто но првото будење ми летна кај партнерот.Каде е бил тој синоке,со кого како...Нешто ме мачи ... колку што се трудам да му верувам толку и не му верувам...
     
  12. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    СДК многу се нервирам бидејќи никој не ми коментира облеката во модни критики(за не толку храбри феминки) :@ :@ :@
     
  13. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Ај и јас, тогаш. :D Еднаш зборев за животните. Ги сакам, а страв ми е. Сакам да им се доближам, ама ми фуфка. И штом ми се доближат-бегам. :D Единствени кучиња на коишто се имам привикнато се оние пред зграда. :wasntme: И некако навечер кога се враќам од некаде, се чувствувам безбедно штом се во моја близина. :?: Оти нели, сијалици њама. ]:)

    А обично кога ќе се случи нешто на некој во некоја од околните згради... ден пред тоа ќе почнат жално да завиваат. А иначе ептен ретко лаат. :?:

    Ама стварно, некои се без осет. Ќе им идеш на гости, ќе ти го убутаат кучето: - Абе ништо не ти прави. Абе мирно е. Абе сака само да си игра. [​IMG] Ама нека си игра, не ми смета. Ама не со мене. [​IMG] Пред некоја година, една другарка си купи куче. [​IMG] Ама такво поприлично големо... И ми вика: - Леле, дојди да го видиш, леле да видиш како само си игра. Муки мои, со страв отидов. [​IMG]

    Јас искрено, пре би ги пратила на вакцинирање некои деца, него ли кучињата и мачињата. Море какви деца, дечишта. Пред некој ден, бутнале една мачка во лимена гаража и почнале да ја шутираат. ]:) Мора да им се раздереш, за да се тргнат. |( И јас порано сум седела надвор и јас сум викала: - Мамооо! Ама ова е премногу. Преку цел ден да се марширало по скалите. :envy: Ко цела војска да оди. Бам, Бум, Бам. Во ниедно време. |( Мислиш се руши цел влез над твоја глава. Или ќе те видат во влез: - Дај ми пари. А не дека немаат. Се` побеснето. [​IMG]
     
    На kravce, ilipili, Katerinceee и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    7.306
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека премногу го сакам дедо ми. Чесен, праведен, вреден, пожртвуван.
    Прекрасен дедо, татко, сопруг.
    Ми доаѓаат солзи на очи и тешко на душава кога ќе помислам дека еден ден... не можам ни да изговорам, ниту напишам. ;(
    Најголема желба ми е да ми игра на свадба, да доживее да ги прегрне своите правнучиња, да му се растопи срцето кога ќе ги види, исто како секојпат кога не гледа и нас.

    Сакам да постои магично стапче и да можам да ги избришам сите негови проблеми со срцето, со честите настинки, да ги решам сите проблеми со неговиот брат, зошто знам дека тоа страшно многу го боли.. А, не признава. Знам дека и самиот знае дека веќе не може како порано да работи, ја нема истата енергија и жар во очите, но не се предава. Тоа не е својствено за него, тој е најголемиот борец и инает што го познавам.

    Денес ми ја исполни најголемата желба, а јас само се скрив во неговата прегратка, за да не може да види каков стаклен сјај ми добија очиве. Не сакам да му биде потешко..
    Му велам - Благодарам, ме гушна уште посилно. А јас изгубив сила во целово тело...

    Те сакам дедо, ти си пример за најубавото што го имам во животот. Горда сум на тебе, на се` она што си бил, на сето она што си го створил сам, без ничија помош, горда сум зошто те имам.
    Зошто си тука, до мене, до нас, каде што и ти е местото.

    ЗАСЕКОГАШ!!! :l:
     
    На Lepaaa, Monna.Monna, kravce и 16 други им се допаѓа ова.
  15. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.114
    Допаѓања:
    163.681
    Пол:
    Женски
    Ах, тие инсекти. :tmi: Да почнам да ги пишувам сите мои доживувања со нив, би можела едно солидно сценарио за комедија да напишам. :D
    Од инсекти се плашам уште повеќе отколку од поголеми кучиња. :lol: Уште од мала ми се смее мајка ми, аман бе, не се поголеми од тебе... Ама, кај мене логиката е нешто обратнопропорционална. :D
    Кога ќе видам некое летечко суштество, одма трчам во друга соба. :| Неколку пати и сум се удирала од маса, или од некоја врата, бегајќи од инсект. За срамота сум. :$

    И така, денеска си кулирам дома пред некој ден, во соба, со отворен прозор... и ми влегува некој непознат, а прилично голем инсект. И со цел памет, избегав и се затворив во другата соба, и еден саат ја чекав мајка ми да се врати и да го смачка. Пошто она похрабра е во однос на инсекти. :wasntme:
    Мајка ми ме утепа од зафрканции после тоа, ми вика, абе 16 години имаш :fubar: ... Ама нема врска тоа со возраста, не ми доаѓа памет, а богами ни храброст. :D
    Не бе, не бидува храбар човек од мене. Барем не со инсекти. :D
     
    На ilipili, anabel-a, lolita97 и 6 други им се допаѓа ова.
  16. VIN.diesel

    VIN.diesel Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2013
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    420
    Се развила малце дискусија за домашните миленичиња .......... па еве би кажал и јас нешто.Ги сакам :!: знаат да бидат мили и искрени како никој без разлика за каков миленик станува збор.Но јас сум човек со принципи и навистина неможам да казнувам нешто (па и себеси ) поради немање на доволно време за да функционира како што треба.Со мојот начин на живот неможам да си дозволам такво нешто ,свесен сум дека би немал подршка од моите к .Да не дискутирам дека живеам во стан и дефинитивно неможе да се чува миленик голем (расно куче ,јас сакам доберман инаку :devil: ) хигената не би била запазена многу ..можна галама проблеми со комшии итн .Куче е за во куќа (точка)

    Дефинтивно кога ке дојде време моите дечиња би пораснале со некаков миленик :!: посебна чест ке има златниот ретривер (а бе љубов е тоа куче ) ,толку мило,знае како со дечиња а и чувствата на грижа се стекнува со чувањето на мирољубиво куче .. (се фатив за кучињата но неможам да замислам да чувам мачка или разно разни игуани и егзотични суштества, папагали што гракаат и нервираат :lol: итн ... )
    Иако немам миленик но би сакал да се поклопат околностите да набавам би го чувал по сите прописи (освен маскирни одела ,храна МОРАЛНА за него и триста други тракатанци ]:) ) случано видов нешто и сакам да го споделам со сите ВАС што имате и немате миленик :fubar: .Дефинитивно сум гневен,и не би се помирил со себеси да видам нешто вакво пред мои очи :@ но кога би се ставил и од другата страна чувството дека можеш да завршиш на 3568908797 парчиња :swear: :fubar: .Никако не ја бива работава .ЖАЛНО ! :swear:
    +18
    http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=7176E2AB420233408D4C5088B9960335
     
    На lolita97 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. zlatnaa

    zlatnaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2010
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    57
    Го положив последниот испииииииииииит најсреќна суммм :) :) :) :) :) :)
     
    На Lepaaa, Izaabella, ceca-1 и 9 други им се допаѓа ова.
  18. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    И по толку години песнава успеа повторно да ми го здроби срцето!
    Животот на баба ми и дедо ми во еден текст од песна.. Толку моќен текст.. Толку голема љубов..

    http://www.youtube.com/watch?v=IXi58IZoCYc
     
    На Izaabella, Katerinceee, ludoto19 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Скорпионке ова е ужасно безобразно и безобзирно, дури и мене како деклариран кучкар би ми сметало а не пак на некој кој не е љубител на животни. На прво место ќе ставам сигурност, зошто некој да се плаши од двор да излезе, па потоа што е должен друг да собира нечии г*мна, да чисти туѓ неред и се останото? Мене од такт ме вадат вакви сопственици, подеднакво ми сметаат како и оние што земале миленик конкретно куче го врзале во некој ќош, го хранат со 3 дена отстоен леб а хигиена, прочистување и сл. им е стран поим. Имам куче, лае, не одрекувам но никогаш не сум дозволила да претерува во било кое време, штом приметам дека ептен се утрипува ја прибирам или смирувам, по улица еве веќе 4 години има ни еднаш не излегла сама, најчесто е со поводник и придружба, а за ѓубре не станува збор истренирана е да нечепка ништо нез дозвола, па и три дена да не е јадена нема шанса да се осмели чепне. Не е проблемот во животните, проблемот е во газдите, кај мене на улица сите имаме кучиња, сите прописно сместени, еден нов комшија (тазе доселен) зема и тој, е од неговото куче сите се жалевме, ни дење ни ноќе уста не затвараше, де лае, де завива, де квичи, а "совесниов" газда ништо не превзема, кучево лае корне, гласни жици чиниш ќе му пукнат, тој до него стои и се смешка. 100 пати му беше речено дај смири го, ги предизвикува и нашите, и џабе се додека не им се роди бебе и од кучево неможеше да спие па виде-не виде го даде по пријатели. Јас одсекогаш сум викала дека не треба секој човек да има миленик исто како што не е секој да биде родител. Ова е веќе друга тема.

    А за уличните, ние љубителите сме немоќни, еве јас лично и сум донирала, вдомувала, хранела, лекувала но проблемот не е во нас конкретно е во градската власт, наместо еден споменик можеше да се изгради голем стационар, по светски станадарди, да функционира ко што треба, со професионален тим и т.н. Но кај нас оваа свест, исто како и екологијата заостанале со еволуцијата во 19 век, па така нормално ни е кучиња да има кај годе, сметот наместо во контејнер да се фрла до него или кој кај стигне, нормално е да се прават депонии каде кому одговара, животните да вршат нужда каде стигнат па и по детски паркови... И така.
    Џабе сум јас совесен сопственик и ретки други, кога останатите 95% не се, и затоа нас нормалните ќе не сврстувате во исто множество со безобзирните.
     
    На mims-89, Monna.Monna, Bozica1980 и 17 други им се допаѓа ова.
  20. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Напати животецот е како она познатото - Магарето му кажало на зајакот дека има големи уши :D . И така се врти тоа во круг! Пред два месеци нејзе и се правеа важни, сега па таа.
    Некои го освојуваат својот сон со умилкување, други вредно со свои раце и ум. Па најслаткото останува само за едните. Другиве и да си го фатат сонот ќе останат засекогаш незадоволни и постојано ќе ѕиркаат во дворот на познајникот. Најверојатно го прават тоа бидејќи незнаат да сонуваат за себе.

    Женската љубомора и потреба да смислува оговарачки стории уште е актуелна. Дури и сега кога не се тие во пубертетски години и кога ќе си речеш завршиле факултет. И можно ли е толку да се замараат за туѓите животи? И да си ствараат лажни претпоставки кои ги шират наоколу низ цело маало.

    Знам дека ви е тешко! Кого не би му било?! На сите им се случува животот. Едните завршуваат повредени бидејќи нивната љубовна приказна кои ја сметале за сериозна им завршила за некоја баналност, другите повредуваат незнаејќи што нив ги очекува на крајот. Некои па немаат осет и сценираат цела приказна - зашто Марија одела со Пепи? И почнуваат: 100% таа го бркала, уште на самиот почеток му се тупнала дома, богат е сигурно сакала да му биде што побргу жена, сигурно пие кафе со мајка цело време, сигурно оди на свадби кај неговите роднини, 100% чека да ја побара сега за жена... Иии дали се слушате што зборувате? Се ве интересира. Само отварате уста и поставувате толку глупави прашања кои лесно ја отсликуваат вашата душа. И се додека имате такви пориви за да знаете се за другиот и очекувате да слушнете дека се најлошо му се случува/ло, се дотогаш нема да имате вистински луѓе кај себе. Бидејќи најпотребни ви се луѓето кои искрено се радуваат за вашето дипломирање, вработување и стапување во брак. А не оние кои кога ќе им кажете дека тие вљубените ќе прават свадба превртуваат очи, а од устата им излегува едно кисело и тотално исцрпено зборче Честито!

    Ни во еден момент не сум ширела гласини како на некоја и тече љубовниот живот и зашто таа е со него. И доколку незнам како и е бракот со него нема да смислувам ефтини приказни и да ги пласирам наоколу.

    Гледај да си бидеш исполнета. А не да се фалиш како ти вредиш ама ете едноставно си таму каде што си! Некогаш и оставена, некогаш и поради што си оставила.
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.