Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Mermaid

    Mermaid Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    295
    Сакам да кажам не сум многу активна на форумов ама кога се уклучувам идам во search и барам Трендафилка!
    Ретко некој да ме заинтересира толку , уживам додека те читам!
    Не знам како изгледаш ама знам дека си прекрасна!
     
    На Lepaaa, VIN.diesel и Trendafilka им се допаѓа ова.
  2. snegulkabela

    snegulkabela Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    134

    Ми надојдоа солзи во очите, кога читам за твојата љубов кон дедото, во она што го опиша се пронајдов и јас. Некако имам чувство дека дедовците посебно се сакаат. И јас ја имав таа среќа да растам со дедо кој безгранично ме сакаше, велам сакаше зошто не е повеќе меѓу нас, Него му бев центарот на светот, и ден денес кога ќе се сетам на него, ми се насолзуваат очите. За мене тој беше најдобриот човек на светот, ми посакуваше само најубави нешта. Најмногу се радуваше кога се запишував на факултет и кога завршувам, а особено кога се вработив. Имам срека да имам уште еден дедо, тој живее подалеку но го благословувам секој миг кој ќе го поминам со него. Го сакам бескрајно. Мирен, тивок, а толку добар, срцето ми се топи кога го гледам. И единствено што посакувам е да е тука уште многу години.
     
    На Izaabella му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Perina

    Perina Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    321
    Не знам кого појше да жалам. Некој што не е свесен дека гласчето му е како на гавранче а свесно става свои верзии на песни на YouTube (ова не е хумано!) или пак цуцата, на која гремлин не и е равен, што натртена и со сочно полни усни (секако деколтето со чорапи полно не се заборава тука) се заблагодарува посебно со срценце на сите 7567 коментари и 9845 лајка на новата профилна слика.

    Некои луѓе сами си бараат да си безобразен со нив.
     
    На Butterfly14, sweet-star, lolita97 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    На cheetah.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Пружам алишта, и се развиорува мирис на чисто. На дома. Под балкон, три четири мачиња, во обид за комуникација, праќаат сигнали. Како шаманка, со чинивчиња млеко и коцкички сирење, накај нив. Да се дружиме. Се галиме и предеме. Зен мајстори за да ми го успокојат уморот.
    Некој слуша езотерична музика од комшии. Мириса на ванила и свеж ветер. Старциве играат шах на среде парк, а небово е испрекинато како некој да го сечел со ножички.
    Џагор од деца, неиспрекинат. Време.
    Убаво време во моето Скопје.
     
    На Someonespecial, Moira, anabel-a и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Заврши и последниот ден на пракса. Измешани емоции, од една страна сакав да заврши зошто беше турбо онака напорно, од друга страна нејќам - сакам уште. Едно е сигурно - сите ги засакав а и тие ме засакале, во петок ќе одам да средам документите и да си поседам онака, неформално со нив, тогаш ќе се збогуваме :lol:
    Тој ми купи преубав поклон, ќе си го облечам уште утревечер кога ќе го прославам роденденот, веќе резервирав за нас неколкумина и мислам дека така испадна најпаметно, и онака лани ги собрав дома :!:

    Многу сакам родендени. Ај на мојот, ама и на сите други се радувам како да се мои, зошто да не биде човек расположен на тој ден се родил, а и еднаш во годината е :)
     
    На Lepaaa, Srekicka и Trendafilka им се допаѓа ова.
  7. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.628
    Допаѓања:
    9.074
    Пол:
    Женски
    Mене веќе ништо не ме чуди од денените луѓе се би направиле за пари а кој би те предал ако не најблиските :~:
    Tоа е мили мои ,некои луѓе се хранат од својата злоба и итроштина ,алал да им се и тие пари кои наводно ги одземаат од мене боже сачувај не ми требаат ничии пари злоба невидена,сега барем знам кој ми е роднина кој ми е непријател :smoke:
     
    На lolita97 и girl-miri им се допаѓа ова.
  8. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    Tука сум,се борам и се борам и борам.
    Oдам напред со сите сили иако сум до момент да паднам Vо голем сон и одмор или пак оној одмор вечен :!: ама нема да биде така се борам и ке се борам за мојот сопруг за мене и нашата иднина :inlove:
    Cе бориме и двајцата и и двајцата заслужуваме да го добиеме тоа што периодов го претрпевме и трпиме.

    господ напред и ние по него за нас двајцата и нашата иднина :)
     
    На duffi, ilipili, Izaabella и 3 други им се допаѓа ова.
  9. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Имам желба. Па кој од вас нема ? Врсниците сакаат да одат на море , да им се препуштат на журки со добро друштво , да се забавуваат, одморат, а јас ? Kaква желба имам јас ? Пред 2-3 дена другарите ми рекоа дека ќе сум имала најубаво лето во животов, лето без никакви обврски. Немало да сум читала романчиња за в училиште. А кој рече ? Уште пред повеќе од недела зедов нешто да читам. Па добро , нема да ми требаат за в училиште. За тоа имаат право. Штета што ќе одам на Технички факултет. Читањето романчиња ми е страст. Решив да читнам нешто од „ Лекции за љубовната болка “. На брат ми му ја предложиле в библиотека. Не бев воодушевена. Не сум ни во врска, а не пак да почувствувам болка. |-) Ми се допадна „ Девојката со бисерна обетка “. Се соживеав со девојката донекаде. Штета што се’ беше земено од Спаркс. Не знаев дека сограѓаните толку читаат. :) А „Страници за нашата љубов “ ја немале. Штета. Баш ме привлекоа некои цитати што ги прочитав на Интернет.


    Патем, на свадба сум в сабота. Се надевам дека ќе си поминам незаборавно. Пробував да и направам фризура на мајка ми. Како денес, никогаш не сум размислувала толку долго за неа. За неа и за мене, за нашите сличности . Размислував за тоа што носат годините, болестите, грижите на човекот. Лицето повеќе не и’ е црвено како порано. Кожата и се насобрала , лицето и’ е доста ослабено. Никогаш немала полни образи, но сега доста и се истакнати јаболчниците. Косата многу и опаднала. Кога имав 3-4 години најмногу сакав да и ја чешлам црната бујна коса пред да заспијам. И брат ми го сакаше тоа. Мајчиниот сјај на очите , занесениот поглед низ прозорецот од мојата соба зборуваше за тагата и мачниот живот надвиснати со години над нејзината, a делумно и над мојата глава . Ќе се тргнат ли некогаш тие облаци ? Ќе продре ли зрак светлина ? Ми падна тешко кога погледнав во очите на мајка ми. Помислив на една ситуација кога еден другар ме праша : „ Зошто ти се тажни очите ?“. Денес во себе си реков: Изгледа сум ги наследила и бојата на очите , и тажниот поглед од мајка ми. Прв пат денес ја видов да стави здолниште. Не и’ стоеше грдо. Се двоумеше дали да го облече за свадбата. Изгледа нема да го носи тоа. Што знам, почувствував дека односот мајка-ќерка се зајакна меѓу нас во последно време. Мило ми е за тоа. Во моментов сакам само едно. Да видам како мајка ми се смее, како некогаш порано. Има заразна насмевка, заразно смеење. Само ретко се смее. Се поретко. Ми рече дека слушнала за избор на ученик на генерација. Името ми се спомнало в канцеларија . Мило ми е за тоа. Никогаш не се знае , не се знае што е возможно , а што не, но знам јас, се’ е наместено. За се’ треба врски кои јас ги немам. Не сакав да ја разочарам . Нека верува во тоа. Не сакам да и’ ja oдземам надежта . Нејзе и така, само надежта и остана за сите нешта во животот. Јас и не мора да сум ученик на генерација. Само нека се најјаки тестовите од екстерните. Нека бидат петки и македонски и математика. Пожелно е,а и возможно, барем македонски нека нема никој повеќе поени од мене. Да и бидам радост на мајка ми. Да види дека нејзиното чедо во нешто успеало, во нешто е на врвот. Нека бидат петки за со нив да ја украдам најубавата насмевка на светот, насмевката на мајка ми.Тоа е мојата желба која се надевам дека нареднава недела ќе стане реалност.
     
    На Izaabella, Barbie20 и vinozito1 им се допаѓа ова.
  10. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    СДК : мои драги феминки не ми замерувајте ако не сум активна овие денови ами ке ми дојде либето бе и така да мн ке сум зафатена :P од време на време ке зирнам да ви раскажам импресии :inlove: LOVE IS IN THE AIR.ВЕ САКАМ СИТЕ
     
    На Lepaaa и hermosa им се допаѓа ова.
  11. lolita97

    lolita97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    37
    Добро што сум му згрешила на Господ, што ме казнил да бидам опкружена со идиоти? :@
    Неможам да сфатам и никогаш нема.

    Зошто сите се толку одвратни почнувајќи од домашните? Барем они да не ме нервираат, и да ме сфатат ЕДНАШ во животов. Барем ЕДНАШ да се тука за мене и да ме поддржат во нешто. Ама неее, секогаш мора да плукаат по мене, нема врска дали јас сум крива или не. Они никогаш не грешат само јас. :!:

    Другарки... Тука се само ако им требаш нешто - многу добра приказна им е на сите веќе.
    Премногу, премногу ѓубриња има. До вчера како сестри, неразделни 24/7 сега јас да те чекам тебе да си го провериш распоредот? Извини. Ако ти значев како што викаш, немаше стално да ми одлагаш едно глупо кафе за кое си се договорила една недела веќе и да ми кажеш извини, со новата другарка се договорив. Читај меѓу редови - не би требаш веќе, знам дека кога ќе те побарам ќе бидеш тука ама сега поубаво ми е со неа. :clap:

    И до кога вака? Додека не ми пукне филм. Ми пукна денес. На никого не ќутев и што се деси? Пак ништо секој ќе си тера по свое. :@
    Пукнете веќе никој не ми треба.

    И СДК многу лошо летово ми почна. Многу досадно цело време дома и гледам серии без никакви обврски. Се утепав од гледање филмови. Сите надвор до ниедно време се забавуваат, а јас дома до ниедно време на фејсбук дремам и гледам филмови. |( Па нормално така ќе терам, кога дома не дај боже да речам искачам. Сите се на нозе. Каде, што,со кого, како, но зошто ? |( Побогу идам малце на воздух, не ви се смачив дома? :@
    И сакам да идам некаде далеку, многу далеку од сите и од се. САМА. Не ми треба никој. Без телефон, (и најбитно) -без фејсбук. Да се одморам малце од се и од сите. И тоа некаде во планина за да можам да викам за да си ја олеснам душичкава и никој да не ме слушне! :yawn:

    Се изнаприкажав, ах ова ПМС-ов што ти значи :lol:
     
    На Camellie, WarriorAngel, hermosa и 2 други им се допаѓа ова.
  12. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.543
    Допаѓања:
    5.892
    :inlove: денес полниме 3 годинки со буцкото :inlove:
     
    На Lepaaa, Elennaa, Someonespecial и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.213
    Допаѓања:
    139.819
    Напорни денови, ама ајде, им се гледа крајот... некаде викендов.

    Толку немав енергија, што запалив кола да отидам по леб, а продавницата ми е на 3 мин пешки. Врв пат ми се случува ова. Резил! :D Или можеби до годините е :D

    Не дека сум нешто за жалење, убави поводи се собраа, ама и за нив треба енергија... и сон!

    А утре... ех, каков ден! Ќе почне во црни зори, ќе трае до следното утро... кој ќе издржи!
     
  14. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Имам доста работи за пишување но тоа само кога сум нервозна добивам инспирација и пишувам а вака ме бива за неколку збора. Ми згасна желбата за одмор и кај ќе одам ваква никаква да не речам каква, си викам ако одам на одмор ќе одам како што е редот. Со витка става каква што посакувам одамна да се пофалам почнав да вежбам :!: зумба чоече ако може да се каже вежбање некои го сметаат за вежбање а јас не знам интересни ми се чекорите. Симнав едно видео со еден дечко доста добар видно добар :D и почнав врти сучи научив нешто ама се препотив ко полжав. Сакам сите да ги онествестам со мојот резултат за....година дена се надевам сакам да слабеам постепено а не онака како сите не јади ништо ослаби 20 кила врати 50 :rock: + се учам да станувам најрано што можам зошто од 15 ти морам редот да го фатам нема да ме тинтраат таму многу многу...и така лека ноЧ :*
     
  15. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Нема да филозофирам многу, само ќе кажам => денес е мојот ден, денес ми е РОДЕНДЕН! :party:
    Правам 19 години 8)
    Почна да врви и последната тин година, еве веќе Плавуша.17 стана Плавуша.19 :lol:
    Многу го сакам денов, им благодарам на моите најблиски за честитките, истовремено ви благодарам и вам што ќе одвоите малку време да го прочитате мојов роденденски пост или да ми честитате :)
    Се најдобро да ви биде! Почестете се :^:

    [​IMG]
     
    На Adi888, Ana.Jones, Butterfly-Girl и 22 други им се допаѓа ова.
  16. Butterfly14

    Butterfly14 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    456
    Некои луѓе се среќни доколку успеат да го уништат денот на некого.Било кого.Дури и со самата појава успеваат во тоа.Подли луѓе. :devil:
     
    На Barbie20 и Plavusa.17 им се допаѓа ова.
  17. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Кога жена плаче - лаже!
    Така да си знаете.
     
    На PussyHunter му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    850
    Допаѓања:
    9.760
    Kога ќе вложам многу во некој,а добијам само разочарувања тогаш се менувам од корен! ]:

    Инаку денес буквално превртев се по дома :D
    Една добра генералнка добро ми дојде.Незнам дали сум ви расправала ,ама јас кога сум нервозна си правам генералки по дома обавезно.
    И сега од што ми е убаво на душичката овака се средено,миризливо и сон не ме фаќа :lol:
    Најдов стари дневници,прози, поезии што ли усте не.Многу сум била посветена нема што.
    Се чудам и неможам да се начудам за какви работи сум добивала награди :^) читам и си мислам дека мора да сум пиела нешто кога сум го пишувала. :D
    Изгледа сум била многу заљубена ,па романтика до романтика колку ти душа сака |( .Како да не сум била јас неможам да се препознам.
    Ах спомени спомени :D :rofl:
    Еве ви неколку стиха специјално да ве насмеам ако не ви се спие:D

    Забранет си ми како небото
    што неможам да го фатам
    Забранет си ми како минатото
    кое неможам да го вратам.

    Забранет си ми ти како слободата на осудениот
    забранет ми си ти како ноќта не денот
    забранет ми си како снегот во мај
    забрабет си ми ти забранет без крај...

    Многу е долга, доста ќе се помочам од смеење.Трагикомично :rofl:млади луди години.
     
    На Someonespecial, Barbie20 и Gordana10 им се допаѓа ова.
  19. snegulkabela

    snegulkabela Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    134
  20. mihaela55555

    mihaela55555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    121
    Почнав да вежбам еееј, јас! Сега едвај го чекам следниот тренинг :)
     
    На sofijanoka му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.