Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    7.323
    Пол:
    Женски
    Ете, повторно сум будна..
    Повторно гледам низ прозорецот и единствено што гледам се светилките во паркот пред зградата, а светлина од становите во соседните згради нема.
    Темно е. И мирно..

    Не знам од каде излезе несоницава. Не чувствувам немир, нити ме гризе совеста.
    Единствено што чувствувам сега е умор. Ноќта ми го краде сонот, часовникот ми го краде времето, времето ми ги краде мислите.
    Мислите пак, ретко кога се лоши. Иако сега имам многу време за размислување, одбивам да размислувам за негативни работи. Умор + непотребно замарање со глупости мислам дека не е совршена дефиниција за успех.

    Тивко ми е, но не и пријатно. Всушност, ретко и кога ми е пријатно кога седам сама со себе. Чувството што го добивам тогаш, ме асоцира на вечна осаменост. А, токму тоа е работата од која што најмногу се плашам..

    Одлучувам да се поштедам.
    Ќе пробам да се релаксирам во кревет, читајќи ја новата книга. Не е многу интересна но, дефинитивно е повеќе од скичмувањето на компјутер и тепање очи од светлината на мониторот.
    Ќе си ги пуштам и сијаличките. Нека се одбива нивната светлина во зелените завеси. Нека е шарено.. нека има бои.

    Пријатна ми вечер, си посакувам убав и цврст сон.
    Loading...................................

    :hai:
     
    На ljubam, Loritaa, FBI и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.721
    Допаѓања:
    253.600
    Каша ќе те убијам, од памет ме извади линков, си мислев прво отвараш па кликаш, ама оваа одма почна да вреска :D .
    Одма го затворив лап топот, ама ова вреска бе, па дечко ми мораше да иде и да исклучува :rofl: .
     
    На crazylady, Divinebutterfly, Kasha и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    "Ми се свиѓа еден дечко"!
    -Кој ма?
    "Станко од центар"!
    -Ау леле немој со тој. Тој наркоман е, плус женкар тежок никад нема да те сака и почитува. Одма да го оставиш!
    "А ти го знаеш"?
    -Да бе! На братучетка ми другарка, брат и, девојка му, сестра и идеше на англиски со него!!!

    поздрав од Скопје!
     
    На thelittle17, martinuska, marama и 8 други им се допаѓа ова.
  4. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    what not kills you makes you stronger!

    Верувам во карма. Морам.
    За да останам нормална.
     
    На baguf4e, martinuska, crazylady и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.268
    Допаѓања:
    140.868
    Љубовта не може да се скрие. Се чита во очите, во говорот на телото, во гласот, не може да се скрие никако!

    Имам колега и колешка кои иако никогаш не признаа, сите знаат дека се во врска. Ама не е тоа некаква врска само за секс, има огромна љубов меѓу нив. Им се гледа во очите, и толку е голема што ни темни наочари не би ја скриле. Во врска се веќе неколку години. Тој беше женет и претходно, таа имаше долга врска, се омажи, сега веќе има и бебе. Вчера пак беа еден до друг, и пак се гледаа со искри во очите. Таа со бешчето во раце, тој до неа, гледајќи ја како мило му се обраќа на малото, којзнае што си мислеше во тие моменти.

    Некои работи се однапред осудени на пропаст. Којзнае дали е подобро да се бориш против светот за да бидеш со некој со кој не смееш, или да бараш споредни патчиња за да не ги повредиш најблиските.
     
    На DeepBlue, Divinebutterfly, bittersweet и 26 други им се допаѓа ова.
  6. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Ми навираат солзи во очи!

    Се чудам како е возможно секогаш да бидам толку близу, а сепак далеку.
    Баш во оној миг кога ќе се решам на чекор, се појавува бездна пред мене. Ако до тој момент на чекор од мене стоел некој и ме повикувал да направам чекор, од тој момент, од другата страна на бездната нема никој.
    Се чувствувам како да сум одела пеш до врвот на некоја планина. Толку сум изморена, повеќе и немам сила. Конечно стигам на врвот и сум подготвена на уште еден чекор напред, но одеднаш се појавува кратер.
    Навистина е болно чувството кога ќе видиш колку напор и сила си вложил, а оној од другата страна не можел ни малку да почека. Да! Бедно е и боли кога пеш и боса го поминуваш истиот пат за назад. Со сите трња и камења, со сите студени ветрови и бури. Срцето ми се кине на парчиња, се обидувам да пресметам уште колку од тоа великодушно срце има останато во мене. Го чекам мигот кога ќе се претвори во камен и нема да чувствува ништо.
    И како да не ми се плаче, кога во животот сум изодела пеш до многу врвови и сум била разочарана од фактот дека таму всушност нема никој.

    Ако Владо пееше “наша тајна географија“, јас имам “само моја тајна географија“.

    Имам премногу работи да кажам, кои всушност не се лесни за кажување. Работи кои не ми се случиле по моја вина- туку така требало да биде. Треба храброст и трпение....само што изгледа никој го нема за мене. Треба бистар и чист ум, треба искрено срце и поглед кој не осудува- туку сфаќа.
    Јас немам погрешно направени избори, јас всушност и не сум дошла до моментот за избор, бидејќи понудените опции некако магично ги снемува и го немаат поребното трпение.

    И се ми е така проклето мачно денес! Денес не се трудам!

    Заборавив да напомнам..... Признавам! Јас сум онаа девојка која нема среќа да направи чекор и да застане до некој. Јас сум онаа која од страна изгледа како се’ да и е совршено- но, не и е!

    И денес, можете да одите во неповрат сите оние кои ме гледате физички и површно, не ми требаат такви личности во мојот живот- ми треба некој со кој ќе можам да застанам рамо до рамо и да чекорам со ист од. Ми треба некој кој ќе успее да ми го прочита стравот во очите и ќе ме почека, бидејќи иако изгледам како лавица- јас сум ранета срна која има страв во себе.
     
    На bittersweet, Go-Girl, Buttterfly и 16 други им се допаѓа ова.
  7. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.838
    Дека сум толку емотивна денес, што се расплакав на ова :

    http://www.youtube.com/watch?v=lJNWs52d ... re=related.

    Вчера со даде слушавме стара добра македонска забавна музика, се смеевме на текстовите, колку се лирични, чисти. И дека не умираат тие песни, никогаш. Еве и овој линк ми навре солзи во очи. Кој текст, човече! А и ми текна дека песнава ја слушав кога бев најосамена на свет, лани и секое зборче ко стрела си го заривав во срцето:
    http://www.youtube.com/watch?v=ZROLX3m7vh8
    Денес немам план, оставам да ме водат емоции. Ко меурче полно срценца се чувствувам. Ќе одам да ги пуштам по Вардар или низ луѓе. Како онаа девојката од спотот на Roger Sanchez, Another chance - со срцето во раце и ита, ита некаде.

    Вчера, по неколку редици јамб и темно лашко, го гушнав Скопје.
    Мирисаше на уморен патник.
    Плачеме заедно, онака... Како што би рекла моја Ликс, поради светската болка. Романтичарски.
    Ако си плачам? Ако. Треба и тоа некогаш.
    Животот е чуден, но секогаш е посилен од сите загуби.

    Овој пост, го посветувам на сите што загубиле некого, близок, далечен.
    Мора да одиме напред, спомените нека бидат сведок на едно Време, што поминало.
     
    На Neytiri, Beauchamp, zhap4e и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.609
    Тато рече: Ќе го частам!
    Мама рече: Зошто?
    Тато рече: Зашто ја трпи оваа нашава!
    :D

    Ве молам кренете рачиња да се преброиме колкумина тука уживаме во вакви комплименти од страна на најмилите мама и тато.

    Колку мразам непотребно драматизирање.
    Го мразам подеднакво колку и ова предно запче кои живциве ми ги истенчи последниве недели.
    Има луѓе на кои им доаѓа природно, тоа нагласено гестикулирање, зборување во одредени тоналитети и некои фацијални експресии, делуваат слатко, смешно и интересно дури.

    Има и такви кои сметаат дека тоа е единствениот начин да се најдат во центарот на вниманието, а се борат во улогата како кутриот Лазе Бараков во сите негови.

    Инспирирана сум инаку за изјавава од постот на Лилит.
    Зошто одеднаш сите постови се малтене исти?
    Од каде изникна сета оваа поетичност кај секоја една од нас, оваа длабочина, топлина, несакање на фалсификаторски брендирани парчиња :D , убаво праша Најубава - целиот град врие такви, ама тука се собравме оние другите.
    А до вчера знаевме која што лајно е/била/беше.

    И ве молам - контра реплики од типот "Ако си ти, јас не сум" нема да бидат земени предвид.
    :D
     
    На caroline.costa, teddybear, Go-Girl и 21 други им се допаѓа ова.
  9. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    правам работи за кои после се каам она стварно не заслужи да го слушне тоа од мене сега не знам како да и се извинам НЕ ЗНАМ КАКО ДА И КАЖАМ ДЕКА СТВАРНО НЕ ГО МИСЛЕВ ТОА I LOVE YOU MOM ;( :(
     
    На BeLLaDona23 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. la.chocolada

    la.chocolada Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    25
    ден после слава... КО ДА СУМ ДОЈДЕНА ОД ВОЈНА! :whew: толку сум уморна што ми треба топол чај, удобен кревет со туфкан јорган и далечинското во раце...КРАЈ!
     
  11. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    СДК дека порано многу повеќе читав на форумов, отоклу што пишував. Сеа ме убиваат некои длакочувсвителни постови и читам ама не дочитувам. Исто така СДК дека едни свежо исечени шишки и едно ново шарено перниче можат да те вратат во младоста и да те расположат. Драги женички имајте убав ден! :D
     
    На MandyLane му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    ПМС
    ПМС
    ПМС
    .....

    Ме нервира другарка и што напнува за Нова Година.И реков ке се договориме има време,.а таа напнува и ме нервира.
    Ме нервира се околу мене бре!
    Си направив чајче од шумска јагода и целата соба ми мира на овошје.Сега уживам во миризот од чајчето и тивката музика.
    Се нека биде опуштено.Не сакам напната атмосфера.
    Што биде нека биде.Ич не ми е гајле.
    Се ми е опуштено. 8)

    И сакам да ви кажам дека со другарките и не сум толку добра.Ги почитувам како личности и ги сакам како пријатели ама ич не им се замарам.Опуштено е и со нив.Нема добри другарки..Нема вредни пријателства и јас не се трудам да ја одржам таа врска што се вика пријателство.
    Опуштено и не премногу блиско,премногу емотивно,премногу привржано.
    Каде одам,тие позади газот да ми се моткаат...
    Подобро самостојно.
    И не им се отварам толку бре. Не сум затворена личност,аама ете прикривам работи од нив кои сметам дека не треба да им ги кажам. И добро е! Никој не ми соли памет.Никој не ме гледа криво со очите.
    Колку помалку знаат,толку подобро.
    Незнам дали оваа моја особина ме прави помалку добра другарка,ама не се замарам.
    Нека!
    Мене така ми одговара.ЈАс ке си правам како ми одговара,а тие нека си прават како им одговара на нив и никој да не испадне на крај повреден и жртва...

    Се жалиме дека нема добри другарки.Нема верни другарки..Сите биле лицемерни и што ти јас знам...
    Па добро,.свестете се.Штом не се добри зошто тогаш им се отварате и им угодувате? Фала да не ке ви речат? Или да не ке ви вратат,добро со добро ?!
    Абе ајде! Штом сте се изгореле еднаш од некои луѓе,воведете си свои принципи и нема да ви ги газат другите доколку се придржувате до нив.
    Е така :rock:

    Толлку :hai:
     
    На MSkorpionka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Сега со јасен ум можам да кажам дека сум празна.
    Ништо не ме радува и ништо не ме растажува.
    Никого не сакам и никого не мразам.
    Сета онаа љубов што постоеше во мене исчезна, незнам каде отиде и во што се претвори.
    Само очите ми гледаат, се друго е механички и без чувства.
    Да, паднав, ме уништија. Ослабев. Станав индефирентна кон се. Гајле ми е.

    Пропадна се. Нема ни една светулка, една мала сијаличка или свеќичка за да ми го осветли патот.
    Ми пропаднаа соништата и плановите. Сега немам никаква цел. Само бесцелно се движам и го дишам воздухот.
    Милион луѓе околу мене, а јас сум толку многу осамена.

    Не си за мене, неможам да се носам со твоарот што доаѓа во пакет со тебе. А очајно те посакувам.
    Не сум подготвена за ризици сега.
    Незнам... незнам ништо во животов. Незнам ни да сакам повеќе, нема ни никакви други чувства во мене.

    Се пропадна.
     
    На MSkorpionka, marama, TeddyGrey и 3 други им се допаѓа ова.
  14. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Вежбам да спијам со отворени очи. :nod: :rofl: Недостаток на сон...
     
    На CharmedGirl и blond им се допаѓа ова.
  15. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Прекрасно е кога имаш прекрасен дечко :inlove: :inlove: :inlove:
     
    На eli25, palavoto.devojce, Lepaaa и 3 други им се допаѓа ова.
  16. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.338
    Допаѓања:
    5.884
    Многу снегулки кои ме израдуваа, но мојата е нај голема и најкристална. ^_^
    Уживај гледајќи ја.
     
  17. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Многу измешани емоции периодов.
    Сакам и не сакам. Можам и не можам.
    Не знам зошто си стварам компликации во главата.
    Сакам да сум како луѓето што воопшто не се замараат. Сакам да не ми е гајле за ништо и никого, живот без нервози, секојдневие без стресови. Се прашувам како им успева.

    Баш пред 31-ви излегоа милион обврски, ситници што треба да се направат, одземаат време, а времето треба да се користи за учење. Елката не ми е накитена, зависи од мене дали воопшто ќе има новогодишна атмосфера дома. А баш ме мрзи да ја китам, како секоја година, сама.
    И се прашувам дали ќе му текне на татко ми да ми се јави. Има денови кога мислам дека нема шанси да таков, неодговорен човек, станал татко. Убаво вика мајка ми, секогаш има и полоши. Има, има...

    Нешто во мене ми вика дека се ќе тргне наопаку. И мразам кога имам вакви претчувства. :|
    Ќе пробам да се насочам кон учењето, а во меѓувреме на Џоџо ќе му направам капче како на Дедо Мраз, за да ме радува кога ќе го видам.

    ЗОШТО МОРА ВТОРНИЦИТЕ ДА СЕ НАЈГАДНИ???
     
    На Miss-Independent, marama, crazylady и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Simonna7

    Simonna7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    128
    Учење и целулит на задникот - правопропорционални величини! :geek:
     
  19. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    616
    Допаѓања:
    2.009
    И јас !!! Првапт кога ми го пратија речиси и се онесвестив, и вчера полузаспана кликам само мислејќи дека е некоја вест за Бон Јови, и кога скокнав ми се тресеа рацете неможев да го исклучам само вриштев на дечко ми "Гасииии гоооо гасииии го те молам " , после ова никогаш нема да отварам линкови
     
  20. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.721
    Допаѓања:
    253.600
    Ве читам низ темиве како добар дел од вас мрчите за Нова година, за облека, за шминка.
    Дури оние кои се средувале ги ставате во категорија на плитки личности.
    Зборувате како вие да не се шминкате и дотерувате за НГ, а 80% од вас ќе го сторат тоа.
    Ќе идат и ќе си купат нешто ново, иако овде се морализира.
    Истите тие ќе бидат нашминкани и пицнати и ќе ја слават НГ во ресторан, кафиќ или дискотека и за истата ќе платат 3000 денари.
    А овде зборуваат друго.
    Ако толку ви смета зошто никој не седи дома :^) , еве заштедете ги тие пари и готово. Обична ноќ.
    Или одете во фармерки и маичка на НГ.

    Самите на себе сте контрадикторни, уште кога ќе ја погледнеш темата модни критки ќе видиш дека девојките за сосема обична вечер се подотерани и од славењето за НГ, а овде секој ден пишуваат колку тоа е непотребно и болно и колку само се омалажуваат одредена група на девојки.
    Сликите зборуваат друго, немојте самите себе да се негирате.

    И престанете со тоа мрчењето.
    Еден празник не поминал без вакви постови.
    Нова година е непотребна, Мај исто така, епа ајде бе луѓе што да славиме тогаш?

    Јас ги сакам празниците, ја сакам НГ, Мај, тоа се денови кога јас сум среќна, се забавувам и сум со мои луѓе кои едвај чекам да ги видам.
    На тие денови се собираме, некои не сум ги видела со месеци.
    Среќна сум, а јас сакам да сум среќна.
    И не ми се битни парите, сепак давам пари за да купам момент во кој јас ќе уживам, а такви не ги имам секојдневно.

    Затрупана во хаосот на обврски и секојдневните перипетии и глупости, НГ ми е светла точка која едвај чекам да дојде. За да се насмеам и расположам до максимум, затоа што во моментот тоа ми е потребно.
    И нека кошта. Убавите моменти коштаат.
    Грдите се бесплатни!
     
    На bittersweet, Miss-Independent, Ashling и 17 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.