Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.444
    Допаѓања:
    91.758
    Пол:
    Женски
    Милиов мој ме испраша до детали каде сакам да одиме, каде сакам да седиме... Ма ни на крај памет не ми текна зошто. Јас мислејќи дека секогаш има место таму, нема потреба од резервација не ни помислив да се јавам не дај Боже па да отидам да си резервирам место.
    Ми се јавува што сакам да има, па ако снема нешто што би ме изнервирало ако снема... И знаете што ме изнервира? Тоа што отишол до таму да резервира место, а во моментот кога ми спомна цвеќе и торта збеснав.
    Навистина не сакам трошоци правење за џабе. Супер подарок ми земал, уште еден ми средил ама доволно е, навистина е доволно.
    Самото присуство на луѓето кои ќе бидат со мене ми е доволно.
    Се израдував и на куп пораки, особено кога видов дека едниот братучед ми пишал порака, а живее до мене ме израдува до немај каде.


    Ви благодарам на сите за честитките.
    На останатите славенички им посакувам убава вечер, дождот нека не ве спречува во уживањето.
     
    На Biggie, JuLleE, Ariel и 22 други им се допаѓа ова.
  2. perlaa

    perlaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2011
    Пораки:
    1.223
    Допаѓања:
    788
    Ептен сум изнервирана. :devil:
     
  3. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Глеам не си расположен за муабет...
     
  4. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Корист насекаде наоколу. Хм!
     
  5. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Вчера дознав некои информации кој кого местел во партија-зборувам од УМС од девојките за да биде на нешто повисоко за време на изборната кампања, да има повеке одговорности-од нашиот месен комитет-аманте бе женски глави, да се плакаше ок,ама ниту се плакаше ниту ништо а знам и кој е вмешан во сето тоа-нашиот ем мил ем драг потпретседател на кого што очи не сакам да му видам никад у животу-ни на слика :!: наскоро официјално станувам сениор така да :) ама пак ке се гледаме со нив :envy: една партија сме да се делиме нема смисла :|
     
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.236
    Допаѓања:
    157.250
    Како забавена снимка пуштена наназад. Како коса која се собира од грбот и паѓа напред на градите. И негов стисок токму на средината од грбот, помеѓу плешките. Да се наведнам на бел чаршав и да го повлечам целиот,да се завиткам во него и само да лежам и да се трудам рамномерно да дишам. Зошто ете мир ми треба,многу мир.

    Многу динамичен период. Конечно да се исплачам и без да се самосожалувам. Денес ми падна последната грутка од срцето и ме врбува македонскиот менталитет, што било, како било, ти жива здрава да си, што ќе се тужиш ко нема да добиеш. Aма не е така...
    Вчера искочив на кафе,се докопав до пиво, па се напентарив ко дивокоза по чаршија,па се спуштив со кондурите во рака и се прибрав во 3. Утрово ми се чини слончиња со сурлите ми се клатеа по трепките.
    И сега можам да прашам, зошто се сеќаваш? Не сакам да се сеќаваш. Не сакам да помислуваш. Ама сакам кога ќе ми речеш, многу си пис на јазик,ама тоа те прави поинаква,а јас си сакам такви. Ама и ти не си лош,само си безобразен зошто знаеш да ме прободеш и да искрварам до смрт и оп, забавената снимка наопаку и пак да се регенерирам и слободно да живеам до следното здраво-живо што ќе ми го направиш.

    Е сега,сега само ми треба слобода и отворен пат... Заврши еден пекол,еден страв,една помисла дека не сум повеќе херојот. Жими очи бев спремна да се помирам и да се предадам. Си велам,абе за моите ми е... и за цело време за моите ми беше,ама сепак во себе си викав, те молам немој, те молам немој, некако ми се живее колку и да ти е покакано често.

    После сите цвеќиња бели што ги изредив во сон,се будев жива вода секоја ноќ, конечно сонував како плачам од неправда и потоа скокнав од една карпа во длабоко море и излегов на површината и почувствував некое олеснување. Не се сепнав за да се разбудам.

    Не посакувам,никому,никому да ги почувствува тие одвратни чувства кои ме брануваа,реални, неизмислени, страшни. И после како да не шамарам вербално некакви помочковци и лигли кои ми кукаат заради невозвратени вниманија? Не сакам луѓе кои патат од суета, не сакам луѓе кои само тие велат дека умеат, не сакам преземање секакви права, а се глуми за слободоумност.
    И скроз неповрзано,ама страшно овие два дена цинично ме изнасмеа, нека го забранат турбофолкот, ама ние сме луѓе кои се отворени кон геј популацијата? О здраво,здраво!
     
    На NoellePage, Ariel, GeoDidi и 10 други им се допаѓа ова.
  7. Primadonna

    Primadonna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    2.163
    Пол:
    Женски
    Ако се броеа мислењата во „Форумски игри“ до сега ке имав виолетово цветче :lol:

    Се шалам :D

    Која тензија е во Тим А и Тим Б ... хухахаххахаха :devil:
     
  8. majicka

    majicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    302
    Допаѓања:
    1.005
    Пол:
    Женски
    Денес сум посебно среќна.... Се роди Ивана, мојата прва братучеда :inlove: Се роди душата шо е цели 24год помала од мене, сега се осеќам многу стара ама ако :D Имајте убава вечер женски...јас веќе уживам ;)
     
    На Ana.Jones, Annath, kate21 и 6 други им се допаѓа ова.
  9. charliee

    charliee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2012
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    716
    Пол:
    Женски
    Велат прилики ретко во животот доаѓаат а кога ќе дојдат треба убаво да се искористат...па не пропуштам бе ни јас шо биде нека биде.еднаш се живее ама ќе проживеам квалитетно!!
     
    На julie77 и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  10. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Утре почнувам со нешто големо и важно за мене. Ми треба огромна трпеливост и истрајност за да успеам. Се надевам ќе успеам да ја извлечам истрајноста од силната желба што ја имам за ова да успее. Држете ми среќа,ми треба малку среќа и многу мотивација.
     
    На Annath, kate21, bittersweet и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    СДК деновиве сум многу нервозна да не беше Фемина ќе пукнев честитки до тие што го направија сајтов Господ здравје да им даде :* :* :* :* :*
     
    На eliesaab и Gordana10 им се допаѓа ова.
  12. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.160
    Допаѓања:
    20.973
    додека ние се плашиме да ги брцнеме нашите деца во морето езерото или реката, те дали биле мали, те да не била ладна водата...видете што прави светот
    http://www.motika.com.mk/index.php?opti ... &Itemid=23
     
    На Annath, Nine25 и VIN.diesel им се допаѓа ова.
  13. VIN.diesel

    VIN.diesel Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2013
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    420
    Разговор со Господ

    Значи ти би сакал да разговараш со мене?”-рече Бог
    “Ако имаш време” реков.
    Бог се насмевна “Моето време е вечност. Што сакаше да ме прашаш?”

    “Што најмногу те изненадува кај луѓето?
    “Бог одговори:
    - Тоа што детството им е досадно, брзаат да пораснат, а потоа посакуваат повторно да бидат деца.
    - Што го трошат здравјето да заработат пари, а потоа ги трошат парите за да си го вратат здравјето.
    - Што толку многу размислуваат за иднината и забораваат на сегашноста.На тој начин не живеат ни во иднината ни во сегашноста.
    - Што живеат како никогаш да нема да умрат, а кога ќе умрат е како никогаш да не живееле.

    “Бог ме фати за рака.Останавме на момент во тишина.
    Тогаш прашав:
    “Како родител кои животни поуки би сакал твоите деца да ги научат?
    “Насмевнувајќи се, Бог одговори:
    - Да научат дека не можат никого да присилат да ги сака, можат само да сакаат.
    - Да научат дека не е највредно она што го поседуваат, туку кои се во животот.
    - Да научат дека не е добро да се споредуваат со другите.
    - Да научат дека не е богат оној човек што најмногу има, туку оној на кој што најмалку му треба.
    - Да научат дека се потребни само неколку секунди да се повреди саканата личност, а потоа се потребни години да се излечи.
    - Да научат да простуваат….така да самите простуваат.
    - Да спознаат дека постојат личности кои нежно ги сакаат, но тоа не можат да го кажат или покажат.
    - Да научат дека со пари може да се купи се’, освен среќата и љубовта.
    - Да научат дека две особи може да гледаат во иста работа, но да ја видат различно.
    - Да научат дека вистински пријател е оној кој знае се за нив….а сепак ги сака.
    - Да научат дека не е доволно само другите да им простат.Мораат и самите себеси да си простуваат.

    Луѓето ќе заборават што си рекол.
    Луѓето ќе заборават што си направил.
    Но никогаш нема да заборават какви чувства во нив си разбудил.
     
    На srcekrsacka и Barbie20 им се допаѓа ова.
  14. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.160
    Допаѓања:
    20.973
    Ми се јаде: палачинки, руска салата, чоколадно глувче од жито лукс, тоблероне, пица, сладолед, чоколадна торта, крофни, еурокрем, чоко-локум, пирошки, помфрит, поп кек, бајадера, чипс, магнум сладолед, винчини тортички, форнети, пица бурек, затворена пица, 7дејс кроасан, лубеница, шлаг, пржени кришки, животинско царство, макарони со сирење, розов шеќер од парк, шпагети со гулаш, ќуфтиња, пита со праз, печени бадеми, тофифе, смоки италиана, хот дог, банани, пастрмајлија, перек со јогурт, витанова, чукуладо, корнфлекс, биено сирење, ражничи, шопска салата, салата со макарони, похуван пилешки стек, баклава со ореви, пита со јаболки, зелник, клипси, чукуладирани наполитанки, пудинг, маршмалоу, еклери, квики, кифла со печурки, симит погача, пуканки, крем банани, бонитоп, сутлијаш, патос чипс, ишлери, таратур, варени јајца, чајна, тост, чукуладна алва, милиброд, бомбици, рафаело, кифла со крем, шампита, медени срца, гезлемини, мињони, ванилици, гиро, синтагма чукуладо, желе бомбони, локум со ореви, рибини прсти, плескавица, кадаиф, аргета, француски сендвич, ладен сендвич, хамбургер, виршли, смоки, сникерс, чоко-бисквит, печено лепче со растегнат кашкавал, ресана, киндер јајце, гумени бомбони, гриз, лиснато, чајни колачиња, куглов, метро, албени, зденка, атлантис чоколатца, бејк ролс, туна, кит кет, омлет, о`кејк колачиња, печена пченка, пишкоти, тортици, мусли, чоколатце со кокос, чоколатце со рум, рум штангли, печурки, кулен, чукуладо со ориз, доритос, пилешка салата, чоко стоби флипс, мафини, торта со бисквити, кифлички, милка, баница, ванила торта, најлепше жеље чукуладо, обланди, овошна салата со шлаг, полнети пиперки, печени костени, јуфки со сирење, пита со месо, риба, баклава со мак, сарма, ајвар, леќа, фанки, дорина, чукулатце агрокрем, еурокрем блок, мекици со сиренце, ванилици, бело чукуладо, цела шведска маса, проја лепчиња, воден сладолед, араванија, чоколадни коцки, белисимо, киндер буено, баничка со сирење, кубети, чипс тзазики, пита со спанаќ, тирамису, пилешки прсти, сириус, чипс кикирики, m&m, твикс, боунти, чоколаден ролат, бронхи бомбони, делириум чукулатце, целуфки, карамела, канелони, принглс, млеко и бисквити, цезар салата, јадро наполитанки, пица капричиоза, начос, јаготки со шлаг, овошна торта, сладолед со мнооогу прелив, индијанки, дудинки, бурито, житни снегулки, тартар сос, маргаринот абц или борц еве, пингви чоколатце, чокса, ролат со банани, чаден кашкавал, медењаци, брускети марети, колачињата од велнес, чоко кексичи, кики карамелите ииии... јогобела.
     
    На Ana.Jones, Someonespecial и Elennaa им се допаѓа ова.
  15. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.958
    Пол:
    Женски
    ТАТО... 40 дена откако ме напушти...40 дена болка,тага,копнеж,гнев околу мене.
    Останаа само сеќавања и спомените на тебе...Се би дала само да можам уште еднаш да те видам,да те гушнам и да ти кажам колку ми фалиш...
    Но,тебе те нема...Си отиде...Неповратно...Сеќавањата ми навираат... Го молам Бога,сево ова да беше само сон,ноќна мора...Да се разбудам а ти да бидеш до мене,но вистината боли...И ќе боли засекогаш...Зошто има толку зли луѓе на светов?! Се надевам дека ќе има правда...
    Сите мои сонови се распаднаа како балон од сапуница..
    Деновите без тебе ми се како цела вечност,но една надеж никогаш не умира,таа надеж ме одржува будна,да не залутам во својата фантазија...Тоа е надеж дека еден ден пак ќе се сретнеме.
    Таа надеж ми е единствено светло нешто во овој тунел од солзи и болка...
    Живеам за тој ден...За вечниот живот таму горе каде што е најубаво...


    Почивај во мир татичко,Господ да ти даде мир на душата!
     

    Прикачени фајлови:

    • 9947277.jpg
      9947277.jpg
      Големина на фајлот:
      61,7 KB
      Прегледи:
      331
    На Golden, ludoto19, Ana.Jones и 16 други им се допаѓа ова.
  16. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.543
    Допаѓања:
    5.892
    Ќе почнам од најмалите, без разлика дали е машко или женско ногу јак филм ги тепа. Женските се шминкат, со мини и штикли, мислат дека имат околу 20 години и веќе готови се за прва брачна ноќ. Губат невиност. Машките сите со фризури закон и моторите брчат ако едвај го држат моторот.Почнале и цигари да пушат, а имат само по 10-11 години.

    После се на ред тие што имат по 16-17 години , што веќе знаат демек што е љубов, секс.. знаат веќе како се оде на штикли, а уствари к'кот и испаднал по 3 метра од страната. Машките па почнале да пијат коњак, џек и сл. Тука и веќе зголемена е користењето на пороците, преминуват на џоинт ... и се знаат за тие работи. Слушат секакви трачеви , кои какви биле , кој со која , кој што носел. Абе за никаде.

    А тие веќе од 23-24 години , веќе се имат поминато од претходното и веќе се фраери , сите женски демек ги вртат , знаат како треба и каде. А оно уствари да ти бидат најголемите клошари у градот , шо веќе на тие години со тој ум треба да имаш женска, да имаш свој став, да размислуваш полека полека за семејство. Али и нив не му иде умот.

    Старите па не се ништо поразлични од младите. Има некои што одат на работа оправдано е , ама додека се на работното време , после и они скитат, како и тиа шо не одат на работа . Ќе седнат , ќе манијачат , пушат цигари. Абе му дават чист пример на младите , баш така како шо треба да биде. Абе имале од кој да учат. Абе светот е за никаде.

    Не дека сум нешто посебно ама сепак , јас сум си јас, неможам никој ништо да го терам , не можам на никој ништо да му бранам, кој шо сака тоа си праве. ;)
    и да не се навреде некој оти стварно има исклучоци не се сите исти :D
     
    На Katerinceee, anichka94 и leighton23 им се допаѓа ова.
  17. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Рекле на лагата и се кратки нозете.
    Рекле...и воопшто не погрешиле.
    Мала ситна лага,а донесе толку недоверба.
    Одиме на лижење левел 20ти.
    Јебига....
    Кој си го бара ќе си го добие.
    Мој совет...
    Никогаш немојте да лажите
     
  18. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски

    Да чуваш куче е задоволство , а денес секое задоволство чини пари , ако зборуваме од таа гледна точка . Јас не сум била во можност да чувам куче , ама сите улични херои си ги ранам редовно :D

    Кога бев студентка имаше едно скитник куче, целото рунтаво и бушавко и си го викав Руни , еден ден ме најде самото и ме пратеше до продавницата и мафташе со опавчето, и така неколку дена , почнав да си го ранам , па и одеше со мене до факс и редовно ме пречекуваше со невидена радост кога се враќав во понеделник од дома .
    Почна да си живее во едно коше пред зградата , една комшивка велеше дека кога не сум била за викенд тука кучето цвилело . Па и беше специфично куче нејкеше леб бе :D а џукела , строго саламка , колбацичка :lol:
    Како студент , со многу трошоци и ограничен буџет, да се случувало некогаш да не си купам чоколада за учење или кафе или цигари ( тогаш пушев :puke: ) за да земам од тие саламките 50-60 денари за да си го нахранам мој Руни :inlove: и тоа мене не ме прави светица , нити ми била таа намерата, нити го сметав тоа за хир јас го гледав Руни како рипка околку мене со тие очиња и сакав да ми биде наранет ..
    Нашата дружба траеше 2 години , додека не се преселив од тој стан , еднаш одев и до стариот стан да видам дали е таму но Руни го немаше ;( Не знам што се случило со него , се надевам си нашол нов другар ...

    Јас си се расприкажав тука , него поентата ми беше дека сакам кучиња , џукели , расни , со педигре вакви такви ... Еве јас не сум некој заштитник на животните , кучкарка сум . А мачки не поднесувам , не дека се плашам едноставно не ги сакам.
    Ама нити ми е смешно или чудно оти некој толку си ја сака мачката .
    Така да нешто што нам не ни е јасно или не ни е убаво , не мора да значи дека другите кои не го делат нашето мислење се ненормални .

    Па и право да ви кажам , повеќе ги сакам кучињата , од некои луѓе ]:)
     
    На ludoto19, Jagoda123, Edie.S и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Одамна се немав почувствувано вака.Ми тежи нешто на душава.Разочарана сум.Само од една работа.Само поради таа работа заради која се чувствував вака изминативе неколку месеци.И таман реков готово е,се заборавив,пак ми се врати истото чувство.
    А мислев дека никогаш повторно нема да се почувствувам вака.
    Тешко ми е.
    Точно е дека некои личности си заминуваат од нашиот живот,но не и од нашето срце,без разлика дали заслужиле да останат во него или не.
    Ми фали прегратка.Ми фали некој до мене,кој ќе ми каже дека се ќе помине и дека секогаш ќе биде со мене.
     
  20. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Овие се многу нежни, нашите на плажа ги фрлаат децата во море :D Јас на одмор често гледам, и Србиве исто, од плажа ќе го фати за рака и го фрла во море. Ама море е здраво, јас во базен не би влегла, не па да голтнам од водата :worried:

    Сношти се зафатив да правам песто сос... со толчник :tmi: Завршив со болки во раката, преварени шпагети и изгубен апетит. И вкус од лук во устата цела ноќ затоа што не ми испадна како што треба :tmi: Е*ате домаќинката :D Се замислувам дека сум некој врвен кувар, па склопувам еден рецепт од неколку различни, па после намрштена ќе јадам, е не.

    Патем, прашање... дали хејтањето е одлика на интелигенција денес?

    Симнав 2килца откако почнав да се храна со зеленчук. Жешко е и не ми се јаде. Не и се јаде ни на кучкава моја. Такво створење ретко се сретнува. Никогаш се нема качено на маса за да јаде или да украде нешто од храната, скришно. Не е алчна, ни стрвна, освен кога грицкам сончоглед, а брат ми чипс. Од тој поглед не можеш да избегаш. На др крај од дворот да седи од тебе, ја знаеш дека го слуша звукот на грицкањето и погледот и е вперен во тебе :D Скара да правиме во двор, ќе легне негде на страна и ќе спие...не ја занима. Веројатно знае дека кога тогаш ќе добие што и следува. Јас и навика си имам, што и да јадам и давам да мирисне, ако сака, споделувам :) Туку, сакав да кажам, не сака сама да јаде. Најчесто треба да стоиш до неа, пред чинијата, си сака друштво. А од жешково и не и се јаде, па се молиме. Да почнат лубениците да зреат, ќе се лигавиме по двор двете :rock:

    Моиве вчера се расправаа кој да идел технолошки вишок, под биро. Пресметки кој колку стаж, кој колку време до пензија има, плата... :tmi: Разбирам дека им е се повеќе и повеќе стресно. Ама знам и дека да останат дома по цел ден ќе работат во бавча :D
    Туку, за добро утро, мајската песна во контекст на муабетов
    http://www.youtube.com/watch?v=iO79DhItC_c
     
    На Elennaa, manja666 и Abeja им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.