Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    ^^ Амори кравче, па јули е не е мај па со мајски песни да ти почнува утрото и лубеници има на пазар колку сакаш (а ти ги чекаш да узреат :rofl: ) Оди купи една и диња можеш да си купиш, па споделете со кучката :lol: Па викнете, споделете и со екс комшиката.
    Се заебавам за песната за први мај, некако си ја поврзав со лубеници, дека немало зрели :D
     
  2. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Купив ма, дури две, двете зелени :D Да ги здробев салата како зелка може подобро ќе поминеа :^)
    Песнава од муабетот вчера па ми иде во глава цело време :tmi:
    Ако не ти се чека за бостанот, повели имаме сливи :angel:
     
    На vinozito1 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Епа ќе морам да се задоволам со сливи, кога не ми текна овие скоро 15 дена да отидам до кај моите да си наберам кајсии, сега сигурно паднале.
    Јас од овие сливи (на малите жолти мислам, не знам како ги викаат) многу сакам домашно правен сок со помалку шеќер, киселкаст мммммњам.
    Јас никогаш не купувам две лубеници одеднаш од исто место. А кога купувам сум гњавеж невиден, па ја потчукнувам, ја мирисам, ја гледам ја студирам и после толку тегавење можеби ќе ја купам.
    Затоа оставам на другите да бираат, после да можам нив да ги карам дека направиле лош избор :lol:
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Добро утро :)
    Цела вечер око не сум склопила,чекав да се раздени,да видам и јас бел ден и за прв пат летово да го испијам утринското кафе порано (кое инаку го пиев во 17 часот) и конечно да се доведам во ред.
    Сега одам да зготвам нешто.Да се изненади мама кога ќе се разбуди :)
    Вас ви посакувам убав ден :*

    Дур сум тука да кажам уште нешто.Навистина не можам да се изначудам кога ќе видам млада и убава девојка,од 21 година,со човек од 35 години.Па ставиле слика на фб,и под сликата нели,коментари од типот најубав пар,гулапчиња,,
    Па фрчат срца од сите страни,чиниш презаљубени се.А тие,си имаат корист.Женскава го нашла богат и веднаш во акција.А тој пак не смее ни да одбие таква риба.Нему му е тоа ко седмица на лото.На 35 години да имаш женска од 21 година.
    И ја гледаш типкава по некое време дотерана,накитена со злато,изнашетана....Ама џабе.Ко нема љубов.
    Не осудувам никој,ама за никакви пари и богатства не би била со некој спрема кој не чувствувам ништо.Не би можела да живеам така.Па макар и да тонам во калта.
     
  5. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    Добро утро на сите :sun:
    Одамна не сум пишала на темава нешто, па еве реков попатем и да ве поздравам да ви посакам пријатен ден. :hai:
    СДК со душа чекам да дојде денот Д да се средиме со мм да си се в гнездиме во нашата нова куќичка. АМАН веќе од свекрви, свекори и од золви. :devil: Редно време е и јас да подишам чист воздух.
    Само ајде уште малку. Ми се смачи од лигавење, од лице правање сакам да уживаме со мм. Само ајде, трпение уште малку.
     
  6. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Kога наредниот пат ке купуваш лубеници не ги потчукнувај , туку ножот и побарај од продавачот да ја буши :lol: Нема промашај...Се надевам дека овојпат ќе имаш срека да апнеш зрела лубеница.
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  7. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Денес се чувствувам прекраснооооо :inlove: :inlove: :inlove: :inlove:
    Ептен сум среќна,а незнам зошто.Утрово папсав после утринскиот тренинг,ама си дрмнав две кафиња и сеа сум ко нова :D :D :D
    Иако не требаше после тренинг.... :D :D :D
     
  8. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.750
    Допаѓања:
    3.596
    Пол:
    Женски
    Уште како мала сум била опседната да патувам по светов, па незнам шо ми стана летово сакам да одам баш секаде, ама баш секаде.!! И после долго размислување сватив зошто сите бегаат од Македонија и од Балканов, а после пак се враќаат.!
    Имајте прекрасен ден феминки.. :*
    http://www.youtube.com/watch?v=0a5BJxrarL0
     
  9. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    И,се вратив...за жал.
    Преубаво беше,немам зборови со кои би можела да ја опишам таа убавина...
    Тие спомени кои ги доживеав таму нема никогаш да ги заборавам.
    Падна и по некоја гребаница од искачување по стрмни карпи,од бегање од кучиња. :D
    Водата тиркизна,бистра,бранови огромни,времето преубаво.Чоколаден тен битно си фатив,и се поправив малку. :wasntme: Момаков мој добро ме хранеше. :wasntme:
    Јас и тој уште повеќе се зближивме.Не беше се така како што замислував дека ќе биде,поубаво беше.
    Пријатно ме изненадуваше. :wasntme:
    Ме чуваше баш ко на дланка. :lol:
    Карти џабе земав,секој ден ни беше исполнет,непланирано исполнет.Секоја вечер во кафичи,пиење,шетање покрај плажа.Една вечер се погоди да си славиме месечнина,(искрено имав заборавено малку на тоа ама за среќа он запомнил) :wasntme:
    Роденденот мој не го ни приметив бидејќи бев растрчана со пакување,баш најдобар роденденски подарок што сум го добила...вечерта заминав на одмор.
    Нека ми извинат гостите што не можев со нив да седам,но навистина не се чувствував како да славам роденден,повеќе се преокупирав со одморот.
    А сега е време за средби со девојките, раскажување во детали,трачарење,кафиња и смеа. 8)
    Морам да ви доловам како беше таму. ;)
     

    Прикачени фајлови:

    • DSC07255.JPG
      DSC07255.JPG
      Големина на фајлот:
      306,7 KB
      Прегледи:
      211
    На la-chicka, teddybear, Espadrila и 15 други им се допаѓа ова.
  10. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.697
    Пол:
    Женски
    Денеска свидетелствата ме потсетија како е да се стане рано. :wasntme:
    Па уште и порано станав, возбудена, како првпат да добивам свидетелство. :D
    5.00, и интерно и екстерно. :D Си се радувам како мало дете. :party:
     
    На tea4e, Katerinceee, Elennaa и 2 други им се допаѓа ова.
  11. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Good morning everyoneeeee! :D
    Пак јас станав у 12 ама не е битно.
    Битно е дека вчера беше ептен супер ден,прво утринско кафе кај другарка,попладневен шопинг,па после вечерна прошетка. 8)
    Ептен добро,секако,со добро друштво :)
    И така.
    Имајте убав ден женски :hug:
     
    На srcekrsacka, Someonespecial и Glossy-girl им се допаѓа ова.
  12. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Петок... Абре како можеше волку уморна да бидам?! Мислам дека ќе паднам. Ми се спие ми се плаче, среќа моја дождов малку освежи, инаку мајка ќе ми се расплачеше. Како и да е, уште само 2 саати и викендот може да дојде. Ние сме во интензини планови за меден месец, датум одбран, место одбрано (секако блиску заради мешлаков мој), вила уште се чека потврда, ама на сама плажа па нема да сакам да си одам... Нема ни улица пред дворот, право на песок. Секогаш пред одмор сум таква збесната, ама овој ми е специјален... Последен пат сме сами, последен пат за наредни којзнае колку години. Сакам да се изнауживам, и две недели да не помислам на назад. Сите ќе ги оставам живи и здрави, ќе го помолам Господ такви и да ги најдам, ке им пишам по некоја порака дека сме живи и здрави и ајт. Јас си уживам со мажето, и мешето, извинете. Мразам некој да се грижи за мене, да ме мисли кај сум што сум, ама овој пат им одржав предавање на сите, месец дена унапред. Кој се лути нека му стои, Порано секој ден тит-мит што правите, јадевте ли (не бе, гладни седиме), времето, морето, бош муабети. Овој пат нема. :devil: Лошотија сум знам, нека ми одбијат на хормони. Гајле ми е. :lol: :$ Одвај чекам две недели мир, сами. Милина! :inlove:
     
    На lolita97, senza.parole, teddybear и 11 други им се допаѓа ова.
  13. Primadonna

    Primadonna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    2.163
    Пол:
    Женски
    Нека ни е честито победата на Тим Б ! Уште многу победи да си редиме :D :clap: :clap:
     
    На LittleChili, Flower27 и luncika им се допаѓа ова.
  14. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    648
    Не се сложувам баш со тебе. ;) Ете за 16-17 годишни јас имам толку. Ако сега не излегувам по кафичи, не шетам, не се забавувам, не гледам машки, па и на крај краева се испијанам еднаш,двапати кога?
    Сега сум млада , тинејџерски години , дома сфакам има проблеми ама тоа со текот на времето. Кога јас ке бидам родител јас ке се секирам ако немам пари , ако немам работа...Да треба да се грижам да не им земам сите пари на моите и стварно успевам во тоа. Со мирно разговарам со мајками ке ја прашаам можи не можи и готово. Нема потреба од забрана.Ама нема потреба сега јас да не живеам како другите 16 годишни ради домашни проблеми кои на крај краева секој ги има.

    Плус сега така и се функционира.Да се претерува ама па така е животот. И ти така си правела. Тоа се тие луди години . Зошто да не ставам шминка, или еднаш неделно да ставам штикли , да се напијам една чаша алхохол или тргнам половина цигара. Чисто ке ја испафкам што се вика. ;)
    И јас имав такви размислувања си викав како е можно. Ние имаме 16 години треба да си шеткаме на ниско да си излегуваме женско друштво на пица,на сокче ама всушност видов дека не е така. Наполнав 16 години и немав ни еден мувач фатено ,кога кажував на некој сите две точки О во фацата беа, ко кузне што се десило.
    Тоа е моето размислување. :*
     
    На lolita97 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    Ти пишувам.Бришам.Повторно обид на кратка,значајна и мила порака.Ништо.Пак бришам.И се предавам на крајот.Се одлучувам да оставам на тоа што сме.Ништо кое има почеток,а не и крај.Ми се плаче и ми недостигаш.Немаш поим само колку многу ми недостигаш иако немаме никаков контакт.И сите тие твои фацички и гестикулации кои ги изведуваш.И сите тие глупости и нервози кои ми ги создаваш.Ми недостигаат.А,знаеш..таман сакав да се одвикнувам од тебе.Но,тоа не поминало,а не ни било штом пак мислам на тебе.А,морам да прекинам да ја живеам оваа вештачка фантазија која никогаш немала добар крај.Или само стравот од љубовта и болката го менуваат мојот свет.Не ме чуди фактот да останам изолирана поради тие стравови.Насекаде,само ти и ти.Неможев ни да спијам од мислата на тебе.Зарем вредеше ли толку да ме уништуваш?Зарем вреди ли да ме омаловажуваш со тие совршени денови кои никогаш нема да станат реалност?Зарем не ни значев ни трошка? И после 3 недели,јас живеев како пеперутка затворена во тегла.Без воздух и светлина.Како лабораториски експеримент кој нема напредок и успех,туку однапред пишана пропаст.И така,чекав како секое живо суштество кое нема самодоверба и ужива во платонската љубов која умира побрзо од некој ендемски вид на животно.Чекав нешто кое никогаш немало почеток,а било премногу барано.Среќа имам што бев приземна,се додека не се појавеше пред мене.И така во круг.Пробував да те отсакам,но незнам зошто неможев.Не бев воопшто приврзана со тебе,немавме никаков физички контакт.Не се среќававме често,но кога ќе се разминевме тоа ми значеше исто толку како да се исплатило чекањево.А,кога ќе се насмееше,кога ќе го чуев твоето смеење,ме заразуваше и ме скокоткаше.Ме тераше и јас да почнам да се смеам со тебе.Пусти и поразителни имагинарни светови…Којзнае дали некогаш ќе ни се насмее љубовта по која толку тагуваме..
     
    На Barbie20 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски

    ^^^За едно 5-6-7 години, ќе се сложуваш со муабетов ;) Сега ти е ќефој живи штикла да ставиш, па да испафкаш цигара, аууу, то ти е...како да ти кажам...знам, се осеќате големи, возрасни...па и искрено ќе пропуштите пола живот ако не опнете по два-три коњаци од излегување |( ...арно ама се во свое време се прави ;) А вие некако ми брзате да пораснете |( Еее бе деца, милијарда пати и да ви се кажи, нема да ви влезе во глава, дрвејнци сте :^)

    Нејсе, башка муабетов(шо па јас се нервирам за нивната тврдоглавост и памет, сега ако не кога? :^) ), СДК кој што сака нека прави, ама летово така добро ми легнало, та секое облаче ми смета ]:) Како бе, како да не се смеам, кога летно дете сум, кога подготовките за брцкање во вода и љубење под тенок чаршав се при крај, кога ми течат лиги кога пред мене гледам куп сладолед и тони кајсии, кога ветрето што ме мафка низ прозорец ја бара косава и ми ја мириса?! Како бе сакате зима? Од зима само снегон го сакам бре :^) Бррррр, ме фати промаја од самата помисла :D
     
    На ana-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Мислиш дека кога ќе пораснеш и кога ќе оформиш своја фамилија животот ќе ти заврши? Така ќе биде само ако ти така решиш. Од тебе сум постара 10+, далеку од престарена, ама доволно зрела. Откако сум верена и омажена шетам 3 пати повеќе, не заради друго, туку маж ми ми помага со обврските и имам повеќе време. Не пиев кога имав 16, на 26 добив желба да пивнам по некоја чашка. За цигари бев локомотива, сега ради бебето не, ама никогаш не пушев заради помодарство, туку затоа што се заебав да пробам па ми се виде интересно и после се знае како оди, мораш. Нормите и во мое време на твои години беа многу слични, ама сам си ги бираш. Баш ми е гајле како ме гледаат Петко и Станко! Па мувач бе, кај го измисливте поимот мувач?! Што значи тоа мувач, дај луѓе просвелете ме, изгледа не разбирам стварно сум остарела прерано... :lol: Особа со која ќе се љубакам денес и од утре нема да се знаеме? Нешто во тој стил? И без тоа си социјално/културолошки неподобен? Стварно би сакала да разберам како ова оди, затоа што јас некако не ги прифатив тие правила, си играв на картата на која ми се играше, па никогаш не сум била без друштво, без почитување. Јас одев по клубови и дискотеки на твои години, не одев ни на пица, ни на сокче. Ама личев на 16 годишна, не се фаќав по ќошеви со кој стигнам затоа што не ми беше забавно, не дека никој тоа не го правеше, и си поминав супер тинејџерство во тој поглед. Невиност изгубив после една година врска со дечко, сегашен маж, не затоа што бев затуцана, туку така сметав за мене дека е правилно и не се излажав. Исто како ти што рече, мое размислување, без љутиш! ;)
     
    На lolita97, Barbie20, WarriorAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    СДК конечно отидов и го поправив забот.
    И така задоволна си прошетав низ градов, влегов во кам маркет чисто онака да разгледам , но си излегов со полна кеса. :tmi:
    Паричките си ги потрошив, се надевам и овие што ми останаа ќе ги дочувам додека земам плата.
    Ама пари се за трошење нели :) Има периоди кога не успевам да заштедам ниту денар, но што е тука е.

    А, заборавив да ви се пофалам дека почнав со вежбање пред една недела, се надевам дека нема да се откажам.. Ќе се потрудам да има барем минимални резултати ( не барам многу) :lol:

    Убав ден феминки!
     
    На Agrona му/ѝ се допаѓа ова.
  19. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    си закажав пасажа на тенко црево-во Среда во 8 часот таму-на клиника
    што ли ме чека незнам ама знам дека се плашам и тоа многу :worried: кој знае како ли организмот ке го поднесе тоа што ке треба да го испијам и разговарав со неврологот и остануваме на оваа доза и ми објасни дека лековите биле психостабилизатори-со други зборови ако не ги пиеш или ке шизнеш или луге ке почнеш да убиваш :rofl: така ми звучеше :!: не бе докторке па не сум до толку ама сте и вие :lol:
    овие од Македонски пошти се за нигде никаде-не ни пратиле картончиња па оди до Социјално пак земи ги-службенициве мира немаат од мене :lol: пред некој ден за електронска картичка денес за картончиња
    си купив и рибарски конец па ке пробам да нижам многу ситна монистра па да видиме дали ке бидне герданче или не :) и цел ден сум ко сварена-топло, спарно, па врнеше -притисокот варира и како што ми е низок треба да пијам многу течности, и да јадам солено а на пат кон дома си најдов мала сума парички-да речам дека немам срека навистина би било грев :!:
     
  20. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Моментот кога се чупате: - Ај уште малку, ај уште ова тука, ај уште ова влакно, ај уште малку...
    Ќе го оддалечите огледалото малку и ќе си речете: Што направи, црна .... Стојанко? (пример) :D Само во случајов црна Елено. :D Добро, тоа може да му се случи и на паметен. :D

    Иначе јас сум супер. Викај ура, и така... :wasntme:
    Единствен проблем што ме мачи подолго време, е што касно заспивам, а рано станувам. Или некој ќе ме разбуди, или ми се примочало па ми поминала дремката... и така. :D Иначе да ви се пофалам, Амди Бајрам сум за Не лути се човече. Сите ги кантам. ]:) - Не може ми нико ништа, јача сам од судбинее... :D
     
    На Sanniii, Barbie20, srcekrsacka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.