Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Тивко музиче,фонтаничката жубори,природа,кафенце..мх мх Прекрасна јулска вечер :)) поздрав феминки :*
     
    На Barbie20, Izaabella и teddybear им се допаѓа ова.
  2. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Само што налетав на една фотографија, како се однесува девојка, а како момче после разделба.
    Девојката е тажна и плаче, потоа започнува за запознава нови луѓе и да си оди до другарките по забави во дискотеки, заприметува дека има и неколку момчиња на кои им се допаѓа и по неколку месеци можеби започнува нешто со некој друг. Солзите полека се намалуваат и на нејзиното лице се заприметува среќа и проболување.
    Момчето после разделбата е најсреќен на Свет, изгледа како да може да подигне слон и оди надвор со другарите пие, спие со таа со која изневерил и се чувствува задоволен со тоа што раскинал со таа на која и набивал рогови. Поминуваат месеци и тој сфаќа дека направил грешка, сака да ја побара девојката и презема таков чекор. Но, по толку поминато време девојката не чувствува веќе ништо за него ( или се прави дека не чувствува) и го одбива, а тој е тажен и се гледа каење и по некоја солза на неговото лице.

    Колку е ова вистина јас не знам, ама ако е со нетрпение го чекам денот :devil:
     
    На Barbie20 и cheetah.girl им се допаѓа ова.
  3. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.797
    Допаѓања:
    100.519
    Пол:
    Женски
    Ако убавината е минлива ,тогаш јас си имам нешто што ќе остане непроменето.Грдоста секогаш ќе си биде мој вечен придружник.
     
    На Barbie20 и Katerinceee им се допаѓа ова.
  4. AnjaSS

    AnjaSS Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    и осаменоста... Од искуство :)
     
  5. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.543
    Допаѓања:
    5.892
    8-ца, 10-ка, 18-ка, 20-ка…
    Црни, црвени, кафени, сиви, бели, виолетови…
    Отворени, затворени, зимски и летни.
    Штикли.
    За некого само обувки, за некого неподносливи.
    За мене незаменливи.
    Обожувани, сонувани, посакувани. Едни од малите нешта кои ме прават среќна.
    Кога ќе кажам штикли, помислувам на елеганција, отменост, малку арогантност, а пред сè женственост. Моќ работите да ги гледаме од малку повисоко.
    Ме потсеќаат на вечер, ноќ, и се единствени сведоци на она што вистински се случило таа вечер. Кријат тајни, прават болки.
    Способни да разбудат еден цел град, да ги растреперат улиците, да се слушнат, да остават некој без сон.
    Ме носеле секаде каде што сум посакувала, места кои само тие ги памтат.
    Покрај тоа што биле агресивно соблекувани, одделени од ногата поради страст, болка, тие секогаш го знаат патот за назад, и никогаш ама баш никогаш не ги раскажуваат своите приказни и тајни средби со градските сокачиња и скали.
    Нивниот звук го означува почетокот на една ноќ, една љубов, една средба, еден танц…
     
    На Butterfly14, Monna.Monna, Barbie20 и 8 други им се допаѓа ова.
  6. angela990

    angela990 Активен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    Здраво феминки :D
    Конечно решив и јас да се зачленам па од денеска ќе ве дружам редовно. :)
    Инаку СДК ноќниов живот е се потапа еве уште во 12 сум дома... :D
     
  7. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    СДК животов ми се распаѓа уфф едвај чекам да одам во средно едвај уф уште 2 години пекол :(
     
  8. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.543
    Допаѓања:
    5.892
    животот ти се распаѓа????? :^) а 6-7 одд.?
    Малее па ти какви проблеми имаш
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Taylor97

    Taylor97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2013
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    643
    Животот ти се распаѓа во 6 одд, а што мислиш во средно рози ќе ти цветаат? Се лажеш.. како поминуваат годините животот станува потежок.
    Еден совет: Некои се би дале да се вратат на таа возраст, затоа уживај додека можеш, бидејќи верувај.. те чекаат многу потешки денови. Ти посакувам се најубаво. Поздрав :)
     
  10. levely

    levely Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    902

    сигурно цртаниот филм ти почнал покасно.....Kако и да е , не сум којзнае колку поголема за да ти давам совети за животот , само ќе ти кажам да не мислиш дека и заради најмалото нешто, животот ти се распаѓа. Kако што кажаа феминките над мене во средно те чекаат уште многу поголеми проблеми, затоа живеј си сега затоа што потоа ќе сакаш да се вратеш на оваа возраст и ќе си велиш камо да ги имав тие проблеми кои ги имав тогаш...верувај ми ;) ;)
     
  11. UnknownLadyDi

    UnknownLadyDi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2012
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    951
    note 5 >> Lady D diares.
    Се лутам кога другите ми го расипуваат односот со некој што ми значи.Но што кога тоа го правам сама?! Премногу е добро за да биде вистинито.На секој во животот ни требаат луѓе кои засекогаш ке бидат покрај нас, а другите ке доаѓаат и ке си одат, секој според заслугите.
    - Не дека барав многу, едноставно ти не даваше ништо, кристално јасно ние не сме еден за друг.Нема да те мразам,на пример постојот многу полоши работи-да те заборавам.Имам премногу емоции за тебе ми недостигаш,те мразам,ме болиш,а љубовта хах се изгубила некаде во тоа.Долго те сакав можеби предолго,но такви се жените и кога нема надеж се надеваат.Не беше тука кога ми требаше некои работи ке останат исти,јас ке останам слаба на тебе,но научив да се контролирам, тоа се промени.Жал ми е за мажите што ги сретнав после тебе, плаќаа за она што го згреши ти.На светот не постојат лекови за скршено срце и недостаток на интелегенција.
     
  12. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    7.306
    Пол:
    Женски
    Вчера имав тешка ноќ.
    Несоница и комарец кој заглавил во мојата соба, па фрустрацијата најверојатно ја лечеше на моето тело.
    На мене, милион видливи докази за неговата лутина.
    Со оглед на ова, но и со оглед на времето во кое едвај заспав, сабајле требаше да се разбудам нерасположена, уште повеќе заморна и со една голема желба за правење едно големо - ништо!
    Но, обожавам да им пркосам на лошите денови, па за инает станав насмеана и ведра, со енергија доволна за да го освојам цел град. :D

    Договорив две средби. Едната со дечко ми, кој мислам дека обожава кога ќе го викнам со мене на шопинг (не дека му купувам нешто де :D ), туку зошто го спасувам минимум 2 саати од досадување по дома, а другата со другарка која зрачи со позитивна енергија и позитивни мисли, а мене баш таков човек и ми беше потребен!
    Смеење, голема порција помфрит и полнето пилешко, додека го носам фустанот што ми е тазе купен, а тотално ми го освои срцето. Со полн стомак тргнав накај дома, а на пола пат ми се јавува дечко ми, ќе ме носел на настап на Влатко Стефановски..
    И таму уживав во секоја нота, се сретнав и со некои стари познаници, свртевме по некој ред муабет, си упативме по некоја кисела насмевка и се изгубивме некаде во гужвата.. Како што претходно се изгубивме низ патиштата на животот.

    Дојдов дома, комплетно предозирана со љубов, максимално секаде по ликот опсипана со бакнежите на дечко ми и само тивко во себе си реков дека посакувам оваа убавина никогаш да не заврши!

    Утре ме чека голема генералка, собир и дружба со разни средства за чистење, изготвување на список за на одмор и еден телефонски повик по кој што набрзо ќе ми се решат проблемите со сите несакани влакна по телото. :lol: Тек тогаш вагата ќе покаже уште подобри резултати. :D

    Лаку ноч и не заборавите..
    Волите неко и неко че волети вас!
     
    На Moira, Barbie20, Someonespecial и 4 други им се допаѓа ова.
  13. untouchableGirl

    untouchableGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2012
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    158
    http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... JU3c1_wxBc
    ЦАР! :rock: :rock:
    Ми ги дупна ушивее еј кој ѕвер е овај, во Бардовци ја имат прајно музикава :rock:
    Ице мрази сеееее’, Ице мрази сееееееееее. Се дерам ко ненормална ќе полудат дома со мене. Од сабајле ги будам со песнава. НЕЕЕЕЕ, ИЦЕ МРАЗИ СЕ’! Ќе ме пратат влудница. :emo:
     
  14. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    Какви?Немам ни една другарка малку ли е инаку сум 8 деветолетка :D
     
  15. lepadama

    lepadama Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    157
    Сакам да кажам дека било прекрасно да си мајка :inlove:
     
    На UnPaso, Annath, Moira и 15 други им се допаѓа ова.
  16. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.471
    Допаѓања:
    17.174
    Идиот сум најголем.
     
  17. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    РОДЕНДЕН РОДЕНДЕН ДЕНЕС МИ Е РОДЕНДЕН.....има ли поубаво нешто од роденде со саканата личност, премногу сум среќна што тој беше до мене и се надевам дека цел живот ке биде така до мене како денеска во најубавиот ден од мојот живот.
     

    Прикачени фајлови:

    На Barbie20, kate21, baby-star и 9 други им се допаѓа ова.
  18. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Како луѓето денес прават идоли од идиоти? Малце ми е на карање темава, се исфрустрирав :D Луѓе без талент, луѓе што не вреди човек да ги слушне и види, да земе пример, не го инспирираат... зошто толку ги зборуваме бре?
    Една феминка пиша дека Боки 13 бил многу фин дечко. Нека е, супер за него. Зошто е јавна фаца? Затоа што се облекува во фустани и штикли, јавно ја истражува својата сексуалност или пол? Ги проба сите можни сценарија да биде славен, од водителство до одење по српски шит шоуа, албум сними? Талент освен да се лигави по тв... нема. Зошто е толку зборуван и за добро и за лошо? Зошто самите ние ги форсираме ваквите личности да бидат на насловна страна, наместо добар уметник за кој вреди да се прочита. Некоја глупава пејачка што се соблекувала по кафани или што ти знам. Проста ванаби поетеса, која е толку самоуверена до степен на ароганција, заради нас (некои од нас де) што ја величале, лајкувале, споделувале... Мислам... за да стигнеш до тој левел треба да имаш луѓе што ќе те тапшаат по рамо или пак ќе те озборуваат. А кога веќе луѓето зборуваат за тебе, одма си јавна личност и одма сите те знаат. За што те знаат бре? Гневна сум. Премногу време трошиме за едноставни обични луѓе, премногу хартија по весници и списанија за глупости.
    Зошто не слушнав никој да зборува за детенцето Лео, што доби награда на конкурс, па една недела неговите слики во сред Њујорк беа презентирани на билборди? Нели тоа треба да даде некој мотив, да ги прошириме хоризонтите, да дадеме слобода на секој од нас, па и да е 5годишен, да може да се изрази и да ги истражи своите можности, затоа што ете... убави нешта знаат да се случат. (иако... уметноста ја сфаќам како израз на емоција, па не би знаела кои емоции ги изразува малиов, сепак има исклучителни умови, може ова да е еден од нив :^) )

    Така јас, на фризер вчера чекајќи, пролистав некој од тие Свет или како и да се викаат... почувствував дека мозокот ми се смалува. :| Толку сакаме да ги буткаме носевите во сечија приватна работа, а многу од нив со задоволство ја презентираат, само за да бидат на насловна страница. Не ги купувајте таквите списанија, не ги коментирајте таквите луѓе. Секој збор плус за некое име, го прави само уште повеќе славен, па наместо на неговото место да стои приказна што вреди да се чуе, ние таквите ги туркаме во ќош како воопшто да не се битни. И да е непознато име, без позадина зад себе, една жена што се изборила против ракот на дојка, човек што спасил друг човек, цел село што се здружило и собрало помош да се изгради опожарената куќа на комшијата... Далеку подобро од некоја на која гаќичките и се ѕиркале |(

    Ај добро утро :angel:
     
    На Annath, Moira, pamelche и 17 други им се допаѓа ова.
  19. innamylove

    innamylove Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    379
    Допаѓања:
    231
    Добро утро феминки :) вака првпат нешто ми се дешава да станам толку рано ако врни сигурно јас сум го расипала времето хахаха :$
    па наздравје кафенцето :) :coffee:
     
  20. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    се повампирив, нема што :rofl:
    се разбудив во 4 и нешто-врти се, превртувај се сон не ме фака-а во себе вријам-изгледа дека сум во ПМС :envy: и имав шанса да размислам подетално за една мисла што ми се мотка во глава веке подолго време
    а тоа е повторно гледање со еден од бившите-бевме 6 месеци заедно-квалитетни 6 месеци ама на него му текна да ми кажува колку му било тешко со бившата и тогаш ми прекипе си реков е доста е-мажена е има две дечиња, и тоа ми кажа :devil: во тој момент ми доагаше еден :punch: и да го пратам кај неа :D
    комуницираме сеуште, ми пишуваше до скоро срциња, мила сум му била-една сосема случајно кога бев кај него во населба налетавна него-многу бев ладна а последниот пат кога бев кај него, видов светло во нивната кука, ама не видов дали е тој дома помина година и нешто од тогаш и да ви кажам искрено од сите врски до сега сум се чуствувала заштитена, сакана само 2 пати- да знаеш дека имаш машко до тебе а не ветрушка што ке одлета при првото несогласување, кавга и сл.
    леле напишав цел реферат :tmi:
    што ми беше поентата? можеби сватив дека таков како него не се наога дури ни со лопата да го бараш
    а тоа бивша-мивша само нека ми спомне кога ке го видам, ке види убаво :!: и баш една другарка има за партнер еден ист ко него по карактер љубоморно си го чува и со право :!: можеби тоа ми ги отвори очите-на некој начин :wasntme:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.