Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.213
    Допаѓања:
    139.819
    Што е иронија?

    Да ги пратиш децата на одмор, да имаш еден тон планови за шетање и... три години старата кола да не ти пали! Притоа дечкото од сервисот да ти каже дека ќе ти биде готова за најмалку една недела :D

    И тоа баш денес кога решив дека ќе одам на Водно скоро секој ден. А убаво ми тргна, морам да признаам.

    Одамна не сум се чувствувала волку баксузно :D

    Кога немам кола се чувствувам како да сум со врзани раце, како да ми е ускратено најмилото - слободата!
     
    На bittersweet, Annath, Moira и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Ana.Jones

    Ana.Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    1.124
    СДК сонував дека мајка ми умрела. Плачење, плачење, плачење, солзи, вриштење. Станав целата во солзи, испотена, со фатен глас. Перницата soaking wet. И уште 10тина минути после тоа не можев да се соземам од плачење. Старите велат дека ако сонуваш некој како умира, му се продолжува животот. Се надевам дека е така. Сфатив дека животот без неа не би имал смисла, дека многу ќе боли нејзиното отсуство. Дека нема да можам да преболам. Веднаш се фатив за телефонот, и и' пишав порака. На работа е, не може да збори, плус и телефонот не е со неа цело време. И' пишав дека посакувам да има прекрасен ден, дека е најубава кога е насмеана и дека ја сакам до бескрај. Некогаш не сме свесни колку некои личности ни значат. Уствари, не дека не сме свесни, туку, некако ко да подзабораваме на некој период. Колку само сакам сега да сум дома и да ја пречекам мајка ми со зготвен ручек и сварено кафе, насмевка и раширени раце. Да имам моќ, не би посакала богатства и луксузи и пари. Би ги избришала грижите на нејзиното лице, би ги исправиле брчките збрчкани од мислачки за нас и нашето добро. Би и дала бескрајно здравје.

    Не сум мајка, се надевам дека некогаш ќе бидам, ама нема врска дека ко ќе станеш мајка ќе знаеш како е. Можеби не сосем автентично, ама знам како е. Исто ко што ми е мене. Ме боли ако ја боли нејзе. Те мачи тебе ако ја мачи нејзе. Се радуваш ако ја израдуваш.

    И ја сакаш. Бескрајно. Бесконечно. Безрезервно.

    Мајка.
     
    На bittersweet, Annath, Moira и 23 други им се допаѓа ова.
  3. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Добро утро.
    Конечно и мене нешто да ми тргне ко што треба.Мислам,се надевам дека ќе тргне,хороскопов за денес вика така,а богами и разговорите од деновиве :wasntme: Ќе видиме.. :)
    Него,многу ми се оди на одмор.Ги чекам моите да кажат што како ќе биде,the judgement day.
    А после ќе одам во село,на чист воздух и фамилијарна собиранка :)
    Ми се мота нешто во главава цело време.Нешто убаво. :inlove:
    Имајте најубав ден. :hug:

    http://www.youtube.com/watch?v=Rbm6GXllBiw

    Will you take me down to the paradise city... !? :wasntme:
     
  4. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски

    Ариелке, за се има решение :) Нека се живи пријателите :)
    По форумска линија бесплатно ... Вози сестро ;) Душан ако е до тебе, добро нека се врзе :D
    Ако не ти се допаѓа ова што ти го нуди вработенава, менуваме по твоја желба :)
    Рент - а - кар- Car Rental Macedonia.
    Горан мој кога го возам затвора очи, глава го боли и се моли. :D
    Убав ден, насмевка и позитивни мисли .... еднаш се живее...:hai:
    [​IMG]
     
    На Annath, Moira, Ariel и 2 други им се допаѓа ова.
  5. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    761
    Допаѓања:
    1.227
    Пол:
    Женски
    Имаат над 25 години, а на Фејсбук во порака ти праќаат: Замисли си желба и прати го ова на 5353575 други личности и ќе ти се исполни веднаш. Ако не,следува несреќа.
    Со кој памет бе?? :o Ете видов, нивните желби досега сите се исполнети, зошто ова го праќаат секој втор ден. :@
     
    На TheKiketoo му/ѝ се допаѓа ова.
  6. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    Вчера ми беше годишнина овде :) ,цела година помина откако се зачленив на форумов многу брзо летна времето,многу време пред тоа сакав да се зачленам ама кога ми се појави вистинска причина,кога неможев да споделам нешто со никој од мојата близина најдов спас во форумов,љубовен проблем ми беше причината,иако ништо не бидна,тој си фати друга а иако несакам да си признаам себеси моите чуства кон него не се сменети ама тоа е што е животот продолжува.
    СДК дека вие и форумов ми бевте единствена поддржка во тешките моменти,има толку паметни и супер луѓе овде,многу работи научив,многу корисни совети ми дадовте и сум благодарна :) ,јас секако дека ке продолжам да сум член овде и ќе се потрудам во иднина да пишувам попаметни работи :P и покорисни совети :)
    ве бакнувам сите,имајте убав ден :*
     
  7. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Утрово бев на тренинг,а незнаев дека е ден на бакнежот.Сите ќе ги бакнев :lol: . Инаку сега ги бацив баба ми,татко ми,братучед ми и брат ми.Вечер сум пак на тренинг,е тогаш ги бакнувам СИТЕ!
    СЕГА ЗА СЕГА,БАКНЕЖИ ЗА СИТЕ ВАС ФЕМИНКИ!!! :* :* :*
     
  8. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    СДК вчера кога ќе се погледнев во огледало гледав вештерка гадна со собрана коса,наочари бљак,но станав изнервирана и реков е доста веќе,отидов се избањав ја испеглав косата,ја пуштив,ги тргнав наочарите,си ставив сјајче,и та даам сега во огледало гледам принцеза,со убава права светло кафена-плава коса,без наочари и си викам како една шминка и пегла го прават човекот убав е сега сум навистина расположена позз :* :D Сево ова е благодарение на фемина и сите статии во убавина и мода :*
     
  9. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.471
    Допаѓања:
    10.904
    СДК дека животот е толку непредвидлив,толку ироничен,но и покрај се се надевам дека има една точка на светлина.
     
    На rici.aaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    Денеска јас частам за мојот роденден...Драги мои феминки парче за сите. да сте ми живи и здрави среќни и секогаш заљубени
     

    Прикачени фајлови:

    • images (1)11.jpg
      images (1)11.jpg
      Големина на фајлот:
      12,4 KB
      Прегледи:
      253
    На aaaaa, Elennaa, sweet-cherry и 7 други им се допаѓа ова.
  11. lana.del-rey

    lana.del-rey Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2013
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    1.300
    Конечно најдов временце да си поседам и јас на фемина како што треба... на распуст сум а исто ко да не сум,пак имам обврски преку глава,неможам да седнам како што треба,да се излежавам и да не мислам дека треба да станам да одам некаде или да направам нешто -.-
    Имајте пријатен ден феминки.. :*
     
  12. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    479
    Најмногу се нервирам кога некој од нашава држава оди да живее во странство ,се враќа и се прави "газда".Ме иритира кога тој народ се враќа во родното место и го нарекува село.Државата си ја плука а народот го прави сиромашен.Тие кои 15 години живееле во Македонија и забораваат од која дупка искочиле после неколку години ме гледаат мене како мравка.Ние сме биле прости зошто не сме знаеле како да се храниме,како да готвиме,како да живееме.Сме биле облечени од Шутка,сме носеле патики од пазар,сме користиле чкљ парфеми.Ма дај богати ти се молам...
    Вие "газди и газдарици" слободно можете да се носите.Вашата љубов е кон парата,мојата љубов е кон скромен живот без нервози и здравје за секого.Јас живеам за убавите и среќните моменти за со најблиските вие живеете за секој денар што ќе го потрошите за некое парче скапа гардероба.Не ве сметам за луѓе,не ве сметам за ништо.Се покајав што толку се радував на вашата посета...Носете се ...
    Сум била и сум прошетала многу подалеку во светов одколку вас но никогаш не сум ги навредила најблиските како вие што го направивте тоа со мене.
     
    На Annath, Loritaa, teddybear и 12 други им се допаѓа ова.
  13. lana.del-rey

    lana.del-rey Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2013
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    1.300
    Леле големите проблеми -.- Да знаеш уште што те чека у живот и тогаш да видиш што се проблеми,ти мислиш цел живот е колку другарки имаш? подобро да немаш ниту една отколу да имаш 5 што не ти се вистински.. нема денес вистинска другарка ;)
     
    На Petunia-Queen, Someonespecial, Sara123 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Малку да ве насмеам
    Го отварам фејсбукот и читам....

    Денес е светски ден на бакнежот! Кого прв бакнавте утрово?
    [​IMG]

    Си велам себе си леле па мене прв ме бакна моето мачорче ХЕПИ,а потоа и јас него

    слатко се изнасмеав светски ден на бакнежот види види Кого прв бакнавте утрово?

    Мачорчето
    е ричи.ааааа,ричи.ааааа си велам која чест си ја имала :D
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.102
    Пол:
    Женски
    Вчера во 2 после полноќ (односно денес во два) со nati44 брборевме за How I met your mother. И знаете што?? Решив мачето да си го крстам Цлцкото Wait for it... Барни. 8)
    Инаку греотка, веќе седми пат му го менуваме името :tmi:

    Еволуцијата на моето маче: Мила - Срцката Мила - Цлцката Мила - Цлоцкото Миле - Цлцкото Мики - Барни - и конечно Цлцкото Wait for it Барни

    Е да, Натал .. оваам, натич го предложи Барни, а јас Wait for it. :wasntme: Веќе нема да му го менам името (барем се надевам)

    ***

    Вчера во 10 некаде беше, по втор пат на јаве се соочив со скакулецот. :tmi: Мисламм.. не беше истиот. Беше нов, веројатно син му, дошол да се одмазди :devil: И беше многу многу поголем.. Беше застанат на кадата, залепен, а јас
    [​IMG]
    Ама сепак решив да продолжам, во тој момент, скакулецов почна да лета. :sweat: И тоа насекаде, а јас ќе добиев нервен слом.
    [​IMG]
    Комедии бевме, јас брзо си го фанав патот, а тој изгледа уште е жив и здрав. И се кикоти. :envy:
     
    На Petunia-Queen и Someonespecial им се допаѓа ова.
  16. The.Crab

    The.Crab Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Сонувам додека сум будна...
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. snegulkabela

    snegulkabela Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    134
    Колку може едно малечко човеќе да направи да заборавиш на сите проблеми и да ја гледаш само позитивната страна на животот. Кога ги гледам малите деца, сфаќам колку животот е безгрижен во нивните очиња, колку е лесно, само треба да се сака.

    Отсекогаш сум се ужаснувала од луѓе кои постојано ги потенцираат туѓите недостатоци, туѓите грешки и кои го критикуваат секој туѓ успех, само за да го оправдаат сопствениот неуспех. Животот е тркало, се што сте направиле зад себе, ќе си најдите пред себе. И сметам дека во ова има голема вистина. Некои луѓе тоа го сфаќаат врз основа на туѓото искуство, а некои врз основа на сопственото. И јас сакала а повеќе несакала, доаѓам во контакт со такви луѓе, кои постојано ги оценувале грешките на другите и се смееле на нив, и кои за да сфатат што значи и колку треба да се почитува секој човек, поминуваат низ потешкиот пат. Секоја чест на исклучоците.

    И би го замолила јули да не си игра вака со нас, час плаче, час се смее. :rain: :sun:
     
    На WarriorAngel и Sara123 им се допаѓа ова.
  18. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    Леле големите проблеми -.- Да знаеш уште што те чека у живот и тогаш да видиш што се проблеми,ти мислиш цел живот е колку другарки имаш? подобро да немаш ниту една отколу да имаш 5 што не ти се вистински.. нема денес вистинска другарка ;)[/quote]
    Изгледа нема :( ;( ...........
     
  19. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    вреди да се бориме за самите нас и тоа што го сакаме :) :)
     
    На ozbilnazena и Gordana10 им се допаѓа ова.
  20. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК се што лета, не се јаде.
    Но, некогаш луѓето премолчуваат и преминуваат преку некои работи во животот, кои ним им сметаат, не затоа што не можат да се соочат со истите, туку едноставно затоа што не се замараат, а и премногу би се трошеле себе си, само за да ги поправат работите, да бидат онака како што треба.А од терање правда, нема фајде...
     
    На Barbie20, tea4e, ozbilnazena и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.