Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. miljkovic

    miljkovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    363
    Не знам од кај да почнам, дали од тоа што мразам гужва по дискотекиве или машките...

    Ајде за првото да си кажам, искрено немам против тоа да се има многу народ по дискотекиве ама мајку му стара ако во дискотеката собира 500луѓе, како може да се стискаме 1000души во еден мал простор без никаква изолација и што е најстрашно од никаде не дува воздух, слободно можеш да се угушиш..
    Друго, абе и јас сум женско ама 100пати во веце не одам, аман како не ви е досадно угоре удолу да прајте, невозможни сме ние жените.
    И да осет или зборот култура во Мк не постои дефинитивно, барем кога се туркаш за да поминиш извини се, и прашај дали ќе ти остапи место, а не како некој коњи сме, да се поминит само...Вечерва бев едно 1000пати стапната на прстиве што да ви кажам цела нога ми е потечена, чак приметив дека кошулата ми е со кармин направена...Чуда, навистина Чуда


    А, за ова второво, немам коментар, добро што треба да се направиме ние женските, да појдам да го слапам или да му речам доста се гледаме, доста пуштаме знаци ај да ојме негде на само...Не дека имам предрасуди или дека не го одобувам тоа, ама машкиве преголеми телиња се, не е онака како што кажуваат старите дека мажите се тие кои имаат авторитет...Во моментов жената ги држи сите конци, таа си игра со мажот...

    Револт на сите страни... |-)
     
  2. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Кога срцето ви е скршено 1000 пати,кога сте биле повредувани и навредени безброј пати,кога сте исплакале море од солзи,кога и најмалата ситница и само еден погрешен збор ќе ве натераат да заплачеш,подоцна веќе стануваш ладна како камен.
    И веќе и полоши работи не можат да те повредат и да те натераат да пуштиш солза,па колку и да сакаш да се исплачеш и да си олеснеш на душата.
    Понекогаш животот е неправеден.И тоа најмногу спрема оние кои најмалку го заслужиле тоа.


    Нешто за кое реков дека нема никогаш да го направам,го направив.И не се каам воопшто.
    Никогаш не вели никогаш!
     
    На curlygirl, anichka94, CoverGirl10 и 10 други им се допаѓа ова.
  3. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    479
    Знаете ли што е убав почеток на денот:

    На пример овој ден.Мајка ми ме разбуди.Станав и имав што да видам.На масата ме чекаше штотуку свареното турско кафе а до него една Милка чоколада.Ја гушкав,ја бакнував...луѓенца пресреќна бев.Ми вети на мене и на сестра ми дека овој ден цел ќе ни го посвети на нас.Ептен ми е по кејф.

    Утринското изненадување беше уште поголемо кога за доручек ми купила осмина бурек со сирење :D :rofl: :lol: .
    .

    Одете и гушнете си ја вашата мајка.Моментот вреди богатство.
     
    На Espadrila, CoverGirl10, Elennaa и 12 други им се допаѓа ова.
  4. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.630
    Допаѓања:
    9.074
    Пол:
    Женски
    Mожам да ви кажам што се промени драги мои,тоа е кога животот ќе го земеш во свои раце и ќе ужуваш далеку од се и сите.Kонечно малку опуштање и за мене :rock:
     
    На Someonespecial, vinozito1 и Barbie07 им се допаѓа ова.
  5. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Како викаат во песната Битола, мој роден крај, јас те сакам, за тебе пеам... Уште два дена и конечно по месец и половина ќе си одам дома. Исто така за вас имам одличен пример за тоа што е љубов и како најлесно може да се опише. Јас ќе ви кажам еден конкретен пример... Си одам дома и тој почнува да се смее од далеку и да трча кон мене, стигнува до мене и си се фрламе во прегратка, почнува на некој чуден начин да ме гледа и како да сака да ме праша каде беше досега, потоа само стои до мене, а јас си се смешкам и слушам како баба ми ми вика остави го на рает, сите влакна ти ги залепи. Кучето мое ми е пример за неизмерна љубов. Со една прегратка ќе почувствува како ми било и зошто сум била тажна. Повеќе од луѓето не умеат да прашаат како си, а ова крнено животинче е доволно да ми ја лижне дланката, така ќе знам дека сочувствува со мене.
    Имајте убав ден :yawn:
     
  6. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    761
    Допаѓања:
    1.227
    Пол:
    Женски
    Офф топик:Ако некој знае што му е на фејсбуков, не ми го покажува чатот и не можам да прикачам слика нека ми пиши ЛП.
    Oн топик:И после најмрачната ноќ, сепак се разденува...
     
  7. Idonea

    Idonea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    642
    можат да ви наметнат се,но чувствата ги бирате сами.
    Добро утро убави мои :*
     
    На hermosa и Barbie20 им се допаѓа ова.
  8. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Денеска НЕДЕЛА ....уууффф колку ја мразам :envy:
     
  9. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    јас сум јас така?!!..
    да така е.
    животов е мој така?!..
    да така е.
    значи што има тука човек да крева паника како и што да правам јас???!!!!!!.... :^)
    значи не ми е јасно што му фали на човеков кој :!: не ми е татко ни мајка туку е драга особа на мм :^)
    што има тој да кажува за мене како да живеам јас, кога секогаш сум го почитувала како постар човек!!...

    е стварно не ми е јасно :?:
    а бреееее алоооооооооо :^) освестисе малце....ццццц
     
  10. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Ми се оди на море и тоа ептена многу - најмногу ...морска сол , сонце до немајкаде , книги и секкао бакнежи со избраникот.
    Ми се оди исто и дома кај моите сакани луѓенца да си помубетам.
    Ми се безделничи , ми се пишува ми се гледа некој филм од стилот на Letters to Juliet да зјапам и се восхитувам на италијанските убавини и шарм.
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  11. snegulkabela

    snegulkabela Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    134
    Случајно вчера на МТВ 1 фатив една емисија “Сите наши песни“. И незнам зошто ама мислма дека едно време и Драган Вучиќ се обидуваше со вакви работи. Да се разбереме, ниту имам нешто за ниту нешто против него, значи тотално индиферентна сум спрема типот. Она што сакам да кажам е дека, плукаат по него а пак со неговите камења по глава се чукаат. :fubar:
     
    На ceca-1 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Бидете како водата.Таа секогаш оди право и не се врти назад да види кој од неа пие.Своите препреки ги пробива или мудро ги заобиколува, ниеден камен не и е дораснат.
    Убав ден ви посакувам драги феминки :* .
     
    На NoellePage, COollLady, ozbilnazena и 9 други им се допаѓа ова.
  13. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Отиде Свит на чист воздух.
    Се враќам вечер!
    А вие имајте најубава недела! :)
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Добро утрооо :)
    Уствари не е веќе утро :lol:
    Ајде да се облечам и да заскитам низ градов,да го искористам сонцево максимално.
    А уз пат ќе си мрцнам една лесковачка,зошто секој ден ја сонувам |-)

    Имајте убав сончев ден :*
     
  15. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Роденденот си го прославив супер, жива музика, сите весели, се изнаигравме, нејќев да заврши вечерта од што беше убава :doh: од тогаш навака сум во фаза на одмарање, такво пензионерско и да ви кажам искрено добро ми дојде. После сум на именден кај вујко ми, што многу си го сакам :wasntme: А утре дефинитивно морам да ги завршам обврскиве што ми висат над глава, а најважно - да ги прошетаме сите агенции и да донесеме конечна одлука за одмор. Утре е денот, нема веќе време за чекање. Конечно!
     
    На aaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Ах колку ги сакам овие недели кога се збира семејството заедно. Ептен ми е убаво вака. Си седиме си правиме муабет, се смееме, се потсетуваме на минатото, си слушаме македонски евергрини... Преубаво.
    Сакам вака да ми е секој ден. Ви пожелувам прекрасно неделно попладне каде и да сте најмили мои :*
     
  17. Tumblr

    Tumblr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    992
    Пол:
    Женски
     

    Прикачени фајлови:

    На sweet-cherry и snegulkabela им се допаѓа ова.
  18. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Можеш ли да го натераш умот да не го слуша срцето?
    Бидејќи срцето е тоа кое е одговорно за се што се случило,а во голем број случаи прави будала од тебе.

    Друго.....
    Не можам да го замислам со друга.При самата помисла дека бакнува друга,дека ја гушка и ја смее,срцево ми се стега.И боли.Иако веќе сум го заборавила.Или пак само се лажам...
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Feuerwerk

    Feuerwerk Активен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2012
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    15
    Среќен именден имењаци,нека ни е вечно името :)
     
    На Tumblr и snegulkabela им се допаѓа ова.
  20. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.705
    Пол:
    Женски
    Отсекогаш, уште од најмала, сум сакала активности поврзани со естетика, креативност, и често им се посветувам и тоа со многу перфекционизам. :wasntme:

    Почнувајќи од играњето со кукли и разни други играчки како дете, сакав сè да ми биде уредно и да изгледа убаво. Не дека се нервирам во тој перфекционизам, туку едноставно ми е мерак и сум задоволна кога сè изгледа убаво.
    И многу љубам украсување, најголем мерак ми е кога ќе си купам нешто убаво за во соба. :f:
    Се трудам кога пишувам ракописот да ми биде убав, тоа што го пишувам да изгледа уредно, па го чичкам во параграфи... Кога бев помала, пишував и дневник. И кога седнував да пишувам, си пишував и украсував по 2 саата. :D
    И уште од 12-13 години, на Интернет највеќе ме привлекуваше правење блогови, па со убави сликички, позадини, триста чуда... Дури и тука кога пишувам, сакам постовите да ми бидат уредно напишани. :)
    И да, кој сака нека ми се чуди, ама на летен распуст понекогаш досадата ја бркам со цртање. :wasntme:
    Баш убаво ми текна... сега ќе си пуштам некое chill музиче и ќе си црткам. :sun:
     
    На ludoto19, Elennaa, VIN.diesel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.