Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. fox.megan

    fox.megan Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2013
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    85
    Сонце не ме грее, каде замина ти :D
     
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Ме фати носталгија за детството, кога се‘ што беше живо, имаше крзно, и шеташе по улица, го прибиравме дома.
    Јас не знам како останав без вошки сите тие години, се‘ дури не завршив средно, кога сите мачки во улицата ми ја познаваа бојата на гласот. Дома секогаш се креваа војни како претерувам, како ќе ме издрапале, ќе ме каснеле, очите ќе ми ги истерале, ќе сум голтнела влакно и ќе сум се угушела, ќе сум се „бољкосала“ од што биле нечисти.... ама џабе им беше. Јас упорно секој ден дома носев по една мачка плус.

    Едно време бевме и за желки заинтересирани. Имавме една, Жељка ја викавме :D . Мислам... не сме можеле да и‘ дадеме посоодветно име :D Кутрата дерман немаше од нас, само ја гнетевме со се‘ и сешто. Е сега можете да замислите колку сме биле досадни штом ЖЕЛКА успеа да ни избега од двор.

    Иии... така ви велам, ме фаќа носталгија, ама да ви кажам и денешниве мачки не се тоа што беа. Веќе не се толку дружељубиви, не сакаат да се галат и играат, само доаѓаат да проверат дали случајно си им оставил храна, ќе ја смачкаат, и си одат да се гојат на некое друго место.
    Се‘ од корист ц ц ц...

    Нека не ве обесхрабрува мојава приказна.
    Сакам ова да биде еден апел до сите што се љубители на животни да не се стегаат и да одвојат еден минимален дел од својот буџет за нив. Јас моментално дома не чувам ништо, но во дворот секој ден оставам храна за маалските мачки. И да ви кажам право, бавча ми е срцево кога ќе ги начекам како јадат, па после се тегнат по столовите задоволни... и покрај тоа што бегаат како од пушка ако се обидам да им се приближам. Само нека си бидат тие најадени и среќни :lol:
     

    Прикачени фајлови:

    На Moira, kravce, CoverGirl10 и 17 други им се допаѓа ова.
  3. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    СЕДУМ....има нешто во овој број, некоја моја среќа скриена
    [​IMG]
    7 Април (Благовец) - почнавме да идеме со дечко ми
    по 7 години
    7 Мај (Велигден) - дознав дека сум бремена
    7 месец од годината - правиме свадба
    7 Јануари (Божиќ) - ми е термин за пораѓај


    ....се е 7 до 7, и се е некој прзник.... :angel: има нешто :angel:
     
    На Lepaaa, 1209, la-chicka и 23 други им се допаѓа ова.
  4. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    Кај оди светот :x
    Типична денешна ситуација...
    Утре и ова нема да не чуди...

    [​IMG]
     
    На Izaabella, Sara123, Barbie20 и 5 други им се допаѓа ова.
  5. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    значи знае животов да биде убав :!: требало да знаеме кој од околу близина ни правел проблеми!!...
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Јас можам да се смеам, можам да се занесувам дека заборавив се, дека продолжувам понатаму без него, дека ми е сеедно, можам да глумам дека сум нај среќната девојка на светот, дека сум нај сакана, нај искрена.. но длабоко во мене знам дека сето тоа е голема маска.. дека со кого и да сум, каде и да сум, дали сум насмеана или плачам, знам дека Тој е тука, длабоко во мене и секогаш ќе остане, обележана сум од него... за секогаш, без разлика што патиштата ни се раздвоија и што веќе е се минато..

    Можам да флертувам со други, да уживам во нивно присуство, да се смеам на секоја нивна шега, да вратам на некој бакнеж, прегратка, но тоа е само моментално, секогаш на крајот од денот.. мислите летаат некаде далеку, копнеат по недостижното, плачат по неповратеното... Срцево бара нечии очи, прегратки, бакнежи...
     
    На kate21, Hipica, prettyliar и 2 други им се допаѓа ова.
  7. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    СДК иако сум задоволна со резултатите од матура од друга страна сум изреволтирана.
    Па добро дали некој воопшто ги прегледал??
    Дали воопшто поставиле граница од толку до толку перцентили ќе биде 5ка или 4ка...??
    Како е можно некој со 86 перцентили да има иста оцена со некој што има 50 перцентили :?:
    Нешто тука нема логиka :worried:
     
  8. charliee

    charliee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2012
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    716
    Пол:
    Женски
    пресреќна сум,ако до вчера тагував денес сакам да се радувам конечно добри вести!!!
     
    На ozbilnazena, Sara123 и Barbie20 им се допаѓа ова.
  9. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Кога ќе излезат сите од дома, по работа, свои потреби или ќе ги избркам :D да ги бркам :$
    Одете бе, дишете чист воздух, шетајте, играјте фудбал, кошарка...
    Кога ќе почувствувам замор од рецепцијава и хотелските услуги....
    Не. Не работам во хотел, ама понекогаш имам чувство како да живеам во хотел.
    Едни влегуваат други излегуваат, на едни им е мојот дом преноќиште, а на други пролазна станица..
    Уз пролазу доаѓаат србиве и црногорците, обавезно ќе ми бапнат прасе,
    ракија и баклави од нивната радња
    А јас на диетаа....јбг, таква ми била среќата .
    Једи снајо! нечеш се поново удавати. Иди бре! :D

    Бог ми е сведок дека си сакам луѓе и сум гостопримлива . Последниот залак би го поделила..
    Него, зборот ми беше...
    Кога нема никој дома е толку тивко, ја слушам тишината
    Или поточно јас и тишината.

    Чистам, бришам, прередувам преместувам... Ова кога не сум на работа.
    Па се средувам, гледам тв или слушам музика, или ги барам моите.
    Ги добивам, или се редат на скајп. Дознавам се што не знам... Често знаат да ме насмеат до солзи. Татко ми и мајка ми се туркаат кој прв да зборува, да каже, да се пожали, пофали .Како деца се.
    Потоа тука настапува брат ми :rofl: Ма где си Озбилна ... со него најдолго ми траат разговорите .
    Иако сме разлика седум години, јас и тој имаме толку многу исти размислувања, погледи...

    Па ја гледам и сестра ми. Им се бапнала на ручек ја мрзело да готви :D
    Па ете ја и снаат :D внуците со нивните желби за играчки и други ситни детски работи.
    И кога сето тоа ќе заврши, почнува да станува досадно.
    Земам мобилниот и вртам. Вртам кај едениот, другиот, третиот, ги барам да си ги приберам дома :)
    И поново, три мушкарци, а једна жена :D
    Не. Не сум во пмс ниту во климакс , ама понекогаш ми гори во главава и си сакам мир и тишина.
    Среќа кратко ме држи... Леле, што направи мор Озбилна. Сум го издолжила... Продолжете надоле :D
     
    На ludoto19, 1209, Moira и 11 други им се допаѓа ова.
  10. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Се спрема НЕВРЕМЕЕЕЕЕЕ :puke:
     
  11. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Конечно видов црцорец во мојот живот. Многу сум среќна :D :bug:
     
  12. Claire

    Claire Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2013
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    164
    Ако не можеме да се смееме на истата шега одново и одново, тогаш зошто плачеме на истата болка одново и одново!?
     
    На kate21, Hipica, Barbie20 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК умот е тој кој ни ги прави скоро сите проблеми во животот, математичарот, затоа некогаш потребно е да му дадеме одмор, бидејки на крајот од животот, останува само тишината, мирот, а умот го снемува.А тишината и проблематичниот ум, се тие двајца кои опстојуваат кај човекот.Затоа човек, час е мирен, а час, немирен...
    Дремка ме фаќат од времево некогаш, обожавам кога греми, па и светка :angel:
     
    На WarriorAngel, ozbilnazena и Anouk им се допаѓа ова.
  14. lana.del-rey

    lana.del-rey Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2013
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    1.300
    Времево е ретардирано... сонце-дожд-сонце-дожд-сонце-дожд и така цело време со денови и деновиии.. да незнае човек како да се облече,па и глава да боли :^) или нека врне со денови или нека пече сонце и 40 степени со денови,нека се одлучи веќе еднаш :?: ... не би требало времево вакво да биде во март-април или октомври? Аххх ''лето,летооо'' :devil:
     
  15. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    932
    СДК многу малку е потребно за да се биде среќен.

    Само понекогаш поради склоп околности, или баш тоа малкуто фали, или е пред нас, а не го гледаме, или не сме навикнати на малку ( човечко око ненаситно). А ако пробаш да гледаш од поинаква перспектива, се оддалечиш од себеси и го прошириш твојот видик, можеби ќе сфатиш дека го имаш тоа малку. И после кој ти е крив оти не си видел навреме.

    Ако застанеш за миг, само да застанеш да разгледаш наоколу, ќе видиш дека го имаш тоа малку. Во прегратката на мајка ти, во бакнежот на љубениот, во шалите на твоја сметка од брат ти, во поддршката на братучедка ти, , во надежта на баба ти. Се чини некој цел свет да ми подари никогаш нема да бидам богата како сега.

    Глупаво понекогаш како при очи сме слепи. :?:
     
    На Barbie20 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. S-girl

    S-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    38
    Сакам да кажам и да прашам ЗОШТО секогаш на најдобрите лугје што ги знам им се случуваат нај лоши работи ???????????????????????????????????????
     
    На anggell, srcekrsacka и Gordana10 им се допаѓа ова.
  17. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Времево е катастрофа. :envy: Единствено што сакам во вакви денови е да читам.Ништо друго. :drunk:
     
  18. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    се видов со тетка ми-едвај ја најдов
    ме разбраа и портирот, и сестрите, и братот-медицински секако :D
    тетка ми-коска и кожа, кога ме гушна мислев ке се скрши :worried: од нормален живот до проблеми со жолчката и болки-секој ден на различно снимање,вчера ништо не смееше да јаде барем денес може да пие течности-не си ми тетка по крв, ама ко да си ми те сакам :* :hug: уште од мала кога бев до ден денес
    кога излегов од болницата и кога за секунда ми помина низ глава дека ме гушка два пати ама цврсто-одамна никој така ме нема гушнато,малку фалеше да почнам да плачам-ме разнежни ептен :$ а тетин ми е гад невиден-а боледува од рак мислам дека беше на грлото-таквите како него се живи да ги вариш во котел :!:
    жими се ако не се скријам во некоја грмушка еден од следниве денови и да го шпиунирам што прави, срце да не се викам :!:
     
  19. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    СДК еве ме назад :sun: Одморена,освежена,си ги наполнав батериите и сега можам да си барам работа : ) Се вратив пред два дена ама уште не можам да се освестам каде сум (додуша ме здрма одма овдешната клима,замрзнав : D ) Незнам од каде да почнам... Ако не,од ко тргнав : )
    Татко ми,и онака неранобуден,се спремаше сто сати ко некоја жена,па тргнавме покасно,а бидејќи бевме со наш превоз,си се маткаше...Стигнавме таму поручекта,местото мене убаво ми се виде,неможев да дочекам да се фрлам во вода : D Прво секако сместувањето. Вилата беше супер,чисто,средено,со се кујниче,балконче кон морето,преубаво! Дојде едно машко и се разбравме ние некако на англиски,па ги пренесовме работите. Со мајка ми одма купачите на нас и го собравме татко ми да бараме плажа. Тргнавме кон плажата,но...и таму ветар,бранови,плажата пред нас поплавена,па тргнавме на друга. Се постеливме на другата и иако немаше никој,ние влеговме во вода и скокавме на брановите : D Водата топла сепак. После решивме да го разгледаме местото,кое и не беше големо,беше малечко. Тргнавме по една голема улица и разгледувавме.Првиот ден дека недела и онака поладно,немаше многу луѓе,дури и изгледаше онака пусто... Само две Македонки онака наконтени и префрлаат коси,нешто занесени се упатиле кон еден кафич. Си викам,па како нема да ги познаеш дека се од Македонија :D Разгледавме ние малку и се вративме,заспавме брзо,секако бевме уморени од патот.
    Наредниот ден веќе беше подобро : ) Времето се смири,а плажата подобра. Без фактор 50 не се излегуваше на сонце. Иако намачкана,сепак на крај успеав да изгорам :wasntme: А нозете каде што не сум ги намачкала,ми беа црвено - бели : D Правевме пауза на ручек,за да не стоиме на пеколното сонце,а и да одмориме и ручаме. Обично ми заспиваа кок бебиња :lol: а јас седев и си читав книга.
    Дојде и втори јули,мојот роденден. ТАтко ми,си навил аларм и во 00:00 почна да свири,а тој да ми пее :D Вика не ми текнуваше друго,па еве,да се одбележи. Тој ден ми угодуваа,јас си пливкав,вечерта шеткавме и јадевме гиро и така,убаво ми помина овој пат,си бев среќна и задоволна.
    Кога сме кај гирото, wi-fi сите заклучени! Ај си викам,скржави едни,не ви одам во интернет кафе! И кога бевме кај гирото читам една мрежа и ги прашав дали е нивна,па ми дадоа пасс. Јас пресреќна,конечно да си видам и кој ми честитал,да и пишам на сестра ми и се. После тоа одев понекогаш на поручек или вечерта да фатам малце нет. Тогаш ко го добив,наредиот ден,шеширчето на мене и седнав на една клупа и еден сат пишев.Тоа пекол,сонцето во глава удира,јас пишам (си рекоа сигурно оваа пореметена : D ) Ми е гајле,мене ми се направи ќефот.

    Секое сабајле со моите си пиевме кафе,кога јас ќе направев,кога мајка ми,па им правев нескафе фрапе,пошто знам да го погодам,обично си пиевме 3 пати на ден хахах,кога има со кој да пиеш...
    Плажата се направи стакло,поубава вода досега не сум видела,долу ситна песок,до далеку,плажата исто (онаа поплавената на 30 метри од нас,што потоа беше малечка плажичка,но убава) Секој ден бевме таму. Па кога ќе поминев по патчето до неа,секогаш имаше спружени алишта што мирисаа прекрасно на омекнувач и беше баш онака,чисто,свежина и морски воздух... :mm:
    Книгата што ја читав,многу паметна.Но друг пат за неа.
    Секој ден си се сместувавме на плажа и се сончав,но и секој ден се гореше.Некои денови се вртиш како миксерче в кревет од што те боли. Но вредеше,не излегов од вода : D
    Тоа ми беше перфектно,мирно градче,без многу гужви (иако имаше повеќе Македонци таму,бидејќи соработуваат со хотелите агенциите,ние одевме на малата плажа,а не на големата каде што сите се туркаат до тебе,децата вриштат...) морето чисто,за шетање и не е важно толку...уште да имав некој друг со мене :wasntme:
    Имавме неколку други секојдневни комшии на плажата и немавме гајле,одевме таму само ние. Имаше едно мало слатко,плачеше нешто и се бунеше,а кога му реков "А нема да правиме замок?" и тоа срце ми повторува замок? Замок,замок,аде замок! И сакаше да прави,се смири,ама заминаа тогаш. Барем успеав да го смирам. Имаше и други дечиња што пливаа,сите ми беа интересни. Јас ко најголемо дете,си ја ставав маската и гледав рипчиња и школки,дури успеав да извадам едно морско еже,кое го избоцка татко ми.
    Имавме и една прошетка на другата страна на кракот,но не ми се допадна.Можеби не сме ја погодиле плажата...Бевме и до Lidl и баш се исплаќаше се,иначе беше доста скапо,како што и очекував. На таа другата плажа,се изнасмеавме па...Поминува еден од тие црнците,(греотка ми се цели,тешко нив) и носи едни слики за врамување. И застанува кај сите и дојде кај нас и татко ми почна да ги гледа тие сликите и му вика Do oyu want to buy one? и татко ми,шо ми вели Дивајн? И јас викам дали сакаш да купиш...И татко ми му вика Не,не,само гледам : D И тој црнецот вели Србија? Не,Македонија....ПА тако кажи брате,јеботе : D Хахахах,и татко ми му вика од кај си,шо си,па се заправија муабет. И вели ти си научил српски! и црнецот: Па 4 години сум тука,научив,јеби га :D И се смее така заразно...И се поздравија па замина... Другата случка,беше со едно куче,малечко,ама бељаџија. Се качуваше по лежалките и отиде кај едни чупиња и тие си играа прво со него,после го бркаа не си одеше,им ја фати крпата да ја трга,потоа и марамата,на крај тие се тргнаа,а кучето им го испи кафето од чашата :D И за капаче,на едната од нив и ја зеде јадранката па трчаше по плажата со неа,тие трчаат по него,ама не го стигнаа : D Еден дечко го фати и им ја врати. Ние наоколу што да правиме се изнасмеавме...
    Така отприлика протекуваше одморот,мене ми беше супер,иако мислите ми летаа одвреме навреме и се заборавав кај сум и што сум,сепак беше убаво. Барем се ми беше погодено,си се разбиравме и сите задоволни.
    САмо...последниот ден,кога ќе си одевме,бевме пак на плажа,но времето пак беше лошо и имаше бранови. Плажата пак се поплави. Ние сепак,пливавме бидејќи плажата беше плитка до подалеку. Имаше само еден дел од плажата каде што незабележливо преминуваше во длабоко,а беше блиску до плажата,не кон морето. А една баба со внучиња близначиња туку што дошле,седнаа до нас и деца ко деца,влегоа во вода и ок,си се радуваа,пливаа,а ние седевме и се сушевме. Беа некаде на 7-8 годинки. Едно време брановите ги имаа однесено баш во оној дел што открив дека е подлабок,а тие мислеа дека е плиток. Баба им,дека со наочари,а и имаше уште едни,поголемки деца,отпрво мислеше дека се тие и ги гледаше,но потоа ги изгуби изгледа од вид. Едно време таа стана и одеше кон нив,а слушнавме дека децата нешто викаат и забележавме кај отишле. Јас и татко ми се стрчавме кон нив и видовме дека веќе почнуваат да се дават. Татко ми влезе одма,а јас чекав надвор,готова ако треба да влезам и јас,тој го крена едното детенце,бабата другото и со мајка ми ги почекавме надвор и ги подзедовме,им помогнавме да излезат. Кашлаа малце,се стабилизираа и не мрднаа од столчињата. Потоа им кажавме каде е безбедно и дека не е секогаш такво времето. Се уплашија кутрите,а од брзање за морето,уште не дочекале да си ги земат гумите,не почекале да се распакуваат. После ги охрабрувавме малце и знаевме дека веќе ќе се мирни целиот одмор. Цела среќа шо не заминавме порано ние и уште бевме на плажата. Беа благодарни. Бабата незнам дали би успеала да се снајде со двете сама,тоа беа само моменти,тие уплашени,ќе потонеа во брановите...
    Затоа најважниот дел од целава моја приказна за одморот, ако некој видите да тони,да вика за помош,не се мислете,трчајте веднаш бидејќи нема време за мислење,внимавајте многу и не го потценувајте морето,чувајте ги блиските,а и другите,предупредувајте и покажувајте, сето тоа можи да спаси нечиј живот!
    Па ќе завршам овде,да го насочам вниманието на овие случки,па покасно можеби ќе ми текни уште некоја. Ви посакувам и вас да имате пријатен одмор и убаво лето и да го цените она што го имате ;)

    [​IMG]
     
    На Someonespecial, eva11, Miss.Ricci и 16 други им се допаѓа ова.
  20. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    Ситуацијата во моево Ѓорче..
     

    Прикачени фајлови:

    На Mrs.Cuper му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.