Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.093
    Еднаш во средно кога учевме за литературните правци еден соученик ја праша професорката –а во кој правец сме сега?Таа се замисли и рече-веројатно постмодернизам.А постмодернизам значи книги како Моќта на потсвеста во кој главно се работи за тоа како Ти можеш да го промениш својот живот,се зависи од тебе,Ти треба вака да правиш,Ти треба онака да правиш,Ти,Ти,Ти...тиииииииит...пациентот почина
     
    На WarriorAngel, TheKiketoo, Hipica и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Слики - преку 300. Третина од истите не се во првобитно стање, туку на нив работел тим од програми за уредување слики. Голем дел од нив се со гола пичура и цицки на мегдан и на нив имаш лајкови од самата себе (зашто ти си нај топ), од попалениот сват, од најголемите „фраери“ низ град, и од дедото од Австралија кој на секоја од тие фотографии те поздравува и ти кажува дека изгледаш ко 15-годишна. Да де, 15-годишна со атрибутите истаени!
    Останатите ти се со родителите на дечкото со кој се сакате најмногу на свет ама не е сигурно дал ќе се земите. Ти со минич и секси хулахопка; свекрвица со минич, проѕирна хулахопка, и кожна чизма над колена.
    Демек ми си колешка на факултет, а јас кутра не те познавам. И така случајно во пријатели го имаш бившиот мој, сестра му, и другарките нејзини...

    М?! :^)
     
    На lunicka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    СДК.....т.е. да ве потсетам на само неколку од многуте муабети :D
    :rofl: епа еве ситно се броои до тој ден што толку беше зборен....уште 17 дена
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  4. dimdim

    dimdim Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    121
    СДК прост неверјатно колку многу и какви психопати има оваа е чудо невидено.....и предност ми е тоа што многу лесно може да откријам дали станува за доста ретардирана психопатска особа луѓе ги има сите симтпми едноставн рецено крвопијско суштество што гледа само за своја кориист да те иксристи не размуслувајки дали те повредува или не и какви ке бидат пследиците! ! ! Жално но вистинито психопатот не е свесен дека е психопат и тоа нема никогаш да го признае немојте да оцекувате едноставно само изолирајте се целосно од таквите личности и не дозволувајте да манипулираат со вас :^)
     
  5. dimdim

    dimdim Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    121
    СДК лудо сум заљубена во едно момче :) ептен многуууууууууууууу :rofl: студираме во ист град МОЈОТ УБАВ ДОКТОР :* :inlove: го обожавам
     
  6. charliee

    charliee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2012
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    716
    Пол:
    Женски
    Вистинската љубов, никогаш вистински не завршува. Таа трае. Се сакате и тогаш кога се мразите. Дури и кога го свртувате погледот настрана, вие сеуште гледате еден во друг. Се смеете заедно, но плачете посебно, затоа што не сакаш таа да те гледа тажен, не сакаш тој да те гледа со солзи. Тоа е вистинска љубов. Таа љубов, ја познаваат големите луѓе. Таа љубов носи голема болка. Но големите луѓе имаат големи болки! А поднесуваат болка како никој друг, во тоа е нивната големина, плачат тивко, а се смеат гласно!!
     
    На vinozito1, UbavkaBube и smigool им се допаѓа ова.
  7. dimdim

    dimdim Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    121
    СДК дека јас сум многуууууууууууууууууууууууу среќна :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: мојот златичок зеленоок и плавичок :inlove: :inlove: ме прави среќнаа миличок мој
     
    На charliee му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Уф,добро е...ништо од очекуваното.
    Само нека продолжи со ова темпо и се ќе биде добро.
    Ајде можам јас..
     
    На pufi-cufi му/ѝ се допаѓа ова.
  9. VIN.diesel

    VIN.diesel Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2013
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    420
    Верувам дека не мора да ги промениме пријателите, ако сфатиме дека тие се менуваат.
    Верувам дека пријателите од време на време ќе не повредат,но и дека мораме да им простиме.
    Верувам дека вистинските пријателства и покрај далечината се зацврстуваат уште повеќе, некои пријателства дури прераснуваат во љубов.
    Верувам дека ќе помине долго време додека станам личност каква што сакам.
    Верувам дека секогаш треба срдечно да се поздавиме со блиските личности , можеби тоа е последен пат што ги гледаме.
    Верувам дека можеме да продолжиме и кога ќе кажеме дека не можеме повеќе.
    Верувам дека ние сме одговорни за она што го правиме, без разлика како се чувствуваме.
    Верувам дека или ние ќе го контролираме нашето однесување или тоа ќе не контролира нас.
    Верувам дека секоја љубовна врска без разлика колку и да е силна на почетокот, со тек на време страста ќе исчезне.
    Верувам дека херои се луѓето, кои го прават она, што мора да се направи во вистинскиот момент без разлика на последиците.
    Верувам дека луѓето за кои сметаме дека ни копаат гроб, често пати се оние кои ќе ни подадат рака кога сме на дното.
    Верувам дека понекогаш, кога сме бесни имаме право на тоа, но немаме право да бидеме сурови.
    Верувам дека зрелоста повеќе зависи од искуството и од она што сме го научиле од нив, отколку од бројот на родендени.
    Верувам дека не секогаш е доволно другите да ни простат, понекогаш мораме и самите да си простиме.
    Верувам дека светот нема да запре дури и ако вашето срце е распарчено на милион делови.
    Верувам дека нашето минато и луѓето околу нас имаат вилјание на она што сме, но ние сме одговорни за тоа што сме денес.
    Верувам дека не треба да бидеме многу радознали, некогаш откривањето на тајна, може засекогаш да ни го промени животот.
    Верувам дека луѓето за кои најмногу се грижиме, се суштината на нашиот живот....
     
  10. Butterfly14

    Butterfly14 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    456
    Кога сакаш бараш начин.Кога нејкеш бараш причина.

    Најточно!
     
    На Annath, Hipica, sweet-cherry и 3 други им се допаѓа ова.
  11. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.338
    Допаѓања:
    5.884
    Временска машино, појави се! Итно!
    Болно е, премногу! Врати ме 3 часа назад и се` ќе е поинаку.
    Ветувам ..
     
    На Barbie20 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    СДК многу се збори малку се знае глупаво девојче успеа да ме изнервира алал нека и е на таа пештерата!
     
    На snegulkabela и tinka-mace им се допаѓа ова.
  13. LittleChili

    LittleChili Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2013
    Пораки:
    509
    Допаѓања:
    2.229
    Сакам да се вратам во она добро старо време кога се беше поинаку .
     
  14. Claire

    Claire Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2013
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    164
    Денов е прекрасен.
    Ве читкам и си го пијам првото утринско кафе, кое обожУвам да го пијам сама. :)
    Убав ден за шопинг, ќе го искористам максимум, време е да се подновам со некое летно парче.
    Ве поздравувам сите, имајте преубав ден :hug:
    [​IMG]
     
    На Hipica и Agrona им се допаѓа ова.
  15. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.464
    Оооо, добро утро драги моиии! :)
    Како сте? Шо има ново?
    Кај мене ништо нема, мама и сестра ми спијат јас сум си разбудена уште од 5 сабајле, тато во 6 замина на работа и така.. Досадно ееееее. |( :doh:
    Некако ми се работи, и тоа многу..
    Ауууу, каква интересна идејаааа, ќе одам да и ги измијам садевите на мама, нека се израдува женичката. пустата таа.. Иии ќе и изметам, на тепихов еве веќе 2 ден прерипувам трошки, парченца саламче, компирче, чувче.. :|
    Ајде тргнав јас... Поздрав..
    Држете ми среќа да не скршам некоја чинија или чаша! :rofl:
    Чаоооооо! :hai: :hai: :hai:
     
  16. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    ... не постои нешто поисцрпувачко од тоа да се акаш по доктори. Значи нема, влегуваш низ тие ходници кои дури и на здравиот му ја цедат силата. Врие народ насекаде, дали сме навистина толку болна нација, страв да го фати човек. :(

    Јас кутрата на доктУр не сум била од времето кога една фина госпожа во бел мантил ми пишуваше фејк оправданија за во школо. Одам сега, 13 години подоцна, ниту ме има во систем, ниту имам матичен одбрано (кутрата фина госпожа починала во меѓувреме) :( ниту матичен заболекар, абре ништо.
    Како се веам по светов и јас не знам. :^)

    Само болен да не е човек, за се` друго има решение, кој како сака нека рече, ама тоа не паднало од блази бога кога старите ќе речат - здравје само нека има.
    Навистина нека има, одеднаш во тие долги ходници низ кои парадира смртта како на модна писта не ме ни заболе уво за нови купачи или апостолки (и како долниот дел е направен за девојки со мало газенце кое може да се префати со една рака, а за опфаќање на горниот ни две полни раце не ти се доволни, се` тоа собрано во заедничка бројка на костим), се` нека оди у пм, ми спотребале...
    Светот и општеството од нас направија луѓе што се радуваат на материјалното, на нови работички, кој не се радува нека пукне од лагата своја, на секоја жена и` ласка макар и едно ново карминче или пар чевли...
    ама не верувам дека го добива тоа душевно олеснување со тие нови работи, отколку сознанието дека здравјето и` е сосема во ред.
     
    На Hipster, Nefertitii, Tenna и 31 други им се допаѓа ова.
  17. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.464
    Не нејзе, алал да ми е мене шо последниот збор го прочитав „паштетата„! :D :D :D :D
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  18. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    најдов на ф.б. две нови места за излегување
    едното е спроти Песталоци а другото барав секаде но не можам да најдам-нокен клуб е караоке се вика Привилеџ а темата за општи прашања е заклучена-да не знае некој каде се наога :?:


    втора работа е тоа што веке некое време донесов одлука што на многумина нема да им се допадне-мислам на оние со кои комуницирам дури и за предавничка може да ме прогласат :fubar: , или со камења да ме гагат или јајца сеедно :D ама знам да вратам :!: ова е МОЈ живот и нема што да поднесувам сметки на луге кои не се во моето семејство или блиски другарки- сепак се работи за мојата иднина :!:
     
  19. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    Ако има некој/а од Кичево нека ми пише лп за да прашам,нешто ми треба,важно е! ;)
     
  20. snegulkabela

    snegulkabela Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    134
    Кога гледам некои луѓе, како уживаат во минималистички ствари, сфаќам дека не е битно ни каква ташна носиш, ни каква пудра користиш, ни дали чевлите си ги купил на распродажба или од најновата колекција, туку дека најбитно е да бидеш задоволен со она што го имаш. А дали е тоа така во денешно време е прашање? Животот се сведе на опстанок, ако знаеш да бидеш задоволен со она што го имаш, ќе преживееш, ако не ќе те голтне алчноста.

    Ме повредуваат животните приказни на луѓето доведени до работ на егзистенцијата, и си викам не знаеш што носи животот, затоа треба да се биде умерен. Но кој од нас во денешно време го сфаќа ова.
    И јас во одредени моменти мислам дека мора нешто да имам, несшто да купам (не за друго за а стои во плакар), за да во друг момент мислам дека тоа не ме прави среќна. Среќна ме прави кога ќе ги видам луѓето што ми се драги, кога ќе видам како другите се радоваат на подадена рака, убав збор, на посета на некој близок. Тоа ме прави среќна. Секако дека не сум имуна на материјалните ствари, но сепак понекогаш сфаќам дека тие не значат онолку колку што ние им даваме значење.

    Имајте убав ден :sun:
     
    На natali12, WarriorAngel и vinozito1 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.