Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Да не се пријавуваш на конкурсот за волонтери во СДСМ :D
    Тоа е НАЈпредавничкото што ми текна у моментов,жими се’. :angel:
    :$
     
    На Lilit, Hipster, bittersweet и 3 други им се допаѓа ова.
  2. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    270
    Не бе, во ВМРО ке оди, сите сега под клима во малечка канцеларија се :)
    Господи боже..
     
  3. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.797
    Пол:
    Женски
    Ола чикас :lol:
    Ме нема, ме нема па ќе се изгубам.......winter blues, што да кажам, мразам зима, во зима ништо не ми се прави, затворени по дома како глувци, хибернирам како мечките :D

    Во неделата бев на PINK, се изнаскокав, пеев (добро де се дерев), женана прави невидено шоу, 2,5 саати не ги ни чувствуваш кога поминале, не е за џабе број 1.
    Доцнеше малку концертот, некој копиљ кој не успеал да си купи карта на твитер објавил закана со бомба, демек ако он не може да присуствува на концерт, никој да не ужива во концертот ама глуп од свој твитер акаунт и го најдоа за ич време и ќе си одлеже сега некое време во затвор, ај да видеме и друг пат дали ќе му текне да прави bomb threat ]:)
    Ни заканата со бомба не ми го намали уживањето во концертот.....I love pink :rock:

    Друго на запад ништо ново, во саботата наполнив 33 години, што убава онаква заокружена бројка :lol: внуците 2 годинки правеа, нудистот си прави бељичиња а овој ѕверов внатре само бара благо да јаде....мамицата негова, сака да ме здебели :rofl: а после благото само клоца/боксира, кога ќе порасне ќе му акнам една клоца, он нема да знае зошто ама јас ќе знам :D

    Од константниот ќотек од внатре што го добивам слабо спијам и во недостаток на нови серии се враќам на старите веќе изгледани, ги изгледав сите 10 сезони на Smallville, после тоа ги изгледав 8-те сезони на Supernatural и ми влезе фикс идеја дека Кастиел е многу убаво име за ѕверот внатре :?:
    Му кажувам на мажот, ме гледа, ми се чуди ама не може да си го повлече зборот, според него бидејќи неговиот удел во правење на деца било само чисто задоволство а мојот удел е покрај задоволството и 9 месеци на мака дека јас имам предност во именувањето на потомството.
    Сирот тој сигурно ни на крај памет не му било дека може да ми истекне да го именувам детето по лик од серија, се си мислам дека кај и да е ќе ми го исклучи интернетот :rofl:
    Како и да е до крајот има уште време да ми истекне нешто друго ама Кастиел стварно добро ми звучи :inlove:
     
    На ludoto19, ozbilnazena, Hipster и 38 други им се допаѓа ова.
  4. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.798
    Допаѓања:
    100.543
    Пол:
    Женски
    По 2 недели строг режим на исхрана,не приметив дека нешто сум ослабнала.Затоа си застанав пред огледалото и си кажав-Не,не си дебела само си маааааалку пополнета.Во таа чест храбро ја отворив кутијата на еурокремот. :smirk:Да се утешам..
     
    На Hipster, srcekrsacka, la-chicka и 11 други им се допаѓа ова.
  5. confused

    confused Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2009
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    327
    Дека летово е опасно по живот. Одиш по улица топло камења пукаат и оп од нигде никаде покрај тебе запотена мишка (зошто денес е четврток, капење екслузивно во недела а рексона е мисловна именка) по можност затрчана за поубаво да осетиш, те мава в глава реа како три пцовисани мачки да си помирисал, паѓаш во несвест, се маваш незгодно на тротоар и толку со тебе, свршено е.
    рака на срце потна мишка и без паѓање на тротоар е доволно опасна
    .

    Што Сакате?! Европааааа! Кога Сакате?! Веднааааш! Прснавте ли Рексона денеска?! Неееееее! Па каде бе да му е*ам мајката?!
     
    На Claire, Lemonade, AngelOfArh и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Периодов ми е за кулирање.
    Се видов со момчето, сега си замина.
    Деновиве ќе одмарам и во недела заминувам на одмор. Чао бичес.
    Иако мислев дека оваа година нема да видам море, сепак мама нешто ја пукнало во глава да ме носи на море. :wasntme: Дај шта даш.
    Нема да ме замара никој, нема да ми се качуваат на глава. Нема напињатори. |( Тотален рилекс.

    Ме мрзи и да пишувам. Се ме мрзи, само сакам да се излежувам.
    :drunk:
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.750
    Допаѓања:
    3.596
    Пол:
    Женски
    Хеј... Како е девојки?Знаете, мене ме немаше овие 5 дена, просто морав да заминам, да се одморам од некои глупави ситуации што ги доживував минатиот период. Многу ми недостасуваше некој на кој ќе можам искрено да му се исповедам па тргнав кај другарка ми.Душичка, како ме изначека.. а па јас 5 дена кај неа бев, на спиење. И со право се почувствував лошо. Кога и раскажав се, таа одма почна да ме теши, да воздивнува заедно со мене и тогаш.. бум.. сватив кој навистина ме почитува и кој навистина ја заслужува мојата чиста другарска љубов. А ти, другарке моја (која знам дека го читаш ова, впрочем знам дека ги читаш сите мои мислења на форумов) сакам да знаеш дека секогаш ќе бидам со тебе, сега тебе ти е потребен некој кој ке те храбри.. Биди храбра, ти тоа го заслужуваш.. ТСМС :*
     
  8. Claire

    Claire Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2013
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    164
    Колку е поубав денот кога ќе се подновиш, едноставно неколку парчиња облека ме прават среќна. Сега сум комплетна за летово, останаа само уште 3 дена, и чао Македонијо, Црна Гора wait for me :rock:
    На овој одмор се радувам како никогаш до сега, како на мало детенце кога ќе му дадеш чоколадо.
    Заслужен ми е после се! Ќе уживамм,плажа,книга,бродче, коктели, моите блиски и јас сме доволни. Аххх,ајдее уште малце остана. Ќе соберам енергија до август,да ги положам останатите испити, и останатите обврски што ми следуваат. Ама затоа овие 10 дена ќе уживам максимално, без нервози, стесови и секирации,тоа ќе го оставам за тука! Таму ме чека моренце,плажичка,коктелче,нема поубаво.
    А сега ве напуштам,само... ме мавна еуфорија за тоа што ми следува! Зрачам,зрачам со позитива, посебно денес!!
    А сега додека сум сеуште во Македонија, да се вратам во реалноста, да си ги завршам обврските што ми следуваат денес! :)
     
    На Barbie20, dream.queen и senza.parole им се допаѓа ова.
  9. 31971577

    31971577 Активен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2013
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    16
    Сабајлево полунаспиена ме разбудија и со татко ми се спремавме да излеземе за конечно да ја почнеме процедурата за полагање и за возачка.
    :!: Арно амааа... одиме таму и чичкото од авто школата ми вика "Девојче, ке си почекаш уште две години, па кога ке наполниш 18 ке си дојдеш пак тука и ке си полагаш без проблем" и на моето "Зошто :o "
    Чичково: "Затоа што од тоа полагање за шестнаесет годишњаци не бива ништо,законот е изгласан, ама не е во употреба"
    :fubar: :fubar: :fubar: Не разбирааааааааааааааааааааам!
    "Законот бил изгласан ама не бил во употреба"

    И тоа не се (ова звучи како од топ-шоп рекламите), ако се одлучите да полагате пред 18 години наместо комплет се да ве кошта како нормално полагање после 18 години што е 20.000 денари, ова кошта цели 30 иљадарки. Зошто? -Затоа што имало повише часови,така требало зошто на малолетниците ни требало повише време за учење. :fubar:
    А процедурата и документите што ги бараат се прича за себееееее..
    И замислете: Тие потврди што требало да се земат од училиште (една од директор, една од педагог,една од психолог,една од секретарка) сеуште не биле готови, никој не ги спремил.

    Па јас до сега у мојов 15 годишен живот, не видов една работа НОРМАЛНО ДА ФУНКЦИОНИРА во оваа државааааааааааа :@ Аман.

    Многу сум изнервирана и исфрустрирана.
     
  10. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    таман работа :D
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Tumblr

    Tumblr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    992
    Пол:
    Женски
    сакам тетоважаа,очајно :(
     
    На aaaaa и Sara123 им се допаѓа ова.
  12. Girl-50

    Girl-50 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    842
    Уште само неколку дена и ќе одам на одмор ^_^
    Па време беше и јас малку да се одморам :D Многу сум среќна, возбудена... Едвај чекам да заминам.
    Но не сум среќна само затоа што ќе одам на одмор, има и нешто друго... :wasntme:
    Тукуу сакам конечно да се стопли времево. Лето е или што :^) Мене ова повеќе на есен ми личи.
    Денеска е малку потопло, па ќе видиме :)
    http://www.youtube.com/watch?v=luJAPh0WZyA
    Поздрав, уживајте :d:
     
    На Sweety-90 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    Конечно убав сончев ден :)
     
  14. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Ја сакаш ли? Ме запраша денес еден другар...
    Незнам, тешко е неа да ја сакаш му одговорив, подзастанав, па потоа продолжив.
    Уште потешко е да не ја сакаш, а најтешко е да најдеш некоја како неа, која сака...
     
    На Sweety-90, GordanaL, CoverGirl10 и 19 други им се допаѓа ова.
  15. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Mи треба одмор малку да го одморам мозоков од глупости
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. jjoovvaannaa

    jjoovvaannaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2012
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски
    Барем едн ден сакам да се наспијам :x :headbang:
     
  17. Kristinna1

    Kristinna1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    125
    Денес се дружите само од корист.Се дружите само затоа што некој има професионален апарат за да ве слика и да си ставате слики на фб,само за да ве запознае со неговите\нејзините другарки\другари и после да го зафркнете.
    СЕ Е ОД КОРИСТ !
    Незнам веќе дали има во кој да се верува,многу е тешко да се најде добра другарка\другар на кој можеш да му ги кажеш сите тајни,да бидете среќни заедно,да бидете тажни заедно..
    Кога ви треба на вас помош секогаш сум тука,а кога мене ми е потребна помош каде сте вие,а?Секогаш сте нешто зафатени,немате време?
     
    На BlondeGirl8, Sweety-90, sweet-cherry и 5 други им се допаѓа ова.
  18. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Хелоууу :)

    Од сабајле шетам,по жештиниве.
    До маркет,па со другарка да купиме уште нешто,па таа беше кај мене,се депилиравме,лакиравме и шминкавме,и сега конечно седнав малце да си пуштам музиче и да се одморам :)
    Имајте вие убав ден ! :) :hug:
     
  19. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Нели кога ги дуваме свеќите од роденденската торта замислуваме желба ? Нели кога гледаме како паѓа ѕвезда замислуваме желба? Како малечки нели фрлавме паричка во фонтана замислувајќи си желба? А кога ја оставаме мартинката на некое гранче,нели и тогаш замислуваме желба?
    Каде летнаа сите тие мои желби ?Каде? :|
     
    На Sweety-90, Marjan007, Elichka и 5 други им се допаѓа ова.
  20. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.