Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Claire

    Claire Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2013
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    164
    Денес е голем ден - Петровден.
    Се празнува Св. Петар и Павле, за многу години нека ни е. Многу здравје,среќа, и успеси на сите, и многу многуу љубов. И вечно име на сите Петар,Петра,Петре итн,итн :D
    Имајте убав ден, и повелете на риба,гравче и благичко. :*
     
    На srcekrsacka, teddybear и Barbie20 им се допаѓа ова.
  2. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    СДК дека во понеделник конечно ќе ми се исполни желбата, ќе одам да се тетовирам 8)
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    Ние луѓето не се менуваме. Останато е лошото во нас, навиките, карактерните црти... Ден-два сме различни и пак по старо. И никако не можеме да сфатиме дека не се менуваме, џабе е!
    Дадов шанса на личност која многу ја ценев и сакав, се надевав дека е сменета. Не била... Истото и пак истото се повторува.
    Било како. Јас сум добра, живеам. Лево-десно, кафе, плажа, така ми минуваат деновите. Имам додворувачи, не се жалам. Ама со никој од нив не сакам ништо.
    Емотивно сум многу слаба, ужасната сум од работите што се случуваат околу мене.
    Ми недостига тој....
    Вечер ќе го правам истото што го правев сите овие претходни викенди. Што е најлошо почнува да ми се допаѓа овој начин на живот, а се си велев дека не сум таков тип. Не, не се менувам. Период е, ќе си се вратам јас на старите желби :D :D .
     
    На Hopeful, Hipster и Barbie20 им се допаѓа ова.
  4. female.3

    female.3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    37
    сакам да си се пофалам дека денеска нешто многу вредна бев и по ко фатив од сабајле по дома да чистам, генералка праев на цел стан,тераси, па и ручек напраив хахаха .. сеа малце изморена сум ама ногу ми е убаво и чистичко ^_^ :*
     
  5. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Ми никнале сончогледитеееее :f: Многу ми се убавииииииии и ме прерадуваа кога ги видов :l:

    Денес е нов ден, убав ден, на брат ми му е именден, со мајка ми се си средивме и убаво си наместивме, сега уште гостите да дојдат :) Од трчање по скаливе, горе, доле, подрум, горе, доле, подрум мислам дека ослабев уште 10 кила :whew: Душа немам ама ајде за арно за убаво нека е :)

    Се од вчера останува во папката убави спомени што предизвикуваат скокот на срцето кога се сеќавате на нив а што ќе донесе животот ќе видиме... можеби некоја нова љубов, хммм, надежно. :sun:

    Нека ви е среќно името на сите што го славите :)
     
    На bittersweet, AnaKarenina, Someonespecial и 7 други им се допаѓа ова.
  6. snegulkabela

    snegulkabela Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    134
    Кратко и јасно

    [​IMG]
     
    На Barbie20 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Како што е почнало летото добивам желба елката да си ја накитам.
     
  8. Monique995

    Monique995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    201
    [​IMG]
    Особено недела... Некако примамливо звучи.
     
  9. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Скоро 2 месеца од кога сум неофицијално сингл, да не речам, сингл со паметот. Не се обврзувам со датуми, за мене престанува во тој момент кога јас ќе престанам да чувствувам, да се измачувам, а не во моментот кога ќе го пресечам со зборови. И така, мислев дека ќе биде потешко, но всушност, ооо слобода! И да, убаво ми е, ќе ми беше убаво и со дечко, ама кога ќе направам ретроспектива, вака ми е поубаво, барем во споредба со него.
    Се чувствувам спремна да трчам и да играм кошарка. Не знам зошто баш тоа ама ете, тоа ми се прави. Чувствувам вишок неискористена енергија. Единствен недостаток ми е време и организација, најверојатно се јадат меѓусебно а јас ги гледам. За неколку дена ќе одам на мини одмор, па на викенд, па на прв одмор, и се радувам ко мало дете, бројам денови, часови, минути, секунди, стотинки. Ќе ме болат нозете, грбот, и ќе бидам најверојатно повеќето од времето испечена и дехидрирана. Ама, ај вонт ригрет натинг!

    Друга мисла што ми се врти долго време во памет, и не е поради тоа што сега сум сингл туку поради тоа што е така, е тоа колку е најжално на светот во животот врв да ти биде секс. Мислам, да, сепак е основен нагон, и несомнено важен дел од секое едно битие, но да ти биде врв во животот секс ми е еднакво на тоа да ти биде врв во животот тава грав. Добро, илјада умови илјада карактери, ама за мене врв во животот претставува нешто што тешко можеш да го постигнеш, добиеш, се мачиш, и кога ќе го пронајдеш се чувствуваш ко победник. Како на пример, искачување на Монт Еверест. Да не ја тупам, алал им вера на тие надарени петлиња што успеваат да бидат врв во животот на некоја жена, можеби до мене е, јас не сум ја достигнала нирваната во сексот :D Како и да е, секс за мене е исто ко пиење вода, кога тогаш, ќе ја пиеш бидејќи ти треба, но уметност од друга страна... е тоа е уживање.

    Другоооооо, смешно ми е што секое патување некаде денеска се интерпретира како роуд трип :rofl: А1 многу не зафркнаа со филмот, ама барем требаше повеќето од нас да го сфатат значењето на терминот, дека не е роуд трип ако само патуваш со кола и стигнеш до дестинацијата. Ајдееее роуд трип од Центар до Ченто, уху. Мислам луѓе, многу сте жални. Еве јас не дека сум нешто најпаметна па ќе ви попувам, ама апелирам на користење на интернетот за повеќе од само фејсбук, користење на книгите за повеќе од само потпирач за маса која се клати, и користење на мозокот повеќе од само... повеќе користете го, мозокот е мистерија, не ли ви е интересно да истражувате состојби (добро ова строго НЕ го препорачувам на било кого), да соборувате сопствени рекорди и предизвици, да истражувате капацитети, не ли ве привлекува барем малку? Колку може да се постигне со мозокот а толку луѓе решаваат да го пуштат на пасење и да го остават на пасиштето. Потребен е одмор и идувен вентил на секого, ама на секој кој е изморен. Ако одмараш цел живот, омлитавуваш. Така и мозокот.

    И, и и и, ми треба летно фустанче, по можност бело, убаво, цакано, да си го шетам со апостолки. Мх мх мх 8)
     
    На Hipster, Biggie, Claire и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Има посебна тема за статуси!

    Мене одамна ме намало на темава, да се изнакажам, да се испофалам, да си се пожалам :)
    Еве добра прилика да ги споделам со вас сите новости.
    Од пред еден месец почнавме да работиме на случајот бебенце.
    Едвај чекам да им се израдувам на двете цртички. :) Веќе во темите за бременост сигурно ме забележавте, таму сега сум најактивна :)
    Плановите се направени, останува уште еден по еден да си ги реализираме.
    Ноември ќе биде месецот кој ќе го паметам цел живот. Месецот во кој животот ќе ми се промени.
    Одлучивме да си дадеме збор, а истиот месец и да се регистрираме.
    Родителите ни се наоѓаат во малку потешка финансиска состојба, па класична свадба нема да има.
    Всушност нас ситуацијата ни е добредојдена, бидејќи класична свадба и двајцата не сакаме.
    Во план ни е еден убав фамилијарен ручек по матично и толку.
    Одам да живеам кај него, за почеток во заедница а потоа планираме да кренеме спрат.
    Татко ми ме секира, тешко ќе ја прифати разделбата. При секој муабет на оваа тема очите со солзи му се полнат.
    Не знам ниту јас како ќе се навикнам во друга куќа, без моето семејство.. Навечер си ја гледам собата и се вознемирувам. Срцето ми лупа забрзано и си велам: Ништо повеќе нема да биде исто!
    Го сакам, сакам да го споделам животот со него, но отцепувањето од ова семејство МНОГУ ме натажува.
    Како ли ќе биде? Ахх.. Ете ја пак грутката во грло. Секој предмет од домов сега поинаку го гледам, подрагоцен ми е.. Ахх.. Воздишки еден куп, но така треба да биде. Знаев дека ќе дојде денот кога ќе треба да се збогувам со овој живот, но не знаев дека тој ден олку брзо ќе дојде. Како да ме фати неподготвена, а се е со план. Чудно.. Чудно..
    Во однос на работата за сега статусот ми е ист.
    Од друга страна тој веќе ја зема неговата втора солидна плата, па ќе си дојде и моето, само здравје. :)
    Факултетот ми оди добро, уште еден месец до испитната сесија. Планирам партали да направам, но за тоа потоа. :)
    И така..
    Ве поздравувам! Одам јас да прошетам со љубениот, а вие останете ми со здравје!
     
    На ilipili, Someonespecial, Biggie и 22 други им се допаѓа ова.
  11. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.565
    Допаѓања:
    42.999
    Пол:
    Женски
    Majка ми му се налути на татко ми дека си дошол пијан дома :D Тој не е лош кога е пијан, забавен е, а плус и ретко пие...ама требаше да одат на гости, таа се издотера и сега тој заспа, но не пред да ми ги изеде сите слатки до една.
    И така, дома ми ме е ко џунгла, синоќа легнав да читам...нема мир, брат ми пуштил музика до даска, црта нешто на ѕид и смрди цел стан на лак и боја...мајка ми брчи по дома ова она, татко ми фудбал пуштил пцуе ли пцуе...долу пред зграда децата играат жмурка, по тарасите петровденски гости се спремаа и земаа залет за денес, лудница.
    И после дечко ми вели многу ми било убаво маалото, со деца и све...ма ајде бе нема мир.
    Не реално, ноќите се толку мирни и тивки, ама до ноќите е журка.
    Него и тој арно ќе се удари денес, со другарите се запиваат, уште сега неможам да го добијам на мобилен, а камоли за некој саат.

    Двете друшки отидоа на одмор вчера, третата е на работа во странција, јас сама тука и пракам топли поздрави по ветерот кој деновиве не разнесува...
    Утре ќе одам и јас да се сунчам, ќе се испружам во купаќа на површината од вештачко езеро и ќе уживам додека тој ме вози, нема да кенкам зошто сум сама тука.

    Деновиве ми се врти некоја идеа у глава...сакам да правам некој бизнис, некои од вас верувам ги видоа сликите кои ги цртав на ѕид, во соодветната тема, во последно време ме бараат да цртам и на други места, па се си мислам да направам некоја пара од тоа, да си направам страна и да чекам муштерии.Да бидам бизнисвомен.

    Си ја средив денес терасата, ставив и светло, во недела планирам женска вечер да правам, па ќе запалам некоја свеќа и ќе си правиме роматика со другите блиски женски, ќе се расположиме и ќе вртиме потоа кук на латино.

    И уште нешто...ова за мене е секојдневен рај!
    [​IMG]
     
    На bittersweet, Someonespecial, Trnche и 13 други им се допаѓа ова.
  12. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Јас се извињавам што вака се избацувам, ама ептен ме интересира!
    Што ви е толку животно достигнување „победава“, па во неколку наврати имам начекано кај што си ја честитате? :?:

    А, да, паднав од точак со помошни пред некој ден...22 години, срамота.
     
    На Hipster, sweet-cherry, Lov3 и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.213
    Допаѓања:
    139.820
    Баш ми е гајле што Самарас ќе се види со Обама. Пораснав со прашањето за името, аман веќе.
    Ни за брат Љубе не ми е гајле, само гајле ми е што почнувам да живеам во едно време кое е слично на она за кое ми кажувале, а јас не верував дека постои. Кога не смеело да се зборува против состемот, инаку... голи оток!
    Се фаќам како гледам вести и мрчам цело време. Очигледно сум се изморила од сите глупости сите овие години.

    Веројатно се што ми треба е одмор. Да се оптегнам под борот и да уживам. Или да се плеснам во морето и да медитирам. Пливањето ми е синоним на слобода, без никаков притисок, без никакви ограничувања. Би сакала да знам како е да си ви бестежинска состојба. Секогаш кога гледам некој документарец со луѓе што лебдат, се прашувам какво е чувството да лебдиш. Веројатно се чувствуваш уште послободно, само што малку ти се лоши. Веројатно тоа е желбата којашто никогаш нема да ми се исполни.

    Се опседнам со црните кожни ташни од Мона. Скоро секој ден кога поминувам од таму, влегувам да ги видам. Не мислам дека е ок да дадам толку пари за ташна. Не можам. Ме мачи тоа што можам да си дозволам, ама не мислам дека е ок. Да немав, ќе ми беше полесно. Немам, и готово. Ама како да дадам 5600 за ташна, кога некој нема за леб?!? Ме мачи и распаѓањето на кожата, здравје, кога ташната ќе стигне до депонија.

    Ако верувате, од вчера срцево ми е стегнато, откако го видов Субрата Рој. Цело време се надевам дека нема да излезат работите како што треба. Дека нема да ми го земе Љубаниште, за мене најубавото место за летен одмор во Македонија. Таму првпат бев на одмор со саканиот. И втор, и трет, и којзнае уште колку. Прв пат и со другарките. Прв пат и со децата. Се чувствувам како да ми одземаат нешто мое. Којзнае како им било на луѓето што имале имоти кога им ги одземале. Не е убаво да се врзуваш со нештата. Јас и не се врзувам со материјалните нешта, ама страшно многу се врзувам со местата кои ги сакам. И не можам да поднесам да ги нема.

    Ми фали... слобода. Чудно, некако не се чувствувам слободно. Веројатно премногу обврски се во прашање! Ама сама си ги барам!
     
    На Shelea, Hipster, Buttterfly и 12 други им се допаѓа ова.
  14. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Последниве две недели сум ги опнала целулитните ми бутчиња во шорц и гордо го шетам Скопје 8). И се вртат мужиња, па има и на што да се вртат. Ако целулитот некогаш ми биде најголем проблем во живот, среќна сум.

    Си најдов прекрасен нов издувен креативен вентил и се навлеков на Стивен Фрај и QI. Пропив и Нескафе, ама само тоа на брат ми :!: . За одмор договорено, наредната недела плаќаме. Троа покласично од тоа што јас си го планирав, ама ете желна сум за компромис. Утнати, задоцнети подароци за роденден и ново камче.

    Скопје официјално смрди. На пот, на канализација, на прљаво. Му треба буквално и метафоричко прочистување. Кафанава во комшии трешти, пејачот, не не, оној што за жал го дофатил микрофонот му должи многу на маалово. Поздрави со некое орце. :rock:
     
    На senza.parole му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Keti-26

    Keti-26 Активен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2012
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    7
    сакам да кажам дека еве напишав одговор :devil:
     
  16. luncika

    luncika Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    171

    Епа и јас се извињавам, мислев дека темава е за тоа кој што сака да си каже, впрочем тоа е и самиот наслов.
    Ако за тебе такви некои небитни работи ти претставуваат ''големи достигнувања'' не значи дека и мене ми пружаат исто такво задоволство. :)
    Играта ми е забавна и мое лично право е да си ја славам победата онака како јас што сакам, а ако ти имаш проблем со тоа, не знам како да ти помогнам. :D
     
    На Lolli му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Butterfly14

    Butterfly14 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    456
    Уште ова ми фалеше.. јули месец а јас болна? Се чуствувам како да е октомври најсериозно.Ноќите се ептен ладни, денеска излегов на џемпер и фармерки и пак ми беше ладно.Цел ден кашлам, кивам сега мерам и температура имам.А наредната недела планирам на одмор во Охрид да одам.Каков Охрид бе на вакво време.. јас сеуште не чуствувам дека е лето за вас незнам.
     
  18. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Добрите работи се случуваат кога најмалку очекуваме.
    Но, исто е и со лошите.
     
    На Marjan007 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Sw3et.Ang3l

    Sw3et.Ang3l Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    2.096
    Пол:
    Женски
    СДК колку било за*бано кога немаш ацетон дома :tmi:.. Лом се направив, лом :D .

    Уште неколку часа заминувам на викенд со другарчињата, се надевам и знам дека ќе си поминеме најубаво.

    Добра ноќ. :*
     
  20. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    подобро срцето да ми го откорнеа од градите отколку да заспивам во ноќите со празни раце без тебе ;( ,не нема да можам да издржам јас овај град е претесен за нас 2јцата,од секое ќоше шепотат спомените како ехо ми ја убиваат душата овај град проклет нека е а и јас што сеуште мисла на тебе проклета нека сум...
     
    На UbavkaBube, senza.parole и Barbie20 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.