Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Фала му на Бога ми го пуштија интернетов.:D
    10 дена веќе без него, поцркав бе. :rofl:
     
    На Doozy, Rozich и Elennaa им се допаѓа ова.
  2. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Интересно е кога мислиш дека среќата ти се насмевнала и си мирен и безгрижен конечно а?! Да, ама сепак..поинтересно е кога некој близок те излажал и подмолно изиграл?

    Лажи ли лажи бе брат, џабе е веќе, џабе џабе се сите тие топли, прекрасни заеднички години наши, џабе се сите твои зборови веќе, јас сум човек, ти си, знаеше се, а се осуди на тој чекор, кој засекогаш те отргна од мојата животна приказна!

    Беше еднаш кога одамна, кога ова за прв пат ми се случи, бев повредена на еден од најболните начини, ти беше до мене, гледаше која мака и неправда ја претрпев, беше сведок на мојата болка, и после се, си земаш за право и со цел ум(или па кој ум) се осудуваш да ме излажеш и повредиш?!

    Интересно е како со години нонстоп си викам дека добро постапувам што си држам некоја проклета дистанца од сите познаници, пријатели, знаеме сите дека кога тогаш секој еден може да те повреди, без разлика која е причината, без разлика дали си можел само да замислиш дека тоа е таа личност или па не.

    И ете сакам јас да кажам по незнам кој пат, дека не боли веќе толку, кога си издаден од блиска душа, зашто на крајот ти останува она најчистото до тебе, твоите домашни најблиски, кои Господ да ги благослови ми го направија животот среќен, без разлика на тоа што надвор од нашата топла куќа демнеат проклетници кои се маскирани во луѓе и кога тогаш, планирано или не, ќе плукнат врз вашето пријателство и вашите прекрасни спомени кои заедно со таа долна и изгубена душа заминуваат во неповрат.
     
    На SexyLady и lovely91 им се допаѓа ова.
  3. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    абе Халовин било денес бе. ја касно палам. :rofl:
    ај кој знае дал ќе даваат вечер на телевизија некое хорорче нека сподели. :)

    [​IMG]
     
    На mims-89 и MandyLane им се допаѓа ова.
  4. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    381
    :D Цел ден слатко си се смеам :rofl:
    Дел затоа што ми е мерак и таков ми е денот, а дел на разни глупости :rofl:
    Ох, земјо што не крепиш :D
     
  5. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    СДК дека во другава соба ми се собрале двете бебиња со лепо друштво и гледаат бинго за кое ливчиња јас им купив. Боже сачувај! |( :D
     
    На Go-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Поразличната единка одсекогаш отскокнувала од останатите, нели, и секогаш е најлесно приметлива, највпечатлива - „корне очи“. Според некое недефинирано и непишано правило, умот на поголемиот процент на луѓето - како резултат на самата култура и општествена средина на единката - е така процесиран да за поразличниот човек секогаш се створува една слика на ненормалност, неприродност и болест во крајна точка на случаевите. Гадење и одбивност се првичните чувства што се населуваат во човекот кои произлегуваат умот - велам, не во душата, затоа што за оценувањето на вредностите на нештото се служиме со разум, логика. По некој општоприфатен, но непишан и необјективен закон (којшто често знае да биде наметнат), следејќи го принципот на логичност поголема е веројатноста едно нешто да биде „неточно“ и „неправилно“, отколку повеќе нешта да бидат „неточни и неправилни“ а тоа едно нешто - она поразличното - да биде она вистинското.
    За кое од погорниве гледишта е точно, нема да спорам.
    Туку идејата ми е, што ако сите останати поединци, карактеристични по просечноста во интелигенцијата (и под просекот) се обични и прости - „ненормални“? Сакам да кажам, што ако, оние обичните и нормалните - според нас - се всушност оние „глупавите“ (во не буквална смисла на зборот) и оние кои не се доволно свесни, подготвени и „паметни“ за да ја сфатат суштината на животот, светот, сеедно. Нели најпознатите и најинтелигентните (но не и најмоќните и највлијателните) имиња во историјата (оние со надпросечна интелигенција) - почнувајќи од музичари, уметници и завршувајќи со научници и математичари - се оние кои отскокнувале од широките народни маси и секогаш имале поразлични и поекцентрични мислења и гледања од оној „нормалниот“ и секојдневен човек? Всушност и од таа нивна екцентричност произлегла и таа нивна генијалност, инвентивност, иновативност, прогрес и единственост.
    Што доколку ние сме „ненормалните и необичните“, а тие што ги класифицираме во овие редови се всушност оние вистинските, таквите какви што треба да ги содржи светов затоа што само тие се оние кои ги сваќаат значењата на вредностите...?
     
  7. Morning.Sunshine

    Morning.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    18
    Завиткана со ќебенце си ги греам дланките околу шољата чај од брусница.Сваќам дека луѓето се менуваат,и најчесто стануваат она за кое велат дека никогаш нема да бидат. Мислам дека ми треба малку да впијам од британската ладнокрвност која во последно време станува се поприсутна.Имам книги но немам желба за учење,имам настинка немам живци да ја трпам,имам куп луѓе околу себе а сепак сум сама...Не не се работи за ПМС,таков ми е периодот. Сакам само некој да ме гушне и да ми рече дека се ќе биде во ред во најскоро време.Само тоа сакам...
     
    На sweet-cherry и eli25 им се допаѓа ова.
  8. Dayse

    Dayse Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2011
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    133
    Пол:
    Женски
    Денес цел ден си се изнашетав по другиве градови.Преубо ми беше. А сега треба да учи Дејзи место да ужива... |(
     
  9. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    381
    Постов ти држи вода само шо во денешно време пола човештво со сила изиграва уникатност и ексцентричност, а во суштина со самото тоа тие се само едни од многуте и дел од толпата. Доволно е да се глупираш па да мислиш дека си некој "единствен" на кого треба да му се диват.
    Едно 12 годишно девојче денес Лејди Гага ја става во ист кош со Моцарт :rofl:
    До кој степен се дојдени луѓево и нивната ограниченост не можам да сфатам :^) , уствари можам, ама бадијала е. |(
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  10. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.050
    Допаѓања:
    11.921
    Пол:
    Женски
    Едно не ми е јасно...
    Како луѓево се толку пијани што незнаат за себе, а притоа можат да го направат следново:
    1. Да го уклучат компјутерот
    2. Да уклучат фејсбук
    3. Совршено добро да го вкуцаат пасвордот
    4. На крај да пишат статус како „Пијан сум, нзнам,.фг што пшувам“
    5. Да си се исклучат и мирно да си се кутнат во кревет.
     
    На Divinebutterfly, maca99, Go-Girl и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК не можам да верувам дека постојат бездушни луѓе :x :x :( не, да се правело зло некому и да не му е доста :x :x :( Зарем не мислат на туѓата болка, која е таа страст да сакаш да уништиш некого? :x Не разбирам и не ми е јасно :x
     
    На lovely91, butterfly.93, SexyLady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.457
    Допаѓања:
    91.812
    Пол:
    Женски
    СДК не ми се верува дека сеуште постојат луѓе кои мислат дека дете од еден родител, дете на разведени родители помалку е нормално од децата со двајца родители. :@
     
    На bittersweet, Neytiri, Miss-Independent и 17 други им се допаѓа ова.
  13. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека математика ми рече дека ќе сме се виделе во јуни.
    Не сум знаела дека и професори пред пензија одат во Охрид на одмор. :lol:
     
    На Monna.Monna, spellbound, Hipica и 4 други им се допаѓа ова.
  14. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Да во право си, а и што е најтрагично тие „уникатните“ сега се почутуваат и тоа како, им се восхитуваат. Не посочувам никој (не сакам), ниту Гага ниту Петко/Станко, зборам општо...
    Туку, сите генијалци и по мое мислење „совршени“ луѓе - совршени го ставам под наводници затоа што совршенството е релативно, а не апсолутно - својата слава и кулминација ја доживеале не за време на својот живот, напротив тие биле најстрого осудувани и одбегнувани, критикувани и навредувани, туку по својата смрт, откако ќе се увиди нивната значајност и вредност. А оние кои имале привилегија и среќа да просперираат и прогресираат така поразлично, несекојдневно и уникатно за време на својот живот, да ја вкусат славата на својата генијалност биле мал број, еден во милион, а не како сега, секој втор...
     
  15. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.020
    Допаѓања:
    123.874
    И јас се прашувам истото,за жал постои,како и погледот со други очи кон тебе...Тоа е нашиот Балкански менталитет.
    Јас сум осетила на своја кожа,па дури и безчувствителните прашања како-Кога остана без родител,а од што умре :o ,како бе така итнннннннн.....Очигледно не сфаќаат дека имам кнедла во грло и солза која тешко ја држам да не капне, кога ќе ме прашаат на кого си-демек незнаат |( ,а потоа-леле,што,како,зошто?
    Дури и почнав да се навикнувам на нелуѓето,па кои луѓе се кои со таква леснотија те распрашуваат за смртта на родителот,па дури и детали,наместо да ти кажат едно-Жал ми е.
    Јас искрено не верував додека не доживеав,знаев дека луѓето се нелуѓе ама не верував до толку?А верувам,и дека можат уште повеќе и подалеку да одат :swear:
     
    На bittersweet, Neytiri, maca99 и 9 други им се допаѓа ова.
  16. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Кандидат битолчанец да ми купи џамбо бинго за идната недела? М?
    Ајде па да си исполнам желба и да одам за Нова Година на Малта. Инаку ќе си седам дома пред телевизор, а изгледа и така ќе биде :D
     
    На MiaBeMia, zhap4e и Adi888 им се допаѓа ова.
  17. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    ^^ Знаеш како се затнува уста на таквите ?!

    Со брутална искреност.
    Кога ќе ме прашаат, разведени се твоите ?? Јас веднаш викам, да, да, се. Од мои 3 години, татко ми не дал денар за моето школување/облекување/хранење, ми даде 300 денари за матура и 18ти роденден, се раскара со сите пријатели и роднини, страв ми е од него и е малку налудничав.

    Па да видиш како сите занемуваат и ќутат.
    Оти јас од мала морав да се справувам со љубопитните очи и тапшањата по рамо, затоа што ,сум дете на разведени родители,. Морав да трпам погледи под око, само затоа што немав ТАТО во семејното дрво, или во мојата фамилија имаше мама, тета, баба и деде. Која малограѓанштина вирее овде, не сте свесни.

    Ама па, за инает на таквите, мораш да покажеш и докажеш дека си силна, стабилна, цврста личност. Сега кога ќе ме видат, за мене веќе не викаат ,дете на разведени родители, ами паметното, веселото девојче.

    Чудни се патиштата и кривините на животот, така да, сите коцки се редат.
    Порано или покасно. ;)
     
    На bittersweet, Neytiri, BeYourself и 23 други им се допаѓа ова.
  18. Lov3

    Lov3 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.886
    Бев прешокирана кога дознав дека една четвртина од мојата генерација се „фраери“ и „фраерки“. :|
    Пушеле, јаките тие. |( :x
     
    На Monna.Monna и maca99 им се допаѓа ова.
  19. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    СДК.... :o И.... што сега? :o

    Сега.....ќе си правиш она што треба да го правиш, green eyes. Си сакаше, си бараше-еве ти го на! And now you'll have to deal with it all on your own 8) :^)

    Епа тоа е. Сама си влегов во ова, сосема свесно и знаејќи дека е за мое добро, и сега нормално, нема назад (не ни треба да има, секако) :!:

    Одам јас да билдам малку подзаборавена самодоверба за моите лингвистички способности. Ќе ми биде и тоа како потребна неделава, а се надевам и понатаму. Ќе ми треба и бајаги сила и храброст да издржам. Ама ќе дадам се од себе да излезе како што треба. :geek:
     
  20. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Дози ти се поклонувам на храброста :bow:
    Неможам толку јавно да искажам ваквите тешкотии, која толку ми тежи на душата!!!
    сите кои доживеле развод на родители, или смрт на еден од родителите, само ќе им кажам, обидете се да се справите со болката на свој начин, и не им обрнувајте внимание на таквите малограѓански особи, за мене се бездушни, сити само по задоволување на своите оговарачки апетити :(
     
    На maca99, marama, Doozy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.