Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Дали не му се радувам толку на снегот затоа што веќе го доживеав оваа зима? :?:
    Или затоа што утре од него ќе останат само очајни улици и чизми извалкани?
    Или затоа што е вторник, па како ден сам по себе не носи радости?
    Можеби затоа што веќе нема чај од нане, а не ми се пие брусница. Во вакви моменти долг е патот до продавница...
    Зборовите звучат поубаво кога се римувани. Ама мислите и чувствата се всушност тешко подносливи.
    Некој горчлив вкус ми стои на јазикот. Не знам дали е од кафето или е од животот.
     
    На PrinceOfPersia, teddybear, tweety26 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Си имам една навика да си мислам дека ако не ги кажам на глас работите, нема да бидат вистинити. И тоа ми одговараше некое време, заборавав и дека постојат. Ако ништо друго, барем нема кој да се сити на истите, или да ме просветлува со некои совети. Моментално, не е доволно, не можам сама со мојата имагинација да пројдам преку оваа препрека, а не можам ни да се соочам со реалноста. Да, вистина е, дојде и тоа. Овенаа ружите. Единствено што може да ме уништи сега е, туѓите погледи ако некогаш стигнам да ги видам и стручните совети ако некогаш ги чујам. Но, ќе се потрудам до тоа да не дојде, ако бидам мизерна, барем сама ќе бидам мизерна, без да замарам некој и без да се замара некој.
    Колку и да се трудам да не ми е гајле, колку и да се убедувам дека не е важно, џабе е, посилно е од мене, а и не се искоренува лесно еден цел менталитет наметнуван со години. Барем имам добро извежбана насмевка, па можам да се заштитам. Знам дека не е цел свет против мене, но во вакви ситуации, по ѓаволите така ми изгледа. Никогаш нема да видат слабост во мене. Ќе се смеам на цел глас. И онака секогаш има нешто добро во лошото, и онака е само уште еден лош период, бев спремна за ваков удар. Ќе се смеам гласно, ако ништо друго, и некој друг ќе се насмее со мене, нечиј ден ќе се разубави. А горделивоста е многу лоша особина...на крај, ќе останеш сам. Иако сум свесна за тоа, пак си продолжувам. Its just my appetite for self destruction.
     
    На eli25 и Magnolija им се допаѓа ова.
  3. Butterfly77

    Butterfly77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2011
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    77
    Какви денови,какви денови...
    Ми се смачи вејќе,неможам да изджам,стануваш,одиш во школо,се враќаш,учиш,спиеш,и пак од почеток.
    Ајде морам да издржам уште две проклети недели..море кога ќе размислам,морам да издржам до крај на школска година.
    Ми се лоши од двочичните фаци у школо,искрено.И од нафураните девојчишта.Таквите ќе ги истребам,мајке ми! Овој пекол не се издржува.
    Доста се замарам со тоа,да ви се пофалам дека сум на диета..до нова година :)
     
  4. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Каде тоа има снег?Во мојот град нема :( Како доаѓаат годините се плашам дека снегот ќе стане апстрактна именка.
    А сакам снег,сакам да се разбудам и се да е бело,покривите од куќите,дрвјата и улиците.Тоа е зима.Тоа е декември кој јас го паметам.
    Сакам ваква снежна идила
    [​IMG]
     
  5. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    СДК дека случајно разгледувајки списание најдов ординација за отстранување на брчки со ботокс, а мегу другото и лузни со најсовремени методи, и незнам зошто ама некако многу ми пречат лузните на коленото
    срам ми е да облечам фустанче или сукња(а ме утеши докторката од ординацијата Анчевски кога ми рече дека со ласер можело, ама рани ке ми се отвореле)па ај да се посоветувам и со др. Светлана (така се вика ординацијата)
     
  6. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    26.749
    Сакам да кажам дека ќе пукнам.. Само болести, болести, болести од околу, само нервози кај сите блиски, само солзи... Ме боли желудник, се тресам од нервози, неможам да јадам, да спијам. сакам да викам. силно. Сакам да заспијам и да се разбудам во убав мирен свет без грижи... САКАМ ДА СЕ ИСКОРЕНИ ГЛУПАВАТА БОЛЕСТ!!

    Неможам повеќе.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Фустанче за Нова година.
    Јас вака си ги поврзувам работите: одам назад во Викторијанската доба низ книги и критики и се враќам сега тука, до денес. It's all the same.. Не е новотарија дека облеката го покажува (или наметнува) социјалниот статус, вкусот на човекот за облекување или тоа дека облеката претставува лична карта за влез некаде. Облеката поматеријална не може да биде, тоа е нешто што го снемува со само едно запнување на некој остар предмет.... цааааааааак - отиде новиот фустан за нова година, отиде „картата“ за да бидеш забележана, отиде и никогаш не се врати задоволството на твоето лице пред апаратите... Лицето со новогодишната шминка од 2500 денари наскоро станува бел лист од блок со некој апстрактен мотив (водените боички го прават своето), упропастено е се‘ - нема нова година...


    (така само ми дојде некој флеш, морав да го напишам..)
     
    На eli25, Gordana10, blond и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.722
    Допаѓања:
    253.602
    На x.Daisy.x, Miss-Independent, zhap4e и 17 други им се допаѓа ова.
  9. Sm.real

    Sm.real Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    64
    Ми се допаѓа! - кликнав,го цитирав само за да го прочитаат оние кои не го виделе ова.. :hai:
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Греано вино и жолта јаболка, во комбинација заедно, ме потсеќаат на некој шо треба да биде овде до мене, а не е. Ни му име знам, ни колку години е! Можеби се крие во некоја си своја пештера или пак светот му е во градите; можеби уче за тестот по математика или си ја љуби гитарата; можеби тоа е некој мангуп, а дете во душа; можеби е далеку, а можеби и не.

    Ту мач претпоставки не се на арно, али во оваа сива доба ти ги преиспитуваш сите!

    Во теорија, ми се чине дека научив многу работи. Постојат такви и такви мажи, некакви и никакви. Јас сакам некаков со цврста рака, млад и полн со ентузијазам, да ме фати за рака и да дивееме низ животот, ту во некој агол во запустена уличка ту пред очите на светот. (не бидете перверзни, еј)

    А во пракса, јас само пишувам за него и го идеализирам. Во пракса сум несмасно детиште кое наместо да ја турка вратата, ја влече.

    И сакам да направам нешто, сакам да живеам без разлика дали сум сама или со него, без разлика дали ќе се сопнувам по лизгавиот пат. Денот е убав, можеби и животот и толку многу сакам да сум надвор, ама се плашам дека ќе го изгубам она што е внатре!

    Честитки Фемина, tnx for being here :)

    Еве нешто добро, македонско :)

    http://www.youtube.com/watch?v=gcdK4_8Fqns
     
    На MSkorpionka, eli25, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Не, не сакам зима, и не, не сакам ладно, снег не.
    Зошто да сакам зима кога е ослабена струјата во зима, знае и да снема. Зошто да сакам ладно кога не се поднесувам да ми мрзне снагата на - степени. Кола немам, ниту пак моите имаат за да се возам и да си праам тури во Скопјево, се возам со автобус, викенд со такси. Снег не сакам зашто уличката ми е шугава и секој ја избегава коа ќе падне снег, и што, треба пешки да си идам накај дома, зошто за греота таксистите не ја обичале мојата улица. |(


    И која е всушност причината за јас да сакам снег.
    Не постои.


    Поужасно од денес не се почувствував, и да ќе си мрчам овде до утре.
    Врне дожд со снег, дува невиден ветер, чадор не може да те спаси, топила си од глава до пети, смрзнати нозе и раце. Е да, тоа е толку саканата ЗИМА.
     
    На eli25 и SexyLady им се допаѓа ова.
  12. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    СДК: Колку е убаво кога имаш некој покрај тебе кој буквално те рабира се :inlove: . Те љуби, почитува, разбира и безрезервно ти верува :inlove: .
    Ахххх колку те сакам :angel: :l:
    Мислам дека повторно и повторно... се вљубувам во мм :$ . Нека трае ова чувство вечно :angel: .

    [​IMG]
     
    На Srekicka, crazylady, Libera и 23 други им се допаѓа ова.
  13. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.926
    Сакам да замолам некој што знае добро италијански да ми пише ЛП, ми треба нешто :) :)
     
  14. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Убав е животот, но не од секој агол. А ги има многу.

    Но, знаете, полека се научувам да гледам од оној светлиот, со розеви зраци. Не, не сум тежок фантазер ор самтинг, ама ете, мора да се преживее некако.
    -Борба за живот, како што би рекол брат ми. И во право е.
    Сите го бараме нештото кое ни’ дава сила, надеж.

    А аголот, оној со розовите зраци е уствари полн со љубов, добрина, надежи.
    Што ли не би направила за да бидам среќна!?
    Ама, сакам да сум, затоа. Оти смачено ми е од црни хроники, тепачки и глупости.


    п.с.Don't forget to love, girls!
     
    На eli25, TheCandy880, SexyLady и 3 други им се допаѓа ова.
  15. HeelsLover

    HeelsLover Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2011
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    655
    Пол:
    Женски
    Mожeме да пробаме да ја вложиме енергијата во решавање на проблемите еднаш кога вејче ги имаме, а се разбира можeме и да ја вложиме енергијата во нервирање и жалење што воопшто ги имаме |(
     
  16. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Расположението денес ми се смени за 360 степени.
    Чувство на тонење, поспаност, тага, среќа, а сега не знам што ми е ама пукам од среќа. Убаво би било секој ден да можам да бидам вака среќна, да не се грижам за се и сешто. Сакам почесто да гледам личности кои премногу ретко ги гледам, личности кои можеби не ги знам лично, но затоа кај мене предизвикуваат голема среќа и ме прават задоволна. Посебно една личност која речиси секој ден ми е во паметот, но ја гледам да речеме еднаш во две недели. Денес ја видов таа личност, штета што ме затекна пеејќи ја Jingle Bells со мојот „милозвучен“ глас. :rofl: Ма прекрасен ми е, можеби не е убав, но со сигурност знам дека е предобар, фин, со еден збор најдобар. Кој што сака нека рече. Крај.
     
    На SexyLady, Gordana10 и HeelsLover им се допаѓа ова.
  17. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    .. и така и оваа вечер ке биде доста дооолга.
    Кафе + книга = совршен спој.

    Совршен спој кој резултира со подочњаци кои можам да ги влечам позади мене.
     
  18. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Секој ден кога се будам си се заблагодарувам и на мене и на мојата опкружувачка средина што не сум еволуирала во некојси без’рбетник без смисла и осет за ништо, или пак некоја си протиста еве ко на пример амебата, со бездимензионална амбициозност и дејствување. Си викам „Фала боже!“ што не сум е*ен паразит што опстојува цицајќи нечија интимност, приватност и личност.
    Дојдов во многу интересни и содржајни разговори неделава, богами земјотресно ми ја размучкаа главава. Сфатив нешто што го имав одамна сфатено, ама ете оставено во заборавот. Можда намерно, кој знае... И дојдов до разговор со личност што ми го потврди и запечати моето мислење, личност помала од мене (ама тоа не е важно, нели?) Сега сум 140% сигурна дека сум во право... (Путин влијаел и на мене со процентиве...)
    И така уствари сакав да кажам дека ми се смачи од тоа веќе да завршувам нечии работи. Ми се смачи од тоа да бидам глувче заморче, клетка домаќин на паразиотот или што уште не...
    Ако толку веќе не можеш да се контролираш да не брцаш нос во туѓи работи, ако толку очите ти бегаат Китка-Матка-Водно, купи си онакво ко коњине што имаат на очите за само право пред себе да гледаат и шибај.

    Ај чао!
    http://www.youtube.com/watch?v=koVHN6eO4Xg&ob=av3e
     
  19. LaChiquita

    LaChiquita Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2010
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    478
    СДК дека ми недостига времето кога по пошта ни стигаа новогодишни честитки од сите роднини од цела Македонија. Правев купови од различни честитки и секоја година уредно си ги складирав во убава новогодишна кутија. Порано праќав и ми стигаа. Од кога Вие немате добиено ваква честитка?
    ми недостига тоа време....
    [​IMG]
     
    На Serafima, Fearless, eli25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Сдк треба да се има сопствен став, да се сруши тоа балканското „молчи си подобро ќе си поминеш“. Треба да се каже сопственото мислење иако можеби нема да биде применето. Не треба да се биде роб на другите!

    Ништо не е убаво од секој аспект.
     
    На mims-89, eli25, MandyLane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.