Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Едвај чекам да дојде утре јас и ти ,нашите пријатели местоото на кое ќе одиме се ќе биде толку убаво и забавно
     
    На hermosa и senza.parole им се допаѓа ова.
  2. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    10.770
    Пол:
    Женски
    Полесно ми е да си направам сендвич отколку стомачни.... и ми се познава дека сендвичи си правам :D
     
    На Someonespecial, Hipster, AngelOfArh и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Кога ќе и кажеш на фризерката да те скрати малце
    [​IMG]
     
    На Someonespecial, Plavusa.17, Strumfeta93 и 16 други им се допаѓа ова.
  4. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.798
    Допаѓања:
    100.544
    Пол:
    Женски
    По не знам кој пат си се потврдувам дека сум чудна жена.
    Во принцип ги сакам едноставните работи.Едноставен распоред на мебелот во домот,за полесно ракување нели,едноставно спремени јадења од кои нема да припаднеш покрај шпоретот,едноставна гардероба,многу поважен ми е квалитетот на материјалот...и се така,дури да дојдеме до чувствата.Е тука сум ви комплицирана и не сакам едноставности.Сакам да прска од емоции.Да има огномет.Без разлика дали станува збор за љубов спрема партнерот,децата,пријателите.Се разбира секоја на свој начин.Е сега проблемот е што околината околу мене функционира спротивно на овие мои начела.И како тука да се снајдеш,а богами и да опстанеш.
    Ќерка ми се врати од планина.И чудна ми е.Не зборува,погледот магловит,како да не гази по земја туку по облаци.Одоколу ја испрашав...и да ,заљубена е и овој пат не е тоа платонски.Изгледа и сигурна сум го добила првиот бакнеж.И знаете нешто ме штрецна.Мојата тиквичка не сакам да ми биде повредена.И се прашувам да не е мала.И таман се спремив да и одржам предавања за љубовта,пак нешто ме штрецна.Зар да и ги извалкам соновите?Можеби моето дрдорење ќе предизвика контраефект.Да не знаеш како да се однесуваш.И да изиграваш психолог на сопственотот дете ,е нешто најтешко.Со задоволство би го препуштила тоа искуство на друг.Ама не,јас сум мајка а таа е мое дете.И колку и да сакам нема да можам да ја ставам под стаклено ѕвоно.И тука доаѓа она прскање на емоции.И не се обидувам да го разрешам проблемов,пуштам нека оди,нека тече...можеби ќе се реши сам од себе.
    Ќе потонам во денов со секојдневните обврски.Ветувањето за работа кое ми го дадоа пак се распрска ко меур до сапуница.Ги бројам деновите,годините,доаѓа старост,децава растат обврските се зголемуваат. Збунета сум повеќе сега отколоку кога бев тинејџерка.Тогаш знаев што сакам,и го имав целото време на светов.Сега не,а тоа ме плаши,премногу..
     
    На imelda, Lov3, Libera и 18 други им се допаѓа ова.
  5. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    СДК 14-15 годишни личат ко 20 годишни шминки ко теткици,минич до п*ч,20ка штикли,на ништо не личат :x
     
    На Dobie му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Butterfly14

    Butterfly14 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    456
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr му/ѝ се допаѓа ова.
  7. snegulkabela

    snegulkabela Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    134
    Кога ќе го отворам плакарот, гледам толку беспотребни парциња облека (блузи, маички, панталони), купени во искушение да не се оди дома со празни раце, ако веќе се излегло да се шета по бутици. Парчиња кои сум ги облекла еднаш до двапати и сега стојат, збираат прашина и ме потсеќаат дека понекоѓаш нема големо значење дали секој ден ќе излегуваш облечен во нешто различно, ако душата ти е гола.

    Утре сум на свадба, убаво да се гледаат сите тие луѓе кои се радуваат на среќата на своето дете, внуче, брат, сестра, другар/ка, братучед/ка. Само мене тоа ми изгледа чудно, едноставно не можам да се пронајдам во тој филм. Ама нели треба да се сподели среќата со младите, па треба да се оди. :d:

    И уште нешто, едни две малечки рачиња ми нацртаа мног убави цртежи и добија почесно место во мојата соба. Колку значи кога најмногу енергија и надеж за подобро утре добиваш од малечко човече, кое иако не ми е крвно поврзано ми значи исто толку колку што ми значат блиските роднини.
     
  8. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Човековата историја и иднина во еден гиф...
    [​IMG]
     
    На sweet-star, Shelea, Hipster и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Monique995

    Monique995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    201
    Она чувство...
    Речиси 11 часот, конечно си се наспал/а како што треба
    Утрински ритуал „лична хигиена“.
    Кафето на маса...
    Ама нешто од внатре ти вели „Ај уклучи се на Facebook“.
    Одлучуваш да го послушаш „6тото ти сетило“ и автоматски сваќаш дека квалитетно си се сје*ал.
     
  10. confused

    confused Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2009
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    327
    Aј да се договориме нешто. вие селото и автокампот во Oхрид ке научите да ги викате со правото им име, а јас и пола Oхрид нема да се нервираме. значи луѓе љубаништа се вика, со A. Bо Oхрид немаме села шTо завршуваат на е. белчште, мешеиште, љубаниште се само невкусна шега на неписмени новинари. вие гледам сте доаѓале чEсто на одмор, прочитајте си пишува. Deal? :?:
     
    На cheetah.girl и Annath им се допаѓа ова.
  11. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Времево фино надвор.
    Ама расположениево мое не баш...
     
    На Moschino му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    СДК се нервирам кога Груевски ќе каже раѓајте деца ова она Македонија нема деца нека оди у подфорумите бременост,дете и нека види колку феминки имаат деца па после нека каже дека Македонија нема деца!!! :D
     
  13. Dobie

    Dobie Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    240
    се прашувам дали јас воопшто ќе бидам дружена таква каква што сум,без да треба да облечам ,,цевка,, фармерки,без да треба јас прва да речам здраво,без да треба јас прва да се поздравувам со нив со ,,бацување,, в лице,без да треба да излегувам со нив вчаршија секоја сабота,без да треба после часови да одам со нив на кафе како студент,не сум сигурна дали од што сум срамежлива не е прифатливо ова за мене или дали ова е нормално за мои 14-15 години да се прави со оглед на тоа дека сите го прават,едноставно ова не е возможно јас да го правам,не може да биде и крај,сакале ме дружеле или не,ма не и точка,не сакам јас не сакам не да не ме пуштаат од дома јас не сакам да го правам ова стварно се загревни на 14.год. облекле штикли 20-ка и ајде в ,,чаршија,, ќе одиме тетки стари ќе се правиме,не може и . ќе речат социјален живот 0,ама баш ме ******(со извинение )нека речат,не ја одрекувам вистината таа е и таква е каква што е,сама ќе бидам сама не ми требаат другарки никој не ми треба.Ајде уште малку на 8 години ќе почнат да излегуваат па на 10 деца ќе раѓаат ко во Индија и после јас сум проста а тие паметни и после јас сум старомодна а тие модерни демек мода е на 12 год деца да се раѓало :fubar: грди едни ниски едни прашајте се дали сте за штикли прво а не што ќе носиш? јас нема да носам штикли и после оној ,,паметен,, одговор алоооооооооооооооооооооооо ти во кој век живееш сите штикли ќе носиме,е добро де носете секој има право на избор носете ама како прво и прво не знаете да одите на нив |( затупани па до толку !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
     
  14. confused

    confused Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2009
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    327
    Доби, не мисли му ја, покажи им го мислењево мое на т.н другарки и сами ќе видат како изгледаат во очите на возрасните. Смешно. Нема ништо поглупаво од да видиш 14 годишно дете (зошто уште се деца) качено на штикли со кои ни не знае да оди, па влезено во филм дека е најјака женска во град. Верувај ми, коментарите на машките (оние полнолетните нормално) не се воопшто пријатни и убави.
    Нека ти биде чест што не си дел од таа група девојчиња.
    Кога читате по интернетов коментари од типот: каде отиде младината, е тоа баш на нив се однесува.
    И ако не те дружат не секирај се, другарки секогаш се наоѓаат, особено во тие години. Иако сега нема да ми веруваш, ќе сфатиш кога ќе отидеш на факултет дека овие пријателства сега, тогаш ќе ти бидат само познаници. Тоа е така зошто растете, ви се менуваат размислувањата и карактерите, па некоја девојка која сега ти е другарка ќе развие карактер кој нема да го препознаваш.
    Продолжи си да си живееш онака како што тебе ти е убаво, без да следиш некои наметнати трендови, и на 25 години ќе бидеш девојка која направила се во свое време, додека тие што сега се понашаат како возрасни, тогаш кога стварно ќе треба да бидат, ќе се понашаат како деца. Познавам голем број такви примери, за жал. Поздрав до тебе :*
     
    На Dobie му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Со времето сфатив дека секој од нас околу себе треба да си создаде аура од бодликава жица, зашто не знаеш кој од каде ќе те нападне и ќе проба да ти го забие ножот в грб. Сеуште неможам да дојдам на себе, ниту можам да ги сожвакам зборовите што ми ги упати една личност, многу постара од мене, која ја доживував како мајка, ама очигледно емоциите не биле взаемни. Не кажав ништо додека таа изнакажа многу, не дека немав што да кажам, туку имав почит спрема годините, ја пуштив доблеста да преовлада, не сакав да се спуштам на ниски скалила, впрочем, домашното воспитување не ми го дозволува тоа.
    Се надевам дека си ја испразни душата, ги истресе своите фрустрации проткаени со несигурност и слепа борба за задржување на позицијата, не водејќи сметка дека сум бремена и дека чувствата кај мене кулминираат како огномет - ете јас тоа го нарекувам чиста себичност. Никогаш немој да го заборавите тоа што некој ќе ви го каже кога е налутен, бидејќи тогаш го кажува она што навистина го мисли за вас.
    Јас ќе продложам да молчам и никогаш ниту еден збор повеќе нема да и упатам, бидејќи големината на моите соништа е посилна од нејзиното постоење и не ми препишува мегаломански карактеристики, туку ја истакнува мојата амбиција и ја мери во грамови силата на мојот карактер.
     
    На ozbilnazena, Lov3, Libera и 23 други им се допаѓа ова.
  16. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    479
    Се осеќам како прасе :rofl: ,Мх,да...

    Се убив од јадење диња и пинџур со многу лук.
    Денес останав сама во соба.Пола од домашниве отидоа да се рекреираат на Водно,малку на жичарата,по некое кафенце...Другата половина остана дома и спрема за собиранката вечерва во нашиот двор по повод роденденот на мама.Биди ми здрава и жива мајко моја.ТЕ ЉУБАМ...

    Јас се оптегнав во креветот земав една цела диња го пуштив по незнам кој пат сексот и градот и не трепкам.Таа од таму рика,вика,стенка јас од оваму јадам диња шматам,јадам ли јадам синки прв пат ми е.Толку бев занесена во сцената што почнав и кората од дињата да ја јадам :tmi: . Се препотив...дал од времево,дал од филмот :!: .Одам под ладен туш...одам!
     
  17. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    270
    Ах, колку убав ден!

    Се разбудив во 2 и пол часот (ама оправдано), и само што заѕвона телефонот и ете го саканото, кај мене до кревет :) :inlove:
    Наспана,исполнета, едно парче пица и ладно сокче..
    Сега само што ке си пијам кафе со братучетка ми :) и едвај чекам да се стемни, да се изналудувам :D
    И така, камо секој ден да е како овој :inlove:
     
  18. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    Сакам сега следниов роденден да пунам 2 години,а не 12 било најубаво додека си дете уште неколку години ќе дојде крај и на моето нејќам.ГОЛЕМИ ДЕЦА ГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ :wasntme:
     
    На mimiiiii му/ѝ се допаѓа ова.
  19. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Ги повкувам сите од тим А во форумски игри да се активираат, овие од тим Б се решени пак да дојдат до 0 :!:
     
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.238
    Допаѓања:
    157.271
    Не верувам на жени кои не ја мократ косата кога се бањаат во море и жени што седат со пуштена коса на плажа.
    И вие сте ми уживале? Тоа друг да лажете,одите на плажа само за да се сликате, еднаш влагате во вода и квичите да си одите побрзо. Ги знам таквите, ги знам.
     
    На sweet-cherry, bittersweet, Libera и 17 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.