Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам на муабетов :)
    Да отидеш на плажа со водоотпорна шминка? Ма каква сака нека е, шминка си е шминка и не е за на плажа!
    И јас сакам да сум секогаш убава и средена, ама на плажа ако не ги изгорам црнките на грбот и лицето, ако не ги наполнам синусите со солена вода - исто како да не сум била на одмор!
    :!: А да ги буричкам само нозете во вода можам и дома - во двор со црево! :lol:
     
    На SparkyAngel, Annath, Sw3et.Ang3l и 2 други им се допаѓа ова.
  2. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.473
    Допаѓања:
    17.174
    Си отиде дедичко мој, го испративме.
    Бог да го прости.
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Периодов имам чувство дека никогаш не сум била посреќна. Блескам, насмевкава не се симнува од лицево, целата цветам. А богами има неколку добри поводи за тоа. Одморот е договорен, куферот ќе почека уште две недели да го наполнам, да го пикнам во кола и да го однесам на островот од соништата, заедно со мојот слабичок, но секси задник на предното седиште! 8) Добро де, уште еден задник, троа поголем, ќе седи на возачкото седиште. Без тој задник никаде не одам, да се разбереме :D Друго, блиските луѓе околу мене секој ден изненадуваат со нешто ново, позитивно, а тоа дополнително придонесува за моето чувство на еуфорија.

    Вчера бев излезена и во еден момент, тотално неочекувано, кога од устата на другарка ми слушнав дека е бремена, вриснав и почнав да плачам среде ресторан. Солзиве сами се тркалаа по лицево и мислам дека ја угушив од што толку силно ја гушкав и ја стискав! Цел ден денес сум насмеана од уво до уво, не можев да спијам цела ноќ мислејќи на неа. Се потсетував на возбудата на нејзиното лице кога ми ја соопшти таа вест. Пресреќна сум, исто како мене да ми се случува. Ја сакам како сестра и толку ми е мило, ќе си припукнам од убавини на душичкава! Сабајлево станувам, погледнувам во телефонот и гледам ми пратила слика од тестот за бременост со две цртки :inlove: Абре ќе ја угушам, ми иде да и' отидам дома и пак да ја стиснам, да ја гушкам и да не ја пуштам!

    И така, обоена од убавини и јас се чувствувам убава. Убава од убавини - колку убаво чувство. Само нека трае, никогаш да не заврши!

    Сјаам, бликам, блескам, љубам, подарувам, ми подаруваат спомени за цел живот! Богата сум! :inlove:
     
    На sweet-cherry, bittersweet, Lov3 и 26 други им се допаѓа ова.
  4. SlAtKi4ka.SlAtKi4ka

    SlAtKi4ka.SlAtKi4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2011
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    313
    Пол:
    Женски
    СКД секогаш ќе бидам тоа што сум нема да се сменам заради тоа што некоа мивка така рекла... Секој треба првен себиси да се гледа па после да зборува за други....
     
  5. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Уфф дефинитивно сега се чувствувам како зависник од компјутер :/
    Жално но вистинито...
    Пред околу саат време ми цркна тастатурата -.- Точакот под мене и до АМЦ по нова.
    Па добро што ќе правев цели два дена без да проверам фемина и фејсбук..
    И јас самата не сум си горда на мене но што да правам.
    Не дека немам како да си го исполнам времето но...There is always BUT -.-

    И така ненадејно си се снабдив со нова тастатура :)
     
    На Marjan007 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    СДК дека ми е преку глава од комерцијала и турбо фолк... Па добро бе мајкому стара знаат ли да направат една песна како што треба!!!??? Па песни ли се оние на Pitbull, само имево ако му го слушнеш или прочиташ се ти станува јаснооо... :@ Па радио човек неможе да пушти, а да не го слушне милозвучниот глас на дотичниов погоре. :@ Преку глава ми се веќе, па и кога ќе видам дека нема пејач или пејачка на планетава што не направи дует со него... Сите ги упропасти. Аууу ми иде да си се упукам во чело и да си се спасам од скромниов ми живот. Сите песни му се исти, ама никаква разлика немаат една од друга, аааааааааа дури сега кога го пишувам ова ми се врти неговиот глас низ главаа... :@ Мислам дека најлоша смрт би ми била да го гледам во живо и да ми пее... :worried: А па она лиглено Justin Bieber, просто човек да остане без инспирација од зборови кога ќе го слушне. Да незнаеш како да го опишеш, не постојат зборови што можат да го опишат. Па и кога ќе видам дека на You Tube кога ќе напишеш Justin прво ова лиглево се отвара па после Justin Timberlake незнам што да кажам веќе...

    А и уште нешто сега ми текна, стварно ама СТВАРНО ме интересира што убаво видоа во онаа песнана на кинезон или јапонец е од кај знам што е, Gangam style??? Јас само дхсаѕрелагвек938483фхељцѕ348732403оцџнѕт78о2ц4н39 ова го слушам, ништо не разбирам, никаква мелодија, никаков глас, никаков текст (уствари поима немам што пее човекот, може не' пцуе сите по ред), ајде барем убав да беше пејачот, ете онаа Сандра Африка врска си нема сиромашката од пеење ама убава е и ќе сфатам зошто сите машкиве се палат на неа. Ама овој кинезо-јапонецов? Цела сум си прашалници... ???????? :?: :?: :?:

    Песна ли е ова? А колку views има не ми се верува. Ајде ќе речеш тинејџериве ги слушаат ама кога ќе видам постари постирале вакви песнички.
    http://www.youtube.com/watch?v=fWNaR-rxAic

    Абе порано се знаеше, се издава една песна и ХИТ е, евергрин, текст да паднеш од столче, уметност, песни што траат веќе 20, 30 години и не ти се досадни. А немале ни You Tube немале ни цедиња ни ништо, ако си добар ќе те пуштат на радио ако не ништо не си. И пак и ден денес им се слушани песните. Викам јас дека се испреврте светов ама ретко кој ми верува.

    И СДК утре му е на дечко ми роденден, одвај чекам поклонот да му го дадам. :rofl: Среќна сум многу. :inlove:

    И така, сега полесно ми е малку, си се испукав, т.е. си кажав де што ми лежи на душичкава. :)
     
  7. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Едно мало момче шетајќи по улицата здогледа мала железна паричка. Беше многу возбуден што случајно пронајде нешто, без воопшто да се труди.
    Од тогаш, кога и да се шеташе надвор, ја наведнуваше главата надолу во потрага по богатство.
    За време на својот живот успеа да пронаји дури 296 паднати парички. Но, нивната вкупна вредност беше едвај 14 долари.
    Додека упорно шеташе со наведната глава ја пропушти убавината на 31.369 зајдисонца, шарениот раскош на 157 виножита, огнената убавина на илјадници дрвја во текот на есента. Тој никогаш на виде како белите облаци лебдат на небото и менуваат различни форми, не ги виде преубавите снегулки во зимата и разните капки дожд во текот на годината. Како птиците летаат додека сонцето сјае, ниту пак случајните насмевки на минувачите. Тие не се дел од неговата меморија. А сето тоа... за ништо.
    Кренете ја главата од проблемите и секојдневната потрага по своето богатство, убавините се насекаде околу нас! Залудно потрошеното време никаква сума на пари не може да го врати. На момент, погледнете нагоре :* !
     
    На Libera, Monna.Monna, Someonespecial и 15 други им се допаѓа ова.
  8. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Имаме народни поговорќи повеќе и од Кинезите, ама тие учат од нив и ги применуваат во животот.Ние пак таков ни е народот.Еден ден ќе го слушнеш како зборува паметно како да ја научил сета мудрост на овој свет, а наредната ден ја прави најголемата глупост.Добро бе луге толку ли е тешко да бидеш она што си?
    Трудејќи се да се прикажете нешто што не сте, се губите во просторот и времето.Тоа не сте вие.Туку лажго и крадец на вашиот идентитет.Ваш лажен профил.Што е најболно сами си пресудувате, црвенеете пред лицето на вистината.Вистината пак е една.Тоа сум јас и готово.Зошто би се обидувале да сме нешто што не сме?
    Сакам некој да ме сака, онакава каква сум, а не она што не сум.Така барем ќе знам дека мене ме сакаат или мразат.

    И да ќе заборавев...
    Ако сакате да глумите, пријавете се на аудиција, или правец Холивуд.
    Така барем имате шанса за Оскар.
     
    На Annath, Hipster, Barbie20 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Досадно ми е,ми се шета :(
     
  10. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Денес денот резервиран за Матка. Кањонот на Матка отсекогаш ми бил омилено прибежиште од градот.
    Не е само во прашање волшебната природа, туку и некоја мистичност и таинственост која ја чувствувам меѓу стрмнините.
    И повторно се покажа она моето - негде во светот од гомно, направиле пита, а ние обратно! Природата ни дарила убавини, а ние да ми извините ги посравме...
    Страшно ме вади од кожа тој индиферентен и неодговорен однос на народот кон природата, кон она што треба да е на општа совест и свест.
    Син ми јадеше пченка и не знам колку долго одевме до првата канта за ѓубре за да го фрли остатокот. Но, очигледно сите го немаат тоа трпение. Купишта ѓубре на сите страни.
    Близу до местото каде се изнајмуваат чамците, на патеката која оди за нагоре, некој паметен (очигледно од околните кафеани) оставил откорната врата. На патека широка едвај пола метар потпреле врата од која штрчат шајки долги 5-6 сантиметри. Невидено, всушност само кај нас може да се види.
    Половината од територијата на Холандија отстапува од сите природни и географски законитости. А тие ја победиле природата, го поместиле морето и создале рај.
    Кај нас пропаѓаат од човечка негрижа бројни излетнички места, одморалишта, кампови за кои не врзуваат многу убави спомени од детството. Ариел пишуваше за носталгијата врзана за кампот Љубаништа. Субрата Рој ќе гради ексклузивен комплекс. Сами сме си криви. Не сум била во кампот скоро, но кажуваат дека е многу запуштен-најверојатно затоа што е државен. А се наоѓа на идеална местоположба. Жално...штета.
    Искрено, ретко кој странец ќе дојде во Македонија за да престојува во ваков ексклузивен комплекс.
    Во Холандија на секој чекор имаше вакви реклами Кога ги прашувавме што ги привлекува за да дојдат во Македонија одговорот најчесто беше-климата, природата, храната, манастирите.
    Зошто бегаме од нашите корени и од она што сме? Никој не доаѓа овде за да ужива во луксузи. Доаѓаат да ја запознаат нашата историја, култура, да уживаат во храна купена на пазар, а не во супермаркет.

    И уште нешто...како можете во ова изоболство од дињи, лубеници, праски, кајсии и други прекрасни овоштија....да се давите во чоколадни торти, наполитанки, нутели... Ич неможам да сфатам...
     

    Прикачени фајлови:

    • IMGP0075.JPG
      IMGP0075.JPG
      Големина на фајлот:
      94,4 KB
      Прегледи:
      354
    На bittersweet, ozbilnazena, kravce и 13 други им се допаѓа ова.
  11. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Боже мој ќе умрам ли јас од тага?нема ли лек за мојата болка? те молам стоплимиго срцето барем за миг барем за еден ден,утре да можам да издржам те молам ;(
     
  12. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    10.770
    Пол:
    Женски
    Преку глава ми е од се!!!
     
  13. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Мал милион недоизречености. Храбро ги прифатив сите животни предизвици, не плашејќи се, гордо и самоуверено. Не сакав да покажам слабост, нит ранливост. Сега се мислам оти можеби и требаше. Пред да стапам во брак, моите ми дарија слика за тоа каков треба да биде брачниот живот-хармоничен. Сме биле лишени од било какви несогласувања, уживавме само во љубов. Сопсрвеното надоградување ми беше на прв план и главен фокус(а и се уште е но сега на втор покрај сонцето на мама кој е број еден). Одев напред не гледајќи назад. Нескротлива како ветрот, полна со енергија и ентузијазам, со насмевка искрена и од срце.
    Како се променија работите, се смени и тактот и распоредот на приоритетите. Се соочив со секакви ситоации од кои искрено, се чудам како само поминав со по неколку бели влакна без да ми ја снема цела кога од чудеље што се има по светов. Нејсе, време е да го спуштам гардот пред себе си првенствено, за да продолжам понатаму. Да кажам оти малодста знае да е наивна на пати, поради искуство кое си доаѓа во свое време каде порано , каде подоцна под цел сплет околности. Тежнеам кон тоа да бидам подобра, со секој нареден пат. А убаво е кога имаш некој да ги делиш своите стравови и предизвици. Ама се некако ќе излезе нешто поприоритетно, та ова моево знае да остане на пауза. Понекогаш сакам да сум себична. Да не отстапувам секогаш место, сакам да засјаам на нашиот трон, а не да го гледам магловит и од далеку.
    Водилката на мојот живот слатко си спие. ИЗворот на мојата сила. Срцево од гради ми излегува секоја кога же ми се насмевне, погали, викне мама. Се топам, знам зошто постојам.
    Зошто секогаш мора да се даде жртва та да се стигне до среќата? Од ново и од ново?
    Жени, мајки, сите различни, силни и непокорливи. Сите реченија дамнешни мигов ми имаат смисла, секоја ука допре до мене, до кора, до срж.
    НЕ мора да сме совршени, ами исполнети со тоа што го имаме, ма колку и да е. И да тежнееме кон среќа и хармонија, животен зен, а не за губење прекрасно време за неважни работи. Тие се онолку важни, колку што ние ќе им придадеме значење.
    Имајте убав и исполнет ден
     
    На kate21, bittersweet, Annath и 11 други им се допаѓа ова.
  14. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    At the end of the day,all we have is-who we are!

    Паѓаат маските,се мие шминката од лицето,паѓаат убавите фустани и штикли и секој со својата мака седнува на удобниот кревет.
    Ништо не е така како што изгледа,убавите лица кријат многу солзи,навидум не толку убавите кријат многу љубов и убавина во душата. И обратно.
    Сите имаат по некоја тага во животот,по некоја работа која ги крши и ги тера да се надеваат и борат со секој нов ден.
    Секоја планина си ја знае својата тежина.
     
    На Annath, Shelea, Hipster и 6 други им се допаѓа ова.
  15. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    1.688
    Допаѓања:
    12.612
    Пол:
    Женски
    СДК дека конечно си најдов другарки кој ме ценат и не ми прават лице, ги сакам најмногу :inlove:
     
    На shushu, eliesaab, l0vE...-love и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    СДК тим Б активирајте се тим А се решени да победат!
     
  17. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Има ли крај на нештата дури и после долги години поминати? Има ли крај на чувствата кои се вечно криени? Има ли крај на тагата по невозвратените љубови? Дали болката е единственото нешто што го носиме во гроб? Дали душата е таа што останува да живее? Зарем умре човечноста која се градела цел живот? Ова не се само мои зборови напишани. Останува само да преживуваме од ден за ден и да се прашуваме дали вредеше?
     
    На Ema.Sk и Barbie20 им се допаѓа ова.
  18. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    932
    СДК some things are better to be left unsaid.... :!:
     
  19. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.464
    Ај некој нека ми пише лп досадно ее. :lol: :P
     
  20. Ema.Sk

    Ema.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    1.323
    Допаѓања:
    4.778

    Во иста состојба сум моментално. Прекинав 3 годишна врска и сега се гушам себеси.

    Утре идам на одмор и се надевам дека ќе се одморам психички.

    Со морето ќе се дружам и ќе го искористам максимално. Не ми треба авантура летна. Не ни сакам! Ми се гадат машките веќе ( Да, да! Во таа фаза сум сега ). Искрено ги мразам!

    Никогаш нема да дозволам веќе некој да ме има. Сама ќе пукнам ама битно нема веќе да бидам повредена!

    ;(

    Знам што ќе кажете. Кукавица и слабак дека сум. Можеби и сум.

    П.С Имам жолто цветче!
     
    На Barbie20 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.