Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    Ми недостигаат баба ми и дедо ми,се привикнав со нив,ми фали селото, прошетките таму ,другарките дури и стариот велосипед на дедо ми фали,јарињата на баба... а најмногу од се суканото на баба ;( многу го засакав Самоков, најискрено се надевам дека летово повторно ќе појдам :|
     
    На Someonespecial и Ketrin.Moon им се допаѓа ова.
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.239
    Допаѓања:
    157.287
    Или како изгледа напредување во кариера во проституцијата. :D Кој знае колку ванилици ја јачаат амбициозноста дека и тие така еден ден. :D
    http://republika.mk/?p=96587
     
  3. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Понекогаш,не сме свесни дека со нашето однесување повредуваме некоја личност и притоа истата ја оддалечуваме од себе.
    И целото нејзино дотогашно внимание се претвора во игнорирање.
    Тоа што некогаш нас ни го направиле,ние го правиме на некој кој ништо не ни згрешил.
    Зошто?
    Зошто секогаш ги повредуваме оние кои не сакаат,а ги сакаме оние кои не повредуваат?
    И притоа,немаме сила да им вратиме на оние кои не повредиле.
     
    На Marjan007, Someonespecial, vinozito1 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.032
    Допаѓања:
    11.809
    Пол:
    Женски
    Мене некако ми е тешко да се адаптирам на промените. Секогаш и ми било.
    Многу работи се средија, проблеми кои ни на крај памет не мислев дека некогаш ќе се решат. Добро е, навистина е добро. А јас се плашам да се опуштам, небаре тогаш се ќе пропадне. Чудно ми е кога ќе кажам дека е се во ред.
    Бев на одмор. Конечно по толку години. Со него. Со пари заработени со сопствен труд. Скромно поминати денови, толку колку што чергата дозволува, ама исполнети.
    Се вратив троа разгалена, од убавини и спремни доручеци додека спијам. И како да не го сакам?
    Ах, добро е.
     
    На Sweetheart87, Doozy, Buttterfly и 20 други им се допаѓа ова.
  5. bliznacka

    bliznacka Нов член

    Се зачлени на:
    2 април 2012
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    37
    ^^^

    Она погоре ако е стварно од Бандерас профил многу бил глуп и ич немал вкус :D Ама кога го гледаш на фаца не дека и тој има некоја лепота па пак го величаат како секс симбол или нешто. Сега сака да помогне и тој некому.
     
  6. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.478
    Допаѓања:
    13.551
    Пол:
    Женски
    СДК дека едвај чекам да дојде четврток :)
     
  7. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    СДК уште 11 дена ја напуштам Македонија мојата татковина ама каде и да одам таа ќе ми фали МАКЕДОНИЈА :inlove:
     
  8. Taylor97

    Taylor97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2013
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    643
    Со среќаа :*
     
    На charliee му/ѝ се допаѓа ова.
  9. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.798
    Допаѓања:
    100.545
    Пол:
    Женски
    Едните јадат месо,другите зелка.
    Затоа просекот ни е сарма :emo:
     
    На Lov3, Hipster, Espadrila и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Искрено одвратни ми се речениците од типот

    Не се врзувај премногу за она што не можеш да го оставиш.
    Љубов не посттои се е илузија.
    Не верувај никому (ама на мама тато баба даде бато може?) бидејќи они не се никој.

    |(
    Па добро како да се живее вистински ,ќе те повреди некој ќе знаеш што е болка,недоверба, разочарување колку и да се пазиш ќе ти се случи,се е тоа составен дел од животот.

    Сакајте се ,верувајте не премногу не секому.

    И ,која е поенатата на осаменоста не сфатив?
     
    На Lov3, MandyLane, Hipster и 8 други им се допаѓа ова.
  11. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Луѓето не можеле да се одвојат од телефоните 24/7 |(
    Како отидов јас сама на одмор без телефон ?
    И еве ме преживеав.
    Како секој пат кога имам приватни часови по јазик го исклучувам телефонот и никогаш не сум зборувала и не сум ја прекинала професорката додека предавала ? Мене тоа ми е основна култура и не би можела поинаку, навистина. Кога сум со другарка излезена никогаш не се ѕверам во телефонот, ниту пак ме интересира истиот. Е значи колку се нервирам кога сме излезени некаде и другарките буквално не се разделуваат од телефонот... тогаш наоѓаат да читаат објави на фејсбук, да читаат пораки. И така, јас си зборувам за нешто внесена во муабетот и само кога ќе слушнам едно:
    А, за што збореше !? :fubar:
    Навистина не ми е јасно зошто дозволуваме да станеме подалечни со оние со кои одамна сме поврзани заради технологијата ? Мене искрено нит ме интересира нивниот iPhone, нит ќе ме заинтересираат со тоа што не го пуштаат од раце и погледот не го симнуваат од него, па дури и кога седиме на клупа во парк или каде било! Па фала Богу, сакам да разменам еден збор со нив, да почувствувам блискост. И фала Богу сакам да се оствари еден контакт, гледање во очите на персоната која ми е соговорник ! Но ете, јас некогаш ја немам ни привилегијата да им го сретнам погледот затоа што телефонот го заслужува целото внимание, а не јас.
    Абе ај. |(
     
    На sweet-cherry, Doozy, Lov3 и 18 други им се допаѓа ова.
  12. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Се замолуваат модераторите да и дадат привремен бан на Дрим Грл, затоа што не` отече.

    Да ти кажам девојче со душа чекам да одиш во Парга, ама се си мислам дека и од таму ќе пишуваш, така лесно не ќе се ослободиме од твоите постови, осеќам јас |( .

    А порано мислев дека е досадна Ива Мици кога пишуваше дека ќе излегува со мачорот.

    И Очила чинам не ме нервира толку, она ги копира истите слики од последната страна во темата во која коментира, прави еден сублимат, ама ти со постовите во СДК на секои 5 мин ме убиваш.
    Отварам Фемина да се релаксирам, да прочитам нешто интересно, ама секоја страна во СДК е полна со твоите бисери на мудроста.

    Земи читај некоја книга, сигурно имате лектири, дај олабави не`, озбилно.
     
    На sweet-cherry, Sweetheart87, bittersweet и 25 други им се допаѓа ова.
  13. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    „А, кој тоа ги измисли вицевите за плавушите? Нели е тоа расизам? Каде се тие невладини организации што се занимаваат со дискриминација да испитаат? Зашто ги измислиле? Што сакаат со тоа?“
    Во петокот и јас како и пензионерите си гледав „Здраво Македонија“ :D
    И јас од петокот сум загрижена за плавушите во земјата и можноста земјава да остане без нив.
    Кај без деца ги оставивме маживе, па уште и без плавуши.
     
    На bittersweet, ozbilnazena, Hipster и 5 други им се допаѓа ова.
  14. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Прекрасна вечер! :sun:
     
  15. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    960
    Допаѓања:
    4.031
    Пол:
    Женски
    Луѓенца луѓенца знааете ли штооо?
    Рх20 е мноооогггуууу среќна, многуу. Хахах :rofl: ова го нема многу кај мене па затоа веднаш јас да ви се пофалам :P
    :angel: сакам вака да бидам секогаш оти е преубавооо
    Причини за мојата среќа, -епаа има многуу причини, а најглавната е ми тргна во животот :D
    работите пополека се средуваат, и се оди кон подобро
    сите ве сакам :*
     
    На Someonespecial, hermosa и Daisy.E им се допаѓа ова.
  16. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Кога бевме среќни
    [​IMG]

    Да, бевме!
     
    На solnishko, sweet-cherry, Butterfly14 и 9 други им се допаѓа ова.
  17. Daisy.E

    Daisy.E Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    57
    Драг чичко Жан денеска ти раскинувам љубов за век и веков...лута ти сум што засекогаш ме скара со јајцата (моето омилено јадење) сега од нив повракам маратонски во далечина, слободен стил (без употреба на два прста)....стварно мислев дека ќе можам да те поднесам уште три недели,ако не за друго од инает...ама ти чичко Жан си многу немилосрден :(
     
  18. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Добро мора ли на секои два месеци да се расправам со чирови?!?!?!?!?! :(
     
  19. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    Во денешно време во мода било да се лош. |(
    Да, да...
    Ама знаете што викаат? Тоа што е модерно не му стои и не му личи на секогу... :!:
    Е тука е проблемот.
    Како што не личи да носиш облека што не ти прилега така не личи и да се однесуваш така како што не ти прилега. Знаете, не е секој роден да биде bad boy и не е секоја родена да биде bitch или како ги викаат пополурно.
    А на крај само типкиве и типциве изгледаат смотано.
    Не дека во денешно време се цени добрината, туку стварно кравче од скоро 30 години не го личи да се однесува како бесно тинејџерче од 15.
    Мислам олабавете и излезете од филмовите. ;)
     
  20. marinka11

    marinka11 Нов член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    33
    оти ке полудам веке
    па кога ке ти тргне на назад нема крај у пм веке се едно по друго лоши работи ми се случуваат се мислам ајде веке уште што е на списокот :emo:
     
    На Daisy.E му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.