Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Мразам луѓе кои поставуваат одредени критериуми за тоа со кој треба да се дружат и со кој да прават муабет,а со кој не и формираат мислење врз основа на нивниот изглед и нивното минато,притоа не познавајќи го нивниот карактер.Нивната душа.А и причината поради лошото минато.
    Тоа што во минатото им се случило,и за кое не биле виновни и најмалку од се посакувале да им се случи,во иднина може да му се случи на секој од нас.
    Не се суди за луѓето според тоа,туку според нивното однесување.
    И после заради овие личности кои "не се дружат со секој" и ти си ограничена,и барем дури си со нив не можеш да зборуваш,а уште помалку да се дружиш со овие другиве,бидејќи нели,тие имаат лошо минато.
    И мораш да лажеш,да се искрадуваш барем на неколку минути за да поразговараш со нив и не ги дружиш бидејќи другите не ги сакаат,без разлика што тие личности се однесуваат и повеќе од добро со тебе.

    * * * * * * *
    Луѓее,очајно ми треба работа.Ако треба и цел ден ќе работам,ама ако продолжам со ова темпо на живот ќе побудалам.
    Од утре почнувам со барање работа.Иако,не е ни малку лесно.
    Најтешката работа е да најдеш работа!
     
    На Someonespecial, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, vinozito1 и 7 други им се допаѓа ова.
  2. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.283
    Тажно е кога ќе избереш пат, а оној од кого очекуаваш најголема поддршка останува назад и само те гледа. При секој успех што си го постигнал, ти одговара како да не се случило ништо, покрај тоа што треба да се гордее со тебе.
    Тажно е кога не се почитуваат твоите и само твои животни одлуки.
    Тажно е кога се мешаат поимите „совет“, „желба“ и „наредба“.
    Тажно е кога подаваш рака за помош од бездна во која си паднал барајќи се себеси.
    Тажно е кога некој што не знае ни какви очи имаш и дали уживаш во чај се обидува да го скраси своето руво со твоите пердуви.
    Тажно е кога средишниот дел на твојот дух полека бледнее и останува дупка.
    Тажни ми се овие млади летни ноќи.
    Тажни...
     
    На Ketrin.Moon, pupi.girl, vinozito1 и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.239
    Допаѓања:
    157.287
    Сите оние девојки што трудољубиво се трудат да вметнат Зумба во нивното име на фб. Шубо! Трајанка Трајанкова - Зумба или Трајнка Зумба Трајанкова. Нешто како Велнес или Хербалајф или нешто такво.
    Лепоти! А може и со Аеробик и пилатес. Па нон стоп постираат нешто за физички активности. Абе умирам од желба да ги прашам колку дигаат на бенџ и дали тоа штитниците за на раце им помагаат да не им прават жуљеви тегчињата од по пола кило.
    Они уште малце и у Извод од матична книга на родените ќе го вметнат тоа средно име.
    Само неколку девојки ги разбирам сериозно што се бават со овие активности и се за почит за посветеноста.
     
    На Hipster, anuskaNESTLE, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  4. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.789
    Допаѓања:
    6.639
    никогаш не одложувајте крај на врска која е осудена на пропаст.
     
    На Ordinary, anggell, Trnche и 5 други им се допаѓа ова.
  5. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    10.770
    Пол:
    Женски
    ...Плачев кога замина. Плачам и денес. Го сакав, но неможев да наравам ништо за да остане. Златното срце престана да чука, вредните раце одмараат... Господ ми го скрши срцето за да ми докаже дека тој секогаш го зема најдоброто... Кога бев помала во него гледав потпора... Поминаа неколку години, но навиките остануваат... Сеуште знам да се свртам и да го очекувам неговото движење... Сето тоа многу боли... Некои личности ни недостасуваат, ни требаат иако знаеме дека повеќе ги нема... Но сепак спомените се тука за да не потсетат што сме имале некогаш... И денес ова го посветувам нему, на дедо ми, личноста што повеќе ја нема покрај нас, но сепак живее во моето срце... ;(
     
    На Mygirl, 2036, Kaley и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    СДК добро утро :inlove:

    Јас бидејќи како некоја стара баба си легнав со кокошките, сега ќе ви велам добро утро :D |(
    Како и да е се отспав и сега ќе дежурам додека да дојде време за работа.

    Ве гушкам сите :hug:
     
    На Someonespecial, Barbie20, Inna5 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Не е фер. Јас си оставам мислења а ми ги бришете. ;(
    Ајде де, знам дека сум била надвор од темата ама, правам конверзација :(
    Како и да е, добра ноќ.

    |-)
     
  8. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    сакам да кажам многу работи ама не знам како да почнам. затоа нема ништо да кажам :|
     
  9. tofi

    tofi Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2012
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    13
    Многу ми се јаде :lol:
     
    На tinka-mace му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Idonea

    Idonea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    642
    Сув бакнеж наместо чао. Усните се лепат,ти се чини жедни се едни за други,а тоа во пепел се претвориле. Ти ги љубиш,ама само горчината останува .Да можам ветер ке повикам, ке го расчистам тоа црнило за повторно да им го видам сјајот,повторно вкусот да им го вкусам. Но веке ни бура не помага,ни силно торнадо,зошто моите уште погорки му биле,усте попепелави...каква е таа бура која е секаде во истиот миг? очајно ми треба...
     
    На Barbie20, Hipster, ana-girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Ana.Jones

    Ana.Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    1.124
    СДК боли кога гледаш како некој ја губи битката за живот, а ти стоиш немо, немоќно, со очи полни солзи и тап поглед. ;( Нема зборови. Нема ништо на светот што може да ја опише таа болка. ;( Кога и медицината потклекнува пред тоа зло, немоќта ме фрла во очај и бескраен бес што 20-годишник има поглед полн живот и безживотно тело. ;( Ах, господе...
     
    На Barbie20 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Perina

    Perina Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    321
    Авионската карта резервирана и платена! :party: Одморот се ближи! :angel: НО :!: до тогаш треба и да се дипломира! :geek: Се ќе биде полесно за 2 месеца! Само уште малку :clap:

    Имајте убав ден :* :hug:
     
    На senza.parole му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Се давам во нови музики.
    Албуми на The Editors, Wild Nothing и Ólafur Arnalds. Лудила. Ги обожавам тие мигови на откривање музика, кога сам си создаваш приказна од она што го создале генијални срца.
    Пијам какао и фаќам белешки од списанија што сум ги збирала, а во нив вриштат секакви историографски фикции. Џон Ленон, хипицизам, дарк ера, пост панк. Фотки од Елвис и Мерилин, па поново време Џамирокваи и Бјорк. И се забавувам како мало дете. Памтам, во седмо одделение на час по музичко, проект ни беше да претставиме една ера од музиката. Јас, се облеков во хипи фустан, свирев три акорди на гитара и зборував за поезијата на Џим Морисон. Улаво суштество! Но, кога ќе се сетам, драго ми е што сум била инфицирана од тоа прекрасно чувство на припаѓање во тој космо свет на тонови, емоција, енергија и нов поредок. Музиката ми е терапија што ме спасува. И жалам само што не и посветив доволно време во животов, инаку на радост на себеси и другите, би создавала музика за танцување. Зошто поголема слобода од танцување - нема.
    Си пловам низ времето, заради фенг шуи, исфрлив еден тон принтани книги, скенирани отсечоци од стари албуми, фотографии. Сфаќам дека сето тоа е мисловно богатство кое вака или онака, ќе си го памтам и чувам во себе.
    Стискам палци за Публицис и Теа Модерна. Времињата, треба сами да си ги менуваме. Со мајка ми утрово, следиме некоја емисија за менопауза, и како што докторов порача - се’ што природно се случува, прифатете го со насмевка на лицето. Па така и јас. Се’ што природно ќе си дојде и во свое време, како поинаку да го пречекаш?
    Утре читајте ме во Теа Модерна во рубриката 60 секунди. Малку збор за книгата, за животот, за боите.
    А денов, иако е вторник, ќе го обојам во сонот што го сонив и го памтам баш поради присуството на спектарот. Уличиња, сликарски ателјеа, југ на Франција, мирис на мандарина ( а тоа корките од мандарина до кревет сум ги оставила), длабоко море, пливање без горен купаќ и цртање по ѕидови.

    Ве гушкам со новиот сингл на Едиторс. Тон љубов, а што друго.

    http://www.youtube.com/watch?v=jQQ2gTkV-GM
     
    На Freckles, Peppermint, ana-girl и 4 други им се допаѓа ова.
  14. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Се што ми е потребно е живот на море. Бранови и многу солена вода. Октопод, школки, песок. Делумно Недопрена природа! Да ми викаат таму Чао Белла, мислејќи дека сум италијанка...(и тоа го прават секоја година, ма поласкана сум си)!
    Најмногу поцрнет грб, ама и целата сум си како чоколадна торта. Дечко ми кога ме здогледа после 7 дена почна да ме лиже мислејќи дека сум тортичка. Ова се нашите први целосно поминати 7 дена без да се видиме. За овие години имаше моменти кога на два-три дена можеше да не се видиме ама цели 7 не. Препекав да му го пипнам :rofl:. Првите дена издржував ама последните ми се вртеше низ мозокот само таа постапка, како му го допирам и цела се стресував. :D кога си дојдов во Ск едвај чекав да останеме сами и да си го пипнам :lol: :$ . Како и да ви звучи нека ви звучи. Патетично или не јас го љубам и живеам со оваа љубов.
    ----------------

    - Никогаш не им дозволувај на користољубивите луѓе да направат ти да се почувствуваш нелагодно и да помислиш дека всушност ти си лошата, а тие жртвите кои никогаш немаат пари! Бидејќи нели ги читаш како првачиња што сакаат да постигнат и не дозволуваш таквите нелуѓе да те лажат.
    Значи апсурдно е да одиш на одмор со само 200 денари кредит и да го поминеш цел одмор само со тие, па после мене да ми цмиздриш. Ало роаминг, ало дечко ми потроши 3000 заедничко заштедени денари за кредит иако не работиме, а ти кој работиш тука очекуваш да поминеш со принципот на позајмување!
    - Ало седнуваме на вечера и нели сите ставаме пари да платиме, а ти го вадиш паричникот божем сакаш да оставиш некое евро и не ...не не оставаш ни барем ебани 50 центи да кажеш за бакшиш, туку си го повлекуваш паричникот и оставаш да ти плати човек кој работи секојдневно по 8 и нешто часа и се поти по жешково за да изгради свој дом.
    - Па друга употребува туѓи кармини, ролочиња и лабела за нели ненадејно последниот ден да си ги пронајде нејзините чичка нови. Значи јас моите кои си ги земав не ги користев бидејќи ти ми побара и си ставаше од нив, а мене малку ми е нехигиенски да се шлакам со рол он кој и друга го користи. И не не ми е криво за тие продукти, радо ти ги дадов. Постојано се туширрав и пливав па немав некоја потреба од нив. Ама кога на крај си кажа дека и ти си носела со тебе не ми се веруваше!

    Како бе моите родители не се малку така повеќе настроени да се прават жртви кои немаат пари? И мајка ми и татко ми секогаш се (си) плаќаат. И имаат невидена желба да частат постојано. А настрана тоа што од 5 члена во семејството само двајца работат и исплаќаме два кредита. И никогаш јавно на никој човек во реалноста не му кажале дека финансиски стоиме не многу добро. Се обидувам да бидам како нив двајца, да ставам розови наочари и да го практикувам советот на сестра ми и дечко и - дека рака која дава секогаш и ќе има! Овие луѓе се моите идоли - мајка, татко, сестра, дечко ми и дечко и - секако и баба ми и дедо ми. Дека сум си малечко уште вака си кажувам. Ми треба многу работа за да станам така трпелива и несебична како нив.

    Ама се нервирам зашто мора да постојат такви користољубиви луѓе. Се нервирам што ме боли срцево за нивната невиделина и нечистина. Се нервирам што не си дозволувам да уживам и што се замарам за тоа на што се се подготвени некои луѓе да направат.

    Им нема крај. Заклучено е дека под сместа морам да се помирам со фактот дека неможам на таквите да им докажам дека грешат.
     
    На sweet-cherry, la-chicka, Butterfly14 и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.709
    Пол:
    Женски
    На некои девојки им треба 2 часа шминкање за да се убави, а некои треба само да се насмевнат.
     
    На Serafima, Antoninaaa, Butterfly14 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Се` почесто и почесто забележувам нови зависници на новата дрога: неприкосновена омраза кон се` и сешто од кое може да се изведе повод за фаќање за гуша. Подготвени се да задават некого под изговор дека е заради нешто кое нив директно не ги ни засега на никаков начин.

    И не ги обвинувам тие што го користат тоа кај луѓето за лични цели. Им аплаудирам. И на такво ѓубре биле доволно паметни да му најдат намена и да го направат корисно за нешто.

    http://www.youtube.com/watch?v=u24IYRe-CA0
     
  17. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Почнав да им се радувам на деновите без сонце, барем тогаш не отекувам како тесто преполно со адитиви од некоја нискобуџетна пекара. Понекогаш кога се гледам во огледало, се насмевнувам пред својот одраз, од утре влегувам во осми месец, ама добар модел би му била на Пикасо- просто неверојатно е колку женското тело во благосостојба може да се трансформира. Зглобовите на нозете би можела да си ги компарирам со оние на Едип, маките со оние на Тантал, текот на настаните со Сизиф- ја туркаш работата до крај и таман да се искачиш на врвот, се се тркала надолу и мора да се почне од почеток. Медузата ме скамени со својот поглед, но не успеа да ме здроби. Тројанската војна уште ја водам длабоко во себе, ми се борат чувствата на гордост и достоинство со чувствата на повреденост, но закрепнувам, сонот трае подолго, а семесјтвото полека ми го враќа душевниот мир. Ја опфатив целата грчка митологија, уште да ми дадат вазна и да ги нацртам случувањата едно по друго, да добијам една композиција од емоции - чиста уметност.
    И настани и луѓе...Нареден ивент, отворање на ресторан. Треба елегантно да го спакувам стомачето, да се качам на штикла, на трепките да ставам едно кило маскара и под нив да ги гледам сите присутни фацки и фацички, некои дојдени од почит кон домаќините, некои да си поминат убаво и да си направат ќеф на душата, другите од љубопитност, некои за гратис лапачка и пијачка, едните да бидат видени, другите со мисла дека на тој начин ќе си го зацврстат разнишаниот социјален статус и нормално, фотосесија од неискрени искривени насмевки и параграф-позирања за на фејсбук.
    Косата интезивно почна да ми расне, но не и умот да ми се крати :) Понекогаш имам инспирација без фрустрација за кулминација и реставрација на сопствената креација и реализација, да фрлам се во канализација...Го утупив, а :wasntme:
     
    На kate21, bittersweet, renata77 и 29 други им се допаѓа ова.
  18. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Сонцето ми е срамежливо.
    Воздухот густ.
    Ни ваму ни таму.
    Пред да се вратам од одмор мислев ќе биде пекол жешко ама ...и летово ми го губи сјајот.
    Ајде ајде излезии да се испружиме сите во двор на сончање. :sun:

    Се знае какво лето има кај нас топло спарно на телевизија да кажат пред 17 часот да не се излегува.
    Ах.
    Сакам лето... а не вака налик есенски денови. :)
     
    На Dog-lover, Someonespecial и crazylady им се допаѓа ова.
  19. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.798
    Допаѓања:
    100.545
    Пол:
    Женски
    Не можам да ги сфатам луѓево кои се гледаат себе како од Бога дадени за некоја работа.Како на пример комшивката која заврши некој вонредна школа и сега секој ден плаче зошто не ја унапредиле во работата.Па жено божја само ти си завршила?Знаеш ли пред тебе колку има такви?Или другарка ми која цела во некој филм дека е одлична домаќинка а знам дека не си ги пеглаше кошулите за на работа,ама затоа имаше време да нанесе пудра со лопата.Децата не верувам дека и сркнале домашна супа а чешлањето на косата и беше омилена домашна работа.Или друга која е убедена дека е најпаметна и најубава и баш сака да се нашегува на туѓа сметка,не размислувајќи за контраефектот на нејзините зборови.Или бивша колешка која велеше,-мене директорот (притоа ословувајки го со име) не ме примил овде за оваа работа која ти ја работиш.
    Е буквално ми се смачува од такви.
    Е знаете што?Баш таквите се на некое ниво.Баш таквите земаат плата,имаат сопрузи кои ги почитуваат или се уште се на работа а јас дома листам огласи.
    Каде е грешката луѓе?Во мене ли е?
     
    На Sweetheart87, imelda, bittersweet и 23 други им се допаѓа ова.
  20. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.521
    Допаѓања:
    173.967
    Од таквите бегај подалеку.
    На улица скоцкана,а дома да и влезеш-да се засукаш.Децата со неперена облека,мрсољави,ама мама се нашминкала со најскапа пудра и пие кафе со другарка надвор.Мажот и децата ги собира на ручек во недела -300 гр.колбаси,литар јогурт и 1 леб(Мора да се штеди,тешки времиња се,а сопругот е воодушевен колку е таа голема домаќинка).Останати денови-децата кај баба на доручек,ручек,вечера,мажот кај мајкаму(као на поминување е)а она јаде што се нашло по дома.Гости пречекува со сок на растварање,1 пакетче виршли пропржени и 3 варени јајца,а кога ќе ти дојдат и ги пречекаш домаќински со сите салтанати и мезиња-обрнува очи како да е научена само на кавијар.
    Порано ме нервираа вакви створења,а сега ми се баш интересни-гледам до кај може човек да оди со глупоста,мрзата,ис л.
    Еееее,ги жалам само бабите....
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.