Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. i-v-a-n-4-e

    i-v-a-n-4-e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2011
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    мн ретко пишувам, ама не минува ден а да не се уклучам да видам што има ново. ми стана секојдневие. позз до сите :)
     
    На Barbie07 и solnishko им се допаѓа ова.
  2. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Поздрав и убав ден :* :*
     
  3. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Дојде и мојот ден. Денот на спиењето. Па што да правам кога се будам на секои 3 саати. По малце сум и нервозна ама позитивна е. Сега пак ќе си легнам па можеби ќе ме разбуди со некоја порака која содржи три збора ама небитно битно пишува иако го мислам секоја минута. Времево некако ме мавна и се чувствувам омалаксано ама затоа утре ќе блескам. Подоцна ќе пишам пак овде реков дека цел ден ќе го посветам на фемина и на мене. Имајте убав ден или пак оние кои ќе спијат како мене убав сон. :)
     
    На Irrepleceable му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Monique995

    Monique995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    201
    А што ако... а!?

    А што ако ти се вратиш!?
    Што ако, како осека повлечеш се што изусти!?
    А ако треба да ти простам!?
    И, треба ли?
    И пече.
    Пече овде кај градниов кош малку по лево.
    Витален орган е...
    Задава некои чудни отчукувања, кои подзастануваат понекогаш.
    Знае да здоболи, да те расплаче од болка.
    А што ако!?
    Што ако треба да глумиш хирург, за да го спасиш безживотново ми срце!?

    [​IMG]
     
    На Barbie20, COollLady и Ketrin.Moon им се допаѓа ова.
  5. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Да играш и кога нема музика, како од клише филмче. Имам чувство дека од толку голема желба да се биде уникатен, луѓево се' повеќе наликуваат еден на друг. Или пропуштаат низа радости што буквално чекаат да бидат зграпчени.

    За одмор, договорено. Една недела на јужново море. Без очекувања сум, само сакам да фатам боичка, да си прочитам купче книги и да се вратам со некој интересен ликер. Или домашно маслиново масло. Брат ми на одмор, јас уживам со мачките. Конечно најдовме масичка и столици за тераса и денот не ми поминува без 15 минутна медитација таму. Буквално е мала оаза.

    Љубеница со љ и после да си ги грицкаш семките. Се ојачувам со сок од пченица и пишувам, пишувам, пишувам. Купче идеи за статии, само чекаат да бидат реализирани.

    Убав вторник и уште поубаво попладне.
     
    На kravce, la-chicka, Buttterfly и 5 други им се допаѓа ова.
  6. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Добро утро.
    Ја тек сеа станав.Многу грд сон сум сонувала!
    И сега пробувам да си дојдам на себе...
     
  7. Kaylee

    Kaylee Активен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2013
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    22
    Не знам што да кажам.Да кажам дека сум среќна малку е.
    Се видовме денес.Дојде.. ;(
    Тој е личноста кој ми прави среќна.Да среќна сум.Со него ги имам најубавите моменти.
    Во 11 саатот му се јавив.И му реков дека имам друг,дека ми беше за авантура изнатрескав зелени како по обично.И се скаравме.Но не знам зошто точно на полноќ му се јавив и тој момент кога се јавив пријателот му пиша дека оди за Ск и дојде денес.
    Не верував дека ке дојде.Мислев дека тоа го кажа за да ми врати.
    Во 4 и 20 му ѕвонев за да го разбудам.И 7 ипол се сретнавме.Кога дојде трчаше накај мене и ме изнагушка. :inlove: Беше како во филм.Ми потекоа солзи радосници...

    Добро е што постои форумов-место каде што можам да се испразнам,како некој вид дневник. :)
     
    На shushu, Pique1997, GordanaL и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.341
    Допаѓања:
    102.991
    Пол:
    Женски
    Кога пивото поскапува не е на арно, нек се напунат залихи вечерва да не плачеме од утре :D
     
    На shushu, Barbie20, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Westlife

    Westlife Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    617
    Посакувам да сум еден лист кој ќе може да биде откинат од ветрот.Посакувам на неговите крилја да летам,да летам далеку каде никој нема да ме види.Никој да не ги види моите солзи,мојата насмевка.Осаменоста е една од најлошите работи која и тоа како влијае на човечката психа.Но,понекогаш човек сака да биде сам.Сам-оддалечен од се,сите случувања,сите луѓе бидејќи денес само болка се нанесува,болка која ги стега нашите гради.
    Посакувам нешто што не би посакала.Грчот,плачот,солзите,викања-се само дел од моето секојдневие.
    Посакувам на лист,парче хартија да има два потписи кои и тоа како би го олеснале мојот живот и животот на сестра ми.Посакувам ова приказна да заврши,сакам да дојде крајот.Дали се наѕира или сеуште дејството продолжува?
    Моето срце е слабо.Моите солзи..Зар има уште? Зар ова душа има уште солзи? Зар овој живот има смисла? Смисла на ШТО? Посакувам да го наполнам мојот куфер и да заминам,но каде?
    Посакувам...
     
    На Barbie20 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Тежината на тагата која ја гледав на лицето на едно мало 8 годишно дете цел одмор е таа вистинската која распарчува. Кога го гледав тоа мало дете како тивко зборува и кога го приметив само, единствено еднаш да се насмее. Кога ја гледав неговата тага која ја преживува на толку мала возраст. Кога гледав како татко и се прави само таа да биде среќна! Колку е возвишена сликата кога гледате маж како сам се грижи за своето девојче? !
    Замислете се вие кога имавте толку години! Замислете се како пеете гласно песнички и како се тркалате по песокот на плажата! Како се бањавте по цел ден и како градевте замоци. Потсетете се како вашите двајца родители ве довикувааа да јадете и да не одите во длабоко. Потсетете се колку само се смеевте дека сите сте тука собрани заедно на купче и сте бескрајно среќни.

    И не, не може да се спореди тагата која ја има во очите на мало дете бидејќи не расте со двајцата родители! Не може да се спореди таа тага со мојата глупава тага која е продукт на невработеноста, на злобата која отсекогаш постоела ил со моите неоправдани стравови од животов.
    Далеку од разгаленост е ова кај мене. И доста е аман, тука е толку долго и неоправдано.

    Како капак вчера го гледав Dead Man Down! Леле абе плачев како луда. Трас!!!!!'
     
    На Sweetheart87, kate21, bittersweet и 26 други им се допаѓа ова.
  11. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    еве сум и јас-ни на небо ни на земја :lol: доцна си легнав, па не можев да спијам-читав книга во 2 и нешто наутро :!: си пеев песнички пред тоа од медитација да се смирам-изгледа дека многу се возбудив :worried:
    вчера останавме до 1 и нешто со другарка ми и другар ми ама супер си поминавме-не гледајки на тие ситни детали што на некого му се испуштило под дејство на алкохол пу пу не важи
    а тоа дека му текнало да ме изненади со букет-многу се изненадив, се разнежнив, а додека ми пееја хепи брдеј ту ју-тој, таа, и двајцата келенри, ми доагаше да ;( другарка ми ме примети, изгледав ко да јас не сум јас, ко да е некоја друга девојка
    да ми кажеше дека машка Девица со подзнак Овен ке ме разнежни толку-немаше да верувам
    чудно, не ме критикуваше за медитација како и обично-порано секташка ме викаше |( :fubar: туку беше мил, фин, нежен леле леле-уште некоја звздичка да ми симнеше :D
    испадна дека келнерот и другарка ми се знаат од порано, па и рози си добивме и јас и таа-се на се незаборавна вечер :wasntme:
     
    На GordanaL му/ѝ се допаѓа ова.
  12. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.446
    Допаѓања:
    22.878
    Пол:
    Женски
    Се спрема екипата за на базен! Едвај чекам, таман се стопли и времево овде, малце да се опуштиме. А не само куча-посао е работава откако сме дојдени. :D

    Инаку, се по старо, ми ги средија саатите на работа, задоволна сум сега за сега, не можам да се пожалам. Земав и плата, од утре ќе ги посетам бутиците :lol:

    Така, на минување само сум, да ве видам како сте, што правите. Одам, д ане ми изгоре пицата со ананас - да го пробам и тоа нешто :)
     
    На GordanaL му/ѝ се допаѓа ова.
  13. female.3

    female.3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    37
    СДК никогаш повиќе у животот нема да јадам риба. бљаккк :puke:
     
    На GordanaL му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Ме нервираат наметливи луѓе.
    Луѓе кои сами се канат,без да ги поканиш ти. А штом не сум те поканила,или не сакам или не можам.
    И каков е тој маж што ти вика: "Кога ќе ме носиш на вечера?
    Јас да го носам на вечера??? :^)
    Тој зема плата,а плус и машко е,и дошол до тој степен јас,која немам работа,да го носам на вечера.
    Што се нема на Земјава.
    Да заработував,да имав свои пари,со задоволство ќе го однесев.
    Ама јас да барам пари од мама и тато за да носам на вечера некој кој не го ни знам.
    Свашта!

    Во моментов само сакам да сум во некоја шума и да се изнавикам колку што ме држи гласот.Така барем ќе излезе цела нервоза од мене.
     
    На Nati.P, Ketrin.Moon, tessie и 3 други им се допаѓа ова.
  15. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.754
    Пол:
    Женски
    Ми се оде на свадба!! :) хехе
     
    На vinozito1 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.565
    Допаѓања:
    8.017
    Зашто секогаш кога се израдувам малку и добијам трошка надеж за работа се мора излезе с**ње.Не разбирам каква е таа помош што ти ја даваат од една страна, а од друга те сечат.Да јазичната бариера е најтешка за да ја поминеш, но ако веќе се нафаќаш за помош не ја уништувај работата или кажи не можам.Цел ден се мислев да се јавам,да не се јавам и накрај ми се понудија за мое ДОБРО да се јават во мое име, за на крај после телефонскиот разговор да каже дека немало да можеме да се разбереме.Сама сум си глупава кога веруваш на сите.Се беше средено само интервјуто да го закажам и на крајот паф....и се исчезна како кула од карти.Ало па кажав само закажи интервју, а не да ме оценуваш според твое мислење дали ќе се разбереме или не.Ако не ме примат јас сум крива не ти.
    Се си беше убаво наведено во цвто основен Германски и многу добро Англиски, па за хигеничарка(читај чистачка) во хотел колку јазик треба.Нема белќим да разговам со перниците, кебињата,пешкирите...
    А најтрагичното е што цело време за да не гршам и да излезе дека зборувам циганско-гермаски го замолувам тој да се јави во мое име.И се чудам како се ме одбиваат за некоја позиција каде и не треба толку јазик и никако да дојдам до интервју.Денес гледам кај грешам...ах боже ме мава депресија ми се плаче и ми доага да викам,да викам од мака.само гледам да излезам силна и да не покажам слабост пред маж ми и на него му е тешко без работа и уште јас му фалам со моите крокодилски солзи.Отворија ми се очите само, жал ми е за времето што го губи верувајќи на други...[​IMG]
     
  17. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    Ќе ми го стават малото прсте во лонгета :@ кога бев помала додека играв фудбал го свиткав некако,ми отече и јас глупава не им кажав на моите :fubar: и сега криво ми зараснал и ќе му прават нешто, и после во лонгета ќе ми го ставале за да ми зарасне право |( епа така ми е, сама сум си крива уфф :@ и сега ме боли одвај го мрдам :@ :x
     
  18. Butterfly14

    Butterfly14 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    456
    Денеска ми годи времето.Знам дека цело време кукам дека сакам лето, горештини, да се исончам убаво ама денеска ми се погоди, ми се допаѓа и вака.Ни премногу топло ни премногу ладно таман за шетање.Си излегов сама си се прошетав.Првин мислев со велосипедот ама се предомислив сепак ладно ќе ми биде.Потоа си излегов на тераса си ја дочитав книгата и не се жалев дека сонцето ми смета бидејки го немаше.Но сепак нека си се оправа, ми се оди на базен сакам да си се сончам.Веќе испланирав и кои книги ќе ги читам на плажа, планирав овие денови и млеко за сончање да си купам.

    И морам да прокоментирам.Уште не успеав да ги разбирам луѓето зошто се замараат да прават аск и да одговараат кога гледам и видеа ставаат, одговараат на прашања.Аман бе луѓе, до толку ли ви е досаден животот па почнавте да се замарате и со тоа? И тоа средени, нашминкани божем на интервју ќе одат..
     
  19. Kaley

    Kaley Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    1.306
    Допаѓања:
    3.037
    Пол:
    Женски
    СДК [​IMG]
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.473
    Допаѓања:
    17.174
    Вчера ми го исклучија интернетот и седев со моите.Фини луѓе биле.
     
    На LaraSolare, sweet-cherry, kate21 и 41 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.