Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    ...денес времево ме столче , ми се лоши глава ме боли ми се бега од кожа.

    Барем една фина работа која требаше да се обавести (невестата си купи конечно чевли , покрај цело Скопје завртено и пола Грчки центар и дел од перифријата , конечно ги имам)
    За арно з а убаво .Исти како на сестра ми :$ јбг пак .
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    „Во животот не треба за ништо да се каеме, освен за статусите што сме ги пишувале во 2009“.

    Не!

    „Во животот не треба за ништо да се каеме, освен за статусите што сме ги пишувале во 2009 и за мислењата кога првпат сме се зачлениле на фемина“.

    :rofl:
     
    На Adi888, HollyWoodGirl, L0ve и 12 други им се допаѓа ова.
  3. HollyWoodGirl

    HollyWoodGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    665
    Допаѓања:
    316
    Која иронија е онаа рекламана на Сител:
    Според прогнозата не чека изгор лето... :D
    Кога и да ја слушнам се смеам. :D :D
    Кој изгор,кое лето...жити се. |(
    Нејсе, имајте убав остаток од денот. Ве љубам. :*
     
    На eliesaab и leighton23 им се допаѓа ова.
  4. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    :rofl: ее ме изнасмеа така и јас пред некое време кога грмеше ептен го исклучив комјутерот и не знаев што да правам и гледав надвор во дрвата.. :^)
     
  5. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    48.656
    Пол:
    Женски
    Нема поубаво од тоа кога на вакво тмурно временце после напорниот работен ден си седиш со кафето во рака и читаш книга во која целосно се пронаогаш. Имаш чувство дека за инспирација на секој напишан збор е земен твојот живот и сфакаш дека не си сам. Сфакаш дека некоја сосема рандом личност кога никогаш во животот не те видела ниту те запознала успеала твоите емоции да ги претопи во уметност.

    "Кажувај ни за самотијата" рече една млада жена која требаше да се омажи за синот на еден од најбогатите луѓе во градот,но сега мораше да бега

    Без самотијата,Љубовта не може да е долго со вас.
    Затоа што Љубовта мора да одмори за да може да патува низ небото и да се прикаже во други форми.Без самотија,ниту едно растение ниту едно животно не може да преживее,нема почва што може да остане плодна,ниту едно дете не може да учи за животот,ниту еден уметник не може да создава...
    Самотијата не е отсуство на Љубов,туку нејзино дополнување.
    Самотијата не е отсуство на друштво ,туку моментот кога нашата душа е слободна да ни проговори и да ни помогне да решиме што да сториме со начиот живот.
    Затоа благословени се оние кои не се плашат од самотијата,што не се плашат од тоа самите себеси да си бидат друштво,кои не се во постојана очајничка потрага по нешто со што би се занимавале,по нешто со што би се забавувале,по нешто што би проценувале.
    Доколку никогаш не сте сами не можете да се познавате себе си.А ако не се познавате себе си ке почнете да се плашите од празнотијата.

    За оние кои не се исплашени од самотијата што ги открива сите мистерии,се ке има поинаков вкус.
    Во самотијата тие ке ја откријат љубовта која ,инаку можеби би останала незабележана.Во самотијата ке ја разберат и ја почитуваат љубовта што ги напуштила.

    Во самотијата ,ке бидат способни да решат дали вреди таа загубена љубов да се замоли да се врати или едноставно треба да ја остават да си замине и да тргнат по нов пат.

    Во самотија,ке научат дека да се каже "НЕ", не е секогаш знак дека некој не е великодушен,исто како и дека велењето "ДА" не е секогаш доблест.

    За оние што чувстуваат дека самотијата ги потиснува , запомнете дека секогаш во најзначајните моменти во животот сме сами.
    Земете го за пример детето што излегува од утробата на мајката:не е важно колку луге се присутни,одлуката да живее е на детето.
    Земете го за пример уметникот и неговото дело:за да биде тоа навистина добро, тој мора да мирува и да го слуша гласот на ангелите.
    Земете не како пример сите нас,кога ке дојде Непосакуваниот посетител Смртта:во најважниот момент од нашето постоење,момент од кој најмногу се плашиме,сите ние ке бидеме сами.

    Онака како што Љубовта е божествена состојба,така самотијата е човечка состојба.А за оние кои го сфакаат чудото на животот,тие две состојби се во мирољубива коезигстенција

    -Пауло Коелјо (Ракописот од Акра)-


    Извадоков од кнгата им го посветувам на сите оние кои навистина ја осетиле ладната рака на самотијата.На сите оние кои се чувствувале осамено и празно. На сите оние кои им било скршено срцето на безброј парчиња ,мислејки дека никогаш повеке ке нема да можат да сакаат. Но, иста така овој извадок им го посветувам на оние кои и покрај сите падови и разочарувања смогнале сили да кренат глава високо горе и да продолжат напред. На сите оние кои и покрај сите исплакани солзи останале достојни и никогаш не престанале да веруваат во онаа чиста и исконска љубов. До сите оние кои искрено љубат ,и добиваат дупло повеке љубов за возврат ...
     
    На Serafima, Beaty, Sexybaby86 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.705
    Допаѓања:
    23.109
    Пол:
    Женски
    Ме потсети на случка од пред скоро 10 години. Првиот дечко. Рацедржачот. :D

    Почнав да размислувам за раскинување со него кога почна да ми праи бизнис планови и да ми го планира мојот живот, финансии и имот за нас двајца откако ќе се земеме (отиде предалеку со плановите, а богами и самодовербата дека нема да го оставам :lol: ). Прво со смеење му реков „Поарно раскини ми, не сум толку богата колку што ти мислиш.“ а по недела дена и му раскинав откако видов дека мојот коментар го сфатил само на шала и ништо повеќе.

    Од сегашна перспектива не го ни окривувам толку. Да вртиш такви муабети на 16 години а живееш во урбанизирана средина и се`уште зависиш од родителите (море дури ни под овие околности не ми се оправдани) и да се замараш со такви муабети повеќе зборува за муабетите и лекциите кои му ги држеле по дома отколку за него како личност (јако оформената личност на 16 години бај д веј).

    Важно по таа врска, иам уплав од мажи материјалисти и штом ги детектирам обавезно им пререкувам нешто и никако не им ги преќутувам дебилните теории на стекнување богатство. Посилно е од мене и ја нејќам. :D
     
    На vinozito1 и Barbie20 им се допаѓа ова.
  7. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Џабе е убавиот изглед и лажната насмевка кога одвнатре ви се плаче..........
     
  8. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.921
    Пол:
    Женски
    Nejasni misli, izmesani cuvstva, ne znam koja sum, kade odam, kade pripagam, onaka lutam bezcelno, beznadezno.. Se prasuvam do koga vaka? Neznam dali sum na pocetokot ili na krajot... Vo mene oluja se borat tagata i radosta, nasmevkata i solzite, mirot i nemirot... :(
     
    На Barbie20 и vitomir им се допаѓа ова.
  9. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Tessie после овој сигурно и јас ќе имам уплав од вакви мажи.
    Најинтересно е тоа што,кај мене не се работи за дечко туку за момче со кое се знаеме од фб,а и сме се виделе неколку пати,па сега никако не можам да го откачам.
    Вечерва сакал да ми дојде дома.Ми кажа и што да спремам за јадење :lol:
    Да одам да почнам со спремање,губам време вака :lol:
     
    На Sara123, tessie и vinozito1 им се допаѓа ова.
  10. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.705
    Допаѓања:
    23.109
    Пол:
    Женски
    A за пиење што не ти кажал...ако утнеш шо праиме?

    И ти на фемина седиш, ццц... :D

    Наметни престилката и да те видам у тема Рецепти после да споделиш домаќинлукот. :D :D :D

    Колку се смешно тажни некои мажи значи...
     
    На vinozito1, Barbie20 и Sara123 им се допаѓа ова.
  11. planet

    planet Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    73
    [​IMG]
     
    На Dog-lover и Sara123 им се допаѓа ова.
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.705
    Допаѓања:
    23.109
    Пол:
    Женски
    Уште ова.

    Не ми се јасни жените кои одма после сликање на вереничкиот прстен си го мењаат презимето на фб. Дее, ќе бидат мисис таа и таа цел живот. Да се стрпеа малце. Толку ли биле очајни да го слушнaт прашањето „Ќе се омажиш ли за мене?“

    Не ги осудувам, ама јас да сум на местото од вереникот искрено би се исплашила.
    Искрено, пораката што ја испраќаат не е примамлива.
     
    На bittersweet, Maya3112, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  13. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    Најнов бисер од дечкото на другарицата ми.
    Седел со нас (со 4 девојчиња што се собираме едвај 1 во годината) за да не сме го озборувале. Т.е да слушнел што муабет си имаме... :^) :tmi:
    Мислам WTF?! :geek:
    Да го наречам женско петле, да го наречам психо или да го наречам гревче? :emo:
    Другарице свака ти част како го трпиш... :bow:
     
  14. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Убавата жена се сака со очите, а добрата со срцето. Едната е дијамант, а другата е цела ризница.
     
    На srcekrsacka, Serafima, COollLady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.828
    Допаѓања:
    25.569
    Пол:
    Женски
    Се вратив од одмор.
    И од целата таа убавина, најмногу ќе ми фалат вечерите поминати во играње карти и слушање срцепарателни шлагери, помешани со звуците на разбранетото езеро кое ти е во непосредна близина.
    Ниту плажа, ниту сончање, ниту забава, не ми треба ништо. Само ова погоре.

    Бев на одмор во права смисла на зборот, си го оставив телефонот дома, заминав без план, без замарање. Едноставно си спакував основни работи и заминав.
    Толку се навикнав што сега сопствениов кревет ме боцка, ама ќе се прилагодам.

    И сега пуштам балади, гледам слики, се присетувам на изминатите денови. Носталгија.
    Секој пат иста песна, првата вечер после одмор сум депримирана до максимум...

    :emo:
     
    На sweet-cherry, bittersweet, Marjan007 и 14 други им се допаѓа ова.
  16. Westlife

    Westlife Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    617
    Е да си жива и здрава,ме изнасмеа мори памелче :D
     
  17. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Каков човек треба да бидеш кога пред цело друштво ќе ја навредуваш својата мајка? Истата таа која што работи 2 работи само за да ти ги пружи сите тие благодети заради кои ти вечерва и викаше и ја нарекуваше со погрдни имиња. Таа за тебе нема име, ниту пак ти значи нешто. Жално е, ми се насолзија очите гледајќи ја неа, тој засрамен поглед полн со тага, со премор од целодневната работа. Мене жената не ми е ништо, но за момент сакав да ја гушнам силно и да и кажам дека таа е добра мајка но има син кој што не заслужува таков родител.
    Вакви работи многу ме погодуваат, се прашувам со какви луѓе сум опкружена. Ако така ја доживува својата родена мајка можам да замислам каков став има за нас останатите. Колку злоба, колку лошотија треба да има во еден млад човек за да се однесува така спрема најблискиот?
    Среќна сум што имам родители кои што се вистински луѓе. Чесни, одговорни и пожртвувани. Безусловна љубов и обострано почитување. Среќна сум што ме одгледаа доволно добро за да работите сега се такви какви што се, среќна сум што никогаш не дозволив а ниту пак помислив да ги омаловажувам, да се срамам од нив, да ги навредувам. Горда сум што можам да се наречам нивна ќерка.

    И уште нешто, како поминува времето, како созревам, сфаќам дека парите се најголема предиспозиција за среќа. Целиот свет се врти околу тоа проклето парче хартија. Лицемерно ли би било да тврдиме дека парите не носат среќа?
    - Да!
     
    На sweet-cherry, ludoto19, Serafima и 10 други им се допаѓа ова.
  18. xoxo.Martina

    xoxo.Martina Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    198
    Баш ме нервира ова ,,seen'' на фејсбук :@
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr му/ѝ се допаѓа ова.
  19. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Мојот дечко не го менувам ни за масерките у Силуете да ми плаќат да ме масират! Секоја ноќ, после туширање, дечко ми половина час ме масира со антицелулитна крема, и тоа толку добро шо првите 3 вечери врескав од болка, ама сега едвај чекам да дојде време за масажата. Има златни раце, само некоја нека ми го погледне очи ќе и ископам! :D

    После неколку месеци сум сама дома навечер. Дечко ми повторно некој период ќе оде 3 смена. Но нема страв, нема ненадејни звукови од надвор, нема чукање на ролетни, нема бавни чекори во двор и страшниот језив звук на нишањето на лулашката до прозор... Чудо големо е колку страшна и развиена имагинација имаме ние луѓето, абе махери сме за правење на сопствен хорор филм, или па на некоја доволно језива домашна приказна. Кога нешто ќе ни влезе во психа влезено е, како мене на пример, со месеци додека дечко ми одеше 3 смена, се некој ми шета низ двор, се некој се лула на лулката и се нешто шепоти, а оно едниот мачор што си го чуваме надвор си седе на лулашката и си ужива со ветрето, зајчето порано си глодаше се живо и диво и испушташе такви тапи звуци. Завршив со тие празни муабети и веќе одамна им ставив крај на хорор филмовите - ме јебат во здрав разум страшно многу!

    Пред неколку недели си поседив дома квалитетно подолго од вообичаеното. Ми годеше домашната атмосфера, си одев без лаптоп, начисто се губев од виртуелниот свет и им се препуштав целосно на другарките. И така си лежам јас еден ден, некои си 3-4 дена настинав гадно од климата, и дечко ми, ми звони на мобилниот. Муабет нешто и ми вика, не се нервирај, не викај, нема што да се направи, мене зајчето ми избега... И сега шо можам јас да направам у себе си викам, ем не е крив, ем е крив, како тоа му избега?! Незнаев што да кажам, а се трудам избувливоста одамна да си ја скротам, и му спуштив само и вреснав силно. И му звонам одма. Како тоа ти избега го прашав, и тој ми кажа му ја чистев куќичката и он беше у двор, и избега наеднаш, го барав два саати го нема никаде... Залудно е да се караш, залудно е да се воде дискусија очигледно, само му реков знаеш дека секогаш го затвараме во вц-то кога му чистиме, ама јбг. После година и пол се простив од зајчето. Не мислам на него пошто знам дека доживеало црна судбина, но затоа знам дека зајак или хрчак или па морско прасе никогаш во живот повеќе нема да чувам, не можам да прифатам добро смрт на милениче и тоа ме уништува, така да останав огорчена и на дечко ми, и на зајакот кој покрај кралскиот третман, себично избега од нас, и си боледував дома неколку дена.
    И - нормално, Господ ме виде целата скисната, Ана а.к.а жална врба, со куферите накај Скопје реши да си оде, и и приреди прекрасно изненадување.
    Кога стигнав дечко ми ме пречека со најубавата вест - бушавата мачка конечно ни се омачи со 3 мали маченца. А само што реков не сакам повеќе животни да ми се намножуваат што имаме тоа! :)
    Мали, црни, замижани и бушави мевца се тркалаа под мачкава наша. Абе радости низ дома со дечко ми цели 3 недели сме. Тогаш одма им се стрчав, мислам дека еден час ги набљудував и им се восхитував. Мајка природа!
    И еве ги сега, јас сама дома, а тие сите низ овие 39метри квадратни си трчкаат и гребат по подот и теписите со малите ноктиња, испуштајќи намил звук од тие малечки муциња кои само цицаат по цел ден.
    Јас сум си оптегната на креветот со сериски маратон, си пијам зелен чај со многу мраз и лимон и дури со цевка, си правам филм дека сум на плажа и грицкам бадеми тонејќи од епизода во епизода и се свестив сега дека имам садови да измијам, друго се си средив, и додека скрос не ме мрзе, да си го средам уште тоа и да се оптегнам...пак!
     
    На Moira, Adi888, Bright и 12 други им се допаѓа ова.
  20. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски


    А каква мајка е таа која никогаш не те прашала како ти е, што ти е, кога ти бил првиот бакнеж, дечко ? Мајка која е поврзана само со другите деца, мајка заради која е направен разор во семејството. Не е секогаш мајка жената што те родила. Не е мајка жената што вели дека ќе замине кога не може дома да се реши некаков проблем. Сите различно гледаме на оваа тема, ако детето има причина да каже некој погрден збор ќе го каже, ако е во право за кажаното во право е, ако не е само може да се застрами. Има секакви мајки... :!:
     
    На Dobie, TheKiketoo и sweetgirl92 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.