Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Butterfly14

    Butterfly14 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    456
    Ја знаете приказната за 2-те кутии?
    Црната отворете ја кога ви е најтешко.
    Белата отворете ја кога ви е најубаво.
    А знаете ли што пишува и во двете?
    -Ќе помине ...
     
    На sweet-cherry, kate21, Adi888 и 21 други им се допаѓа ова.
  2. Monique995

    Monique995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    201
    Ќе ми текне...

    А ќе се разбудам утре, и пак ќе биде иста песна.
    Можда само рефренот ќе и се смени.
    Ќе посегнам со раката по празната страна на креветот.
    И ќе ми текне дека беше пополнета некогаш.
    Ќе ми текне и дека беше резевирана за зимско топлење.
    Онака под свежо испрано јорганче.
    Две тела испреплетени.
    Разменуваат воздишки.
    Јас и ти ко од мајка родени.
    [​IMG]
    Ќе ти се сетам на насмевката и пак ќе се насмевнам.
    Така правев секогаш.
    Ќе ми текне дека те лажев во очи викајќи „Те сакам“.
    Ќе ми текне кога прв пат те излагав, а веќе секој нареден се претвори во навика.
    Се сетив и дека пролеав солзи, еднаш, за нас.
    Предоцна беше.
     
    На Christina.A и Barbie20 им се допаѓа ова.
  3. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    [​IMG]

    Нашата реалност...
    А дали е тоа во ред? Проценете сами...
     
    На eliesaab и Someonespecial им се допаѓа ова.
  4. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Зошто има феминки кои се толку тврдоглави? :@ Зошто мислат дека се знаат на 12 години и помалку? Не потценувам но...сериозно? :^) Зошто тврдат нешто што незнаат дали е така. Исто ко сега јас да речам, не боли бре кога се пораѓаш,лесно е ко вода ќе помине,само ќе те пецне малку. |(

    Тоа сакав да кажам и не ми е гајле ако се пронајде некој :!:
     
  5. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Сакам да кажам дека ми е Spa DAY и сум пресреќна :D

    И знам дека не ве интересира но сепак ке кажам дека носот ужасно ме чеша но не можамм :(
     
  6. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Јас? Добра сум, фала :wasntme: Пливам во времево, фаќам залет, се затрчувам и скокам во воздухов. Мислам ме гушка, ме сака, се промени за да ми удоволи. Да беше вака цела година... Нема силни зрачења, а навечер преубаво се спие. Кој тоа го повикува летото со над 40степени? Ако бидне, очекувам да сте на улица и да се шетате на тие степени. Мене вака ми е рај... подзаборавив дури и на желбата за одмор :?:

    Вчера, откако цело попладне го поминавме со кучево барајќи и ја топката во секое можно ќоше од дворов, двете заклучивме дека мачето на комшиите и ја земало. Добро... тоа малце беше моја констатација, затоа што мачето е малку лошо и доаѓа кај нас само да ја гребе кучкава, ама... на кучкава изгледа и беше логична констатацијата затоа што пола вечер ја помина пред оградата на комшиите. И така уште едно топче отиде во неповрат. Цела вреќа треба да купам, во подрум да ја чувам како залиха :|

    Се опседнав малку со моите нозе, што се слаби, слаби се, гледам дека им нема лек за тоа, решив да ги зацврстам добро, да бидат барем секси :wasntme: И така вежбам, дишам, пливам. Доручкувам сливи, а често од истите и вечерам. Праските почнаа да зреат, првата диња беше сочна и блага. Дури и сладоледот го преболувам. Би изделкала една лубеница и внатре со чудесии од овошје, а јас како прасе би нурнала во неа. Ете толку сакам овошје. :angel:

    Добра сум, да :) се чувствувам убаво. Чекам впечатоци сега, чекам да дојде пријателов и да ми ги прераскаже сите авантури, а јас како мало дете да ги голтам и сонувам. На точак како Ити, низ ветрот, кон небото.
     
    На bittersweet, Moira, caroline.costa и 16 други им се допаѓа ова.
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.341
    Допаѓања:
    102.991
    Пол:
    Женски
    Среќен роденден сонце тетино, расти ми порасни големо и весело, биди ми радост во животот и понатаму :party: :^: :hug:
    Денес пред 3 години мојот живот доби смисла, станав тетка на најубавото сонце на светот, нема поубаво чувство од тоа, да дишеш за некого, да бидеш негов идол, да бидеш тетка на една мала девојка. Денов тета го чека цела година, смислува и осмислува со што да ја израдува својата принцеза, оваа година тета ќе ти подари мало другарче, зајаче со машниче на вратот, да ти биде најдобро другарче кога тета е може да дојде да те види, да те потсеќа на тета кога ќе ти недостига :* Мојата мила принцеза е моето СЕ :inlove:
    Среќен роденден Ангелу мој :*
     
    На kate21, bittersweet, Moira и 17 други им се допаѓа ова.
  8. snegulkabela

    snegulkabela Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    134
    Ако има нешто недоречено, нешто што те притиска и пече, закопај го во длабока тишина, тишината сама ќе го рече. Па, Ацо Шопов бил во право. Понекогаш, тишината е најдобриот пријател, неа можеш се да и кажеш и да не те прекаже, а маката да ти биде помала. :f:
     
    На Butterfly14 и xoxo.Martina им се допаѓа ова.
  9. Perina

    Perina Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    321
    Не можам веќе да читам и слушам дека некој починал од рак, не можам!! Аман веќе, срцето ми се кине! А да не зборувам за луѓе што сум ги знаела што прерано си заминале порати таа глупава, смрдлива болест! Престани веќе да ги уништуваш животите на милион луѓе, гадинко една одвратна! ТЕ МРАЗАМ!!!
    :@ :@ :@
     
    На Espadrila и Gordana10 им се допаѓа ова.
  10. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    На hermosa и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  11. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.709
    Пол:
    Женски
    Сакам да ја изненадувам мама со утринско кафе.
    Убаво ми е кога ќе го пречекам тато од работа со некоја орасположувачка смешка.
    Убаво се чувствувам на некоја другарка со која не сме биле во контакт подолго време ќе ѝ пратам нешто по нејзин вкус, што ептен ќе ја развесели.
    Уживам кога ќе му најдам на некого песна што ја бара.
    Обожувам спремање роденденски изненадувања за некоја мила личност.
    Убаво ми е кога кажувам нешто смешно на некого и потоа слушам гласно смеење од срце.
    Едноставно, се гордеам со себе кога ќе насмеам некого. ^_^
    Искрено уживам да угодувам. :wasntme: Среќата ја сочинуваат малите нешта, а нема поголема сатисфакција од она кога си причина за нечија насмевка. :f:
    Бидете весели и развеселете ги и другите, бидејќи тогаш насмевката е двојно послатка. :sun:

    [​IMG]
     
    На Lepaaa, sweet-cherry, bittersweet и 22 други им се допаѓа ова.
  12. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Откако го носам во себе овој благослов, ова срценце во мене, се’ повеќе и повеќе се прашувам едно прашање:
    - Каква мајка би била?
    Размислувам за почетокот, за иднината...
    Толку е чудно се’ тоа. Од едно обично нешто, веќе се создал нов живот. Се прашуваш и прашуваш, како, што, кога... но никако не наоѓаш одговор, од причина што се’ тоа е дел, еден сокриен ден од нашиот разум. Разум, за кој мислиме дека е најсовршен, но ете понекогаш и не е така се.

    Се раѓа тој живот, расте... И секогаш кога доаѓам до тој период од животот на едно детенце, стапнувам на кочница и секој миг го замрзнувам, го замрзнувам за убаво да го анализирам што подетално тој период. Повторно и повторно, сфаќам само едно, дека човекот е создаден, да, како универзум, но универзум со добра душа, со нешто највозигнато во себе од се’ во природата, односно љубовта кон се’ и сешто проткаена со разумот.

    Од тоа детство навистина се учи многу.
    Колку едно детенце ја исполнува душата! Колку само радост носи еден нов живот во еден дом. Една насмевка на едни малечки обравчиња, една силна прегратка со едни малечки рачиња, едни прстиња кои се десет пати помали, а те галат толку нежно... И никогаш, ама никогаш тоа душиче не ќе ти рече збор со омраза, не ќе ти направи нешто лошо, туку секогаш знае и во најголемата лутина да те расположи. Но, секогаш таа чиста и невина душа и колку да и викаш и колку да ја караш, таа душичка не знае за лутина. А што е највпечатливо, таа душа го знае својот пад, ама оној детски пад, онаа детска грешка, кога од познание на својата вина ќе застане со главчето надолу, ќе заплаче и без да биде удрено, ќе се сокрие под масата или во аголот од срам заради тоа, ќе ги стави рачињата на тие мали обравчиња и ќе очекува да помине лутината и гневот кај возрасните. А тоа познание на својата грешка е од светлината, од чистотата на душата... што нажалост ние возрасните сме ја оставиле некаде, сме ја затвориле во темнина и ретко размислуваме за неа.
    Некогаш пак се толку итри што со еден збор ќе те стопат и самиот ќе бидеш поразен од таа љубов, што самиот ќе помислиш дека си виновен, а не тоа детенце. И не е тоа само итроштина, туку една вистински вредна поука, дека треба и кога погрешиме да возвратиме со еден добар збор, за да го придобиеме ближниот.
    Колку само има вистина во се’ ова. Размислувам и не можам да престанам да размислувам на тоа.
    - Дека нажалост дојде време кога возрасниот треба да се учи на невиност од своето дете. Да се учи на вистинска и не лицемерна љубов, да се учи на она изгубеното, на она што дозволил да се излади со текот на времето, срцето.
     
    На Lepaaa, kate21, ilipili и 36 други им се допаѓа ова.
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.576
    Допаѓања:
    201.781
    Пол:
    Женски
    Tantrums, tantrums, tantrums... ah those terrible twos! :worried:
     
    На Lepaaa, bittersweet, Moira и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    На WomanInRed, Trendafilka, Jagoda123 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    пред некој ден имав прилика да видам како луге влегуваат во казино среде бел ден-гајле си немаат не е веке чекај да се стемни па тогаш влези-да не те види некој познат
    мегу нив имаше и средношколци и средношколки-дали 15, 16 години имаа
    ги гледам од страна и се чудам каква е денешнава младина, знаат ли нивните по дома :?:
    ете таква е денешната младина :x секоја чест на искучоци :!:
     
  16. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Чекаме вакво видео тогаш :)
     
    На ariela09 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    270
    Е шо има толку чудно во ова? Да се стемнело..има некаква разлика дали ноќе или денски..
    И како може 15,16 години не смеат да влезат прво..глупости на квадрат, немој да ми се лутиш ама ми се чини дека имаш малку старомодни сфаќања...
     
  18. Boleyn.7

    Boleyn.7 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2013
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    425
    Денес и е роденден на мојата најсакана мама! Полни 50 јубилејни години !


    СРЕЌЕН РОДЕНДЕН МАМИЧКЕ,ДА БИДЕШ НАЈСРЕЌНА И СЕКОЈА ЖЕЛБА ДА ТИ СЕ ИСПОЛНИ!И ДА ТЕ СЛУШАМ ПОВЕЌЕ! :lol: :^:

    Те сакам ! :hug:
     

    Прикачени фајлови:

    • large (2).jpg
      large (2).jpg
      Големина на фајлот:
      65,9 KB
      Прегледи:
      308
    На Barbie20, Kaley, hermosa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Ќе кажам само за делот 15,16 години дека мора да си 18+ за во казино, а тоа што нашиве казина не го почитуваат ни законот за пушење ко прво, а не па овој, дозволуваат да се коцка кој сака. Да влезе инспекција во казиното, а ти 15годишна играш рулет за 50вче на пример, ќе видиш дека е точно тоа што го зборам.
     
  20. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Свесна сум дека во Македонија нема медиум каде што не владеат тешки идиоти, ама се чудам до кога вака бе? http://puls24.mk/zanimlivosti/vicoteka/ ... 1545364686
    Тежок дебилизам. Дали да почнам од тоа што не се гледа подлабоко од површината, или од очајната смисла за хумор. Не знам колку спаѓа во луксуз одмор во Грција, ама навистина не знам. Да, за многу и еден викенд е луксуз, па макар тој викенд бил и во некое соседно село, кога некој нема, едноставно, нема, заглавен е дома и тоа е тоа. Ама, дека одмор во Грција, која е на 2 чекори од Македонија, која изобилува со понуди 10 дена за 70 евра и помалку, е лукзус, треба да се запраша некој до каде му се границите и видиците. Очајно и жално, и пред се, проѕирно.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.