Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Monique995

    Monique995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    201
    И би те побарала јас, сега, утре, задутре, некогаш...
    Би те барала за те погледнам во очи.
    Би те гледала во тие сино-зелени очи кои потсетуваат на морска шир.
    И трепките кои создале совршена парабола.
    И ќе ти кажам дека плачев.
    Плачев таа ноќ кога те видов дека душата ти останува, а телото заминува, некаде.
    Се сокрив позади резето, позади двојната брава на вратата од туѓиот стан.
    Вистински ли беа моите солзи?
    Ќе ме прашаше, никогаш.
    Но ќе ти кажам, сакав да бидат вистински колку што бевме јас и ти.
    Не те сакав, извини.
    Те сакам, прости ми.


    [​IMG]

    Сакам да ти кажам, или покажам, всушност би ти шепнала тивко во десното ушно каналче:
    „Ти си моето СЕ'!“
    Ќе ти кажев еден ден, не.
    Ќе ти кажев исто како што ти кажав дека нашето време завршува.
    „Снемуваме кислород.
    Ова повеќе не е место каде ние двајца би можеле слободно да дишеме.“
    Сакам да ти кажам дека згрешивме, на почеток, на крај.
    Грешевме измеѓу.
    Или не!?
    Се што сакам да ти кажам е дека:
    Јас и ти љубиме.
    Условно.
    Бескомпромисно.
    Бесчувствително.
    Повредуваме.
    Закрепнуваме.
    Се враќаме.
    Се враќаме секогаш на старото место.
    „Еден покрај друг.
    Ти до мене, јас до тебе.
     
    На Christina.A и Barbie20 им се допаѓа ова.
  2. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    СДК животот нема реприза.Затоа сите треба да го живееме најдобро што можеме.Сите да ги поминеме неколкуте животни фази детството,адолесенцијата,зрелоста,староста,сите да имаме деца,сите да си ја пронајдеме вистинската љубов,сите да се вработиме,сите да се нервираме најмалку што можеме,сите да станеме баби и дедовци па машала и прабаби и прадедовци и секако доаѓа очекуваниот крај СМТРТТА ;( Да тогаш мравките и црвите ќе се најадат од нас,и за доказ на твоето постоење ќе останат само твоите коски жално но тоа е животот ЗАТОА СИТЕ ДА ЖИВЕЕМЕ НАЈДОБРО ШТО МОЖЕМЕ ЗАТОА ШТО КОГА СРЦЕТО ЌЕ ПРЕСТАНЕ ДА ЧУКА :l: ТУКА Е КРАЈОТ ;( НА СЕ :(
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Barbie20, Katerinceee и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Добро утро на сите, имајте убав и весел ден :* :hug: :coffee: :f:
    Во последно време се запоставив ама се. Го отворив стариот испишан дневник, во него содрцани листови полни со среќни моменти. Внатре старата јас со сите мои спомени, старата Катерина и сите нејзини убави мигови во животот. Сега како да не сум таа старата Катеринче со три "е" , како некоја друга да е дојдена на моето место...Незнам ни самата но навистина многу се сменив, болно е да се каже премногу. Порано не бев таква си признавам, сите во последно време ми велат дека сум се сменила а јас упорно велам дека не сум ама ете сватив дека сум се лажела самата себе. Од кога започна летниот распуст јас крај се исклучив од се, сега само ме интереситат другарките, цел ден спиење, навечер излегување, и многу глупаво си го минувам времето но добро е навреме што се свестив бар остатокот од распустот да си го поминам како што треба. Нвечер да си ставам ред да почнам да спијам, рано да станувам, да јадам здрава храна, да прочитам бар некоја книга и ајде останува излегувањето пак може да си шетам. А за форумот па муабет да не правам, лани ова време бев зачленета и се пишував по цели вечери читав мислења бар учев нешто ако не сега што дремам на фб |( незнам ајде да кажам и времето се менува но јас :x . Разбирам сега некој промени добро можат да влијаат на човекот и другите околу него, а некој промени можат да влијаат и многу лошо, без да се проба ништо не се знае ама не треба да се претерува. Од денес натаму се враќа старата Катеринчеее на форумот,и ке бидам поактивна.
     
    На BlackPiano, teddybear, COollLady и 6 други им се допаѓа ова.
  4. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.798
    Допаѓања:
    100.546
    Пол:
    Женски
    За сите оние кои плачат дека им се скршил ноктот,само да кажам.Дали воопшто знаат што значи да останеш без родител ,партнер,дете.Да не можеш да најдеш работа,да немаш покрив над главата.Затоа им препорачувам да ги остават нивните автомобили во гаража,и нека влезат во автобус.Дури ве туркаат вие гледајте.Верувајте сешто ќе видите.Што би рекол Чорба-видечеш призоре потресне,видечеш несречне и болесне...и тогаш би ве замолила да не си играте Бог,спуштете се на земја, бидете благодарни на она што го имате,гушнете ги вашите родители зашто еден ден нема да бидат со вас,и носете го она што ви го дариле родителите, со гордост.А тоа е срцето.Го имате ли воопшто вие?
     
    На eli25, sweet-cherry, kate21 и 62 други им се допаѓа ова.
  5. Kaylee

    Kaylee Активен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2013
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    22
    Се расплакав.Разговараме на тел:
    Тој: Дебела си..
    Јас: ;( Знам,не грижи се ке бидам на диета и ке вежбам и ке ослабам.
    Тој: Не.Јас те сакам таква каква што си.Вака си ми најубава.Немој ни случајно да помислуваш да си на диета.Зошто да се мачиш да слабееш? Само немој да се здебелиш.Јас те сакам баш ваква каква што си сега.
    Ова е прв пат во животот вака некој да ми рече.Вака дебела не ме сакал никој освен татко ми,мајка ми,баба ми....Не сум мнооогу дебела да речеш имам 100 кила,ама имам вишок 15 и сепак сум.
    Тој ми даде малку светлина.Мислев дека откако се здебелив дека тешко кој ке ме сака.Машките сакаат слаби,згодни девојки,но сум згрешила.
    Заклучок:Секогаш сакајте се такви кави што сте,не брзајте,сигурно ке се најде барем еден кој ке ве сака такви какви што сте. ;)
     
    На Serafima и Beatriche19 им се допаѓа ова.
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    Не, го немаат Луничка тоа крвно садче овие примероци на човештвото, тие луѓе плачат за напукнат екран на нивниот (пре)скап мобилен телефон, за кого не запотиле г`з самите да дадат пари, туку го добиле на готово (па каде е тука плачката, не разбирам) :^) ... да, треба да плачеш, зашто мајка ти се кичми на работното место и до 12 часа дневно за да ти се нафрцкаш и налицкаш, а откако се враќа дома во несредена џунгла, ти со 6 другарки и` се вртиш: Мамоооо, ќе ни свариш по едно кафе?

    И женава скапана од умор, зема и прави кафе.
    Кој е тука повеќе за ќотек, не знам.

    Намерно ја одбегнував темава неколку денови, за да не истурам негатива во вака убави, сончеви денови (затоа и веднаш го лајкнав постот на Катеринчеее, со три е, па девојчето ни посакало весел ден, има ли поубава порака од таа), но сега веќе се чувствувам како да се отворила Пандорината кутија, дури ноќеска плачев во сонот од мака, сега знам и зошто.
    Безобѕирни луѓе на каса, гледа како и` ги откуцуваат производите и тапо зјапа, упорно не вади новчаник и не спрема пари да си плати, ниту става работи во ќесата, туку отпосле го прави сето тоа. Госпожа е она, редот нека се множи, луѓе нека чекаат, многу и` е гајле...
    Луѓето со неподготвени пари за автобуска карта ќе горат во круг од Пеколот и тоа нека е јасно, мирно стои на автобуска, сјајче си става, се зјапа во огледало, уште некоја бубуљица да стисне, доаѓа автобус, влегува и тогаш фуриозно ровари по чантата по пари да купи карта. Што правеше цуцо цели 10 минути додека чекавме заедно, заби ли сончаше, не сфаќам луѓево како уживаат да тестираат нечии нерви, да се теееееееегнат како мрзливи црева, да ги понижуваат:
    шалтерските работници, чистачките во зграда (жената само што исчистила, гледаш дека е мокро, оди по крајот да му се сневиди, каде цапаш по средината, смрдле скапано!), продавачи, келнери (зашто навистина ти прави разлика во животот дали макијатото ти го направиле со млеко од 2.8 или 3.2% масленост, бре бре, да сум една мува па да ти отидам дома и да видам што дома пиеш или јадеш, зашто кога ги гледам надвор излегува дека на таквите дома им тече мед и млеко, кавијар ли јадат секој ден...) И сето тоа со надменост и ароганција, со ЗЛОБА во најчист облик. Не ти се множи паметот ако некого навредиш или го омаловажиш оти ти го продава весникот или утринскиот ѓеврек, напротив, ти скапува паметот, ти се суши, некој ден ќе ти остане зрно грашок, па после во тиииит напикај си го.

    Збунета, збунета, збунета сум, константно изнервирана, мајка ми вика зошто така се нервираш, опушти се аман, види сонце, види тревки, види цвеќиња, ма некои денови ми доаѓа со зоља пеперутки да пукам ! како не успеав никаде надвор од МК да се свртам малку подолго и да ги запознаам луѓето, да видам дали и таму се така плитки, површни, тупави, опседнати со препич - кој ме видел, кој ме слушнал, седев со оној, се чекирав со овој, уаааа Барбакан, оооо Арабеска дали работи (мамооо, животот ќе ми заврши ако не работи), дали и таму се трујат во ментален кич, дали се така злобни и неодговорни, завидливи лошотии како кај нас, простачка раја.

    И така, јас ви се извинувам искрено... и јас ви посакувам весел ден. :)
    [​IMG]
     
    На sanja.burgundy, Unica, eli25 и 54 други им се допаѓа ова.
  7. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    Прекрасен сончев ден :sun:
    Вчера шетав по City Mall и сфатив дека луѓето во Македонија земаат "швајцарски" плати, па можат да влезат во Зара или Манго. Гледаш 50% попуст, повеќето си замислуваме 500-600, па подобро не го гледајте ливчето со цената ако нема некој до вас да ве држи :rofl:
    Добро беше си купив блуза од Terranova за 199 ден. 8) :D

    Што е модата со тигарот? Затоа што Life of Pi доби оскар?
     
  8. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Кој
    го имаме од синот на Субрата Рој? На индијци државјанство, а нашите писатели кај и да е ќе ги избришеме од историјата.

    Друго ми беше муабетот. Разбирам кој колку може на каков начин и да е, се бори за парче леб, ама не можам да најдам објаснување ни разбирање за нечовечното однесување кон животните. Кога ќе видам коњ натоварен со се и сешто, исушен, изгорена кожа од цигари, па уште и по улица го камшикува... ми се плаче и вришти и гневна сум! Некој ден ќе застанам еден од нив, ќе го земам стапот и ќе го натепам човекот! Која неправда! Зошто сме глуви и слепи за оваа состојба? Мислам дека се најизмачени суштества во државава ни. Супериорност, его, демек најинтелигентни суштества сме... жими мајка... можеби најсурови. ]:)
     
    На Serafima, Peppermint, vinozito1 и 11 други им се допаѓа ова.
  9. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Колку негативна енергија има само оваа наша земја!

    Страотно и ужасно. Зар не може човек на човек да му биде Човек, а не волк? Какви гадостии прочитав деновиве, ми доаѓаше не да пукам, да плукам, да се растопам како магма и да покријам се’ труло што оваа наша почва раѓа, и негува, замисли. Никакви вредности, никаква почит, никакво знаење, се’ е лажно, натапането со комплекси, со ментални дупки, со нехигиена на дух, зјае пусто и празно, а се продава во шарен целофан и светка, очи боде!
    Имаше некоја толку напната енергија во воздухот овие денови, човек да си помисли дека проаѓаме низ некоја констелација полна со пламени јазици. Не можев да се оградам, се спротивставив. Како знаев и умеев. И ми помина. Ми помина откако ручав со сестра ми. Откако се договорив со колешка да аплицираме за стипендија во Колумбија. Откако се изнасмеав на неколку муабети со фини луѓе. Си се гушкав со либето. Раатот никој не може да ти го земе, а ратот секој сака да ти го даде. НЕ, благодарам. Си имам и јас маки, па не мразам и сеам гнев наоколу. Пишувам и ми проаѓа. Лек и терапија. Слушам музика и молчам, некогаш е подобро така. Уживам во ладни праски. И се’ доаѓа на свое место. Светот, нема да го сменам, ама бар јас ќе еволуирам.

    Жал ми е само, што толку нешта умираат, наместо да се родат, само поради тој наш жилав отпор да си помогнеме еден на друг.
    Сакав да кажам, дека мајка ми плачеше повторно, за моето интервјувце. Татко ми беше горд. Ме погодија одредени околности вчера. Но ниедна причина нема да ја претпоставам. Едноставно, нека истечат сите мисли како што мораат. Секој прави грешки, но не секој ги осознава и поправа. Ако нештата се менуваат, следи им го текот и не застанувај во јазлите кај што нема среќа.
    Целта ми е да љубам и да делам љубов, со пишан збор или патетика, како и да е.
    Краток е животот за толку истурени негативни емоции.
     
    На Serafima, Moira, miss.ella и 8 други им се допаѓа ова.
  10. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Како може една ситна работа инстантно да ти го разубави денот,тоа чудо.
     
  11. HollyWoodGirl

    HollyWoodGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    665
    Допаѓања:
    316
    Idiots. Idiots everywhere. :x
     
    На Perina, leighton23 и Srekicka им се допаѓа ова.
  12. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    Ми недостига моето крзнено пријателче. Тоа мало суштество толку убаво и мило. Имаше густи црни кадрици и прекрасни слатки очиња со чудесен сјај. Никогаш нема да го заборавам тој невин и безгрешен поглед, кој понекогаш знаеше да каже многу работи. Да тоа е моето кученце со кое ми помина еден дел од моето детство. Беше најдобриот пријател кој некогаш сум го имала. Кога бев радосна искрено и се радуваше на мојата среќа, скокаше и мавташе со опавчето, а пак кога бев тажна секогаш беше до мене. Ќе седнев тажна на подот и тоа доаѓаше кај мене, нему можев да му кажам се, ме гледаше како да ме разбира се што му зборувам. Ќе седнеше во мојот скут беше со мене се додека не се смирам и одлучам да станам. Така ни минуваа деновите, него сите го сакаа беше толку мило и прекрасно. Понекогаш знаеше да ме изнервира земајки ми ја топката или слично, но што и да направеше јас неможев да му се лутам на тоа мало суштество. Еден ден отиде надвор и никогаш повеќе не се врати. Кога ќе се сетам на него солзи ми навираат во очите, многу ми недостига и тоа секогаш ќе има посебно место во моето срце.
     
    На ljubovche, Barbie20, ludoto19 и 5 други им се допаѓа ова.
  13. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Си седиш во таверна и нели си мцкаш грик салад, тиквички, пилешко, превкусно сирење на скара. Си пиеш узо, ја слушаш грчката мандолинка и кога наеднаш гледаш како некое преслатко чиче доаѓа од нигде-никаде и опа разврзува некој танц. Крши нога високо, мрда колк и се смее.
    И најинтересното е што тоа секоја вечер е така, во секоја таверна различен чичко. Мештаните не дека се пијани туку тоа едноставно им е начин на живот. Никакви стереотипи, никакви голицкања дека некој ќе им се смее. Не се отруени со тоа дека некоја во дискотека носи апостолки или патики. Дека нема шминка ставено или дека косата и е брлива како да и ја дувал некој развигорец. Уживаат. Грците родени на островите уживаат. Сосема хедонистички начин на егзистенција им тече во вените. Затоа и се толку убави и живеат без ни мала брчка. Не брчка којА се гледа, туку која се чувствува. Немаат ни најмалечка, барем тие кои ги запознав.
    Работат само пола година, ама работат турбо. Иако секој од нив има свој сопствен бизнис, неизоставно е да работат уште една или две плус работи. Вредни луѓе.

    Како сакам и јас секое утро да се будам покрај толку шлакнати луѓе :rofl:. Ќе си правиме вака со главите :rofl: секој ден.

    А се сеќавате на Тегни-Туркај? Леле многу го сакав. :D
     
    На sweet-cherry, Libera, WarriorAngel и 9 други им се допаѓа ова.
  14. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    leighton23 ме расплака. Ме потсети на моето крзнено пријателче. Инаку мачорче беше. Охх колку ПРЕМНОГУ МИ НЕДОСТИГА... ;( Тоа не беше типично обично маче. Сите велат за мачките дека не се приврзуваат за сопственикот ама моето беше исклучок. Дали ви се верува дека до продавница ме испраќаше и ме чекаше од другата страна на улицата, кога ќе излезев некаде ме чекаше пред двор и кога ќе се вратев го внесував внатре и си спиевме заедно. Сите ама буквално сите сме се чуделе. Како кучешки инстикти да имаше... Уфф колку ми фалиии... ;( Колку само бев поврзана со него. И друго нешто што не беше типично за него како мачор што НИКОГАШ ме немаше изгребано. Луѓе не знаете колку многу сум го гњавела на моменти, дури жал да ти падне. Си го гушкав силно како кога човек гушкаш, ништо не ми правеше, помирен мачор немав никогаш видено.
    Незнам што им сметаше на тие гнаси од луѓе. Ццц, каква душа имаат јас незнам, како можеа. Еднаш го спасивме кога го пукале со воздушна, ама вториот пат неможевме... ;( Ејјј со воздушна го пукале, не се нормални... Ццц.. никогаш нема да го заборавам, срце колку беше мирен. И неможам да се помирам, и затоа сега немам милениче. Треба многу долг период да помине...
     
    На leighton23 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.710
    Пол:
    Женски
    Можам слободно да кажам дека една од особините кои највеќе ги мразам кај невоспитани и агресивни деца, веднаш по исмевањето и малтретирањето други деца, е нивната навика да се забавуваат изживувајќи се врз животни.
    Уф, самата помисла на тоа ме нервира и растажува. :doh: Дури и кога читам за такви случки, на форумов на пример, не можам да разберам, како може деца да бидат така бесчувствителни... Како може тоа да им претставува задоволство? Што им направило тоа кутро животинче? :|

    Вчера ми се случи да видам таква случка, па тоа ме предизвика да го напишам ова. Се шетавме со две другарки и видовме неколку машки, не поголеми од 12 години, како малтретираат едно мало маченце. Ги опоменавме, ги исплашивме некако и се разбегаа. Треба родителите да се запрашаат, какви личности ќе излезат од вакви деца? :^)

    Од друга страна пак, познавам неколку девојчиња во маало, кои од најмали нозе ги гледам како се дружат со животните. Цело време им прават куќички во влез, им даваа храна, вода, една од нив дури и го вдоми кученцето што се вртка во маало. Искрено им се восхитувам на вакви деца. :bow:

    Јас би вдомила животинче, ама ставот на моите, за жал, е поинаков. Ама, ги разбирам и нив како заштнички настроени родители, гледаат од хигиенски аспект и затоа дури и ми велат од малечка да не ги пипкам многу кога излегувам пред зграда. И, да бидам искрена, заради тоа јас не сум била баш толку блиска со уличните маченца и кученца, дури и малку страв имам од поголемите кучиња. :$

    Ама отсекогаш во срцето сум ги сакала животните, на свој начин. Јас разбирам дека, ете, не е секој создаден за вдомување улични животни, не е секој ниту за дружба со нив, ама барем да ги остават на мира и нека не се изживуваат со нив.
    И да...
    Ставам потпис на изреката: „Оние кои ги сакаат животните, ги сакаат и луѓето“. :)
     
    На Lella, sweet-cherry, kate21 и 13 други им се допаѓа ова.
  16. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    Daydream многу е тешко кога ќе се приврзаш за нешто во нашиот случај домашни миленичиња. Некој можеби ќе каже голема работа па тие не се луѓе, но јас ги сакам животните повеќе од луѓето. И јас кога те читав повторно солзите ме победија плус цела се наежив... :worried:
    Го пукале со воздушна :x какви бездушни.... :envy:
    Жал ми е што се те потсетив на тие работи со моето мислење... :worried:
    Мисли на убави работи и се ќе помине...
     
    На Daydream и Dog-lover им се допаѓа ова.
  17. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Се чувствувам како да ми фали личност од семејството. Баш така празно се чувствувам, ама тоа е. Мислам дека нема ништо да ми го замени. Домот ни е празен. Негативната енергија ни ја собираше на сите. Си зборев со него како со човек. Премногу ми фали, ама таков е животот. Се си мислам дека од некаде ќе дојде, ќе се врати, ќе го видам од некоја страна. Неможам да ја опишам љубовта што ја чувствував кон него. ;(
     
    На leighton23 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Си се навлеков на сок од пченица, ако позеленам уште малку од тоа е. Активниов хлорофил мислам ми ги полни сите клетки, возењето на кеј ме опушта и покрај СЕЉАЦИТЕ кои во најголемата гужва си го учат детето морот да вози на стаза. Наместо тие глупавите пенкалца што не работат што ги делат пред избори, по еден бон-тон да ни дадеа. Прашање за Ајнштајн: тројца возат точаци на стаза еден до друг. Што да направиш? :^)

    Има понуда за рафтинг на Тара и многу ме привлекува. Како што ми предвидуваше еден хороскоп изгледа ќе добијам мала ама слатка сумичка на евриња и со драго срце би ги дала на ова. Здравје, во август.

    Инаку многу поштувам луѓе што кога доаѓаат на гости носат бомбониера. Ептен, најептен. Не чоколадо, него бомбониера (леле не знам како се пишува, срам да ми е). Мајка ми редовно им дели бесплатни правни консултации на сите и убав гест е кога некој го цени тоа, па барем и преку нешто благичко. Со здела чоколадни бомбони, нектарини и лубеница му се смееме на светот. Јас си спремам лајт-шоу за фамозното отварање на Аква паркот и очајно барам нормални апостолки. Во превод, лето е.

    Обравче створено за штипкање
    http://www.youtube.com/watch?v=PSe1Takt5FU
     
    На la-chicka, lunicka, Hipster и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Значи колку ме нервираат не средени библиотеки тоа е чудо. Два саати да бараш книга тоа е страшно нешто. :envy:

    Зарем толку ли е тешко да се средат книгите, ако не по тип барем по букви или по писатели, да можеш некако да се снајдеш, а не вака мизерии.
    Изгубив цел час и половина обидувајќи се да се снајдам во таа џунгла со книги од кои добри 70% беа прекриени со прашина.

    И знам дека долу кај што седи библиотекарката немаат доволно место за сите книги и дека останатиот дел ги чуваат на втор спрат(каде што се оставени сите добри дела кои вредат да се читаат, додека на прв спрат повеќето се лектири), па барем нека пуштаат горе. Не збпрувам за мене, мене ме пуштаат оти ме знаат добро, но многу други не ги пуштаат и кутрите мора да чекаат некој што земал книга од горе да ја врати и тие да ја земат.

    Инаку си ги најдов книгите што ги барав иако малку се измачив дури ги најдов и барем тоа ме смири малку :lol:
     
    На Hipster и Gordana10 им се допаѓа ова.
  20. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    СДК животот е непредвидлив.Имајте убав,весел и разигран ден како вашата Дрим :)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.