Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Не знам сошто е толку тешко да се биде барем малку културен.
    Љубезен.
    На каса да слушнеш Повели а ти на тоа Благодарам.Имајте пријатен ден. :)

    И не знам зошто јас се чвстувам лошо кога ќе кажам добар ден ,извинете, благодарам :^) зошто јас?Бидејќи од другата страна не слушам ништо.
    Сите имаме лоши денови ама секој ден?
    Со молк завршуваш работа во огромен трговски центар. :^) И јас потфрлам некогаш,намуртена сум,но само малку труд е потребен за еден фин однос. :!:
     
    На sweet-cherry, mari91, kate21 и 26 други им се допаѓа ова.
  2. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.192
    Допаѓања:
    13.028
    Пол:
    Женски
    СДК.. . Ми изгледа дека ние што сме од тим А во форумските игри почнавме лесно да се предаваме |(
     
  3. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Само јас и ти сме онлајн вајда :D
     
  4. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.192
    Допаѓања:
    13.028
    Пол:
    Женски
    Да, но ќе победиме не се предаваме така лесно 8) ;)
     
  5. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.283


    Колку доцнам, ама инат невиден, не ви се давам!
     
  6. Girl-50

    Girl-50 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    842
    Многу сакам да слушам музика. :music:
    Она дека музиката опушта и понекогаш таа е се што ти треба не е лага. Навистина е така. Слушањето на добра музика ќе те натера барем на момент да заборавиш на се.
    Мене денот не ми е доволно убав ако не си слушнам некоја песна. Уживам во тоа.
    [​IMG] :)
     
    На Tedi.Bear, Sweety-90, Dog-lover и 3 други им се допаѓа ова.
  7. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Многу ли сериозно ја сваќаме играва Тим А и Тим Б :^) :?:
     
  8. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    понекогаш само еден момент е доволен да си го загорчиш животот на начин на кој што никој не може да ти го стори тоа-не за џабе се рекло, од своја глава највеке се страда :!:
    младо момче во придружба на двајца полицајци-тоа беше глетката пред моите очи додека чекавме на ред со мајка ми-времето ке помине, казната ке ја одлежи-освен ако не е на доживотна робија осуден ппп скраја да е но ке има досие во кое ке стои дека извршил убиство, криминал и сл. црна дамка за цел живот
    како ке најде работа-кој сака бивш затвореник или кога ке дојде времето да се ожени-на која и да е девојка кога ке и спомнеш поранешен затворен ке си рече :tmi: :^) абе да те нема од пред моиве очи, во живот да не те видам и со право :!:
     
  9. Perina

    Perina Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    321
  10. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Ех, Луничка, џабе е се што збориме.Не можам да ги разберам луѓето, некои немаат леб да јадат, а други од што имаат па незнаат што да прават.Некои не можат да си ги дозволат основните нешта во животот, а не пак за посериозни и полуксузни работи да имаат.Други им се чудат, како може така, така фино лепо може, ко ќе нема човек за леб, ќе се размисли за тоа дали може да си дозволи луксуз.Само, и оние што им се чудат на другите, можат да се најдат на местото на тие на кои им се чуделе, та тогаш да ги разберат потполно.Затоа е убаво да се гледа своето, а не туѓото.Колку ли само се задоволни со се она што го имаат луѓето, малку, но сосем доволно за нив, па дури и среќни што истото го имаат.А и се што има човек, може лесно да го изгуби, никогаш не знае и не ни може да биде сигурен за тоа.Само од што од одамна е преземено местото на Бог, затоа така се случува, нема ниту грам сочувство или пак нешто друго.А, секако тоа не се гледа, се заборава и се става своето его „ Јас и никој друг“ во прв план и ете проблеми.
    А човек, треба да знае да почитува и цени она што има во животот, а и што има покрај себе, бидејки може поради своето его, се да изгуби.А после, доцна ќе му биде, заминал возот.

    А и сдк, ради мојава интуиција, само за во ЦИА и Интерпол сум :D :geek:
     
    На WarriorAngel, Espadrila, Barbie20 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    не ти се лутам, секој има право на свое мислење само што ке биде во иднина со нив
    пропалици, коцкари-во кука да ги немаш
    свакам дека на тие години хормоните ти вријат и правиш се што ке ти текне без размислување но од секоја постапка има и последица што подоцна се чуствува :!:
     
    На Barbie20, Someonespecial, vinozito1 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Јас пак не правам огромна разлика помеѓу оние кои одат по коцкарници и оние кои дремат по кладилници или не купуваат леб дома пред да купат ливче спортска или порано да уплатат на лото. Дури јас одам толку далеку што не ми е толку различно ни од онаа зависност само да бидат видени по цели денови да висат на кафиња кои коштаат колку да купиш цело кило кафе и да си го испиеш дома.

    Системот е различен, но коцкање си е коцкање. И постојат два вида на луѓе што одат по такви места. И се` зависи од карактерот и како ќе го сфатиш местото. Aко го сфатиш како правилно, не треба од никого да се криеш. Има по цели фамилии што знаат да отидат една вечер, колку за забава, без астрономски влогови, да се напијат нешто, да поуживаат во атмосферата и тоа е тоа...

    А ги има и лабилните. И нормално, казиното на нив уште повеќе се труди да влијае затоа што од таквите живее во сиот свој сјај и раскош.
     
    На Annath, Serafima, Doozy и 8 други им се допаѓа ова.
  13. Beatriche19

    Beatriche19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2012
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    89
    Ајде ајде не се прајте толку светици,и ти да беше на мое место истото ќе го помислеше вака е полесно да читаш и да кажуваш.
     
    На tessie и mims-89 им се допаѓа ова.
  14. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    СДК ... само да кажам, дека светов е навистина мал. Живееме буквално во едно глобално "село". Се е веќе возможно ... Сите сме веќе исти, нема разлики во нации, раси и сл. Сите сме луѓе или нелуѓе, само по тоа се делиме.
     
    На Annath, bittersweet, Hipster и 5 други им се допаѓа ова.
  15. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    10.770
    Пол:
    Женски
    Секогаш јас сум таа која што среќата ја одминува... Секогаш јас мора да сум таа која што ќе ја печат горчливите солзи... Да се плукнам во ваквиот живот...
     
  16. planet

    planet Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    73
    Не ми се верува што се` не прават децава по интернетот. На 10 годинки профили на сите можни социјални мрежи, без влакна на јазикот со вулгарности, со секакви изрази, со никаква култура и воспитание, се распуштаат, секакви работи пишуваат и објавуваат.. :x Има ли некој контрола врз овие деца? Ги гледаат ли од дома што прават кога им ставаат интернет? Буквално се тормозат едни со други, си се нафрлаат, си се фалат, уште што не (си) прават. Дрски, арогантни, без речник, без култура, без основни манири, срамота..
    Само не знам во кој е повеќе кривицата? :?:
     
  17. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.228
    Пол:
    Женски
    Ќе ме нема, ќе ме нема во темава, па ќе се изгубам.
    Секогаш кога ќе дојдам тука да пишам, пишам огромен пост :D
    Се зафркавам, секогаш пишам тука кога имам добри работи да кажам, не планирам да мрчам овде со пост од 2-3 збора и ништо да не кажам, вака барем се да ви кажам :D
    Тука сум жива здрава, се печам на сонцето ко гуштер, изненадва бре ова времето де ладно де топло, ама убо е нека е вака можи е жешко, ама мене ми е баш убо, оти само ми пропаѓат планојте за на базен ама од ова недела обавезно еден ден.
    Коцките дома полека полека се местат, секој на својата страна со работичка, кој работи, кој си се шета, кој си игра фудбал, кој си седи по паркојте со другарките :D
    Убо ми е шубо ми е, барем од домашна страна немам проблеми, си дојде се на свое место.
    От ко знам за себе, јас чекам некој, чекам и чекам, ај ќе почекам уште малце си викам па можи животот нешто добро ќе ми донеси.
    Можи некој од вас редовно ме чита и отприлика се сеќава дека раскинав со дечкото, ама јас многу болно го примив тој прекин, не можев да се свестам долго време. Одлучив да тргнам одново во животот, со нови сили, да најдам нова љубов од корен и да променам едноставно се во животецот мој.
    Кога точно тргнав напред и кога се беше добро тој Се врати, се врати пак кај мене, ми кажа дека уште чувствувал нешто за мене. Не дека не го сакав 2 и нешто години не се заборават така лесно и признавам да го сакам уште, ама ова чекањево ме убива, ни трага ни глас бре, како е можно ова не знам. Во моментот сум немоќна оти немам пари да одам таму и да го решам еднаш проблемов.
    Решив да не се нервирам, и така и ќе напрам ако уште вистински осеќа нешто кон мене, нека ме побара знај и кај живеам, се точно знај, број има нека се јави, ќе ја решиме ситуацијата.
    Туку ќе ме нема овде, одам Прилеп утре, не знам колку ќе останам дали до крајот на Пиво фест или Недела ќе си дојдам Не знам, се зависи од друштвото, одам да се изнауживам, да лудвам, да пијам и барем на момент да заборам на се. Знам дека со то друштов баш убо ќе си поминам :)
    Останете ми создравје феминки, уживајте во викендот што следи, тој шо е на Пиво Фест или планира да оди нека си помини најубо, тој шо е на одмор негде нека се искапи за мене :D
    Се читаме за неколку дена :hai:
    Ве љубамммм :*
     
    На Serafima, bittersweet, Doozy и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Кој има профил на last.fm и има време за блиц прашања, нека ми прати лична порака.

    :f:
     
  19. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дојде и 17ката во мојот живот.За една година сум постара.
    Измина уште една година,која навидум за мене беше една од најубавите во мојов живот.Го запознав него,а со него животов ми стана многу многу поубав. Знаете го сакам најмногу од се. :inlove:
    Се променија многу работи,луѓето кои што до лани на некој начин ги молев,годинава почнаа тие мене да ме молат сватија колку вредам можеби.Ајде да не изигравам арогантно,преценето суштество,па да си се фалам самата. :devil:
    Овој ми е прв роденден без да се грижам за ништо.Знам дека го имам него,знам дека секогаш ќе биде покрај мене.Денес заборавив на се,што било некогаш. :lol: Без да се грижам и за иднината,се надевам само на едно..да биде се како што е досега.
    И во темава можеби ме немало една година. :rofl: :rofl: :rofl: Поретко пишувам незнам зошто :)
    Ајде да не должам многу да преминам на главното.
    Сакам да ви се заблагодарам на сите што ми го честитавте роденденов,фала ви за оддвоеното време за мене :) :rofl:

    Еве од мене едно частење :
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На ana-girl, Srekicka, Serafima и 10 други им се допаѓа ова.
  20. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    СДК...уште 10 дена....ситно се брои
     

    Прикачени фајлови:

    На Buttterfly, Mrs.Cuper, eliesaab и 17 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.