Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Денеска денот ептен убав, многу сум расположена ^_^
    Жива и здрава нека е баба ми, ме изнасмеја :rofl: . Поручокта дома немаше што да правам и си викам ајде место да дремам ке одам кај баба. И ајде отидов, седеше во дворот со пријателките и јас седнав со нив и ајде бабински муабети досадно ми стана. Среќа со мене ги понесов слушалките и си пуштив музика, ама слушалките ми пропуштаат звук и се слушала музиката. Одеднаш гледам сите рипнаа и јас :^) што им е на овие жени и гледам одат накај вратата сите и јас се дерам кај одите и баба: "Чедо дојди со нас има свадба ке идеме да ја видиме невестата". И јас се мислам сред четврток свадба, не е можно. И викам од кај знаете дека има свадба и баба ми абе музика се слуша нели слушаш и јас ја исклучив музиката од телефонот и викам кај таа музика и баба ете сега ја снема и јас како тоа ја снема и таа абе музка се слушаше и ти јас не сум глува и по едно време ми текна дека од слушалките се слушало а тие помислиле свадба :rofl: :tmi: . Кога им кажав се инзасмееја :rofl: , што да правиш стари луѓе :D .
    Послем си отидов дома и се вратија моите од работа и заџвони телефонот ииии ке имам ВНУК/А ^_^ . Братучетка ми била бремена ке станам ТЕТКА пак :inlove: . Ахх колку само ги сакам малите деца, а пресреќна сум за братучетка ми бидејки таа многу сакаше да има дете и кнечно и се исполни желбата.
    Имајте убава вечер :hai:
     
    На Golden, BlackPiano, Barbie20 и 10 други им се допаѓа ова.
  2. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    479
    Со душа го чекам филмот Роза на ветрот за да можам до крај да го пуштам гласот на телевизорот и да ја испеам песната колку што можам погласно.Повеќе врескав него шо пеев али ај кој пее зло не мисли. :inlove:
    http://www.youtube.com/watch?v=MKku9HcmO0c

    Убаво ми е.Среќна сум.И тоа многу.Сакам и ме сакаат.И ќе пеам,и цела вечер ако треба.
     
    На I.want.to.sleep и Someonespecial им се допаѓа ова.
  3. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    1.688
    Допаѓања:
    12.612
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека расположението ми се менува од минута во минута ...
     
  4. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Мислам дека некое камче или песок ми се заглавило во уретрите и боли,но таа болка ќе помине,а една друга не поминува :doh: Кога те боли срцето,ништо не е како што треба,колку и да е добро. Јас не сум расчистила и додека не расчистам се,нема да сум мирна. Потоа,ќе е полесно.
    Се обидувам да не се нервирам и да се контролирам со другите,но не секогаш успевам. Можеби ќе беше поинаку доколку ја почувствував онаа специјалната љубов.
    Преѓе видов нешто што одамна не сум го видела,нешто што мене ми се случуваше и бев среќна,нешто на кое дури и позавидов,нешто што го нема секојдневно. Видов искрена прегратка од двајца вљубени кои се чекаа,се гушнаа така убаво и силно,ко да не се виделе 100 години.Потоа продолжија заедно... Ја знам таа љубов,тоа е она вистинското. А јас...сеуште ја чекам таа прегратка,онаа која ќе е како таа што ја видов,што ќе ме потсети што е тоа љубов.
    И се надевам да гледам почесто такви искрено вљубени парови,на кои не им е важно само да се имаат за забава и само за некое време,туку такви кои се разбираат и би продолжиле заедно во животот.


    Ооо,п.с. вчера ми било втора годишнина на Фемина :) Мило ми е,нека ми се множат,се надевам да останам и понатаму и да пишам по темите и да се дружам со вас. Фемина беше со мене во најтешките моменти,многу пати ми помогнала,многу пати сум се искажала,сум стекнала убави пријателства,сепак и покрај недостатоците си ја сакам. :inlove:
     
    На ilipili, Serafima, Mrs.Cuper и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    ПМС? :P
     
  6. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    последно време киснам на теми, брак, бебе, свекрви итн
    WTF IS WRONG WITH ME
     
    На karenin му/ѝ се допаѓа ова.
  7. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    на конверзејшн денс 5 мажи-3 момчиња и двајца мажи, јас единствено женско :puke:
    ама од каде да знам дека така ке биде седев, слушав учествував-како и обично и помина половина час од времето одредено се збогував со сите и си отидов-досадно ми стана

    дојдов да си ја видам колешката во гифт шопот каде што бев на замена а таа ме пречека со подарок-што сакам за роденден, ми звонела на мобилен пред некој ден-ги измешала датумите па ми го утнала роденденот ама сепак ме иненади со подарок-мало слатко желче :$ и една :hug: исто како кога мајка ми ке ме гушне- според фенг шуи знам дека значеше нешто ама што :?: и каде треба да го ставам-ке читнам на нет-мислев да си ја купам книгата симболи на среката и уште мислам ама кеш кеш е проблем :worried:

    треба да стигне црвената тетка а градиве ми се отечени толку многу што исто ко камења да имам на мене се чуствувам-тешко е да си женско :x
     
  8. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Месечината е лојална.Се менува постојано.
    Еве ја пак.Над градот, над мене, од мојата шарена соба ја набљудувам.
    Би можела долго.
    Пријател за осамените.
    Единствена.
     
    На Monique995, francais, Marjan007 и 12 други им се допаѓа ова.
  9. Boleyn.7

    Boleyn.7 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2013
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    425
    Смут џез музиче кое тивко ослободува звуци од радиото,нес, зеленило и месечина над мене...опуштена атмостфера, ма само прекрасности,чист хедонизам. :D Кој не би посакал нешто вакво ?
    После преисполнет ден само ова е спасот!Па дури и кафето е...ете некако поубаво, па летна атмостфера е. :lol: :P
    Не, не можам да сфатам некои луѓе.Кога излегувам надвор,значи се заборавам по паркови и улици ии кај се не...Па муабети, па по некој трач, па многу смеа и шеги и прошетки и слично. Може едно 5-6 саати ми поминуваат така(а може и повеќе).За некого безделнички, за друг супер потрошено време.Тогаш не ми се ни иде дома па...Самото времето те лаже да одиш и да шеташ и шеташ. :D Значи која уличарка знам да бидам.Виши сили ова некои, не знам јас...кој ве лажел дека јас многу шетам. :P Амаа...убаво е. :wasntme: Како ви се иде дома тогаш луѓе?Затоа што стварно има такви.Се чудам.....А може и до мене па да е....А ? Ма не , не не не.Најубави денови знаат да ми бидат таквите.Со кафе во рака и очила за сонце.Милина!И шеќерната волна фали тука да биде спомната во цела оваа приказна, за да, нали се заокружи целосно приказната.

    Мда...музикава ќе ме натера да се заљубам, абсолутлии. 8) Онака, да си замислам некој имагинарен принц,ама во летно издание , ДА, а и слободен да биде и згоден, и да сака мачки ко мене и да ми подари некои мали мачиња. :sun: Персиски.2.Абе, знам ја што да одберам...Не барам премногу само тоа.Инспирација шта чеш.
    Фала тато за станицава, грејт мјузик чоијз! :) :hug:
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  10. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.981
    Допаѓања:
    4.760
    И летава не се тоа што беа... Се чувствувам странец во сопствен град, не е повеќе полно како што беше и не е повеќе интересно како што беше. Поради тоа, почесто се случува да се замислам во вечерните часови за моите животни постапки кои што ќе влијаат за сегашноста а и за иднината пред се. Едноставно сум застаната пред два пата каде што морам да одлучам што да правам. Дали да си останам во заштитениот простор, или да излезам од таму.............. што да одлучам и јас сеуште незнам и тоа ме загрижува.... :(
     
  11. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Сакам да кажам дека ја изведов cup song пред дечко ми и беше многу среќен пошто песната вели дека кога ќе заминам јас ќе му недостигам, дека заминувам на пат,одмор и би ми било убаво ако дојде и он но...
    И веднаш сети зошто го учев целото тоа :$ Заминувам на одмор за брзо :)
     
    На srcekrsacka, Dog-lover, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Добро утро :)

    Надвор облачно, сонцето го нема , не ми се стануваше од креветот.
    Утрово ништо поразлично од изминативе утра. 30 минутно пешачење, сега на работа , нес кафето до мене и полека ги започнувам денешните обврски.

    Се мислам што да купам за доручек, ептен нешто гладна сум од сабајле :lol: А за ручек си смислив, денес решив да зготвам еден преубав рецепт со кори кои вчера тазе ги купив, а може и палачинки со крем или сирење :?: имам време да се одлучам.

    Сакав да кажм дека си порачав уште една книга овој пат од Спаркс, да прочитам нешто и од него. :) И воопшто не ми е криво што месечно одвојувам по 200-300ден за некоја книга..
    Имајте убав ден, јас се фаќам за работа. :hai:
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  13. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    Сакам да им кажам на дел од децава што се на форумов да почнат да читаат малку повеќе бидејќи е повеќе од очигледно дека на 16-17 години не знаат правилно да се изразуваат.

    Во темата '' се гордеам со'' наидов на одговори се гордеам со МЕНЕ а не со СЕБЕ.
    Основни работи....
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Интересна и поучна , тој што не го мрзи -бујрум
    Дрвото и младиот човек

    Некој млад човек имаше големо семејство. Сите живееја во една куќа. Во куќата владееше слога и мир и меѓусебна почит. Сè додека еден ден младиот човек не почна да се жали на својата положба. На сите им кажуваше дека нема никаква приватност, дека секогаш мора да се бори за своето место и дека никогаш нема мир. Сите други му пречеа и на сите им беше лут. Кога го слушна тоа неговата стара баба, таа го покани младиот човек во својата соба. Му рече: „Повеќето млади луѓе на почетокот сакаат да живеат сами, за никој да не им пречи, но пред да се решиш на тој чекор, морам да ти раскажам една приказна“. Младиот човек се насмеа и рече: „Ама бабо јас веќе сум возрасен, доцна е за такви приказни“. Бабата само се насмеа па му рече: „За вистинска приказна никогаш не е доцна“, и почна да зборува:

    „Во една густа шума живеело едно младо дрво, никнато на место на едно староLonely_Tree.jpg паднато дрво и цел живот се пробивало низ останатите гранки. Никогаш немало доволно светлина, влага и хранливи состојки што ги нудела земјата. Заради густината на дрвјата сите тие работи оделе кај другите посилни стебла. Некои стебла биле насилни и го удирале со своите гранки, му ја краделе сончевата светлина, па дури понекогаш и се потпирале на него. Младото дрвце со тек на време почнало да станува тажно и депресивно. Тоа почна да се моли на Бога да го ослободи од другите стебла за и тоа да може да ја почувствува слободата и изобилствата кои другите стебла му ги скратуваа. Кога го виде тоа Бог, се смилувал на неговата тага и сите останати стебла исчезнале, дрвцето останало само. Со километри надалеку немало ниедно дрво. Сонцето, дождот, целата земја сето тоа било негово. Од среќа тоа ги раширило своите гранки и уживало во својата слобода. Траело тоа извесно време сè додека не почнало да дува силен ветар, кој полека се претворил во бура. Без заштитата на дрвјата околу него, силниот ветар без проблем почнал да го витка младото стебло. Така тогаш дрвцето посакало околу него да има барем уште некое стебло на кое може да се потпре за да не се скрши. Се сетило и на оние стебла што порано се потпирале на него и го удирале со своите гранки и дури тогаш сфатило зошто тие правеле така. Сите маки и проблеми што му ги предизвикувале стеблата во тој миг станале небитни. Дрвцето многу се покајало и повторно почнало да Му се моли на Бога да му ја врати онаа стара шума. Тогаш Бог му рекол: ‘Младо Мое дрвце, никој подобро од Мене не знае што ти е потребно. И маките и проблемите се тука за да те обликуваат и натераат да пораснеш. Зарем ти воопшто би се трудел да растеш доколку околу тебе не стоеја сенките на оние други дрвја? Би останало едно мало дрвце кое дивите ѕверови лесно би го изгризеле, а едно слабо ветре веднаш би го скршило. Сè што се наоѓа тука околу тебе, постои за твое добро. Затоа никогаш немој да се посомневаш во Бога‘“.

    Младиот човек долго размислуваше и најпосле се насмевна и ја гушна својата баба. Животните бури се силни и големи и колку повеќе луѓе имаме околу себе, полесно можеме да ги пребродиме. Не е важно какви се луѓето, тие се тука со причина.
     
    На kravce, Serafima, Barbie20 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.754
    Пол:
    Женски
    Конечно стигнав до лап топ јеахх :rock:
     
  16. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Ќе станам мајка!

    Морав радоста да ја споделам со вас, не можам од солзи во очите да ги погодам буквите..
    Да се соземам, потоа се читаме низ темите!
     
    На Umbrella22, midnight.flower, sweet-cherry и 78 други им се допаѓа ова.
  17. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Нештата се поправаат, но траговите остануваат, како на пример, кога ќе скршиш нога, ти ја ставаат во гипс и коската зараснува, мора да одиш на терапија, за да не накривнуваш, но на местото каде била скршеницата останува доказ за незгодата. Исто е и кога ќе скршиш филм за некого или некој ќе ја сруши твојата доверба - тоа е како кога ќе скинеш јаже, колку сакаш врзувај го, јазолот ќе остане на средина да стои и да потсетува дека таа врска некогаш пукнала. Се чувствувам многу подобро, набилдав уште поголема самодоверба, иако последниве недели си го тестирав степенот на издржливост на сопственото его.
    Претходната вечер бевме на отворање на ресторан. Местото гламурозно-елегантно, забавата одлична, присутните средени, дотерани, од нив забележав уште четири бремени како мене и се подзамислив, па отоците некогаш знаат да бидат и пикантно симпатични, посебно кога се на телото на трудница што блеска од некаква внатрешна убавина. Ми требаше ова излегување, да не заборавам дека таму надвор се живее, младоста кулминира, да сфатам дека не треба да се свиткувам во некое ќоше од станот со повредена суета. И се заљубив...да верувале или не, се заљубив во еден фустан што го носеше моја пријателка и сто пати искоментирав колку е прекрсен и колку би сакала да го имам.
    И тука продолжува приказната од вчера... Го добив фустанот како подарок од мојот маж. Во моментот кога ми го даде, фустанот стана само еден спореден дел од целата ситуација, најмногу ми значеше неговиот гест, неговиот вложен труд да ме направи среќна.
    И денеска станав со поинакви чувства во себе, ја нема повеќе таа блага меланхолија што тлееше како сува жар и ми ја измачуваше совеста. Љубовта од семејството е мелем за секаква рана, а сите понекогаш го забораваме тоа и кога имаме проблем, сакаме да се изолираме и да бидеме сами. Но сето она што го доживуваме во себе, го доживуваат и оние најблиските околу нас, само со таа разлика што тие мора да глумат дека се е во ред, за да не ни нанесат уште поголема болка...Семејство - секогаш треба да е на прво место.
     
    На NoellePage, sweet-cherry, kate21 и 29 други им се допаѓа ова.
  18. Flower27

    Flower27 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    1.531
    Допаѓања:
    4.180
    Пол:
    Женски
    Секој ден има некој да те расположи и да те направи среќна :sun:
    Денес станав рано, доручкував и си мислев што да правам, мислев дека денеска ќе ми помине денот како вчера досадно и глупаво. Ништо не ми се правеше. Пред малку се јави татко ми и ме праша дали имам некоја обврска денеска :^) се зачудив и се возбудив зошто ли ме прашува? :?: Му реков не и ми рече ако не тогаш ќе ме носел на базент 8) :rofl: Се израдував премногу :D
    Многу сум среќна кога знам дека има некои луѓе кои навистина мислат на тебе и сакаат секој ден да ти го исполнат со радост :!: Е сега знам дека навистина нема да ми биде досадно, ќе издржам до 2 часот и ќе одиме 8)

    Секогаш знајте дека вашите најблиски секогаш мислат на вас и секогаш се трудат секој ден да ви биде исполнет со среќа :)
    добро утро феминки и имајте прекрасен ден :!:
     
    На HollyWoodGirl, srcekrsacka и Someonespecial им се допаѓа ова.
  19. Cappuccino

    Cappuccino Активен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2013
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    45
    СДК Денес последен работен ден, од понеделник на одмор :D
    Иако немам уште планови дали ќе се замине некаде, ама барем ќе си се наспијам и уште побитно ... ќе си ги готвам омилените рецепти, а ќе научам и некои нови и ќе си го чекам секој ден либето од работа со ручекот на маса. ммммм мерациии ^_^ :sun:
     
  20. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Гоу хоум имеил, ју ар дранк.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.