Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.330
    Допаѓања:
    158.445
    Абе имаше еден твит, одеше некако вака : гледав слики од она Привилиџ и сфатив зошто се вика приВилиџ. И јас сфатив. Вчера го шетав паркот уздуж и попреку, освен што ми се згна еден пијан странец (пошто нели битно, дека јас јака, не, туку беше опасен и нападен, сигурно нападнал уште десетици потоа, типот беше до толку за да си преноќева една вечер у станица. А можда и не беше толку пијан, колку што мислеше дека Македонија е исто што и Украина и Белорусија, еве не знам) дур си чекаа да си влезат као да делат внатре брашно и зејтин, туку видов и што раја наша стои. Толку селски народ не сум видела и ај после не развивај стереотипи...е АЈ! Мене би ми било срам бре да се бесам пред дискотека и да чекам да ме пуштат небаре чекам пред некој опасен клуб во кој треба да настапат Коен, Спрингстин и Кеш!!! Сериозно се групираме со луѓе со кои се идентификуваме, ама тоа таму што виси е посебна врста на сељачизам еве на!
    А и рака на срце ноќниот живот во Скопје е очаен. Нема за сечиј вкус, па и од тоа само од време ќе ти дојде убаво. И под ноќен живот јас го сфаќав и ПечaКуча, ама штета не можев да отидам. Ама па тие тесни мушки кошулчиња по дискотекиве за некого се исто новост за разгледување. Шознам,евензнам.

    И девојки со криви нозе, кога сте опнале миниќ, зошто мислите дека нема да ве загледаме скроз што сакате да покажете? О да, све ќе разгледаме. Малку вкус, не е на одмет. Не сериозно, како сте дадени ете такви сте, ама јбг не значи дека треба да го истакнувате и да се движите со став а ла Миранда Кер, мисли тој занесен од како да е на модна писта стварно оди со музика у позадина и остатокот од светот и се воодушевува. Ја застанеш ја шлапнеш два пати и и речеш,ај продужи си сега, ама нормално.
    А и рака на срце, се движев позади едни момци и како ги разминувавме цуциве само ццкаа и коментираа, брат, дај нека се соберат бе жениве бе, што е со жениве бе, види јааа беее, кој ги носи дома бе овие беее... ах уел...
     
    На tweety26, Sexybaby86, Hipster и 11 други им се допаѓа ова.
  2. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    272
    СДК Крвта не е вода... :/
    Толку многу сум потресена по моите блиски значи чудо нешто..тато,мама бате,брачеди итн.. И ги сакам она многу ! :l:
    А спрема другите луге кои ми згрешиле, леле леле :devil: На што не сум премна!!!
     
  3. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Сакам само да ви напишам еден извадок од мојот дневник, случајно вчера го прелистував па сакам да споделам со вас ден кој ми ги промени гледиштата на животот. :)

    05.12.2011.
    ...отидовме во населбата Козле во средното училиште за деца со полесни посебни потреби "Св. Климент Охридски". Интересно беше да се научи нешто ново од дефектологот кој работи таму, слушнавме многу новости кои не сме ги знаеле претходно, ни дадоа една сосема друга слика за децата со посебни потреби. Меѓутоа сите некако бевме таму со сожалување, знаете, одевме и го пазевме секој чекор, мислевме дека ете можеби вревата ќе им штети, на сите ни беше прв пат директно да се соочиме со смерот кој го изучуваме. Незнаевме да се однесуваме, бевме како почетници, впрочем да, бевме почетници. Излезе потешко отколку што мислевме.
    Дојде ред да влеземе во училниците каде што се наоѓаат децата. Кога влеговме во првата, сите бевме полни со сожалување, си викаш греота види какви се. Втората училница веќе не беше толку тешко, почнав да гледам и малце надвор од предрасудите кои ни ги наметнала околината сфатив впрочем за какви личности се работи. Како одевме понатака, како влегувавме од една во друга врата сфатив само едно, ние сме тие за сожалување, ние сме тие што треба да се засрамиме најмногу на цел свет, треба да ни биде претешко и да имаме преголема грижа на совест. Здрави, прави, паметни, а незнаме од бес што попрво да направиме. Плачеме ако накачиме едно кило, епа видете, имаше дечиња и со поголема тежина ама беа пресреќни. Јас немам видено толку искрена насмевка на некое детенце, никој во животот не ме поздравил толку топло и не ми посакал толку големо добредојде. Беа пресреќни што нe' гледаат, беа задоволни од себе. Сите имаа некаков талент за нешто, видовме прекрасни цртежи како уметник да ги има цртано. Шират некоја позитивна енергија и такво смирение што просто човек да се чуди каква душа имаат тие невини дечиња. А ние плачеме ако на одмор една година не отидеме, секој викенд се подновуваме со нешто, секакви можности ни дал животот. И пак, и пак, и пак, плачеме и пак паѓаме во депресии (мислам дека ова ќе стане најупотребуваниот злоупотребен збор на денешницава). Многу човек може да научи од тие деца. А тоа што може да се научи, не се учи во средно, не се учи на факултет, треба само еднаш да се дојде во контакт со нив. Задоволни се од животот, задоволни се од тоа што го имаат. Ама задоволни во правата смисла на зборот, а не како некоја лигла кога ќе ми рече задоволна сум со се што имам, а после една минута плаче како на одмор ќе оди во Грција, а требало да оди во Турција...

    Само ќе кажам, страшно е тоа што ни се случува, уште пострашно е што истото тоа самите си го правиме!!!
     
    На Barbie20, Espadrila, BlackPiano и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Nefertitii

    Nefertitii Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    239
    Какав радостан дан ,црнци певају алелуја,какав радостан дан птице певају А-Л-Е-Л-У-Ј-А :dance:

    овај друго ми беше мислата ..

    Kога човек еднаш ке се изгори ,како може со здрав разум да повторно да ја става раката на жежок "јаглен"?
    E таквите не заслужуваат никаква помош, ни објаснувања !

    жалосно ...
     
  5. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Книгата лажгото
    лузерот
    педерот вреди за секое дени од цената-чини само 200 денари, но за 2 илјади вреди :!:
    секоја девојка/жена треба да ја прочита :!: -деновиве ја читам :)
     
  6. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.329
    Пол:
    Женски
    СДК кога гледам се за љубов или ќе слушнам некоја тажна приказна сфаќам колку сум среќно дете живеам со родители кои ме сакаат и кои се сакаат меѓу себе,имам брат,сите сме живи здрави и прави,имам баба дедо,тетка,вујко чичко братучеди не сум разделена од никого.Да јас сум СРЕЌНО девојче и многу ми е жал кога ќе слушнам нешто додека пишувам плачам емотивец сум :( ;(
     
  7. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    616
    Допаѓања:
    2.009
    Како бе може луѓето у CV-то да ги редат сите награди што ги земале од второ одделение ? И тоа строго секоја награда иде у нов ред, па крајниот резултат е скрипта од 5-6 страни. Па наведено ученик на генерација во петто одделение, прво место на училишен натпревар по географија, пофалница за незнам што. Глупости. Јас имам награди на државно ниво па никогаш не сум ги ставила во CV, се знае, тоа може важело во гимназија ако сум аплицирала за некаква стипендија. И кога ќе видам во јазици руски, грчки, а знаеш дека повеќе од два збора не знае, ми се плаче.. Патетики живи ...
     
    На Espadrila и ariela09 им се допаѓа ова.
  8. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.755
    Пол:
    Женски
    Луѓе планирам да се пријавам на Х Фактор :)
     
    На tessie, sweet-star и Dog-lover им се допаѓа ова.
  9. Monique995

    Monique995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    201
    Еве баш денес се запрашав, „Што е човекот?“.
    - Многу луѓе мои, многу.
    Човек како човек, грешник уште при самото негово создавање. Независно дали ќе се водиме според теоријата на Дарвин или онаа библиската, тој е создаден да греши, а со неговото покајание го потврдува човечното во себе.
    Сега би си поставила следно прашање: „Што ако се покаеш, од срце, ако ги сфатиш сопствените грешки и не ти биде простено?
    Ќе боли. Ќе ти се распарчи душата повеќе од било кога. Ќе сакаш да викнеш и нема да ти успее. Ќе сфатиш која е цената со која мораш да ја исплатиш штетата. А добро би било да се работеше за паричен надоместок, материјално средство.
    Но што кога се работи за секундарен излив на нервоза, поради страв од губење? Што кога со своето однесување повредуваш невини луѓе? Што кога не намерно ќе растуриш долгогодишно пријателство? Што кога поради тебе, една невина мајка пролева солзи? Што кога ја губиш личноста која претходно ти значеше се?
    Еднаш еден пријател ми рече: „Прво убиј човек, а потоа извини се. Ќе го вратиш ли човекот меѓу живите?“
    Еве, на раб од размислувањево, сфаќам колку ми значат некои личности. Длабоко им се извинувам на оние кои некогаш сум ги повредила, никогаш не било со намера. Би сторила СЕ' за да вратам некои работи во нормален ред, да функционираат како порано. Би клекнала на колена за да се извинам онаму каде што навистина сум згрешила.
     
    На Barbie20 и Serafima им се допаѓа ова.
  10. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Зошто е толку интересно да бидеш центар на внимание? Зошто да оставам мислења за да ми се зголемува нивниот број и да бидам што поблиску до незнам ти каква боја на цветче? :^) И што кога ќе стигнете до розевкото? Ќе имате градина од цвеќиња, или ќе престанете да оставате мислења зошто веќе сте ја постигнале целта? Форумов не е за да се докажете каква личност сте,секако никој не ве познава. Тука можете да бидете се што сакате ама кога ќе излезете надвор со своето лице?

    Ма дај. :fubar:
     
    На fatamorgana123 и Kaylee им се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.146
    Допаѓања:
    67.348
    Пол:
    Женски
    Ариела, да бидам искрена, ама ти ми личиш баш на таква што сака да биде во центар на внимание. Не мора да значи дека твојот пат до тоа е со бојата на цветчето и бројот на мислења, туку баш со ваквите мислења, а и некои други. ;) Нејсе, можеби грешам, ама едноставно такво ми е мислењето.

    Дојдов тука за да се пожалам на нечовечноста. Нема веќе хуманост, луѓе мои, не дека не го знаев ова, ама едноставно кога толку силно ќе те плесне на сред лице не можеш да ги затвориш очите. Зошто те гребе, како мачка со ноктите, ти остава лузни. Ужас. Се изгуби добрината во луѓето, да застанат, да помогнат на некој кој има очајна потреба од помош... Едноставно сите гледаат да стигнат до својата цел, па не е важно што ќе згазат по патот.
    Знам дека сите го знаете, тоа, сте го осетиле, неркогаш можеби и самите така сме изреагирале, ама мислам дека треба да застанеме и да размислиме. За своите постапки. Секој ако тргне од себе може да направи промена. Колку и да е мала, не е незначајна.
     
    На Sweetheart87, Barbie20, lunicka и 12 други им се допаѓа ова.
  12. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Ахх колку ми е мило овака кога ќе ми плеснат се во фаца :clap: Немам ништо против,тоа си е твое мислење. :D
    Но немам таква намера :x
     
  13. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.752
    Пол:
    Женски
    ...кога земаш добра книга за забава во летните денови, не прашуваш колку страници има. :wasntme:
    Едноставно почнуваш да ја читаш и се внесуваш во содржината.
    Се чувствуваш како да си на местото на случувањата.
    Се задлабочуваш и токму ако видиш дека е долга, се радуваш дека и уживањето ќе биде подолго.
    Седење покрај отворен прозорец со книга и кафенце... најголема уживанција за мене. :mm:

    [​IMG]
     
    На Mariangela, sweet-cherry, kate21 и 22 други им се допаѓа ова.
  14. ljubovche

    ljubovche Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2013
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    68
    Сакам да кажам нешто за мојата најсаката личност. Таа е најубавата личност на овој свет за мене, секогаш насмеана и мила подготвена да помогне. Имам многу причини да ја сакам толку многу. Таа ми го даде животот ме роди, ме израсна, ме воспита, ме најучи на многу работи, ми овозможи убав живот, се трудеше за мене и сеуште е така, кога ми е најтешко таа е тука да ме сослуша и да ме разбере. Не велам дека немам другарки но мајка ми е нешто посебно само нејзе можам најмногу да и верувам, знам дека таа го сака најдоброто за мене. Не го заборавам и татко ми и тој е тука и тој се труди прекрасен мил и добар човек, но мајка си е мајка и најмногу си ја сакам. :l:
     
    На Barbie20, Sara123, shushu и 3 други им се допаѓа ова.
  15. mona22

    mona22 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    684
    Допаѓања:
    1.858
    СДК ни стигна гарнитурата пресреќна сум бидејќи ни ја погодија баш како што сакавме бело со црно
     
    На srcekrsacka и Maroon5 им се допаѓа ова.
  16. Kaylee

    Kaylee Активен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2013
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    22
    Се уште остана надеж во мене.Се уште верувам.Престанав да верувам на луѓето,ама верувам во Господ,верувам и во животот.И знам дека има подобро утре.Само нека дојде што побрзо.Изгубив многу работи во животот.Но него ке го вратам.Тој си замина пред скоро година.Ама ке го вратам.Пријателството не се основа врз годините,расата,верата,јазикот,обичаите...
    Ке се видиме.Знам.Ке одиме некаде на кафе,во ресторан,ке шетаме навечер по обалата кај Дојранското езеро,изненадувањето за роденден ке му го подготвам за следниот роденден.Имам надеж дека барем тој ке се врати.И овој пат нема да го пуштам.Тој ми е брат,татко,пријател.После секоја невоља тој беше до мене и секогаш ме охрабруваше.Кој е виновен за тоа што замина далеку од мене и ме остави? Татко ми и мајка ми,никој друг.Но не можам да ги обвинувам и покрај тоа што он замина поради нив.Сепак тие се моите родители кои ми посакуваат најдобро.И ги разбирам.Немам право да ги обвинувам.
    Покрај се ке го вратам.На било кој начин,по секоја цена.Ке се изборам. :)


    Инаку тоа што го прочитав за ariela09 не е вистина.Не е девојка која сака да биде во центар на внимание,туку разочарана,изнервирана девојка.Се само не центар на внимание.На крај краева сите имаме такви периоди и подобро на форум да пишуваме отколку да се самоубиваме заради моменталните проблеми. ;)
     
    На ariela09 и Serafima им се допаѓа ова.
  17. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.946
    Допаѓања:
    3.929
    ке замолам некој што се разбира во вина да ми пише, итно ми е битно ми е ептен :) :)
     
  18. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.609
    ... дамла ме удри кога се качив на вагата прееска. Кој ѓавол ме тераше, не знам.
    Џилиен ќе биде разочарана, ама и јас сум бре Џили душо, верувај ми, искрена сум до коскена срж, до болка.
    Многу ми е интересен тој женски феномен кога се вади на ПМС... Јадам како луда, зашто сум во ПМС.
    Продолжувам да јадам, зашто имам циклус.
    Дај една лесковачка, што е бе па ти, до вчера имав добиено.

    :rofl:

    Ммм, да, тоа е.
    Виктор и песна ни напиша, а Џастин дури и му ја украде, дами и господа, дежурниот виновник - П М С!

    ***
    Кога моите патуваат, каде и да се, татко ми ми праќа пораки на бугарски. На некој смешен бугарски, пола од зборовите сам си ги измислува. :D
    И конечно му се погоди - б`лгарски пораки од џи ес емот ме дочекуваат секој ден...
    Здравеј сладурче... :rofl:

    На бугарски ме известува како било во мода гсм-овето да си ги облекуваат во зајачки уши, опавчиња од пердуви и светки (тука претпоставувам мисли на футролите за мобилни).
    Понатаму ме известува дека ми купиле рохли и цехли. 5 пати прочитав, веројатно не сум толку слепа.
    Што се тоа рохли?

    Отварам google, има што да видиш. Ми дава виљушкари. Шлог ме мавна...
    :|
     
    На antonina, sweet-cherry, kate21 и 22 други им се допаѓа ова.
  19. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.047
    Допаѓања:
    81.435
    Пол:
    Женски
    ^ :rofl:
    Трендафилке, да не случајно мислел татко ти на рокља ? :D
    Тоа ти е фустан, ако обаче те подновил сас нова рокља. Па прашај си ти Струмичко моме, еее па. :wasntme:
    Кажи му дека има за прелазна, ако сака повисока оценка ќе мора да поработи на правописот. :D
     
    На Serafima, la-chicka, Divinebutterfly и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    И за мене :* Уживај во читањето и кафето :lol:
     
    На Madonna и Someonespecial им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.