Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Добар ден :)

    Вчера роденденски ден, добив многу прегратки, бакнежи и подароци. Во кругот на најблиските, можам слободно да кажам дека вчера го поминав најубавиот роденденски ден досега. Преку ден со моите, а вечерта си бев со него на шопинг, си се подновивме за на одмор, ме изненади со преубав подарок (запамтил што сум му кажала дека сакам да си купам, иако муабетот го правевме пред 7-8 месеци), па потоа го однесов на вечера и тоа беше тоа. Навидум ништо посебно, но за мене уште една потврда за тоа колку неговите чувства кон мене се продлабочуваат со секој нов ден и за тоа дека е спремен да ме бара уште утре :D Само да ви кажам, јасно ми е како ден колку е голема неговата љубов кон мене. Јасно ми е како ден дека ако не дај Боже некогаш се разделиме, ниеден друг нема да ме сака ни приближно како него. Луѓе мои, тој е во состојба да скокне од врв на висококатница за мене и да умре, без збор!
    Мојата сродна душа. Еден и единствен.

    Ме изнасмеа вчера, решил да чита книги :D Вчера си купи две книги за на одмор, шешир и пури, и само ми се сврте и ми рече: Јас сум спремен, ова е се' што ми треба за на одмор. Лежалка, пивце, книга, шешир и пура :rofl: Жива смешка е, цигара во живот нема запалено, пури ќе пушел :lol: Ај да го видам и тоа чудо. Жими се', ако ја запали, ќе ставам слика тука и заедно ќе му се смееме. Што за книгите, што за пурите :rofl:

    Малку да се пошегувам на негова сметка, доста само тој на моја :D

    И така ви викам. Постара за една година, а побогата за многу духовно. Кога имаш љубов, имаш се'!
     
    На Trnche, kate21, Annath и 28 други им се допаѓа ова.
  2. axl-babe

    axl-babe Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    450
    Допаѓања:
    577
    Времево само се менува, ама јас сум си расположена. :)
    До денес се поминати 26 години од издавањето на првиот албум на Guns N' Roses- Appetite for Destruction.
    Имајте убав ден. Гушки. :hug:
     
    На SweetChild му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    Смачено ми е од фалењето,алчноста,нарцисоидноста на луѓето.Што гледаат убаво во тоа да вреѓаат некого :?: Па ако некој нема надвор може има внатре во душата,не е битна само надворешната убавина ама ајде оди објасни им |(
     
    На vinozito1, Butterfly-Girl, Monroe и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    1.688
    Допаѓања:
    12.612
    Пол:
    Женски
    СДК дека вчера денот ми помина многу убаво, да можам би го повторила уште најмалку 10-тина пати, но за жал не може :/
     
  5. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Три дена гурмански си јадам. Домашна пица со куленче, кашкавал, печурки, па топло ладно, па па па пара па поли - се и сешто! Сега сум како бумбар. Многу ми е убаво на стомачето. Секој ден до крајот на летово ветувам дека ќе јадам сладок лед.

    Самите животни случки ни покажуваат дека на нас луѓето навистина ни е битно да ги потценуваме другите. А незнам зашто тоа е така. И незнам кое е задоволството откако ќе исплукате нечиј физички недостаток. Еве можете слободно да плукате нечиј стил или начин на облекување, нечие шминкање... Но колку навистина тежите вие како личност ако критикувате и исмевате нечиј телесен недостаток?!
    Дали знаете со какви мисли секојдневно се соочуваат луѓето кои се родени со некоја ситна или поголема мана? Дали знаете колку силни тие треба да бидат пред општеството? Не вие знаете само да зборувате каков смачкан нос има таа, каква бемка има пак леле, каква и е тенка усната... |(
     
    На Serafima, esperanca и Dog-lover им се допаѓа ова.
  6. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Испод мира, триста вира!!

    Да се плашите од таквите мирни, повлечени, ангелски безгрешни души, никаков порок/грешка немале у живот, во најмала рака неизживани, кој на 20 и кусур се понашаат како куче кое цел живот го држеле на ланци и окови и oдеднаш го пуштиле на слобода.

    И има полошо нешто од чекирачите што Лилит ич ги неќе, оние кои цел живот го хејтале тоа, и мистериозно преку ноќ се најјачи у граду, кафеани, дискотеки се е нивно, они сегде се главни и ЧЕКИРАНИ!

    И ГАЗИМЕ!!!

    Застани земјо за да се симнам, те молам застани.
     
    На Trnche, sweet-cherry, LaraSolare и 26 други им се допаѓа ова.
  7. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    ... што ми е убаво кога си читам романи со некој благ еротски наплив, уф уф, морам да си земам 2-3 за на одмор, што би рекол Хуго - љубовни романчиња читаш?
    Љубовни, ами како поинаку. :)

    Вчера ја имав најнеочекуваната епска борба со скакулец (или стршен или не знам каков монструозен инсект, огромен беше)... си работев на компјутер во ниедно време кога влета низ прозорецот и ме тресна по грбот. Вреснав како младо прасенце пред колење, значи жена, ЖЕ-НА! |(
    Ајде некако се смирив, земав да си го читам романчето, си седам кога нешто ми шушка... тоа копилето си лази по мојот шарен покривач на креветот!
    :tmi:
    Ајде некако го истуркав со перницата во ходникот. Ја кревам, тоа лази ли лази, аман викам што е потребно да умреш животињо?! (ова на глас, се дерам како малоумна, сама по дома). |(
    Конечно го треснав со списание и така го оставив цела ноќ.
    Сабајле го кренав конечно списанието, да го овековечам.
    Додека се наканив да го тргнам од под списанието за да зачистам на раат, помина чинам еден век.

    Вака ли ќе градиме држава жени, еден скакулец да ми создава толку проблеми и да ме натера да вриштам? Замислувам да ми влезе лилјак или глушец дома, сериски убиец, мислам - кај ми е крајот?
    :^)
    Некое машко би рикнало ли така од скакулецов, м?

    Целосно разочарана од моите стравови и подвизи, Хуго вика да не сум толку строга кон себе, некоја ќе доживеела срцев удар божемски.
    :D

    p.s. Го смачкав со авион. Што би рекол другар ми - like a boss. 8)
    (како не! :D )
     

    Прикачени фајлови:

    • 100_5352.JPG
      100_5352.JPG
      Големина на фајлот:
      70,5 KB
      Прегледи:
      439
    На sweet-cherry, ludoto19, Buttterfly и 27 други им се допаѓа ова.
  8. kate-pp

    kate-pp Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    Пред почетокот на летото, уште подобро кажано веднаш по завршувањето на претходното лето правам планови за следното лето, кое треба да го чекам долго. Ех па тоа чекање колку ќе е напорно, тешко....... И(конечно) доаѓа тоа очекувано лето за кое веќе се скроени плановите, за кое триесет ноќи биле сонувани сништа, и она што се случува не наликува воопшто ама воопшто на плановите.
    СДК дека пред некое време прочитав во колумните на фемина.мк за големите очекувања и се запрашав: Дали и моите очекувања за следното лето(кое нели треба да е нај) се безпотребни?! Дали со нив само се тешам?! А зошто пак тогаш на крај сум разочарана?!
    Како и да е, имам уште еден месец па можеби и ќе се сменат работите.
     
    На ljubovche му/ѝ се допаѓа ова.
  9. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Денеска сум расположена. :D
    Ми се вози точак.
    Море,ќе си отидам со точачето до кај баба ми.Ќе си го облечам фармерскиот шорц,ќе ја пуштам косава да ми се вее на ветрето и шпринт. 8)
    [​IMG]
     
    На sweet-cherry, Glossy-girl, Serafima и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Monique995

    Monique995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    201
    Едeн ден ќе ни биде криво за многу работи.

    Ама па што е еден ден?
    (via Twitter)
     
  11. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.710
    Пол:
    Женски
    ОК значи, разбравме дека сите вчера сте немале интернет и дека сте сфатиле дека родителите ви се фини луѓе. Разбравме. :rofl:
     
    На Markusa2, Dog-lover, Kaley и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Веќе два дена сум кај баба ми на село. Го неќам ПП за време на Пиво Фест!

    Го сакам селото, посебно во летниот период. Ми годи свежиот воздух, мирот, тишината.
    Едноставно го сакам времето поминато со баба ми. Преубаво ми е. Си седиме, си разговараме, се смееме, убавини.
    Ја сакам баба ми, премногу. Жал ми е што неможам да поминувам повеќе време со неа, барем не како кога бев дете, кога заедно со брат ми цело лето го поминувавме со неа.
    Сакам да си шеткам по ливадите, да си берам цвеќиња, да си читам книги, да се опуштам.

    Се чувствувам среќно, испоплнето, а што е најважно релаксирано и одморено.
    Уживајте и вие девојки, искористете го летото максимално, одморете се, уживајте со вашите најмили.
    Поздрав :*
     
    На Hipster, crazylady, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. bliznacka

    bliznacka Нов член

    Се зачлени на:
    2 април 2012
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    37
    Сега, како што тргнало не знам дали август ќе личи на Октомври или на Јуни.

    И друго, некои како бебиња сте со тоа ваше лајкнување без врска. Ако со некого сте се спречкале во некоја тема, не значи сега дека треба да трчате секаде каде што дотичната личност искоментирала за да ги исполајкнете сите мислења со кои таа не се согласува |( Само дополнителни тензии помеѓу учесниците во дискусијата создавате со таа ваша незрелост. Да не ве спомнувам вас кои ќе лајкнете, па после врати го назад, да не ви биде поголем бројот на дадени од примени лајкови |( . Па и не треба да ве спомнувам, не вреди.
     
  14. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    СДК дека многу се нервирам што поракава не се праќа. Ја праќам значи цел ден и гледам се испраќаааа па до кога бее??? :devil:
     
  15. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    ..се додека не ја отвори оној на кој што си ја пратила ;) :)
     
  16. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Летово го сакам, ама хаоси е.
    Незнам каде попрво да отидам и што попрво да направам :D
    Како збудалена одам...малку ваму-малку таму.
    Одморена - не сум! Цело време во движење, како што кажав место не ме фаќа.

    Камо вака да биде убаво секогаш. Шеташ, немаш обврски и уживаш.
    Има некои вибрации повремено.
    Тоа ти е, делам воздух со животни...не со луѓе.
    Ама кармата е тука. Гледам се` назад им се враќа....
    Не ми е мерак, неможам да се ситам на туѓа несреќа. Само си велам во себе, имало Господ кој гледа!

    Уште да си најдевме стан со цимерките добро ќе беше. Ама абер нема работата. Ако не друго под некој мост ќе си се сместам...и онака сега убаво ги реновираа :D
     
    На tweety26, ilipili, Serafima и 5 други им се допаѓа ова.
  17. planet

    planet Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    73
    Ништо не е потенко од бариерите што ги создава и почитува нашиот ум.
     
  18. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Толку сум среќна што израснав со песничките од Златно славејче и Дајте музика.
    Имам комшии што на своите 5-6 годишни деца им пуштаат песни од Јелена Карлеуша.
    Добивам желба да им тропнам на врата и да им ги позајмам моите грижливо сочувани касети, кои ми го направија детството поубаво.
     
    На sweet-cherry, kate21, Glossy-girl и 30 други им се допаѓа ова.
  19. ljubovche

    ljubovche Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2013
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    68
    Колку само ми се одбивни оние машки кои се пуштаат на која девојка ќе најдат, само да уловат нешто. Значи очајни се....
     
  20. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    Денес брат ми замина за Полска. 10 дена ќе е таму, но уште сега почнува да ми фали :(
    Пред неколку часа го испративме, мајка ми не се воздржа и заплака. Јас само подголтнував, е добро де,10 дена се, ќе се врати. Ако не заплачеше таа,јас ќе пуштев некоја солза сигурно, незнам како се воздржав.
    Мразам разделби! ;( И сакам брат ми побрзо да се врати!
     
    На Dog-lover, vinozito1, Barbie20 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.